Оскар Фреир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оскар Фреир
Лични податоци
Цело имеОскар Фреир Гомес
ПрекарМачката, Оскарито
Роден15 февруари 1976(1976-02-15)(48 г.)
 Шпанија
Висина1,71 м
Маса64 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспринтер
Професионални клубови
1998–1999
2000–2002
2003–2011
2012
Виталисио Сегурос
Мапеи-Квик Степ
Рабобанк
Катјуша
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
Бодовен пласман (2008)
4 поединечни етапи
Вуелта а Еспања
7 поединечни етапи

Етапни трки

Тирено-Адријатико (2005)

Еднодневни трки и класици

Светско друмско првенство (1999, 2001, 2004)
Милано-Санремо (2004, 2007, 2010)
Гент-Вевелгем (2008)
Ватенфал Класик (2006)
Париз-Тур (2010)
Брабант Пајл (2005, 2006, 2007)
Последна промена
22 декември 2013

Оскар Фреир Гомес (шпански: Óscar Freire Gómez; р. 15 февруари 1976 во Торелавега, Кантабрија) — поранешен шпански професионален друмски велосипедист. Тој бил еден од врвните спринтери во друмскиот велосипедизам, кој има освоено три светски првенства, изедначувајќи се со Алфредо Бинда, Рик ван Стенберген и Еди Меркс. Во подоцнежните години на неговата кариера се насочил кон класичните велосипедски трки. Има трипати победено на велосипедскиот монумент Милано-Санремо, четири етапи на Тур де Франс и седум етапи на Вуелта а Еспања во текот на неговата успешна кариера.

И покрај неговиот минијатурен раст, Фреир бил добар спринтер. Понекогаш бил критикуван поради неговиот начин на тренирање, бидејќи тренирал само половина од растојанието што другите велосипедисти го тренираат.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Виталисио Сегурос (1998–1999)[уреди | уреди извор]

Фреир станал професионалец во 1998 со Виталисио Сегурос. Тој освоил една трка таа година, етапа на Вуелта а Кастиља и Леон. Завршил 11. на Париз-Тур. Во 1999, Фреир освоил малку до светското првенство во октомври. Заминал за Верона да се сретне со шпанската екипа. Тој ја потрошил неговата награда за лифт во станот на неговата баба.

Мапеј-Квик Степ (2000–2002)[уреди | уреди извор]

Фреир му се придружил на Мапеј во 2000. Тој бил најдобро рангирана екипа од 1994. Таа година освоил 11 трки, вклучувајќи две етапи на Вуелта а Еспања. Исто така бил трети на светското првенство. Во 2001 освоил две трки и го освоил бодовниот пласман на Вуелта а Бургос, пред да стане светски првак по вторпат. Во 2002 освоил етапа на Тур де Франс.

Рабобанк (2003–2011)[уреди | уреди извор]

Во 2003, Фреир се преместил во Рабобанк, каде во неговата прва сезона освоил шест трки. Во 2004, ги освоил Милано-Санремо, Трофео Луис Пуиг, етапа и второ место во генералниот пласман на Тирено-Адријатико, етапа на Вуелта а Еспања и по третпат, и вторпат во Верона, светското првенство. Ја започнал 2005 освојувајќи три етапа, бодовниот пласман и жолтата маичка на Тирено-Адријатико, како и Брабант Пајл, Трофео Алкудија и Трофео Мајорка, сите пред крајот на март. Неговата сезона била скратена поради болки од седиштето.

