Микеле Скарпони

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Микеле Скарпони

Скарпони на Џиро д’Италија 2012
Лични податоци
Цело име Микеле Скарпони
Роден 25 септември 1979 (1979-09-25) (35 г.)
Филотрано, Италија
Висина 1,74 м
Маса 62 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Астана
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Професионални клубови
2002
2003–2004
2005–2006
2007
2008–2010
2011–2013
2014–
Аква & Сапоне-Кантина Толо
Домина Ваканце
ONCE
Аква & Сапоне-Кафе Мокамбо
Диквиџовани-Андрони
Лампре-ИСД
Астана
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
Jersey pink.svg Генерален пласман (2011)
Jersey red.svg Бодовен пласман (2011)
3 индивидуални етапи

Етапни трки

Тирено-Адријатико (2009)
Волта а Каталуња (2011)
Џиро дел Трентино (2011)
Последна промена
19 март 2014

Микеле Скарпони (италијански: Michele Scarponi; р. 25 септември 1979 во Филотрано) е италијански професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Астана.[1]

Кариера[уреди]

Во 2006, Скарпони бил вмешан во допинг-скандалот Операција Пуерто. И покрај ова и заминувањето на Скарпони од екипата ONCE, тој можел да склучи договор со Аква & Сапоне.

И покрај ветувачкиот почеток на сезоната 2008, Скарпони уште еднаш бил замешан во случајот Пуерто. На 8 мај 2008, Скарпони сведочел за неговата улога во случајот.[2] На 15 мај, Скарпони бил првично суспендиран.[3]

Со завршувањето на неговата забрана, Диквиџовани-Андрони објавиле на 13 јуни, дека потпишале со Скарпони за наредните две сезони. Во 2009, Скарпони победи на Тирено-Адријатико и исто така две етапи на Џиро д’Италија.

Во 2010 го освоил второто место на Тирено-Адријатико. Исто така завршил четврти во генералниот пласман на Џиро д’Италија. На таа трка ја освоил престижната победа на етапата 19, каде јасно се одвоил од групата на преминот Мортироло со двајца свои колеги од Ликвигас-Доимо, Винченцо Нибали и Иван Басо. Басо се обидувал да го преземе водството во генералниот пласман, па така Нибали и тој ја одработиле етапата во најголем дел преку опасниот спуст и постојаниот променлив терен до Априка, оставајќи го Скарпони доволно свеж за спринтање на крајот.[4] Скарпони исто така победил на Сетимана Сиклистика Ломбарда.

Во 2011, Скарпони се преселил во Лампре-ИСД, каде го освоил Џиро дел Трентино и Волта а Каталуња. Потоа на Џиро д’Италија завршил втор во генералниот пласман зад Алберто Контадор. На Контадор подоцна му била одземена титулата,[5] која подоцна му била доделена на Скарпони. Потоа се обидел да ја одбрани неговата победа на Џиро во 2012, но завршил само како 4. во генералниот пласман, а Канаѓанецот Рајдер Хесједал ја освоил победата. По Џиро, Скарпони потоа одлучил да се насочи кон Тур. Меѓутоа, Скарпони можел само да заврши како 24. во генералниот пласман.

Во 2013,[6] Скарпони ја започнал неговата сезона завршувајќи трет на Волта а Каталуња. Целел на победа на Џиро д’Италија, каде завршил четврти во генералниот пласман, на истото место како во 2010 и 2012.

