Хајнрих Хауслер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хајнрих Хауслер

Хауслер во 2009
Лични податоци
Цело име Хајнрих Хауслер
Прекар Бинс, Барби, Хајни
Роден 25 февруари 1984 (1984-02-25) (30 г.)
Инверел, Нов Јужен Велс, Австралија
Висина 1,79 м
Маса 71 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб ИАМ Сајклинг
Дисциплина Друмски велосипедизам
Вид на возач Спринтер
Специјалист за класици
Професионални клубови
2005–2008
2009–2010
2011–2012
2013-
Геролштајнер
Сервело ТестТим
Гармин-Сервело
ИАМ Сајклинг
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
1 индивидуална етапа (2009)
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2005)

Етапни трки

Париз-Ница
1 етапа
Тур де Свис
1 етапа
Последна промена
8 октомври 2014

Хајнрих Хауслер (германски: Heinrich Haussler; р. 25 февруари 1984 во Инверел, Нов Јужен Велс, Австралија) — австралиски професионален друмски велосипедист со германско потекло. Хауслер вози за професионалната континентална екипа ИАМ Сајклинг. Освоил две етапи на Гранд Тур трките во кариерата, една од Вуелта а Еспања 2005 и уште една на Тур де Франс 2009. Исто така е добар специјалист за класици, забележувајќи врвни резултати на познатите класици, но без победи.

Кариера[уреди]

Ран живот[уреди]

Хауслер бил роден од германски татко и австралиска мајка и пораснат во градот Инверел, Нов Јужен Велс, Австралија, пред да замине за Германија во 1998 на возраст од 14 години да го оствари сонот и да стане професионален велосипедист.[1][2]

Професионална кариера[уреди]

Хауслер станал професионалец во 2005 и стекнал одредена слава со етапната победа на Вуелта а Еспања 2005. Хауслер остварил пет победи во 2006 и имал одлична кампања на класиците оттогаш. Сè повеќе станувал познат како возач за класици, во 2009 стигнал втор на обете трки, Трка околу Фландрија и Милано-Сан Ремо, каде бил победен од Марк Кевендиш во фото-финиш. Исто така завршил на одличното 7. место на изданието 2009 на Париз-Рубе. Најголема победа досега на Хауслер е победата на етапата 13 во 2009 на Тур де Франс.[3] Хауслер живеел во Котбус од 1998, а од 2009 во Фрајбург.[1]

Тој бил државјанин на Австралија и Германија, но на трките настапувал под германска лиценца. Меѓутоа, во интервју од 2008 за CyclingNews.com, најавил дека повеќе нема да се трка за Германија и дека ќе настапи за Австралија на Светското првенство 2010 во Мелбурн. Кога го прашале дали би избрал да настапи за Германија на Светското првенство 2008 или на Олимпијадата 2008 тој изјавил, „Не би настапил. Доколку настапиш за една држава, во период од три години не смееш да настапиш за друга“.[4] Меѓутоа, UCI инсистирале, дека доколку Хауслер сака да настапи за Австралија, тој мора да се откаже од неговото германско државјанство, за кое велосипедистот во интервју во ноември 2009, кажал „не е отворено за дебата во овој момент“.[5]

Во јули 2010, Сервело Тест Тим објавиле дека дека Хауслер ќе се откаже од неговото германско државјанство и дека ќе вози за Австралија во иднина.[6] Меѓутоа, повредата на коленото го приморала Хауслер да се откаже од неговото меѓународно велосипедско деби за неговата држава на раѓање на Светското првенство 2010.[7]

На 26 август 2010, екипата на Хауслер, Сервело Тест Тим, ги потврдиле гласините дека екипата нема повеќе да постои по крајот на сезоната.[8] На 1 септември 2010 било објавено дека ќе се приклучи на Гармин-Сервело за сезоната 2011.[9][10]

На Трката околу Калифорнија 2012, Хауслер бил спречен да победи на првите четири етапи на трката од Петер Саган од екипата Ликвигас-Канондејл, кој го поразувал на целта секој пат. Завршил на второто место на секоја од тие етапи.[11]

Хауслер го напуштил Гармин-Шарп на крајот на сезоната 2012 и се приклучил кон новата екипа ИАМ Сајклинг во сезоната 2013.[12]

Достигнувања[уреди]

2005
1. Етапа 19 Вуелта а Еспања
3. Краен пласман Трка околу Саксонија
7. Цири-Мецгете
2006
1. Етапа 3 Трка околу Рајнската област-Пфалц
Вуелта а Мурсија
1. Етапа 1
1. Етапа 5
Сиркут Франко-Белж
1. Етапа 2
1. Етапа 4
3. Трофео Мајорка
2007
1. Етапа 5 Трка околу Долна Саксонија
1. Етапа 1 Критериум ду Дофине Либере
2008
1. Етапа 1 Трка околу Баварија
2009
1. Етапа 13 Тур де Франс
Етапа 13 Награда за борбеност
Волта ао Алгарве
1. Етапа 1
1. Етапа 5
1. Етапа 2 Париз-Ница
1. ГП Триберг-Шварцвалд
1. Етапа 5 Тур ду Поату-Шарент
2. Милано-Сан Ремо
2. Трка околу Фландрија
2. Краен пласман Трка околу Катар
1. Jersey white.svg Спринтерски пласман
1. Jersey blue.svg Пласман за млад возач
3. ГП Кантон Аргау
4. Дварс дор Вландерен
4. Шпаркасен Џиро Бохум
7. Париз-Рубе
8. Омлоп Хет Ниувсблад
2010
1. Етапа 2 Тур де Свис
1. Jersey white.svg Спринтерски пласман Трка околу Катар
2. Омлоп Хет Ниувсблад
3. ГП Кантон Аргау
2011
1. Етапа 2 Трка околу Пекинг
1. Jersey green.svg Бодовен пласман Париз-Ница
2. Краен пласман Трка околу Катар
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Jersey white.svg Бодовен пласман
2012
3. ГП Уест-Франција
4. Омлоп Хет Ниувсблад
7. Ватенфал Класик
2013
1. Етапа 5 Трка околу Баварија
4. Гент-Вевелгем
4. Париз-Бурж
6. Трка околу Фландрија
6. Париз-Тур
2014
1. Етапа 1 Трка околу Баварија
3. Гран при д’Исберг

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро
Jersey yellow.svg Тур 129 126 97 СО
Jersey red.svg Вуелта 53 92 СО 103

СО = се откажал

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]