Класични велосипедски трки
Класични велосипедски трки се еднодневни професионални велосипедски друмски трки во меѓународниот календар. Повеќето од трките, сите се возат во западна Европа, се наоѓаат на професионалниот календар со децении, а најстарата потекнува од 19 век. Тие обично се одржуваат во исто време секоја година. Во последните неколку години, петте најпознати трки понекогаш се опишуваат како „монументални“.
Во сезоните 2005-2007, класиците создале дел од UCI ProTour, водена од Меѓународниот велосипедистички сојуз. Оваа серија на трки исто така вклучувала различни етапни трки, како што се Тур де Франс, Џиро д’Италија, Вуелта а Еспања, Париз-Ница и Критериум ду Дофине Либере и различни некласични еднодневни настани. ProTour бил заменет со серијата Светски друмски куп UCI, кој содржел само еднодневни трки. Многу од класиците и сите Гранд Тур не биле дел од ProTour во сезоната 2008, поради спорот помеѓу UCI и ASO, која го организира Тур де Франс и неколку други големи трки.
Содржина |
Класици [уреди]
Професионални трки најчесто сметани како класици:
Пролет [уреди]
- Милано-Сан Ремо (Италија) – првиот вистински класик во годината, нејзиното италијанско име е La Primavera (Пролет), оваа трка обично се одржува на крајот на март. Првпат возена во 1907.
- Гент-Вевелгем (Белгија) - првиот од „пролетните класици“. Првпат одржана во 1934.
- Трка околу Фландрија (Белгија) – обично се одржува во почетокот на април. Првпат одржана во 1913.
- Париз-Рубе (Франција) – La Reine („Кралица на класиците“) или l'Enfer du Nord („Пекол на Северот“) е традиционално една недела по Трката околу Фландрија и првпат била возена во 1896.
- Амстел Голд Рејс (Холандија) – обично се одржува во средината на април. Првпат воена во 1966 и е една од трите „арденски класици“.
- Флеш Валон (Белгија) – првпат возена во 1936, Walloon Arrow традиционално се одржува во средината на неделата помеѓу Амстел Голд и Лиеж-Бастон-Лиеж. Втор „арденски класик“.
- Лиеж-Бастон-Лиеж (Белгија) – на крајот од април. La Doyenne, најстариот класик, првпат бил одржан во 1892. Таа е трет „арденски класик“.
Заедно, класиците на калдрма и арденските класици ги создаваат пролетните класици, кои се одржуваат во март и април.
Есенски класици [уреди]
- Класика де Сан Себастијан (Шпанија)
- Париз-Тур (Франција)
- Џиро ди Ломбардија (Италија) – исто така позната како „Трката на лисјата кои паѓаат“, обично се одржува во октомври. Првично наречена Милано-Милано во 1905, станал Џиро де Ломбардија во 1907.
- Милано-Торино (Италија) – Прв пат одржана во 1876, но прекината од 2008 до 2011, за повторно да се одржува од 2012.
Отворачи на сезоната [уреди]
- Омлоп Хет Ниувсблад (Белгија) - ја отвора белгиската велосипедска сезона
- ГП д‘Увертир ла Марселез (Франција) - ја отвора француската велосипедска сезона
- Гран Премио дела Коста Етруски (Италија) - ја отвора италијанската велосипедска сезона
- Трофео Кала Милор-Кала Бона (Шпанија) - ја отвора шпанската велосипедска сезона
Некои минати класици повеќе не се возат. Тие биле, исцрпувачката 560 километарска, делумно со мотор, Бордо-Париз, возена од 1891 до 1988. Други поранешни трки се Цири-Мецгете и трката во доцна есен Милано-Торино.
Монументи [уреди]
Петте монументални трки во велосипедизмот генерално се сметаат дека се најстари и најпрестижни еднодневни трки на календарот.[1][2][3]
- Милано-Сан Ремо (Италија) – првиот вистински класик на годината, неговото италијанско име е La Primavera (Пролет), оваа трка се одржува на крајот на март. Првпат се возела во 1907.
- Трка околу Фландрија (Белгија) – исто така позната како „Ronde van Vlaanderen“, првиот од „пролетните класици“, се вози во почетокот на април. Првпат се возела во 1913.
- Париз-Рубе (Франција) – „Кралица на класиците“ или l'Enfer du Nord („Пекол на Северот“) е традиционално една недела по Трката околу Фландрија и била возена во 1896.
- Лиеж-Бастон-Лиеж (Белгија) – на крајот на април. La Doyenne, најстариот класик, првпат бил возен во 1892 како аматерска трка; професионалната трка започнала во 1894.
- Џиро ди Ломбардија (Италија) – исто така позната како „Трка на лисјата што паѓаат“, се одржува во октомври. Првично наречена Милано-Милано во 1905, но станала Џиро ди Ломбардија во 1907.