За сезоната 2014, Скарпони се преселил во екипата Астана.[1]

Допинг[уреди]

Скарпони бил привремено суспендиран од неговата екипа во ноември 2012, откако признал дека изведувал тестови со Микеле Ферари, доктор чие име е поврзувано со бројни случаи на допинг во велосипедизмот.[7] Неговата плата била замрзната за тоа време, што изнесува 700.000 евра годишно.[8]

Достигнувања[уреди]

2002
1. Етапа 4 Џиро дел Трентино
2. Краен пласман Сетимана Сиклиста Ломбард
1. Етапа 3b
8. Сетимана Сиклистика Интернационале
2003
1. ГП Фред Менгони
3. Краен пласман Џиро д’Абруцо
1. Бодовен пласман
1. Етапа 3
4. Лиеж-Бастон-Лиеж
6. Краен пласман Сетимана Сиклистика Копи-Бартали
7. Амстел Голд Рејс
9. Првенство Цирих
2004
1. Краен пласман Мировна трка
1. Етапа 4
1. Етапа 6
1. Етапа 7
1. Краен пласман Сетимана Сиклистика Ломбарда
1. Бодовен пласман
1. Планински пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 4
2. Краен пласман Трка околу Австрија
1. Етапа 2
3. Краен пласман Сетимана Сиклистика Интернационале
4. Флеш Валон
7. Лиеж-Бастон-Лиеж
2005
7. Вуелта а Бургос
1. Етапа 3 (ITT)
2006
6. Вуелта а Кастилја и Леон
2007
1. Краен пласман Сетимана Сиклистика Интернационале
Етапа 2
Етапа 5
2. Краен пласман Џиро дел Трентино
Етапа 2
4. Џиро д’Оро
5. Вуелта а Мурсија
9. Тирено-Адријатико
2009
1. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 6
Џиро д’Италија
1. Етапа 6
1. Етапа 18
2010
1. Краен пласман Сетимана Сиклистика Ломбарда
1. Пролог
2. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 4
4. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 19
2. Џиро ди Ломбардија
2011
1. Краен пласман Jersey pink.svg Џиро д’Италија
1. Jersey red.svg Бодовен пласман
1. Краен пласман Џиро дел Трентино
2. Краен пласман Волта а Каталуња
3. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 4
4. Краен пласман Џиро де Сардења
1. Етапа 5
6. Милано-Сан Ремо
2012
4. Краен пласман Џиро д’Италија
7. Тирено-Адријатико
8. Лиеж-Бастон-Лиеж
2013
1. Гран Премио дела Коста Етруски
2. Национално друмско првенство
3. Краен пласман Волта а Каталуња
4. Краен пласман Џиро д’Италија
5. Лиеж-Бастон-Лиеж
8. Џиро дел’Емилија
10. Гран Премио Чита ди Камаиоре
2014
9. Краен пласман Вуелта а Андалусија
9. Краен пласман Тирено-Адријатико

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро 18 16 47 СО 31 4 1 4 4
Jersey yellow.svg Тур 32 24
Jersey red.svg Вуелта 13 11 СО 15

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Браун, Грегор. „Скарпони му се приклучува на Нибали во Астана, ќе ја предводи екипата на Џиро 2014“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 1 ноември 2013 (конс. 22 декември 2013).
  2. Скарпони: „Јас сум Запатеро““, „Cyclingnews.com“, 7 мај 2007 (конс. 20 мај 2007).
  3. Басо и Скарпони суспендирани“, „Cyclingnews.com“, 16 мај 2007 (конс. 20 мај 2007).
  4. Скарпони победи на 19. етапа на Џиро, Басо во розово“, „Bicycle.net“, BICYCLE.NET, 28 мај 2010 (конс. 25 септември 2012).
  5. CAS го казни Контадор со двегодишна забрана за случајот кленбутерол“, „Cyclingnews“, Future Publishing Limited, 6 февруари 2012 (конс. 6 февруари 2012).
  6. „Лампре-Мерида (LAM) – ITA“. „Светска турнеја UCI“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uciworldtour.com/Modules/SUCI/TEAMS/TeamDetails.asp?id=MTU&RefDate=06.01.2013&MenuId=MTY2Njk&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTY2Njk%26LangId%3D1. конс. 6 јануари 2013. 
  7. УСАДА изрече доживотни забрани за Дел Морал, Ферари и Марти“.
  8. Стивен Фаранд. „Скарпони суспендиран од Лампре-ИСД по врските со д-р Ферари“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 6 ноември 2012 (конс. 8 ноември).

Надворешни врски[уреди]