Петер Саган

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Петер Саган

Саган на САД Про Сајклинг Челинџ 2013
Лични податоци
Цело име Петер Саган
Прекар Терминатор[1]
Роден 26 јануари 1990 (1990-01-26) (24 г.)
Жилина, Чехословачка
Висина 1,84 м[2]
Маса 73 кг[2]
Податоци за клубот
Мом. клуб Канондејл
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Спринтер
Аматерски клубови
2009 Дукла Тренчин Мерида
Професионални клубови
2010– Ликвигас-Доимо
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
Бодовен пласман (2012, 2013, 2014)
4 индивидуални етапи (2012, 2013)
Вуелта а Еспања
3 индивидуални етапи (2011)

Етапни трки

Џиро ди Сардења (2011)
Трка околу Полска (2011)

Еднодневни трки и класици

MaillotSlovakia.gif Национален друмски првак (2011, 2012, 2013)
Гент-Вевелгем (2013)
Награда Брабант (2013)
Гран при Монтреал (2013)
Е3 Харелбеке (2014)
Последна промена
27 јули 2014

Петер Саган (словачки: Peter Sagan; р. 26 јануари 1990 во Жилина) — словачки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Канондејл.[3] Саган имал успешна јуниорска кариера во планинскиот велосипедизам и велокросот, победувајќи на Светското првенство во 2008, пред да се префрли во друмскиот велосипедизам.

Саган е сметан од некои за еден од најветувачките млади таленти, откако освоил некои престижни победи на почетокот на својата кариера.[4] Докази за оваа изјава доаѓа со следниве победи: две етапи на Париз-Ница, три на Тирено-Адријатико, една на Тур де Романди, две и генерален пласман на Трката околу Полска, рекордни десет на Трката околу Калифорнија,[5] осум на Тур де Свис, како и генерален пласман и три етапи на Џиро ди Сардења. Тој освоил седум етапи на големите трки, освојувајќи три на Вуелта а Еспања и четири на Тур де Франс. Исто така го освоил бодовниот пласман на Тур де Франс во 2012, 2013 и 2014; како последица на тоа, Саган станал првиот возач кој го освоил пласманот во неговите први три обида.

Ран живот и аматерска кариера[уреди]

Саган е најмалиот во семејство со три постари браќа и една сестра. Бил одгледан од неговата сестра, бидејќи неговите родители поголемиот дел од денот го поминувале во малата продавница, која тие ја поседувале во неговиот роден град. Неговиот брат Јурај Саган е исто така велосипедист во Канондејл.

Саган започнал да вози велосипед на возраст од девет години, кога се приклучил на Cyklistický spolok Žilina, мал локален клуб во неговиот роден град. Низ неговите јуниорски години Саган возел и планински и друмски велосипедизам и бил добро познат по неговиот необичен стил на возење во патики за тенис и маички, пиејќи само чиста вода. Саган привлекол поголемо внимание, кога се појавил на Словачкиот куп со велосипед позајмен од неговата сестра, откако по грешка го продал неговиот, а велосипедот од спонзорот VeloSprint доцнел во испораката. Возејќи обичен велосипед со не толку добри кочници и ограничена брзина, тој ја освоил трката.[6]

Професионална кариера[уреди]

2009[уреди]

Саган го покажал неговиот талент во професионалниот велосипедизам, кога бил примен од екипата Дукла Тренчин Мерида, словачка екипата во континенталната про (втора) дивизија. Во 2008, победил на светското јуниорско првенство во планински велосипедизам во Вале ди Соле. Истата година, завршил втор на светското јуниорско првенство во велокрос во Тревизо и на јуниорскиот Париз-Рубе.[7]

Саган се придружил на екипата Квик Степ за друмско тестирање, но не успеал да добие договор. Неговата фрустрација била толку голема, што тој одлучил да се откаже од друмскиот велосипедизам, меѓутоа притиснат од неговото семејство, тој се обидел со Ликвигас-Доимо и успеал. Ликвигас му понудил на Саган двегодишен договор (2010–2011) со можност да вози планински велосипедизам за Канондале. Договорот бил продолжен до крајот на 2012 во април 2010. Докторите и менаџерите на Ликвигас биле зачудени од резултатите на медицинските тестови на Саган, велејќи дека никогаш не виделе возач со 19 години да биде толку физички силен и способен како Саган. Во текот на тренирањето, Саган уништил повеќе планински велосипедизам отколку кој било друг возач, поради неговата способност да вози повеќе отколку што издржува велосипедот. Неговите колеги започнале да го викаат Терминатор, и покрај тоа што како личност е мирен и многу љубезен.[8]

