Роберт Гесинк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Роберт Гесинк
Гесинк на Тур де Франс 2015
Лични податоци
Цело имеРоберт Гесинк
ПрекарМувата од Варсевелд[1]
Роден31 мај 1986(1986-05-31)(37 г.)
Варсевелд,  Холандија
Висина1,87 м
Маса68 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЏамбо-Висма
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачКандидат за генерален пласман
Аматерски клубови
до 2005
2005
2006
Де Педеларс
Левик Мојбелен
Рабобанк Континентал
Професионални клубови
2007– Рабобанк
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2016)

Етапни трки

Трка околу Калифорнија (2012)
Трка околу Оман (2011)

Еднодневни трки и класици

ГП Монтреал (2010)
ГП Квебек (2013)
Џиро дел’Емилија (2009, 2010)
Последна промена
3 септември 2018

Роберт Гесинк (холандски: Robert Gesink; р. 31 мај 1986) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Џамбо-Висма.[2] Негови големи победи се Трката околу Калифорнија 2012, Трката околу Оман 2011, Гран при Монтреал 2010 и Гран при Квебек 2013. Исто така, Гесинк има победено двапати на Џиро дел’Емилија и покажал добри резултати на големите трки, благодарение на неговите вештини за искачување.[3]

Кариера[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

На Светските јуниорски првенства во 2004 во Верона, Гесинк завршил осми на поединечниот хронометар и шести на друмската трка, а во меѓувреме возел за екипата Де Педеларс. По ова успешно првенство преминал во екипата Ловик-Ван Лосер на една година. Ѝ се приклучил на континенталната екипа на Рабобанк во 2006. Завршил на третото место во генералниот пласман на Волта ао Алгарве и го освоил генералниот пласман и третата етапа на Сетимана Сиклиста Ломбарда. Подоцна, освоил етапа и генералниот пласман на Сиркуто Монтањес и завршил втор на престижната трка Тур де л’Авенир. Гесинк првично потпишал двегодишен договор со Рабобанк континенталната екипа, но екипниот менаџер Тео де Роеј одлучил да го премести во UCI ProTeam Рабобанк за сезоната 2007.[4]

2007[уреди | уреди извор]

Во неговата прва година како професионален велосипедист, Гесинк ја освоил маичката за млад возач на Трката околу Калифорнија. Завршил 9. на неговата прва UCI Pro Tour трка, на Флеш Валон, каде било пресметано дека Гесинк најбрзо го поминал искачувањето Мур де Хуј. Откако влегол во првите 15 на Тур де Романди, каде победил неговиот колега Томас Декер, тој ја освоил првата трка како професионалец на кралската етапа на Трката околу Белгија, кога ги поминал сите на Кот де ла Редут. Следната месец завршил надвор од првите десет на Класика де Сан Себастијан, петти на Трката околу Германија и втор на Трката околу Полска. Подоцна бил избран да вози на Светските друмски првенства UCI во Штутгарт. На Џиро ди Ломбардија завршил петнаесетти.

2008[уреди | уреди извор]

Во 2008, негова втора година како професионалец, покажал напредок преку освојување на најтешката етапа на Трката околу Калифорнија, каде Гесинк се одвоил на последното искачување и единствено Леви Лајпхајмер го следел. Останале пред групата и по 35. километри спуст и рамен терен, а Лајпхајмер не учествувал во спринтот со Гесинк. Гесинк повторно ја освоил маичката за млад возач и завршил 9. во генералниот пласман. На Париз-Ница завршил втор на етапата до Мон Серен, пет километри пред врвот на Мон Венту, каде бил поминат од Кедел Еванс. Потоа ја загубил маичката на претпоследната етапа до Кан, бидејќи останал сам на Кол де Танерон, но и внимателното спуштање од него, му допуштил на Давиде Ребелин да ја преземе водечката маичка. Завршил четврти во генералниот пласман, 51 секунда зад Ребелин, но го освоил пласманот за млад возач.[5] Исто така завршил дванаесетти на Вуелта ал Паис Васко и имал доста успешни настапи на арденските класици со четвртото место на Флеш Валон. Во септември, завршил седми на неговата прва голема трка, Вуелта а Еспања.