Во 2006, Фреир повторно го освоил Брабант Пајл. Неговата победа на етапата 3 на Тирено-Адријатико му овозможила водство два дена. На Тур де Свис, тој го преживеал раното бегство со четворица возачи, со што победил сам на етапата 7. Фреир ги освоил петтата и деветтата етапа на Тур де Франс 2006 и се борел за бодовниот пласман, кога се повлекол поради болест. Во текот на етапата 12 тој бил во бегство со тројца возачи. Кариерата на Фреир била доведена во прашања со повредите и отпуштањата. Тој имал проблеми со грбот, болки од седиштето и проблеми со вратот. Кога Јарослав Попович, кој возел за Дискавери Канал, се одвезол сам за победа, се прошириле гласини дека на Фреир му било наредено од Рабобанк да не вози за победа, со цел да осигура помош од Дискавери во планината. Иако гласините биле отфрлени од обете екипи, Фреир бил вознемирен по етапата. Фреир ја продолжил неговата успешна година со освојување на Ватенфал Класик пред германскиот фаворит Ерик Забел. Фреир ги освоил половина од победите на Рабобанк во 2006. Неговата сезона била скратена поради повредите на вратот и ’рбетот, принудувајќи го да ги пропушти Вуелта а Еспања и светското првенство. Фреир повторно потпишал со Рабобанк на крајот на 2006 со крајот на 2008, одбивајќи го Соние Дувал-Продир.

На Тур де Франс 2007, не освоил ниедна етапа, делумно поради тоа што Рабобанк го бранеле водството на Михаел Расмусен голем дел од трката. Но, освоил три етапи на Вуелта а Еспања. На Тур де Франс 2008, Фреир ја носел зелената маичка од етапата 8. Ја освоил и етапата 14 и бодовниот пласман. Во 2009, тој и Џулијан Дин биле застрелани од воздушна пушка во текот на 13. етапа. Тој бил застрелан во бутот и ја завршил етапата 117.[2].

Во март 2010, Фреир го освоил Милано-Санремо 2010 пред Том Бонен и Алесандро Петаки.[3] На 10 октомври 2010, Фреир станал првиот Шпанец, кој победил на Париз-Тур и со тоа станал новиот носител на Ruban Jaune во поставување најбрза просечна брзина во класична трка, поминувајќи 233 километри при просечна брзина од 47,73 километри на час.[4]

Кратко пред Светското друмско првенство 2011 било објавено дека Оскар Фреир ќе се повлече на крајот на сезоната, доколку не победи на друмската трка на првенството. Фреир ги завршил преговорите да го продолжи неговиот договор со неговата екипа пред трката и забележал одредени здравствени проблеми, како на пример влошени респираторни проблеми со синусот и операцијата на носот во последните две години. Тој не можел да вози на Тур де Франс 2011 и бил принуден да се откаже од Вуелта а Еспања 2011.[5]

Тим Катјуша (2012)[уреди | уреди извор]

Првично, Фреир планирал да ја заврши неговата кариера во 2012, но на крајот на сезоната 2011, одеднаш го променил мислењето. Неговата екипа Рабобанк, збунета од ситуацијата и одлуката на Оскар, не успеала да го задржи уште една години со нив, па Фреир започнал да преговара со други екипи[6]. Омега Фарма-Квик Степ, Лото-Белисол и Геокс-ТМЦ го изразиле нивниот интерес да го имаат во нивните состави за сезоната 2012, но Фреир го одбрал Тим Катјуша. Изјавил дека заминал во Катјуша, поради руската екипа веќе има голем број на други шпански возачи, како и добро организирана структура и гарантиран влез на трките од Светската турнеја[7].

До 2012, Фреир потполно се опоравил од неговите претходни здравствени проблеми и успеал да прикажи многу добри резултати на првите воведни трки. Во јануари ја освоил етапата 3 на австралиската трка Тур Даун Андер, а потоа го повторил успехот и на етапата 3 на Вуелта а Андалусија. На пролетните класици, Оскар Фреир завршил четврти на Амстел Голд Рејс и седми на Милано-Санремо, додека освои две втори места: едно на Е3 Харелбеке каде бил изедначен на целта со Том Бонен (Омега Парма-Квик Степ)[8] и другото на Брабант Пејл, каде доминирал во групата, која била зад самиот бегалец Тома Веклер од Тим Јуропкар.[9] Потоа завршил на 4. на Амстел Голд Рејс. Избегал од водечката група на 5 километри пред крајот и одржувал предност од 18 секунди на дното на последното искачување. Бил поминат во последните метри, но успеал да се одржи како четврти.[10]

