Џон Дегенколб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џон Дегенколб

Дегенколб на Критериум ду Дофине 2011
Лични податоци
Цело име Џон Дегенколб
Роден 7 јануари 1989 (1989-01-07) (25 г.)
Гера, Германија
Висина 1,80 м[1]
Маса 77 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб Џајант-Шимано
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Спринтер
Аматерски клубови
2008–2010 Тирингер Енерги Тим
Професионални клубови
2011
2012–
ХТЦ-Хајроад
Проект 1т4и
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
1 индивидуална етапа (2013)
Вуелта а Еспања
7 индивидуални етапи (2012, 2014)

Етапни трки

Тур де Пикарди (2012)

Еднодневни трки и класици

Ватенфал Класик (2013)
Гент-Вевелгем (2014)
Трка околу Франкфурт (2011)
Париз-Тур (2013)

Друго

Европска турнеја UCI (2012)
Последна промена
30 август 2014

Џон Дегенколб (германски: John Degenkolb; р. 7 јануари 1989 во Гера) — германски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Џајант-Шимано.[2]

Во 2010, ја освоил неговата прва етапна трка, Трка околу Тирингија и завршил втор на трката под 23 години на Светското друмско првенство. Досега, негови најголеми победи во кариерата се Гент-Вевелгем 2014, петте етапи на Вуелта а Еспања 2012, двете етапи на Критериум ду Дофине 2011[3] и победата на крајот на Европската турнеја UCI 2012.[4][5]

Професионална кариера[уреди]

Дегенколб го освоил генералниот пласман на Тур де Пикарди 2012, каде ги освоил првата и третата етапа на 3-етапната трка. Временските бонуси на целта на етапите му ја обезбедиле победата во генералниот пласман.[6]

На 19 август 2012, Дегенколб ја освоил својата прва етапа на некој Гранд Тур, етапата 2 на Вуелта а Еспања, која завршувала во Вијана. На малата нагорнината, тој ја поминал целта пред Алан Дејвис од Орика-ГринЕЏ и возачот на Тим Скај Бен Свифт.[7] Го повторил успехот на етапата 5, рамна кружна етапа во Логроњо. Дегенколб дошол зад Даниеле Бенати, кој го отпочнал спринтот и направил одредена разлика во последните 200 метри и ја поминал целта со мала разлика од возачот на РадиоШек-Нисан.[8]

Со маичката за бодовниот пласман на неговите гради ја однел третата победа на Вуелта на етапата 7, на етапа со завршница по круг на патеката во Моторленд Арагон.[9] Потоа следел уште еден успех на етапата 10, Дегенколб повторно стигнал до победа во Санхенхо, откако силно ги притиснал педалите на нагорнината и го поминал Французинот Насер Буани од ФДЖ-БигМет.[10] Ја завршил Вуелта со пет победи, вклучувајќи ја и престижната последната етапа во Мадрид, каде го заокружил неговото второ учество на Гранд Тур со уште една победа.[11]

По овие успеси на Дегенколб следеле уште една спринтерска победа на Гран при д’Исберкес[12] и четврто место на Светските првенства во Валкенбург, зад победникот Филип Жилбер (БМЦ Рејсинг Тим).[13]

Успесите на Дегенколб во 2013 започнале во мај со етапна победа на Џиро д’Италија, негова прва победа на трката во Италија.[14] На Тур де Франс, Дегенколб важел како главен помошник за неговиот колега Марсел Кител, кој освоил четири етапи. Потоа, Дегенколб настапил и победил на Ватенфал Класик во неговата родна земја, победувајќи го Андре Грајпел на целта на трката.[15] Во октомври, Дегенколб победил на две трки во Франција во помалку од една недела, Париз-Бурж и Париз-Тур.[16]

Во 2014 година, Дегенколб го освоил белгискиот класик Гент-Вевелгем, бодовниот пласман и три етапи на Медитеранската трка и етапа на Вуелта а Еспања. Етапата вклучувала две категоризирани искачувања и била возена во прилична жештина.[17]

Достигнувања[уреди]