2009[уреди | уреди извор]

Во 2009, Гесинк завршил четврти во генералниот пласман на Дофине. Го започнал неговиот прв Тур де Франс но го скршил рачниот зглоб при пад на етапата 5. Ја завршил етапата, но морал да се повлече од трката поради неговите повреди.[6] Закрепнал на време за да учествува на Вуелта а Еспања. Ја завршил трката на шестото место, иако бил втор во текот на трката, но поради падот при кој се здобил со длабоки исеченици на коленото, не бил во можност да го сочува местото при последните планински етапи. Потоа, Гесинк се насочил кон подобрување на формата за Светските првенства во Мендрисио, но не можел да се опорави доволно брзо и не бил во можност да ја заврши трката. Меѓутоа, една недела подоцна се вратил и ја однел победата на Џиро дел’Емилија, победувајќи ги Јакоб Фуглсанг и Томас Лефквист на целта во спринт. Исто така завршил како шести на Џиро ди Ломбардија и ја завршил сезоната како 10. во Светскиот ранкинг на UCI.

2010[уреди | уреди извор]

Гесинк ја носел белата маичка на Тур де Франс 2010

Распоредот на Гесинк за 2010 бил скоро ист како во 2009, единствено овој пат успеал да има добар резултат на Тирено-Адријатико (5.). Поради отсуството на, меѓу другите, Алберто Контадор и Кедел Еванс, започнал како еден од фаворитите на Трката околу Баскија. Бил одличен на најважната етапа на трката, кога бил помеѓу првите тројца и имал шанса за победа на трката, но на петтата етапа повторно паднал. На крајот завршил 9. и изгледало дека ја има потребната форма за класичните трки.

На Амстел Голд Рејс, Флеш Валон и Лиеж-Бастон-Лиеж имал разочарувачки трки и не можел да се бори а победа. Потоа заминал на тренирање низ планините Сиера Невада во Шпанија. Во меѓувреме не настапил на ниедна трка, насочувајќи се на Тур де Франс. Неговата форма во текот на Тур де Свис била одлична, каде успеал да ја освои најтешката етапа. Со таа победа ја преземал водечката маичка од Тони Мартин. На завршниот хронометар имал лош ден и ја изгубил водечката позиција во однос на Френк Шлек. На крајот завршил како петти.

Учествувал на Тур де Франс 2010 по вторпат и го завршил по првпат. Гесинк завршил шести во генералниот пласман, прв Холанѓанец кој завршил толку високо во генералниот пласман по една деценија и втор во пласманот за млад возач. Исто така ја носел белата маичка од етапата 10 до 15. По Тур, Гесинк победил на Џиро дел’Емилија втора година по ред. Во октомври, Гесинк го загубил својот татко, кој починал по несреќа со својот велосипед.[7]

2011[уреди | уреди извор]

Почетокот на сезоната за Гесинк бил продуктивен, со две етапни победи на Трката околу Оман (една со завршница на нагорнина и еден поединечен хронометар, каде го победил светскиот првак Фабијан Канчелара) и освојување на генералниот пласман и пласманот за млад возач. Го преземал водството на трката по четвртата етапа на Тирено-Адријатико, но го загубил наредниот ден од Кедел Еванс. На завршниот хронометар, Гесинк се искачил во генералниот пласман од петтото до второто место. Продолжил со добрата форма на Трката околу Баскија, каде завршил трет во генералниот пласман.

Сепак, не продолжил со оваа добра форма на арденските класици, кога деветтото место на Амстел Голд Рејс бил неговиот најдобар резултат на трите трки, на кои владеел Филип Жилбер. Во септември доживеал пад при тренирање и ја скршил ногата на четири места, поради што имал операција која оставила штрафови во неговото тело.[8]

2012[уреди | уреди извор]

По лошиот почеток на сезоната, Гесинк ја пронашол својата форма на Трката околу Калифорнија. Завршил трет на екипниот хронометар и ја освоил престижната победа на седмата етапа од трката, кога нападнал на 4,5 километри пред крајот за преземање на водечката маичка и етапна победа.[9] Неговата водечка позиција не била доведена во прашање на кратката последна етапа и ја освоил својата прва трка по победата на Трката околу Оман 2011.

На Тур де Франс 2012 бил сметан за една од холандските надежи, кои можеле да завршат во првите десет, но паднал во масовната несреќа, која се случила на шестата етапа, здобивајќи се со повреди на ребрата. Се борел со болките, но сепак се откажал на етапата 11.[10] Потоа учествувал на Вуелта а Еспања и бил на шестото место на крај зад победникот Алберто Контадор (Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк). Гесинк секогаш бил со водечката група низ планините, што му овозможило да дојде до високиот пласман.[11]

2013[уреди | уреди извор]

Гесинк имал лоша сезона во 2013 година. Целел кон победа на Џиро д’Италија, иако ја напуштил трката во втората недела. Негова единствена победа била на Гран при Квебек во септември.