2010[уреди]

„Ви велам, овој млад Словенец покажува голем талент“.
Ленс Армстронг грешејќи ја националност на Саган во текот на Тур Даун Андер 2010.[9]

Ликвигас го одредил Саган за неговата прва Pro Tour друмска трка Тур Даун Андер во јануари 2010, на возраст од 19 години. Тој бил вклучен во пад во текот на втората етапа, но останал да вози со 17 шавови на неговата рака и левото бедро. На кралската етапа до Вилунга тој се приклучил во нападот преку последното искачување со Кедел Еванс, Алехандро Валверде и Луис Леон Санчез. Четворката се борела да се оддалечи од спринтерската група во следните 20 километри, со што Санчез победил на крајот.[9]

Саган ја освоил првата и втората Pro Tour етапа во текот на друмската трка Париз-Ница 2010. Саган првично не бил одреден за трката, но му се приклучил на составот од екипата, откако неговиот совозач Мацјеј Боднар ја скршил неговата клучна коска.[10] Неговата прва етапна победа била постигнала на 10 март 2010, кога Саган се приклучил на нападот поттикнат од Николас Роуш на последното искачување на третата етапа во Орилак и ги поминал Роуш и Хоаким Родригез за етапна победа. Оваа етапна победа исто така му го донела и водството во бодовниот пласман.[11] Втората Pro Tour победа на Саган дошла два дена подоцна со соло напад во петтата етапа во Екс ан Прованс. Напаѓајќи во последните три километри од крајот на тешкото искачување, Саган бил способен да се оддели од главната група за победа.[12] Покрај неговата две етапни победи, Саган исто така завршил втор на етапата 2 до Лимож и трет на шестата етапа до Турет сир Луп. Збирот на високите места во етапите и бодовите од средните спринтови му ја донеле зелената маичка на Саган за 2010. Ја завршил етапата на 17. место, три минути и дваесет и една секунда за победникот на трката Алберто Контадор, кој го пофалил младиот Словак и предвидел дека во иднина ќе му биде конкурент. Исто така завршил осми во пласманот за млад возач.[13]

Саган носејќи ја зелената маичка на Трка околу Калифорнија 2010.

На Трка околу Калифорнија 2010, Саган победил на петтата и шестата етапа, доаѓајќи со кандидатите за генерален пласман во исто време. По грешка на етапата 3, тој каснел 17 секунди. Двете етапни победи не само што го поместиле на третото место во генералниот пласман, туку го преземал водството и во бодовниот пласман. На седмата етапа, хронометарот низ Лос Анџелес, тој доцнел само 9 секунди. Иако претходно имал некои успеси во пролозите, овој хронометар бил малку подолг и тој изгубил една минута и 35 секунди во генералниот пласман. И покрај овој неуспех, тој сепак успеал да го задржи водството во бодовниот пласман и пласманот за млад возач. Завршил осми во крајниот пласман, зад сезонските ветерани како Леви Лајпхајмер, Мајкл Роџерс, Давид Забриски, Крис Хорнер и Јенс Фогт, сите добро познати во велосипедизмот. Саган завршил четврти на почетниот пролог на Тур де Свис 2010, само три секунди зад Фабијан Канчелара, но завршил скоро 11 минути зад групата на втората етапа и не успеал да ја започне трката следниот ден поради алергија.[14]

По паузата во јули, се вратил со добра форма подоцна во сезоната, обезбедувајќи високи места во голем број европски трки, како и второто место на првото издание на Гран при Монтреал. Возел на Светското првенство во Гилонг, Австралија за Словачка, но не успеал да направи пробив во долгата трка. Планирал да вози неколку сезонски трки, вклучувајќи го и Париз-Тур и Џиро ди Ломбардија, но проблемите со цревата го принудиле да се откаже.[15]

2011[уреди]

Саган бил подготвен да продолжи во 2011 со истата екипа, сега преименувана Ликвигас-Канондејл. Во тренинг-кампот во декември 2010, Саган изјавил дека негова прва цел за сезоната 2011 ќе биде Милано-Сан Ремо.[16]

По почетокот на неговата сезона со некои добри пласмани во неколку италијански еднодневни трки, Саган сериозно ја започнал сезоната на Џиро ди Сардења. Ги освоил трите од петте етапи на трката, како и генералниот и бодовниот пласман, тесно победувајќи го Хосе Серпа за 3 секунди во генералниот пласман.[17]

Во текот на Трка околу Калифорнија, ја освоил етапата 5 на патот кон победа во бодовниот пласман втора година по ред на оваа трка.

