Филипо Поцато

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Филипо Поцато

Поцато на Трката околу Фландрија 2009
Лични податоци
Цело име Филипо Поцато
Роден 10 септември 1981 (1981-09-10) (33 г.)
Сандриго, Италија
Висина 1,83 м
Маса 73 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Лампре-Мерида
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за класици
Професионални клубови
2000–2002
2003–2004
2005–2006
2007–2008
2009–2011
2012
2013–
Мапеи-Квик Степ
Фаса Бортоло
Квик Степ-Инерџетик
Ликвигас
Тим Катјуша
Фарнезе Вини-Селе Италија
Лампре-Мерида
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
1 индивидуална етапа (2010)
Тур де Франс
2 индивидуални етапи (2004, 2007)
Вуелта а Еспања
1 екипен хронометар (2008)

Етапни трки

Тирено-Адријатико (2003)

Еднодневни трки и класици

MaillotItalia.svg Национален друмски првак (2009)
Е3 Харелбеке (2009)
HEW Класик (2005)
ГП Западна Франција (2013)
Милано-Сан Ремо (2006)
Омлоп Хет Волк (2007)
Последна промена
25 октомври 2014

Филипо „Пипо“ Поцато (италијански: Filippo "Pippo" Pozzato; р. 10 септември 1981 во Сандриго, Венето) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лампре-Мерида.[1]

Кариера[уреди]

Поцато станал професионалец во 2000 година со велосипедската екипа Мапеи, дел од познатата класа ’81, група на нови млади возачи родени во 1981 година, кои биле дел од развојната екипа на Мапеи ТТ3. Други членови во оваа група биле Фабијан Канчелара и Бернхард Ајзел, како и Колобнев и Гришенко од Источна Европа.

Откако Мапеи го прекинал спонзорството во 2002 година, Поцато му се приклучил на велосипедскиот тим Фаса Бортоло на Џанкарло Ферети. И покрај неговата победа на Тирено-Адријатико во 2003 година и етапната победа на Тур де Франс 2004, личните дуели со Ферети значеле слаби години со Фаса Бортоло во периодот 2002–2004. Во текот на овој период добивал повреди неколку пати и морал да работи за познатиот спринтер Алесандро Петаки во останатото време.

Во текот на сезоната 2004 бил избран да биде дел од италијанската репрезентација на Олимпијадата 2004 како поддршка за неговиот екипен водач Паоло Бетини, кој заминал да победи на настанот. Тој ги обновил контактите со неколку менаџери и спортски директори од Квик Степ-Инерџетик. Екипата Квик Степ-Инерџетик изразиле интерес и Поцато бил во можност да добие учество во сезоната 2005 во трките од UCI ProTour, придружувајќи им се на неколку поранешни возачи од Мапеи, кои веќе биле дел од екипата, како Паоло Бетини и Давиде Брамати.

Сезоната 2005 поминала подобро за Поцато, со победа на HEW Класик пред неговиот колега Лука Паолини.

Во 2006 доживеал победа на првиот голем класик во годината Милано-Сан Ремо, по извонредното возење, кое најпрвин го имал за неговиот екипен водач Том Бонен, но потоа бил присилен да го зададе неговиот победнички напад во финалето.

Во сезоната 2007, Пипо ѝ се придружил на екипата Ликвигас и ја започнал сезоната одлично, победувајќи на Тур ду Хаут Вар и Омлоп Хет Волк и етапата 5 на Тур де Франс.

Поцато изразнал како закана на северните велосипедски класици, завршувајќи 13. (2006), 14. (2007) и 6. (2008) на Трката околу Фландрија. Неговиот најдобар пласман на Париз-Рубе било второто место во 2009. На Гент-Вевелгем Поцато завршил 13. (2008) и 4. (2006). На Омлоп Хет Волк завршил 6. (2003) и 1. (2007).