Во интервју на француското списание Velochrono, Фреир тврдел дека сака да учествува на Олимпијадата во Лондон, заедно со Тур де Франс и светските првенства.[11] Подоцна, Фреир признал дека размислува за пензионирање, доколку не ја освои виножито маичката и дека ќе продолжи да вози уште некоја година или две на Светското првенство UCI 2012.[12] Се повлекол од професионалниот велосипедизам на крајот на 2012, постојано одбивајќи договор со Еускалтел-Еускади, кои сакале да возат за нив за сезоната 2013 и потоа да зема улога во менаџментот.[13] Баскиската екипа била обвинета дека се обидува да дојде до важните бодови во Светската турнеја, што би им помогнало да дојдат до лиценца за Светската турнеја 2013, но раководството на екипата тоа го отфрлило.[14]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

1997
2. Светски друмски првенства под 23 години
1998
1. Етапа 1 Вуелта а Кастиља и Леон
3. Шпанско национално друмско првенство
1999
1. Светско друмско првенство
2000
Вуелта а Еспања
1. Етапа 2
1. Етапа 4
Тирено-Адријатико
1. Етапа 1
1. Етапа 6
Вуелта а Арагон
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Бодовен пласман
1. Етапа 3 Џиро дела Провинција ди Лука
1. Етапа 3 Волта а ла Комунитат Валенсијана
1. Трофео Мајорка
3. Светско друмско првенство
3. Милано-Санремо
2001
1. Светско друмско првенство
1. Етапа 5 Вуелта а Бургос
1. Бодовен пласман
1. Етапа 4 Трка околу Германија
2002
1. Етапа 2 Тур де Франс
1. Манакор-Порто Кристо
1. Кала Рахада-Кала Милор
2003
1. Краен пласман Џиро дела Провинција ди Лука
1. Етапа 1
1. Етапа 2
Вуелта а Андалусија
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Бодовен пласман
1. Етапа 7 Тирено-Адријатико
1. Етапа 5 Волта а Каталуња
2004
1. Светско друмско првенство
1. Милано-Санремо
1. Етапа 6 Вуелта а Еспања
1. Етапа 3 Тирено-Адријатико
1. Трофео Луис Пуиг
1. Трофео Кала Милор-Кала Рахада
2005
1. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Бодовен пласман
1. Брабант Пејл
1. Трофео Алкудија
1. Трофео Мајорка
2006
Тур де Франс
1. Етапа 5
1. Етапа 9
1. Етапа 7 Тур де Свис
1. Етапа 4 Вуелта ал Паис Васко
1. Етапа 3 Тирено-Адријатико
1. Ватенфал Класик
1. Брабант Пејл
2007
1. Милано-Санремо
Вуелта а Еспања
1. Етапа 2
1. Етапа 5
1. Етапа 6
Ја носел златната маичка на етапите 2-3
1. Трофео Мајорка
1. Краен пласман Вуелта а Андалусија
1. Етапа 2
1. Етапа 5
1. Бодовен пласман
1. Брабант Пејл
2. Ватенфал Класик
3. Гент-Вевелгем
3. Париз-Тур
2008
1. Етапа 14 Тур де Франс
1. Бодовен пласман
1. Етапа 11 Вуелта а Еспања
1. Гент-Вевелгем
1. Етапа 1 Тур де Свис
Тирено-Адријатико
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. Етапа 6
1. Бодовен пласман
2009
Тур де Романди
1. Етапа 2
1. Етапа 5
2010
1. Милано-Санремо
1. Париз-Тур
1. Трофео Кала Милор
Вуелта а Андалусија
1. Етапа 2
1. Етапа 3
Вуелта ал Паис Васко
1. Етапа 1
1. Етапа 2
6. Светски друмски првенства UCI
2011
Вуелта а Андалусија
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Бодовен пласман
6. Амстел Голд Рејс
9. Светски друмски првенства UCI
2012
1. Етапа 4 Тур Даун Андер
1. Етапа 3 Вуелта а Андалусија
2. Е3 Харелбеке
2. Брабант Пајл
4. Амстел Голд Рејс
7. Милано-Санремо
10. Светски друмски првенства UCI