Во јуни учествувал на Тур де Свис, освојувајќи го импресивното трето место во воведниот пролог. Потоа ја освоил и планинската етапа 3, докажувајќи ја својата разноврсност, кога го достигнал Дамијано Кунего близу Гросе Шајдег и потоа го одминал на самата цел. Исто така, Саган успеал да дојде до подиум на уште две низински етапи, како и победа на етапата 8 во масовен спринт. Оваа победа била доволна да го обезбеди бодовниот пласман на оваа трка.[18]

Тој возел на Трката околу Полска како подготовка за Вуелта. Ја преземал водечката маичка по победата на етапата 4 и потоа ја освоил и етапата 5. Иако ја загубил маичката од Даниел Мартин по тешката завршница на етапата 6, тој успеал да ја поврати на последниот ден од трката, благодарение на бонус секунди на средните спринтови и второто место на етапата. Исто така го освоил и бодовниот пласман.[18][19]

Саган возел и на Вуелта а Еспања, што му било прво појавување на трка од Гранд Тур. Тој не разочарал, заработувајќи три етапни победи на трката. На етапата 6 предизвикал поделба на малата водечка група кога го возеле последниот спуст. Тројца негови колеги го преживеале спустот, како и Пабло Ластрас (Мувистар Тим), кој заедно со Саган заминал кон победа во спринт.[20] Исто така, ја освоил етапата 12 во спринтерска завршница. Негова следна цел била последната етапа во Мадрид, каде победил благодарение на многу малата разлика од ривалите Даниеле Бенати и Алесандро Петаки.[21]

2012[уреди]

„Денес Петер Саган беше феноменален на последното искачување и успеа до крајот. Доколку победи Нибали, му должи на Саган автомобил или нешто“.
Крис Хорнер за постигнувањето на Саган на шестата етапа на Тирено-Адријатико 2012.[22]
Саган завршил петти на Трката околу Фландрија.

На почетокот на 2012, Саган неофицијално објавил дека ќе го продолжи неговиот договор со Ликвигас до 2014. Во договорот, потпишан пред Вуелта а Еспања, Саган добил подобри финансиски користи за можноста да вози и неговиот брат Јурај во екипата. „За мене, Ликвигас беше првиот избор. Имав понуди од други екипи, кои дури и би ми дале поголема слобода во групата. Но Ликвигас ме доведе во професионалниот велосипедизам, тие веруваа во мене и јас сакам да им возвратам на тоа“, коментирал Саган за 53x11, чешки велосипедски месечник.

Ја започнал сезоната во добра форма, освојувајќи етапа, како и бодовниот пласман на Трката околу Оман. Саган победил на етапата 4 на Тирено-Адријатико и исто така играл клучна улога во помагањето на Винченцо Нибали во победата на целата трка. Добрата форма на Саган продолжува во сезоната на класиците, со четвртото место на Милано-Сан Ремо, второ на Гент-Вевелгем, етапна победа на Три дена Де Пане, петто место на Трката околу Фландрија и третото на Амстел Голд Рејс.

На првата етапа на Трката околу Калифорнија, Саган имал незгода на 7 километри пред крајот. Но, успеал да се врати во групата и да ја избегне несреќата, која се случила на 3 километри пред крајот на етапата. Неговиот колега Даниел Ос го довел во последните неколку километри и Саган ги отспринтал сите ривали, земајќи ја етапната победа.[23] Следниот ден, повторно ја освоил етапата 2 во Санта Круз. Откако доживеал пад на искачувањето, тој повторно се вратил и неговата екипа го довела до последната кривина на трката, на само неколку стотина метри од целта. Саган излегол прв од кривината и забрзал до крајот, со што ја освоил втората победа по ред.[24] На третата етапа, Саган ја однел третата последователна победа со многу тесна разлика пред Хајнрих Хауслер (Гармин-Баракуда) по третпат во ред.[25] Тој повторно победил на четвртата етапа во масовниот спринт.[26] Откако завршила трката, Саган имал пет етапни победи, вклучувајќи ја осмата и последна етапа во Лос Анџелес[27] и бодовниот пласман, надминувајќи го претходниот рекорд по број на етапни победи на Трката околу Калифорнија со вкупно осум етапи, кој му припаѓал на Леви Лајпхајмер од екипата Омега Парма-Квик Степ со шест победи. Тој исто така бил награден за неговиот резултат со спринтерската маичка.[28][29]

