Енеко Тур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Енеко Тур
Енеко Тур 2012
Детали за трката
Датум август
Регион Бенелукс
Англиско име Eneco Tour of Benelux
Дисциплина Друмски велосипедизам
Натпреварување Светска турнеја UCI
Вид Етапна трка
Историја
Прво издание 2005 (2005)
Изданија 8 (до 2012)
Прв победник  Боби Џулик (САД)
Најмногу победи  Иван Гутиерез (ШПА)
 Едвалд Боасон Хаген (НОР) (2 секој)
Неодамнешен победник  Ларс Бом (ХОЛ)

Енеко Тур е велосипедска друмска етапна трка. Нејзиното име го претставува главниот спонзор на настанот, енергетската компанија Eneco Energie. Трката била дел од календарите на UCI ProTour и Светскиот ранкинг UCI.

Возачите на изданието во 2006

Историја[уреди]

Трката околу Холандија започнала на 6 мај 1948, но станала редовна годишна трка во 1975. Од 2000 започнала да се вози под името Енеко Тур. Почетокот на новиот систем на натпреварување ProTour во 2005 довел до големи промени во самата трка.

Организација[уреди]

Енеко Тур бил продолжение на несигурната Трка околу Холандија, кој претседателот на UCI Хајн Вербруген ја сметал за неопходна од маркетиншки причини.[1] Холандската трка добила подобар спонзор (ENECO Energie). Но, бидејќи трката не била доволно тешка, не можела да биде прифатена во новиот систем на натпреварување ProTour. Тогаш, организацијата на трката побарала помош од организаторите на Трката околу Белгија и Трката околу Луксембург. Тие планирале Трката околу Бенелукс да ги замени останатите три трки. Ова довело Трката околу Белгија да биде коорганизатор. Сепак, Трките околу Белгија и Луксембург, продолжиле да се одржуваат и понатаму. Коорганизацијата или спојувањето на Трката околу Луксембург не се случило, па поради тоа Енеко Тур повеќе не поминува низ територијата на Луксембург. Во иднина името треба да биде Трка околу Бенелукс.

Маички[уреди]

Боите на маичките за водечките во пласманите се менувале низ годините.

Година Генерален Бодовен Планински Млад Борбеност
2005[2] Црвена Сина Бело-црвена Жолта
2006 Црвена Бела Жолта
2007 Црвена Бела
2008 Бела Црвена
2009 Бела Црвена
2010 Бела Црвена Зелена
2011 Бела Црвена Зелена
2012 Бела Црвена Црна

Победници[уреди]

Генерален пласман[уреди]

Победници од 2005 биле следниве:[3][4]

Бодовен пласман[уреди]

Победници на бодовниот пламсман биле следниве:[4]

Планински пласмани[уреди]

Само на три изданија на трката постоел планински пласман во 2005, 2007 и 2008. Победници биле:[4]

Пласман за млад возач[уреди]

Пласманот за млад возач е отворен за велосипедисти под 25 години. Победници на овој пласман биле:[4]

Екипен пласман[уреди]

Најмногу етапни победи[уреди]

Велосипедист # Етапи
1  Том Бонен (БЕЛ) 6
2  Андре Грајпел (ГЕР) 5
3  Едвалд Боасон Хаген (НОР) 4
4  Тајлер Фарар (САД) 3
5  Филип Жилбер (БЕЛ) 2
5  Роби Мекјуан (АВС) 2
5  Макс ван Хесвејк (ХОЛ) 2

Наводи[уреди]

  1. Graat, John (August 3, 2005). 'Fantastische' Pro Tour zegen voor profronde. Trouw (холандски весник), p. 13.
  2. http://sport.be.msn.com/enecotour/2005/nl/klassement/
  3. „Eneco-Tour du Benelux (Bel & Hol) - Cat. Pro-Tour“ (на француски). Memoire du Cyclisme. 24 октомври 2010. http://www.memoire-du-cyclisme.net/etapes/eta_eneco_tour.php. конс. 14 август 2011. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Трка околу Бенелукс“. Cycling archives. http://www.cyclingarchives.com/wedstrijdfiche.php?wedstrijdid=4790. конс. 14 август 2011. 

Надворешни врски[уреди]