Гран-при Монтреал

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Гран при Монтреал)
Гран-при Монтреал
Лого на трката
За трката
Датумсептември
РегионМонтреал, Квебек, Канада
Месно имеGrand Prix Cycliste de Montréal (француски)
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI
ВидЕднодневна трка
ОрганизаторГруп Серди
Историја
Прво одржување2010 (2010)
Одржувања10 (до 2019)
Прв победник Роберт Гесинк (ХОЛ)
Најмногу победи Грег ван Авермат (БЕЛ)
2 победи
Неодамнешен победник Грег ван Авермат (БЕЛ)
Возачи на Гран при Монтреал 2010 поминуваат низ булеварот Едуард Монпети.

Гран-при Монтреал (француски: Grand Prix Cycliste de Montréal) — професионална велосипедска еднодневна друмска трка, која се одржува во градот Монтреал, во покраината Квебек, Канада. Нејзино прво издание било на 12 септември 2010 година, како завршен настан во UCI ProTour 2010.

Со Гран-при Квебек, која се одржува два дена порано, Гран-при Монтреал е една од единствените две трки во Северна Америка на Светската турнеја на UCI. Во 2014 година, Сајмон Геранс станал првиот кој постигнал двојна канадска победа, освојувајќи ги Гран-при Квебек и Гран-при Монтреал, во истата година. Во 2018 година, истиот подвиг го направил и Мајкл Метјус.

Тек[уреди | уреди извор]

Гран-при Монтреал не е како многуте еднодневни трки од една точка до друга точка, туку кружна трка. Возачите возат 17 круга, од по 12,1 километар секој круг. Во текот на круговите, возачите треба да искачат три искачувања: Кот Камилјен-Уд (1,8 км долг и просечна нагорнина од 8%), Кот де ла Политехник (780 м долг и просечна нагорнина од 6%) и Авени ду Парк (560 м долг и просечна нагорнина од 4%). Крајот е на ридот Авени ду Парк.

Победници[уреди | уреди извор]

Година Земја Возач Екипа
2010  Холандија Гесинк, РобертРоберт Гесинк Рабобанк
2011  Португалија Кошта, РујРуј Кошта Мовистар Тим
2012  Норвешка Нордхауг, Ларс ПетерЛарс Петер Нордхауг Тим Скај
2013  Словачка Саган, ПетерПетер Саган Канондејл
2014  Австралија Геранс, СајмонСајмон Геранс Орика-ГринЕЏ
2015  Белгија Веленс, ТимТим Веленс Лото-Судал
2016  Белгија ван Авермат, ГрегГрег ван Авермат Ванти-Груп Гобер
2017  Италија Улиси, ДиегоДиего Улиси ОАЕ Тим Емирати
2018  Австралија Метјус, МајклМајкл Метјус Тим Санвеб
2019  Белгија ван Авермат, ГрегГрег ван Авермат Ванти-Гобер
2020 Немало трка поради пандемијата на коронавирус

Повеќекратни победници[уреди | уреди извор]

Победи Возач Изданија
2  Грег ван Авермат (БЕЛ) 2016, 2019
  • Возачите со закосени букви се активни

Победи по држава[уреди | уреди извор]

Победи Држава
3  Белгија
2 Австралија Австралија
1  Италија,  Холандија,  Норвешка,  Португалија,  Словачка

Надворешни врски[уреди | уреди извор]