Саган покажал добра форма уште еднаш на трката од Светската турнеја Тур де Свис преку освојување четири етапи и маичката во бодовниот пласман. Ги подредил работите со некако изненадувачката победа на воведниот пролог, надминувајќи го локалниот фаворит и специјалист за хронометри Фабијан Канчелара (РадиоШек-Нисан) за 4 секунди на патеката од 7,3 километри.[30] Втората етапа не била поставена за него бидејќи била планинска, но успеал на третата етапа во драматична завршница, каде групата ги достигнале последните двајца бегалци во последниот километар. Асфалтот бил влажен од дождот и стапалото на Саган излегло од неговата педала на една од последните кривини, но тој успеал да одржи рамнотежа и да го помине возачот на Орика-ГринЕЏ Баден Кук пред целта, со рацете во воздух и носејќи ја белата маичка за најдобар спринтер.[31] Следниот ден ја освоил неговата трета победа во четири дена, уште еднаш во дождливи услови. На околу 350 метри пред целта, Маркус Бургхарт од БМЦ Рејсинг Тим започнал спринт до целта. Саган го поминал неговиот колега и влегол во заветрината на Бургхарт и го поминал за победа. Ѝ заблагодарил на неговата екипа за нивните напоро, особено на Морено Мозер, кој „го затвора секој напад на крајот на трката, дозволувајќи ми да спринтам; големо благодарам до Морено и се надевам дека ќе можам да му ја вратам услугата наскоро“.[32] Следната победа дошла на етапата 6, последната етапа на трката, која била поставена за спринтери. Последните километри во Бишофсцел биле во урбана област со остри кривини и Саган останал на чело на групата. На 200 метри пред целта, Саган влегол во лева кривина и излегол на калдрма со полна брзина. Ги допрел бариерите додека од позади се појавил возачот на Орика-ГринЕЏ Михаел Албасини и спринтал за победа. Кога го прашале за блискиот пад во споменатата кривина, Словакот одговорил: „Краевите на Тур де Свис никогаш не се прави, така треба да измислиш нешто и да најдеш простор [...].“[33]

Саган носејќи ја зелената маичка на етапата 19 на Тур де Франс
„Би му ги исчистил и чевлите на Басо, доколку ме замоли, бидејќи не можам да изразам колку сум му благодарен“.
Петер Саган за помошта на Басо на етапата 3 на Тур де Франс.[34]

Пред Тур де Франс, Саган направил облог со претседателот на Ликвигас Паоло Ѕани. Доколку Саган освои две етапи и зелената маичка, Ѕани ќе му купи автомобил Порше. Саган го започнал Тур со завршување на 53. место на прологот, откако изгубил некое време на кривините. Ја освоил првата етапа во Серен на врвот на мало искачување, откако се одвоил од другите следејќи го Фабијан Канчелара (РадиоШек-Нисан) и го отспринтал него и Едвалд Боасон Хаген (Тим Скај).[35] На етапата 3, стигнал прв на последното искачување од категоријата 4 во Булоњ-сур-Мер, поминувајќи ја и оставајќи ја групата зад него.[36] Откако ја поминал целната линија, која била лоцирана на 700 метри стрмно искачување, тој направил гест имитирајќи го Форест Гамп.[37] Потоа ја освоил и етапата 6, која има терен за масовен спринт и завршувала во Мец. Ги победил главните спринтери Андре Грајпел од Лото-Белисол и Метју Гос од екипата Орика-ГринЕЏ, за малку повеќе од должината на едно тркало.[38] Ја завршил трката со 3 етапни победи и зелената маичка, исто така заработувајќи ја наградата за најборбен возач на планинската етапа 14.[39] Добил Порше по направениот облог со менаџментот на Ликвигас, дека може да победи 2 етапи и да го освои бодовниот пласман.[40]

2013[уреди]

„Тој е вонсериски возач. Тој е супер, супер добар. Нè прави сите да изгледаме како јуниори“.
Марк Кевендиш за Саган.[41]

