Флеш Валон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Флеш Валон
Fleche wallonne route 2011.png
Рута во 2011
Детали за трката
Датум крај на април
Регион Валонија, Белгија
Англиско име Walloon Arrow
Локално име
  • La Flèche Wallonne (француски)
  • Waalse Pijl (холандски)
  • Wallonischer Pfeil (германски)
Дисциплина Друмски велосипедизам
Натпреварување Светска турнеја UCI
Вид Еднодневен класик
Организатор Amaury Sport Organisation
Историја
Прво издание 1936 (1936)
Изданија 77 (до 2013)
Прв победник  Филип Демерсман (БЕЛ)
Најмногу победи
Неодамнешен победник  Даниел Морено (ШПА)

Флеш Валон е машка професионална велосипедска друмска трка, која се одржува во април секоја година во Белгија.

Првиот од двата белгиски арденски класици, Флеш Валон (Валонска стрела) најчесто се одржува во средината на неделата помеѓу Амстел Голд Рејс и Лиеж-Бастон-Лиеж. Едно време, Флеш Валон и Лиеж-Бастон-Лиеж се возеле една по друга, викенд именуван како „Le Weekend Ardennais“ (обете трки се организирани од Amaury Sport Organisation). Само седум возачи имаат постигнато победи на „Арденскиот двоец“ со победа на двете трки во истата година: Ферди Кублер двапати (во 1951 и 1952), Стан Окерс (1955), Еди Меркс (1972), Морено Арџентин (1991), Давиде Ребелин (2004), Алехандро Валверде (2006) и Филип Жилбер (2011).

Историја[уреди]

Флеш Валон бил создаден за зголемување на продажбата на весникот Les Sports во текот на 1930-тите и првпат била возена во 1936. Иако можеби не е сметана како една од класичните 'монументи', трката е широка прифатена како класик и се вбројувала во Светскиот друмски куп UCI и UCI ProTour. Станала дел од календарот на Светскиот ранкинг во 2009.

Како многу велосипедски трки, текот на трката била значително менувана низ годините, како во должината, така и самата рута. Настанот бил првпат возен на патиштата од Турне до Лиеж (растејќи од 236 километри до 300 километри - најголемото растојание - во 1938), но потоа Монс станал почетна точка. Од 1948, трката започнувала од Шарлерој; од 1960 трката била возена во обратна насока, започнувајќи го ЛИеж и завршувајќи го Шарлерој (или од 1965, Марсинел). Неколку години трката започнувала и завршувала во истото место: Вервие (1974–1978) или Хуи (1983–1985). Од 1986, трката започнувала во Спа и завршувала во Хуи. Од 1990, растојанието на трката не преминало повеќе од 210 километри.

Денес, трката започнува во Шарлерој и оди кон исток до Хуи, каде возачите прават три круга на тешкото искачување Мур де Хуи, со неколку секции стрмни повеќе од 15%. Крајот е на врвот на Мур по третото искачување.

Само четири воачи ја имаат трката трипати, двајца од нив Белгијци и двајца Италијанци. Сепак, белгиските возачи доминирале раните години на настанот, победувајќи ги првите 11 изданија на трката и малку повеќе од половината изданија вкупно (38 победи, вклучувајќи ја 2011). Италијанците ја освоиле трката 18 пати.

Победници[уреди]

