Класика де Сан Себастијан 2013

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Класика де Сан Себастијан 2013
Светска турнеја UCI 2013, трка 19 од 28
Детали за трката
Датум 27 јули 2013
Должина 232 km (144.2 mi)
Време 5ч 39' 02" (25,5 mph/41.0 км/ч

)

Добитници на наградите
Победник  Тони Галопен (Франција) (РадиоШек-Леопард)
Втор  Алехандро Валверде (Шпанија) (Мувистар Тим)
Трет  Роман Кројцигер (Чешка) (Тим Саксо-Тинкоф)
2012
2014

Класика де Сан Себастијан 2013 било 33. издание на еднодневната велосипедска трка Класика де Сан Себастијан. Била одржана на 27 јули 2013 на растојание од 232 километри, започнувајќи и завршувајќи во Сан Себастијан, во Баскија, Шпанија. Била деветнаесетта трка во сезоната на Светската турнеја.

Трката била освоена од возачот на РадиоШек-Леопард Тони Галопен, откако направил напад на последното искачување на трката, Алто де Аркале, и успеал да се одржи пред остатокот од главната група, остварувајќи ја најголемата победа во неговата кариера.[1] Второто место му припаднало на возачот на Мувистар Тим Алехандро Валверде, 28 секунди зад Галопен,[2] додека подиумот бил заокружен од возачот на Тим Саксо-Тинкоф Роман Кројцигер.[3]

Екипи[уреди]

Бидејќи Класика де Сан Себастијан бил настан од Светската турнеја UCI, сите 19 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. Каха Рурал-Сегурос РГА добила специјална покана за учество на трката и со тоа била создадена групата од 20 екипи.

Дваесетте екипи кои учествувале на трката биле:

Резултати[уреди]

Велосипедист Екипа Време Бодови за
Светската турнеја
1  Тони Галопен (ФРА) РадиоШек-Леопард 5ч 39' 02" 80
2  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим + 20" 60
3  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Тим Саксо-Тинкоф + 20" 50
4  Микел Ниеве (ШПА) Еускалтел-Еускади + 20" 40
5  Николас Роуш (ИРС) Тим Саксо-Тинкоф + 29" 30
6  Микел Ланда (ШПА) Еускалтел-Еускади + 36" 22
7  Морено Мозер (ИТА) Канондејл + 51" 14
8  Питер Сери (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 51" 10
9  Бауке Молема (ХОЛ) Белкин Про Сајклинг + 51" 6
10  Арнолд Жанесон (ФРА) FDJ.fr + 51" 2

Наводи[уреди]

  1. Худ, Ендру. „Тони Галопен победи на Класика де Сан Себастијан 2013“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 27 јули 2013 (конс. 28 јули 2013).
  2. Вин, Најџел. „Тони Галопен сам до победа во Сан Себастијан“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 27 јули 2013 (конс. 28 јули 2013).
  3. Tony Gallopin wins Clasica de San Sebastian as Alejandro Valverde has to settle for second“, „Sky Sports“, BSkyB, 27 јули 2013 (конс. 28 јули 2013).