Во 2013, екипата на Саган го променила своето име во Канондејл, бидејќи Ликвигас ставил крај на своето спонзорство по осум години.[42] Саган ја започнал сезоната на Тур де Сан Луис, доаѓајќи близу успех на последната етапа кога за една секунда завршил зад Матија Гаваци.[43] Првата победа во сезоната ја освоил на втората етапа на Трката околу Оман. Саган се одвоил од групата во последните километри, им се приклучил на тројцата бегалци, но продолжил со својот напор и забележал соло победа.[44] Повторно победил следниот ден, на истата патека од втората етапа од минатогодишното издание, која исто така ја освоил.[45] Пред почетокот на етапата 5, Саган објавил дека се повлекува поради бронхитис.[46] Забележал победа на неговата прва трка, Гран Премио Чита ди Камаиоре кога ја отспринтал групата од дванаесет возачи.[47] Завршил втор на Страде Бјанке, додека неговиот колега Морено Мозер ја освоил трката. Саган ги покривал доцните обиди за бегство со цел да му помогне на Мозер во победата, а потоа и самиот нападнал за заокружување на еден-два победа за Канондејл.[48] Ги освоил етапите 3 и 6 на Тирено-Адријатико. На етапата 3 ги отспринтал Марк Кевендиш и Андре Грајпел во услови на дожд откако неговата екипа ја зголемила брзината на екипата на малото искачување близу целта.[49] На етапата 6, Саган го преживеал искачувањето со наклон и до 30% и создал бегство со поранешниот колега Винченцо Нибали и Хоаким Родригез. И обајцата ги победил во спринтот.[50]

Саган ја носи зелената маичка како предводник на бодовниот пласман на Тур де Франс 2013

Извонредната форма на Саган се одразила и на Милано-Сан Ремо каде бил голем фаворит за победа. Меѓутоа, Саган бил победен во спринтерската завршница од Гералд Чолек.[51] Победил на трката Гент-Вевелгем, која била скратена за 50 километри поради ладното време. Саган се одвоил од групата на 10 возачи на 4 километри пред крајот и победил сам, откако извел неколку круга по поминувањето на целта.[52] Два дена подоцна, Саган ја докажал својата добра форма на Три дена Де Пане, каде победил во спринтот на првата етапа пред Арно Демар од ФДЖ. Демар се жалел на организаторите на трката дека Саган малку скршнал во последните метри, но без успех и Саган ја задржал победата.[53] Саган завршил како втор на Трката околу Фландрија откако заминал во бегство со Фабијан Канчелара и им се приклучил Јирген Рулантс. Канчелара нападнал на последното искачување, Патерберг, каде отпаднал Саган и стигнал сам до победа.[54] Саган предизвикал контроверзија на подиумот откако го штипнал задникот на една од девојките на подиумот[55] и по силната медиумска реакција, се извинил наредниот ден.[56] На церемонијата за потпишување пред Брабант Пејл, Саган лично ѝ се извинил на девојката од подиумот (Маја Леје) и ѝ подарил букет цвеќиња.[57] Подоцна ја освоил трката, откако го достигнал нападот на Грег ван Авермет во последните километри. Само Филип Жилбер можел да го следи, но Саган бил побрз во последните метри на целта.[58] Негова следна победа била третата етапа во мај на Трката околу Калифорнија. Во масовниот спринт, Саган стигнал од далеку до Мајкл Метјус, наоѓајќи премин на десната страна патот во последен миг.[59] Ја завршил трката со победа на последната етапа, обезбедувајќи ја маичката во бодовниот пласман четврта година по ред.[60]

На третата етапа на Тур де Свис, Саган покажал дека сè уште има вештина да се искачува на врвовите. Откако успеал да ја намали групата на искачувањето, Саган бил во можност да се оддалечи заедно со Руј Кошта, Роман Кројцигер и Матијас Франк на завршниот спуст, кој бил влажен и тесен. Четворката се одржала пред остатокот од групата и Саган ја освоил етапата.[61] Саган ја зациментирал неговата победа во бодовниот пласман со освојувањето на осмата етапа, која била порамна и повеќе наменета за спринтерите. Го добил најдоброто од Даниеле Бенати и Филип Жилбер.[62] Потоа го освоил националното друмско првенство по трет пат, изјавувајќи дека ќе биде среќен да го носи националниот грб на неговата маичка на Тур де Франс.[63] На Тур де Франс, Саган забележал бројни втори места пред да победи на седмата етапа, откако неговата екипа работела да ги отстрани најдобрите спринтери на искачувањето од втора категорија на етапата. Ја отспринтал избраната група на велосипедисти во која се наоѓал, поминувајќи на целта пред Џон Дегенколб.[64] Саган ја задржал зелената маичка до Париз и ја офарбал неговата брада во зелено за да ја истакне победата.[65] Потоа го освоил спринтерскиот пласман и неколку етапи на САД Про Сајклинг Челинџ (4 етапни победи) и Трката околу Алберта (2 етапни победи). Саган останал без победа на Гран при Квебек каде силно забрзан на едно од последните искачување, но ослабил пред целта. Ова го надокнадил по два дена откако победил на Гран при Монтреал, побегнувајќи од водечката група на искачување на 5 километри пред целта и сам дошол до победа.[66]