Возач Тим
1936 Белгија Демерсман, ФилемонФилемон Демерсман (БЕЛ)
1937 Белгија Брекевелт, АдолфАдолф Брекевелт (БЕЛ)
1938 Белгија Масон, ЕмилЕмил Масон (БЕЛ)
1939 Белгија Делатхувер, ЕдмондЕдмонд Делатхувер (БЕЛ)
1940 Немало трка
1941 Белгија Грисол, СилвенСилвен Грисол (БЕЛ)
1942 Белгија Тајс, КарелКарел Тајс (БЕЛ)
1943 Белгија Кинт, МарселМарсел Кинт (БЕЛ)
1944 Белгија Кинт, МарселМарсел Кинт (БЕЛ)
1945 Белгија Кинт, МарселМарсел Кинт (БЕЛ)
1946 Белгија Кетелер, ДезиреДезире Кетелер (БЕЛ)
1947 Белгија Стеркс, ЕрнестЕрнест Стеркс (БЕЛ)
1948 Италија Камелини, ФермоФермо Камелини (ИТА)
1949 Белгија Стенберген, Рик ванРик ван Стенберген (БЕЛ)
1950 Италија Копи, ФаустоФаусто Копи (ИТА)
1951 Швајцарија Кублер, ФердиФерди Кублер (ШВА)
1952 Швајцарија Кублер, ФердиФерди Кублер (ШВА)
1953 Белгија Окерс, СтанСтан Окерс (БЕЛ)
1954 Белгија Дерајк, ЏерменЏермен Дерајк (БЕЛ)
1955 Белгија Окерс, СтанСтан Окерс (БЕЛ)
1956 Белгија Генехтен, Ришар ванРишар ван Генехтен (БЕЛ)
1957 Белгија Импанис, РејмонРејмон Импанис (БЕЛ)
1958 Белгија Стенберген, Рик ванРик ван Стенберген (БЕЛ)
1959 Белгија Хевенарс, ЈосЈос Хевенарс (БЕЛ)
1960 Белгија Керами, ПиноПино Керами (БЕЛ)
1961 Белгија Ванитсен, ВилиВили Ванитсен (БЕЛ)
1962 Белгија Деволф, АнриАнри Деволф (БЕЛ)
1963 Франција Пулидор, РејмонРејмон Пулидор (ФРА)
1964 Белгија Дезме, ЖилберЖилбер Дезме (БЕЛ)
1965 Италија Поџали, РобертоРоберто Поџали (ИТА)
1966 Италија Данчели, МишелМишел Данчели (ИТА)
1967 Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс (БЕЛ)
1968 Белгија Лој, Рик ванРик ван Лој (БЕЛ)
1969 Белгија Хијсман, ЈосЈос Хијсман (БЕЛ)
1970 Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс (БЕЛ)
1971 Белгија де Влеминк, РожеРоже де Влеминк (БЕЛ)
1972 Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс (БЕЛ)
1973 Белгија Дирикс, АндреАндре Дирикс (БЕЛ)
1974 Белгија Вербек, ФрансФранс Вербек (БЕЛ)
1975 Белгија Дирикс, АндреАндре Дирикс (БЕЛ)
1976 Холандија Зетемелк, ЈопЈоп Зетемелк (ХОЛ)
1977 Италија Мозер, ФранческоФранческо Мозер (ИТА)
1978 Франција Лорен, МишелМишел Лорен (ФРА)
1979 Франција Хино, БернарБернар Хино (ФРА)
1980 Италија Сарони, ЏузепеЏузепе Сарони (ИТА)
1981 Белгија Вилемс, ДаниелДаниел Вилемс (БЕЛ)
1982 Италија Беча, МариоМарио Беча (ИТА)
1983 Франција Хино, БернарБернар Хино (ФРА)
1984 Данска Андерсен, КимКим Андерсен (ДАН)
1985 Белгија Крикелион, КлодКлод Крикелион (БЕЛ)
1986 Франција Фињон, ЛоренЛорен Фињон (ФРА)
1987 Франција Леклерк, Жан-КлодЖан-Клод Леклерк (ФРА)
1988 Германија Голц, РолфРолф Голц (ГЕР)
1989 Белгија Крикелион, КлодКлод Крикелион (БЕЛ)
1990 Италија Арџентин, МореноМорено Арџентин (ИТА) Ариостеа
1991 Италија Арџентин, МореноМорено Арџентин (ИТА) Ариостеа
1992 Италија Фурлан, ЏорџоЏорџо Фурлан (ИТА) Ариостеа
1993 Италија Фондрист, МаурициоМаурицио Фондрист (ИТА) Лампре
1994 Италија Арџентин, МореноМорено Арџентин (ИТА) Гевис-Балан
1995 Франција Жалабер, ЛоренЛорен Жалабер (ФРА) ONCE
1996 САД Армстронг, ЛенсЛенс Армстронг (САД) Моторола
1997 Франција Жалабер, ЛоренЛорен Жалабер (ФРА) ONCE
1998 Данска Хамбургер, БоБо Хамбургер (ДАН) Казино-Аг2р
1999 Италија Бартоли, МишелМишел Бартоли (ИТА) Мапеи-Квик Степ
2000 Италија Казагранде, ФранческоФранческо Казагранде (ИТА) Вини Калдирола-Сидермек
2001 Белгија Вербруге, РикРик Вербруге (БЕЛ) Лото-Адеко
2002 Белгија Ертс, МариоМарио Ертс (БЕЛ) Лото-Адеко
2003 Шпанија Астарлоа, ИгорИгор Астарлоа (ШПА) Саеко Машине пер Кафе
2004 Италија Ребелин, ДавидеДавиде Ребелин (ИТА) Геролштајнер
2005 Италија ди Лука, ДанилоДанило ди Лука (ИТА) Ликвигас-Бјанки
2006 Шпанија Валверде, АлехандроАлехандро Валверде (ШПА) Кејс д’Епарњ-Илес Балеарс
2007 Италија Ребелин, ДавидеДавиде Ребелин (ИТА) Геролштајнер
2008 Луксембург Кирхен, КимКим Кирхен (ЛУК) Тим Хај Роад
2009 Италија Ребелин, ДавидеДавиде Ребелин (ИТА) Диквиџовани-Андрони
2010 Австралија Еванс, КеделКедел Еванс (АВС) БМЦ Рејсинг Тим
2011 Белгија Жилбер, ФилипФилип Жилбер (БЕЛ) Омега Парма-Лото
2012 Шпанија Родригез, ХоакимХоаким Родригез (ШПА) Тим Катјуша
2013 Шпанија Морено, ДаниелДаниел Морено (ШПА) Тим Катјуша

Победници по националност[уреди]

# на победи Држава
38  Белгија
18  Италија
8  Франција
4  Шпанија
2  Швајцарија
2  Данска
1  Германија
1  Холандија
1 Flag of the United States.svg САД
1  Луксембург
1 Австралија Австралија

Надворешни врски[уреди]