2014[уреди | уреди извор]

Гесинк имал ветувачки почеток во 2014 година, завршувајќи шести на Тур Андер Даун и петти на Трката околу Оман. Меѓутоа, неговата сезона била нарушена со проблемите на срцето, поради кои морал да оди на операција, спречувајќи го од настап на Тур де Франс, поради што се насочил кон Вуелта. Меѓутоа, додека бил на седмото место на Вуелта, се повлекол пред осумнаесеттата етапа за да биде со неговата бремена жена, која започнала да се пораѓа.[12]

2015[уреди | уреди извор]

По настапот на Волта ао Алгарве, Гесинк се здобил со повреда на коленото. Се вратил на Флеш Валон, каде завршил на 25. место. Потоа настапил на Тур де Романди и завршил на 15. место во генералниот пласман.[13] Потоа се насочил на Тур де Франс. Гесинк возел на Тур де Свис како подготовка за Тур де Франс и завршил на солидното деветто место. Но, немал подобар резултат на Тур де Франс, каде завршил шести, веднаш зад Контадор и Нибали.

2016[уреди | уреди извор]

Главна цел за сезоната 2016 била Тур де Франс, меѓутоа Гесинк паднал на Тур де Свис и немал шанси да се опорави за Тур. Наместо тоа, возел на Вуелта а Еспања и ја освоил етапата 14. Исто така, завршил на подиум неколкупати на Вуелта. Гесинк возел на Џиро ди Ломбардија, каде го освоил 7. место.

2017[уреди | уреди извор]

За сезоната 2017, главна цел на Гесинк му била етапна победа на Тур де Франс и стигнал многу близу до тоа на осмата етапа, кога завршил втор зад Лилијан Калмежан. За жал, Гесинк го напуштил Тур на деветтата етапа откако паднал. Се вратил со тренинзи на почетокот на октомври.

2018[уреди | уреди извор]

Гесинк продолжил да работи напорно во зимата, поради што немал одмор како останатите. Неговата цел му била трката Тур Даун Андер, на која на крајот завршил на 10. место. Една недела подоцна, возел на Големата океанска друмска трка „Кедел Еванс“, каде завршил на 11. место, како во 2017 година. Гесинк имал амбиции за победа на етапа на Џиро д’Италија и работел како помошник за Џорџ Бенет поголемиот дел од треката, пред да тргне во напад на 20. етапа, каде завршил втор зад летечкиот Микел Ниеве. Гесинк учествувал на Тур де Франс и работел на првата етапа на чело на групата за да ја намали разликата од бегството, за да може Дилан Груневеген да ја освои жолтата маичка во спринтот, но Груневеген завршил шести на самиот спринт.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2004
1. Национално јуниорско хронометарско првенство
2006
1. Краен пласман Сиркуто Монтањес
1. Етапа 6
1. Краен пласман Сетимана Сиклистика Ломбарда
1. Етапа 3
2. Краен пласман Тур де л’Авенир
3. Краен пласман Волта ао Алгарве
4. Трка околу Келн
6. Светско друмско првенство под 23 години
2007
Трка околу Калифорнија
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 4 Трка околу Белгија
2. Краен пласман Трка околу Полска
5. Краен пласман Трка околу Германија
1. Пласман за млад возач
2008
4. Краен пласман Париз-Ница
1. Пласман за млад возач
4. Флеш Валон
4. Краен пласман Критериум ду Дофине Либере
7. Краен пласман Вуелта а Еспања
9. Краен пласман Трка околу Калифорнија
1. Етапа 3
1. Пласман за млад возач
10. Светски друмски првенства UCI
10. Олимписка друмска трка
10. Олимписки хронометар
2009
1. Џиро дел’Емилија
3. Амстел Голд Рејс
4. Краен пласман Критериум ду Дофине Либере
6. Краен пласман Вуелта а Еспања
6. Џиро ди Ломбардија
7. Краен пласман Вуелта ал Паис Васко
8. Краен пласман Трка околу Калифорнија
1. Пласман за млад возач
2010
1. Џиро дел’Емилија
1. Гран при Монтреал
3. Гран при Квебек
5. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Пласман за млад возач
5. Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 6
6. Краен пласман Тур де Франс
7. Класика де Сан Себастијан
8. Краен пласман Средоземна трка
8. Краен пласман Вуелта ал Паис Васко
2011
1. Црвена маичка Краен пласман Трка околу Оман
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 4
1. Етапа 5 (ITT)
2. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа (ТТТ)
1. Пласман за млад возач
2. Гран при Квебек
3. Краен пласман Трка околу Баскија
2012
1. Краен пласман Трка околу Калифорнија
1. Етапа 7
4. Краен пласман Тур де Свис
6. Национални друмски првенства
6. Краен пласман Вуелта а Еспања
6. Краен пласман Вуелта а Бургос
2013
1. Гран при Квебек
3. Трофео Сера де Трамунтана
4. Вуелта а Мурсија
5. Краен пласман Трка околу Алберта
6. Краен пласман Волта а Каталуња
8. Краен пласман Трка околу Пекинг
9. Краен пласман Трка околу Луксембург
10. Џиро ди Ломбардија
2014
5. Краен пласман Трка околу Оман
6. Краен пласман Тур Даун Андер
8. Краен пласман Трка околу Полска
2015
5. Краен пласман Трка околу Калифорнија
6. Краен пласман Тур де Франс
8. ГП Монтреал
9. Краен пласман Тур де Свис
2016
1. Етапа 14 Вуелта а Еспања
7. Џиро ди Ломбардија
2017
3. Национално хронометарско првенство
8. Краен пласман Тур Даун Андер
2018
8. Класика де Сан Себастијан
10. Краен пласман Тур Даун Андер