Само три возачи ги имаат освоено сите пет монументални еднодневни трки во текот на нивните кариери: Роџер де Влеминк, Рик ван Лој и Еди Меркс, сите тројца Белгијци. Со победи на сите други монументи, Шон Кели скоро ќе се придружел на оваа група, завршувајќи втор на Трката околу Фландрија на три наврати (1984, 1986 и 1987). Холандскиот возач Хени Кујпер го освоил секој монумент, освен Лиеж-Бастон-Лиеж, во кој завршил втор во 1980. Белгискиот возач Фред де Брујн исто така бил близу, завршувајќи втор на Џиро ди Ломбардија во 1955 и победувајќи на сите други четири трки во текот на неговата кариера.
| Велосипедист | Националност | Прва победа |
Последна победа |
М-С | ТоФ | П-Р | Л-Б-Л | ЏдЛ | Вкупни |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Еди Меркс | 1966 | 1976 | 7 | 2 | 3 | 5 | 2 | 19 | |
| Роже Де Влеминк | 1970 | 1979 | 3 | 1 | 4 | 1 | 2 | 11 | |
| Костанте Џирарденго | 1918 | 1928 | 6 | 3 | 9 | ||||
| Фаусто Копи | 1946 | 1954 | 3 | 1 | 5 | 9 | |||
| Шон Кели | 1983 | 1992 | 2 | 2 | 2 | 3 | 9 | ||
| Рик ван Лој | 1958 | 1965 | 1 | 2 | 3 | 1 | 1 | 8 | |
| Џино Бартали | 1939 | 1950 | 4 | 3 | 7 | ||||
| Том Бонен | 2005 | 2012 | 3 | 4 | 7 | ||||
| Анри Пелисие | 1911 | 1921 | 1 | 2 | 3 | 6 | |||
| Алфредо Бинда | 1925 | 1931 | 2 | 4 | 6 | ||||
| Фред де Брујн | 1956 | 1959 | 1 | 1 | 1 | 3 | 6 | ||
| Франческо Мозер | 1975 | 1984 | 1 | 3 | 2 | 6 | |||
| Морено Аргентин | 1985 | 1991 | 1 | 4 | 1 | 6 | |||
| Јохан Музеув | 1993 | 2002 | 3 | 3 | 6 | ||||
| Фабијан Канчелара | 2006 | 2013 | 1 | 2 | 3 | 6 | |||
| Гаетано Белони | 1915 | 1928 | 2 | 3 | 5 | ||||
| Рик ван Стенберген | 1944 | 1954 | 1 | 2 | 2 | 5 | |||
| Бернар Хино | 1977 | 1984 | 1 | 2 | 2 | 5 | |||
| Мишел Бартоли | 1996 | 2003 | 1 | 2 | 2 | 5 | |||
| Паоло Бетини | 2000 | 2006 | 1 | 2 | 2 | 5 | |||
| Гастон Ребри | 1931 | 1935 | 1 | 3 | 4 | ||||
| Алфонс Шеперс | 1931 | 1935 | 1 | 3 | 4 | ||||
| Лујон Бобе | 1951 | 1956 | 1 | 1 | 1 | 1 | 4 | ||
| Џермен Дерике | 1953 | 1958 | 1 | 1 | 1 | 1 | 4 | ||
| Феличе Џимонди | 1966 | 1974 | 1 | 1 | 2 | 4 | |||
| Валтер Годефрот | 1967 | 1978 | 2 | 1 | 1 | 4 | |||
| Хени Кипер | 1981 | 1985 | 1 | 1 | 1 | 1 | 4 | ||
| Јан Рас | 1977 | 1983 | 1 | 2 | 1 | 4 | |||
| Ерик Цабел | 1997 | 2001 | 4 | 4 | |||||
| Октав Лапиз | 1909 | 1911 | 3 | 3 | |||||
| Џовани Брунеро | 1922 | 1924 | 1 | 2 | 3 | ||||
| Ромен Гајселс | 1931 | 1932 | 2 | 1 | 3 | ||||
| Ахил Бујс | 1940 | 1943 | 3 | 3 | |||||
| Фјоренцо Мањи | 1949 | 1951 | 3 | 3 | |||||
| Јо де Ро | 1962 | 1965 | 1 | 2 | 3 | ||||
| Емил Демс | 1960 | 1963 | 1 | 1 | 1 | 3 | |||
| Том Симпсон | 1961 | 1965 | 1 | 1 | 1 | 3 | |||
| Ерик Леман | 1970 | 1973 | 3 | 3 | |||||
| Петер ван Петегем | 1999 | 2003 | 2 | 1 | 3 | ||||
| Андреа Тафи | 1996 | 2002 | 1 | 1 | 1 | 3 | |||
| Андреј Чмил | 1994 | 2000 | 1 | 1 | 1 | 3 | |||
| Оскар Фреир | 2004 | 2010 | 3 | 3 | |||||
| Дамијано Кунего | 2004 | 2008 | 3 | 3 | |||||
| Филип Жилбер | 2009 | 2011 | 1 | 2 | 3 |
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ „Велосипедска сала на славата: Вовед“, 2010, http://www.cyclinghalloffame.com/gen_info.asp, проверено на 2010-07-12
- ↑ „Велосипедски монументи“, 2010, http://www.trails.com/list_31612_cycling-monuments.html, проверено на 2010-07-12
- ↑ „Канчелара сонува за победа на сите пет велосипедски монументи“, „CyclingNews.com“, 2010, http://www.cyclingnews.com/news/cancellara-dreams-of-all-winning-all-five-of-cycling-monuments, проверено на 2010-07-12