Успешната година 2013 била признаена во Словачка, каде бил прогласен за спортист на годината, за прв пат во неговата кариера.[67]

2014[уреди]

Саган ја започнал 2014 на Тур де Сан Луис, каде завршил втор на последната етапа.[68] Потоа настапил на Дубаи Тур, каде завршил на второто и третото место. На два пати Марсел Кител бил подобар од него во спринтот.[69][70] Завршил повторно како втор на Страде Бјанке, овој пат поразен од Михал Квјатковски. Двајцата возачи нападнале на 21 километар пред целта, но Квјатковски бил посилен на последното искачување.[71][72] На Тирено-Адријатико, Саган освоил една етапа и бодовниот пласман.[73][74] Саган завршил десетти на Милано-Сан Ремо, и покрај тоа што бил сметан за еден од фаворитите пред трката.[75][76] Потоа победил на Е3 Харелбеке и завршил трет на Гент-Вевелгем. Следниот обид на Саган за победа на некој монумент бил на Трката околу Фландрија, но завршил само на 16. место.[77] Една недела подоцна Саган настапил на Париз-Рубе, каде завршил на шестото место.[78] Саган ја освоил претпоследната етапа на Трката околу Калифорнија 2014,[79] и го освоил спринтерскиот пласман, петта година по ред.

Тур де Франс

ВО првата недела на Тур, Саган забележал седум завршници по ред во првите пет, без притоа да забележи победа, подвиг кој не бил забележан после Шарл Пелисје кој имал осум завршници во првите пет по ред во 1914 година.[80] Седмиот од овие резултати бил многу близок спринт помеѓу Саган и Матео Трентин решен во фотофиниш, во кој Саган морал да се помири со второто место за само неколку милиметри.[81]

Достигнувања[уреди]

2008
1. MaillotMundialCrono.PNG Светско јуниорско првенство во планински велосипедизам
1. Gold medal blank.svg Европско јуниорско првенство во планински велосипедизам
2. Silver medal blank.svg Светско јуниорско првенство во велокрос
2. Јуниорски Париз-Рубе
2009
1. ГП Кооператива
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 2
1. Етапа 5
7. Краен пласман Докола Мазовса 2009
2010
Париз-Ница
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 5
Тур де Романди
1. Етапа 1
2. Меѓународно првенство Филаделфија
2. Гран при Монтреал
2. Џиро дел Венето
4. Џиро дела Ромања
7. ГП Уест-Франција
8. Краен пласман Трка околу Калифорнија
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 5
1. Етапа 6
2011
1. MaillotSlovakia.gif Национален друмски првак
Вуелта а Еспања
1. Етапа 6
1. Етапа 12
1. Еташа 21
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Полска
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Краен пласман Jersey red.svg Џиро ди Сардења
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Етапа 4
Тур де Свис
1. Jersey blue.svg Бодовен пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 8
Трка околу Калифорнија
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 5
1. ГП Индустрија е Комерсио ди Прато
2. Меѓународно првенство Филаделфија
2012
Трка околу Оман
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
Тирено-Адријатико
1. Етапа 4
Три дена Де Пане
1. Етапа 1
Трка околу Калифорнија
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Етапа 8
Тур де Свис
1. Jersey white.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1 (ITT)
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Етапа 6
Тур де Франс
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Етапа 6
1. MaillotSlovakia.gif Национален друмски првак
2. Гент-Вевелгем
3. Амстел Голд Рејс
4. Милано-Сан Ремо
5. Трка околу Фландрија
2013
1. MaillotSlovakia.gif Национално друмско првенство
1. Гент-Вевелгем
1. Брабант Пејл
1. Гран Премио Чита ди Камаиоре
1. Гран при Монтреал
САД Про Сајклинг Челинџ
1. Jersey green.svg Спринтерски пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Етапа 6
1. Етапа 7
Трка околу Алберта
1. Jersey green.svg Спринтерски пласман
1. Пролог
1. Етапа 1
1. Етапа 5
Трка околу Калифорнија
1. Jersey green.svg Спринтерски пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 8
Трка околу Оман
1. Етапа 2
1. Етапа 3
Тирено-Адријатико
1. Етапа 3
1. Етапа 6
Тур де Свис
1. Jersey polkadot.svg Бодовен пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 8
Тур де Франс
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 7
1. Етапа 1 Три дена Де Пане
2. Страде Бјанке
2. Милано-Сан Ремо
2. Е3 Харелбеке
2. Трка околу Фландрија
6. Светско друмско првенство
10. Гран при Квебек
2014
1. MaillotSlovakia.gif Национално друмско првенство
1. Е3 Харелбеке
Тирено-Адријатико
1. Jersey red.svg Бодовен пласман
1. Етапа 3
Трка околу Калифорнија
1. Jersey green.svg Спринтерски пласман
1. Етапа 7
1. Етапа 4 Трка околу Оман
1. Етапа 1 Три дена Де Пане
Тур де Свис
1. Jersey polkadot.svg Бодовен пласман
1. Етапа
Тур де Франс
1. Зелена маичка Бодовен пласман
2. Страде Бјанке
3. Гент-Вевелгем
6. Париз-Рубе
10. Милано-Сан Ремо