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Џиро СО 23
Турr СО 5 33 СО 26 6 СО 31
Вуелта 7 6 6 СО 34

СО = се откажал; — = не учествувал

Други поважни етапни трки[уреди | уреди извор]

Етапна трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Тур Даун Андер 6 8 10
Париз-Ница 4 СО 38
Тирено-Адријатико 11 5 2 19
Волта а Каталуња 19 6 26 29 СО
Трка околу Баскија 12 6 8 3 СО 28
Тур де Романди 13 54 15 26
Критериум ди Дофине СО 4 4 20
Тур де Свис 5 4 9 СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Graaff, K. de (26 јуни 2012). „Robert Gesink misschien toch naar Londen“. Spits (холандски). Посетено на 30 јуни 2012. Text "Spitsnieuws" ignored (help)
  2. „Поранешен Рабобанк (RAB) – NED“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2013-10-03. Посетено на 3 јануари 2013.
  3. „Врвните 10 возачи на Вуелта а Еспања“. Bicycling. Bicycling.com. Посетено на 12 октомври 2012.
  4. „Рабобанк ги додаде Муренхут и Гесинк“. cyclingnews.com. 6 октомври 2006. Посетено на 5 јуни 2008.
  5. Едвард Пикеринг (15 март 2008). „Париз-Ница, Етапа 6: Гесинк тоне“. cyclingweekly.co.uk. Архивирано од изворникот на 2009-03-12. Посетено на 5 јуни 2008.
  6. Етапа 5
  7. „Роберт Гесинк: Од скршена нога до победа на Трката околу Калифорнија“. Associated Press. MSNBC. 21 мај 2012. Посетено на 21 мај 2012.
  8. Пусин, Дајан (19 мај 2012). „Роберт Гесинк ја освои етапата и го презема водството на Трката околу Калифорнија“. Los Angeles Times. Los Angeles Times. Посетено на 20 мај 2012.
  9. „Gesink takes command of Amgen Tour with powerful attack for stage win, overall lead on stage 7“. Velo News. Competitor Group, Inc. 19 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2016-05-09. Посетено на 20 мај 2012.
  10. Randwijk, Marije (30 јуни 2012). „Tourvoorspelling – de proloog: wat kan er misgaan in 6 kilometer?“. de Volkskrant (холандски). Посетено на 30 јуни 2012.
  11. Даниел Бенсон (9 септември 2012). „Дегенколб ја освои петтата етапна победа на Вуелта во Мадрид“. Cycling News. Future Publishing Limited. Архивирано од изворникот на 2013-01-02. Посетено на 13 октомври 2012.
  12. „Гесинк ја напушта Вуелта а Еспања“. Cyclingnews.com. Future plc. 11 септември 2014. Посетено на 11 септември 2014.
  13. Пат Малак (9 мај 2015). „California GC Contenders aiming for Big Bear, Mt. Baldy“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 9 мај 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]