Трка околу Фландрија 2013
Светска турнеја на UCI 2013, трка 8 од 29 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Date | 31 март 2013 | ||
Растојание | 256 км | ||
Време | 6ч 05' 58"[1] (26,076 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Фабијан Канчелара (ШВА) | (РадиоШек-Леопард) | |
Втор | Петер Саган (СВК) | (Канондејл) | |
Трет | Јирген Рулантс (БЕЛ) | (Лото-Белисол) | |
Трката околу Фландрија 2013 било 97. издание на еднодневната монументална велосипедска трка Трка околу Фландрија. Се одржала на 31 март 2013 на растојание од 256 километри од Брухе до Ауденарде[2] и била осма трка во сезоната на Светската турнеја.
Трката била освоена по вторпат од возачот на РадиоШек-Леопард Фабијан Канчелара,[3] откако направил напад на околу 15 километри пред целта, на последната искачување со калдрма, Патерберг.[4] Второто место припаднало на Петер Саган од екипата Канондејл, додека третопласиран бил возачот на Лото-Белисол Јирген Рулантс; обајцата биле заедно со Канчелара пред неговиот напад и на крај завршиле скоро една и пол минита зад Канчелара.[5]
Екипи[уреди | уреди извор]
Бидејќи Трката околу Фландрија е настан од Светската турнеја на UCI, сите UCI World Tour екипи биле поканети автоматски и се обврзани да испратат екипа. Првично, организаторите на трката планирале да имаат осумнаесет UCI World Tour екипи на трката и седум други екипи со специјални покани и со тоа да се создаде главната група од 25 екипи. Подоцна, Катјуша го повратила својот World Tour статус по жалбата до Арбитражниот суд за спорт.[6][7] Наместо да отстранат една екипа од трката со цел да ги сместат Катјуша, организаторите на трката побарале одобрување од UCI да поканат 26 екипи по осум возачи и главната група да биде составена од 208 возачи; ова било одобрено пред почетокот на трката.[8]
Екипи кои настапиле на трката биле:[9]
Резултати[уреди | уреди извор]
Велосипедист | Екипа | Време | Бодови за Светската турнеја на UCI | |
---|---|---|---|---|
1 | Фабијан Канчелара (ШВА) | РадиоШек-Леопард | 6ч 06' 01" | 100 |
2 | Петер Саган (СВК) | Канондејл | + 1' 27" | 80 |
3 | Јирген Рулантс (БЕЛ) | Лото-Белисол | + 1' 29" | 70 |
4 | Александер Кристоф (НОР) | Катјуша | + 1' 39" | 60 |
5 | Матје Ладању (ФРА) | ФДЖ | + 1' 39" | 50 |
6 | Хајнрих Хауслер (АВС) | ИАМ Сајклинг | + 1' 39" | – |
7 | Грег ван Авермат (БЕЛ) | Аксент Џобс-Ванти | + 1' 39" | 30 |
8 | Себастјен Тиржо (ФРА) | Тим Јуропкар | + 1' 39" | – |
9 | Џон Дегенколб (ГЕР) | Аргос-Шимано | + 1' 39" | 10 |
10 | Себастијан Лангевелд (ХОЛ) | Орика-ГринЕЏ | + 1' 39" | 4 |
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Uitslag / Résultat / Result“ (PDF). Трка околу Фландрија. Фландриски класици. 31 март 2013. Посетено на 31 март 2013.
- ↑ Боден, Матје (28 март 2013). „Преглед на рутата: Враќање на новата рута на Трката околу Фландрија“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2013-03-31. Посетено на 31 март 2013.
- ↑ Декалуве, Брехт (31 март 2013). „Канчелара победа на Трката околу Фландрија“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 31 март 2013.
- ↑ Мур, Кајл (31 март 2013). „Канчелара забрза на Патерберг за уште една победа на Трката околу Фландрија“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 31 март 2013.
- ↑ „Фабијан Канчелара победи на Трката околу Фландрија 2013“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 31 март 2013. Архивирано од изворникот на 2013-04-03. Посетено на 31 март 2013.
- ↑ „CAS нареди доделување лиценца за Светската турнеја за Катјуша“. Cycling News. Future Publishing Limited. 15 февруари 2013. Посетено на 31 март 2013.
- ↑ „UCI потврди 19 World Tour екипи за 2013“. Cycling News. Future Publishing Limited. 18 февруари 2013. Посетено на 31 март 2013.
- ↑ „Трката околу Фландрија покани група од 208 возачи“. Cycling News. Future Publishing Limited. 5 март 2013. Посетено на 31 март 2013.
- ↑ „Почетна список на Трката околу Фландрија 2013“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 31 март 2013.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|