Резултати од монументите[уреди]

Оваа табела ги покажува резултатите на Петер Саган во петте велосипедски монументи.

Година Милано-Сан Ремо Трка околу Фландрија Париз-Рубе Лиеж-Бастон-Лиеж Џиро ди Ломбардија
2011 17. СО 86.
2012 4. 5.
2013 2. 2. СО
2014 10. 16. 6.

СО = се откажал
— = не настапил

Резултатите на Гранд Тур[уреди]

2011 2012 2013 2014
Џиро ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ
Освоени етапи
Бодовен пласман
Тур ДНЕ 42 82 61
Освоени етапи 3 1 0
Бодовен пласман 1 1 1
Вуелта 121 ДНЕ ДНЕ
Освоени етапи 3
Бодовен пласман 4
Легенда
1 Победник
2–3 Топ три
4–10 Топ десет
11– Друго место
ДНЕ Не учествувал
ДНФ-x Не завршил (се повлекол на етапа x)
ДСК Диквалификуван
Н/А Трката/пласманот не беше одржана
НР Нерангиран во овој пласман

Резултати на Светските друмски првенства[уреди]

Година 2010 2011 2012 2013
Резултат ДНФ 12 14 6

Резултати на Олимписките друмски трки[уреди]

Година 2012
Резултат 35.

Број на победи по година[уреди]

Оваа табела вклучува број на победи, втори и трети места по година, исклучувајќи ги трките надвор од Светската турнеја.

2010[82] 2011[83] 2012[84] 2013[85] 2014[86] Вкупно
Победи 5 14 15 21 6 61
2.места 5 7 8 10 6 40
3.места 1 3 5 5 5 20

(Последен пат обновено на 20 јули 2014)

Наводи[уреди]