Во 2009 ја освоил Е3 Харелбеке. Неговите резултати покажале искуство, смиреност и сила на калдрмите и на белгиските ридови („hellingen“). По освојувањето на второто место на Париз-Рубе 2009, Поцато тврдел дека кога го избегнувал падот на Тор Хушовд загубил 4 или 5 секунди и шанса за победа. Исто така изјавил дека Бонен користел заветрина од официјалните мотори да го зголеми своето водство.[2]

Во 2010 година бил обвинет од неколку возачи, вклучувајќи ги Бјорн Лојкеманс, Бонен и Филип Жилбер за неговата „негативна тактика“ во текот на клучните трки. По овие настани тој го добил прекарот „Сенката“.[3]

Во 2013 година, Поцато ја освоил својата прва победа во годината на Трофео Лаигвелја, одржан во Лигурија, Италија на главно тесни, предизвикувачки и со многу кривини патишта. Неговата екипа Лампре-Мерида имала член во бегството и ја контролирала главната група, кога Мауро Сантамброџо (Вини Фантини-Селе Италија) нападнал на 3 километри пред целта, а Поцато се уфрлил во неговата заветрина. Во спринтот учествувале четворица возачи, но Поцато бил подобар од нив. Ова било трета победа на Поцато на трката, рекорд во 50-годишната историја на трката.[4] Во септември возел на ГП Западна Франција и иако не бил сметан за фаворит, ја освоил трката, станувајќи само петти Италијанец кој успеал во тоа.

Достигнувања[уреди]

1998
2. Silver medal blank.svg Светско првенство под 19 години - друмска трка
2. Silver medal blank.svg Светско првенство под 19 години - екипна потера
3. Bronze medal blank.svg Светско првенство под 19 години - екипен хронометар
1999
3. Bronze medal blank.svg Светско првенство под 19 години - екипна потера
2002
1. Краен пласман Вуелта а Куба
1. Етапа 11a
Тур де Норманди
1. Пролог
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 5
Трка околу Словенија
1. Етапа 4
1. Етапа 7
Тур де л’Авенир
1. Етапа 1
1. Етапа 5
1. Џиро дел Лаго Маџоре
1. Тур ду Лак Леман
1. Пролог Трка Бохемија
1. Дуо Норман (со Евгениј Петров
2003
1. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 2
1. Трофео Лагвелја
1. Трофео дел’Етна
1. Трофео Матеоти
2004
1. Џиро дела Лигурија
1. Трофео Лагвелја
1. Етапа 7 Тур де Франс
2005
1. HEW Класик 2005
1. Џиро дел Лацио
1. Етапа 2 Трка околу Германија
2006
1. Милано-Сан Ремо
1. Етапа 3 Трка околу Британија
2007
1. Етапа 5 Тур де Франс
1. Тур ду Хаут Вар
1. Омлоп Хет Волк
1. Трофео Матеоти
1. Етапа 6 Трка околу Полска
1. ГП Индустрија & Комерчио ди прато
2008
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
1. Краен пласман Џиро дела Провинција ди Гросето
1. Етапа 1
2. Милано-Сан Ремо
6. Трка околу Фландрија
2009
1. MaillotItalia.svg Национален друмски првак
1. Е3 Харелбеке
1. Етапа 1 Три дена Де Пане
1. Џиро дел Венето
1. Меморијал Чимури
2. Париз-Рубе
2. Трофео Лагвелја
4. Париз-Тур
5. Трка околу Фландрија
2010
1. Етапа 12 Џиро д’Италија
4. Светско друмско првенство UCI
7. Париз-Рубе
2011
1. ГП Бегели
5. Милано-Сан Ремо
2012
1. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
2. Трка околу Фландрија
6. Милано-Сан Ремо
2013
1. Трофео Лаигвелја
1. Копа Уго Агостони
1. ГП Уест-Франција
2. Рома Максима
3. Гран Премио дела Коста Етруски
5. Гран при Монтреал
2014
3. Тре Вали Варезине

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро 84 СО 45 СО 120
Jersey yellow.svg Тур 116 133 СО 67 100
Jersey red.svg Вуелта СО СО СО

СО = се откажал

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Спортски позиции
Претходник
Алесандро Петаки
Победник на Милано-Сан Ремо
2006
Наследник
Оскар Фреир