2008
1. Етапа 2 Трка околу Тирингија
2. Краен пласман Тур ду Хаут Анжу
2. ЗЛМ Тур
3. Bronze medal blank.svg Друмска трка под 23 години Светско друмско првенство UCI
2009
3. ЗЛМ Тур
3. Трка околу Фландрија
2010
Тур де Бретања
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Етапа 3 Тур Алзас
Тур де л’Авенир
1. Етапа 1
1. Етапа 5
1. Краен пласман Трка околу Тирингија
1. Етапа 3
9. Краен пласман ФБД Инсуранс Рас
1. Етапа 6
1. Етапа 8
2. Ла Кот Пикард
2. Silver medal blank.svg Светско друмско првенство под 23 години
2011
Критериум ду Дофине
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Етапа 2 Волта ао Алгарве
1. Етапа 1 Три дена Западна Фландрија
1. Трка околу Франкфурт
1. Етапа 2 Трка околу Баварија
2. Трофео Кала Милор
2. Минстерланд Џиро
4. Париз-Бурж
2012
1. Краен пласман Европска турнеја UCI
1. Краен пласман Тур де Пикарди
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Гран при д’Исберкес
Вуелта а Еспања
1. Етапа 2
1. Етапа 5
1. Етапа 7
1. Етапа 10
1. Етапа 21
1. Етапа 7 Трка околу Полска
3. Краен пласман Четири дена Денкерк
1. Етапа 1
1. Етапа 2
4. Светски друмски првенства UCI
4. Париз-Тур
5. Милано-Сан Ремо
6. Е3 Харелбеке
2013
1. Ватенфал Класик
1. Париз-Бурж
1. Париз-Тур
1. Етапа 5 Џиро д’Италија
2. Краен пласман Тур де л’Еурометропол
1. Етапа 2
1. Етапа 4
2. Париз-Брисел
2. Гран при д’Исберг
3. Национално друмско првенство
4. Трка околу Франкфурт
9. Трка околу Фландрија
10. ГП Уест-Франција
2014
1. Гент-Вевелгем
Медитеранска трка
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
Париз-Ница
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 3
Вуелта а Еспања
1. Етапа 4
1. Етапа 5
2. Париз-Рубе
2. Трка околу Франкфурт
3. Краен пласман Етоал де Бесеже
1. Jersey yellow.svg Бодовен пласман
4. Гран при д’Увертир ла Марселеза

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Профил на Џон Дегенколб“. 
  2. Џон Дегенколб преместувањето во Скил-Шимано го направи официјално“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 17 август 2011 (конс. 7 јануари 2012).
  3. Дегенколб го докажал неговото педигре на етапата четири
  4. Дегенколб горд по освојувањето на Европската турнеја“, „Аргос-Шимано“, Project 1t4i, 8 октомври 2012 (конс. 22 октомври 2012).
  5. Аткинс, Бен. „Paris-Tours heroics secure John Degenkolb the overall Europe Tour“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 8 октомври 2012 (конс. 22 октомври 2012).
  6. Дегенколб победи на Тур де Пикарди“, „Cycling News“, Future Publishing, 13 мај 2012 (конс. 13 мај 2012).
  7. Бен Аткинс. „Вуелта а Еспања: Џон Дегенколб ја освоил етапата два“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 19 август 2012 (конс. 19 август 2012).
  8. Дегенколб добил уште една етапа на Вуелта“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 22 август 2012 (конс. 22 август 2012).
  9. Vuelta a España: John Degenkolb motors to a hat-trick on Alcañiz race circuit“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 24 август 2012 (конс. 24 август 2012).
  10. Мур, Кајл. „Четири победи за Дегенколб по етапата 10 во Санхенхо“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 28 август 2012 (конс. 29 август 2012).
  11. Аткинс, Бен. „Џон Дегенколб до бројот пет на последната етапа, додека Контадор победи“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 9 септември 2012 (конс. 9 септември 2012).
  12. Дегенколб спринташе до 11. победа во сезоната“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 16 септември 2012 (конс. 27 септември).
  13. Бен Аткинс. „Џон Дегенколб изгледа среќен со четвртото место на Светското првенство“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 25 септември 2012 (конс. 26 септември 2012).
  14. Фотерингем, Аласдер. „Degenkolb ecstatic after taking first Giro d'Italia stage win“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 8 мај 2013 (конс. 9 мај 2013).
  15. Најџел Вин. „Џон Дегенколб победи на Ватенфал Класик“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 25 август 2013 (конс. 16 октомври 2013).
  16. Бери Рајан. „Дегенколб ја заокружи 2013 со победа на Париз-Тур“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 13 октомври 2013 (конс. 16 октомври 2013).
  17. Даниел Бенсон. „Вуелта а Еспања: Дегенколб ја освои четвртата етапа во Кордоба“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 29 август 2014 (конс. 29 август 2014).

Надворешни врски[уреди]