Резултати на класиците[уреди | уреди извор]

Година Милано-Санремо Гент-Вевелгем Трка околу Фландрија Брабант Пајл Амстел Голд Рејс Флеш Валон Лиеж-Бастон-Лиеж Класика де Сан Себастијан Ватенфал Класик Светско друмско првенство UCI Џиро ди Ломбардија Париз-Тур
1998 45. 72. 17.
1999 Победник
2000 3. 9. 5. 13. 3. 13. 44.
2001 Победник 21. 2.
2002 5. 5. 19. 22. 11. 25. 156. 26. 11.
2003 7. 38. 30. 2. 14. 51. 35. 83. 9. 49. 42.
2004 Победник 23. 14. 32. 14. 11. 4. Победник 3.
2005 5. Победник 10. 5. 96.
2006 6. Победник 17. 75. 14. Победник
2007 Победник 3. 49. Победник 8. 11. 77. 2. 14. СО 2.
2008 8. Победник 40. 37. 19. 33. 11. 38. 18.
2009 64. 58. 14. 15. 5.
2010 Победник 12. 9. 14. 88. 6. СО Победник
2011 94. 11. 6. 15. 72. 9. 20.
2012 7. 4. 12. 2. 4. 83. 24. 10.

СО = се откажал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „2012 Tour Down Under: It's a sprinters affair“. On The Record. On The Record. 12 јануари 2012. Архивирано од изворникот на 2013-04-28. Посетено на 21 септември 2012.
  2. „Фреир, Дин застрелани на етапа на Тур“. Cycling News. Future Publishing Limited. 17 јули 2009. Посетено на 16 декември 2012.
  3. „Милано-Санремо 2010: Шпанецот Оскар Фреир победи во спринтерска завршница“. Telegraph. 20 февруари 2010. Посетено на 30 март 2010.
  4. Cyclingnews.com.
  5. Cyclingnews.com.
  6. „Фреир ќе се трка и во 2012“. Telegraph. 6 ноември 2011. Посетено на 24 април 2012.
  7. „Фреир потврди дека ќе се трки во 2012“. Telegraph. 6 ноември 2011. Посетено на 24 април 2012.
  8. Ричард Абрахам (23 март 2012). „Бонен победи на Е3 Харелбеке“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 21 септември 2012.
  9. „Резултати на Брабант Пејл 2012“. Velo News. 2012 Competitor Group, Inc. 11 април 2012. Архивирано од изворникот на 2012-11-21. Посетено на 21 септември 2012.
  10. Вин, Најџел (15 април 2012). „Газпарото победи на Амстел Голд Рејс“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 6 јануари 2013.
  11. „2012 will be final curtain for Freire“. Cycling News. 12 јануари 2012. Посетено на 24 април 2012.
  12. „По Амстел, Фреир вели дека сега верува дека може да ја освои четвртата виножито маичка“. Cycling News. 16 април 2012. Посетено на 24 април 2012.
  13. „Фреир ја одби понудата на Еускалтел-Еускади за 2013“. Cycling News. Future Publishing Limited. 22 октомври 2012. Посетено на 16 декември 2012.
  14. Ендру Худ (5 октомври 2012). „Euskaltel-Euskadi denies 'deal for points' with Oscar Freire“. Velo News. 2012 Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2013-02-17. Посетено на 16 декември 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Спортски позиции
Претходник
Паоло Бетини
Филипо Поцато
Марк Кевендиш
Победник на Милано-Санремо
2004
2007
2010
Наследник
Алесандро Петаки
Фабијан Канчелара
Метју Гос
Претходник
Оскар Каменцинд
Романс Ваинштејнс
Игор Астарлоса
Светски друмски првенства UCI
1999
2001
2004
Наследник
Романс Ваинштејнс
Марио Чиполини
Том Бонен