  1. Терминаторот ROAD Magazine
  2. 2,0 2,1 „Петер Саган“. „Канондејл“. Liquigas Sport Spa. http://www.cannondaleprocycling.com/csg_athletes/peter-sagan/. конс. 20 август 2013. 
  3. „Канондале (CAN) - ИТА“. „Светска турнеја UCI“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uciworldtour.com/Modules/SUCI/TEAMS/TeamDetails.asp?id=MTY&RefDate=04.01.2013&MenuId=MTYzMDE&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTYzMDE%26LangId%3D1. конс. 4 јануари 2013. 
  4. Вилкоксон, Џон. „Inside Cycling with John Wilcockson: Man of the week Sagan — a Merckx in the making?“, 28 февруари 2011 (конс. 19 јуни 2011).
  5. Саган ја собори рекордната седма победа во Кловис“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 16 мај 2012 (конс. 17 мај 2012).
  6. Zánický, Peter. „Bilancia Petra Sagana v sezóne 2007“, 14 јануари 2008 (конс. 18 мај 2012).
  7. Саган, каква приказна...“, 19 јуни 2008 (конс. 19 јуни 2011).
  8. Абрахам, Ричард. „Петер Саган: Профил“. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/blog/530281/peter-sagan-rider-profile.html. конс. 26 октомври 2013. 
  9. 9,0 9,1 Brown, Gregor. „LATEST FEATURES: LIVE FROM LAKE COMO: SAGAN LETS HIS LEGS DO THE TALKING“, 4 февруари 2010 (конс. 20 јуни 2011).
  10. Holcombe, Brian. „BOY WONDER THE FUTURE IS NOW FOR PETER SAGAN“, 15 јуни 2010 (конс. 19 јуни 2011).
  11. http://www.cyclingnews.com/races/68th-paris-nice-his/stage-3/results
  12. http://www.cyclingnews.com/races/68th-paris-nice-his/stage-5/results
  13. Бенсон, Даниел. „Саган ја освои неговата втора етапа со извонреден напад“, 12 март 2010 (конс. 20 јуни 2011).
  14. Грубер, Џеред. „Петер Саган се откажа на Тур де Свис“, 15 јуни 2010 (конс. 19 јуни 2011).
  15. Грубер, Џеред. „Одложен почетокот на сезоната за Петер Саган, сè уште страда од стомачни проблеми“, 28 ноември 2010 (конс. 19 јуни 2011).
  16. Liquidas-Cannondale Hit The Dolomites For Training Camp
  17. Фаранд, Стивен (26 февруари 2011). „Саган го обезбди успехот на Сардења“. http://www.cyclingnews.com/races/giro-di-sardegna-2-1/stage-5/results. конс. 26 октомври 2013. 
  18. 18,0 18,1 „Петер Саган“. http://www.cqranking.com/men/asp/gen/rider_palm.asp?riderid=12193&year=2011&all=0&current=0. конс. 26 октомври 2013. 
  19. „Трка околу Полска: Успех на Петер Саган во Краков“. 6 август 2011. http://2011.tourdepologne.pl/en/?showNewsLite=66. конс. 26 октомври 2013. 
  20. Vuelta a España: Peter Sagan wins as Liquigas-Cannondale tears stage six apart“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 25 август 2011 (конс. 13 октомври 2012).
  21. Бен Аткинс. „Вуелта а Еспања: Трета етапна победа за Петер Саган, печат на победата за Хуан Хосе Кобо“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 11 септември 2011 (конс. 13 октомври 2012).
  22. Родригез победи во Офида“, „Yahoo!Eurosport“, TF1 Group, 12 март 2012 (конс. 13 март 2012).
  23. Трка околу Калифорнија: Петер Саган победи во Санта Роса“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 13 мај 2012 (конс. 14 мај 2012).
  24. Саган победи и на втората етапа“, „Velo News“, Competitor Group, Inc., 14 мај 2012 (конс. 14 мај 2012).
  25. Вајсло, Лаура. „Саган до тројна победа во Ливермор“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 15 мај 2012 (конс. 16 мај 2012).
  26. Аткинс, Бен. „Трка околу Калифорнија: Петер Саган со спринт повторно до победа 4 од 4“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 16 мај 2012 (конс. 16 мај 2012).
  27. Вајсло, Лаура. „Гесинк до победа во крајниот пласман на Трката околу Калифорнија“, „Cyling News“, Future Publishing Limited, 20 мај 2012 (конс. 29 мај 2012).
  28. Sagan nabs record-breaking seventh career Amgen win in Clovis“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 16 мај 2012 (конс. 17 мај 2012).
  29. Петер Саган го повтори резултатот и стигна до победа на етапата 4“, „Трка околу Калифорнија“, Anschutz Entertainment Group, 16 мај 2012 (конс. 17 мај 2012).
  30. Аткинс, Бен. „Тур де Свис: Петер Саган се спушташе бестрашно за победа на воведниот хронометар“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 9 јуни 2012 (конс. 9 август 2012).
  31. Аткинс, Бен. „Тур де Свис: Петер Саган ја освои етапата три, додека Швајцарските Железници им дадоа шанса на бегалците“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 11 јуни 2012 (конс. 9 август 2012).
  32. Аткинс, Бен. „Тур де Свис: Саган непобедлив повторно на дождливата четврта етапа“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 12 јуни 2012 (конс. 9 август 2012).
  33. Вестемајер, Сузан. „Саган победи на етапата 6 во Бишофсцел“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 14 јуни 2012 (конс. 9 август 2012).
  34. Саган ја освои етапата 3 на Тур де Франс; Канчелара останува во водство“, „Velonews“, Competitor Group, 3 јули 2012 (конс. 3 јули 2012).
  35. Вестемајер, Сузан. „Саган триумфира во Серен“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 1 јули 2012 (конс. 1 јули 2012).
  36. Саган танцува на втората етапна победа на Тур де Франс“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 3 јули 2012 (конс. 3 јули 2012).
  37. Саган ја освоил втората победа на Тур“, „SuperSport“, MultiChoice LTD, 3 јули 2012 (конс. 4 јули 2012).
  38. Кларк, Лес. „Саган ја освоил шестата етапа на Тур де Франс во Мец“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 6 јули 2012 (конс. 6 јули 2012).
  39. Саган: Сакав етапна победа на Тур и добив три“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 23 јули 2012 (конс. 26 јули 2012).
  40. Саган подготвен да освои Порше во Париз“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 17 јули 2012 (конс. 26 јули 2012).
  41. Кевендиш: Саган нè прави сите да изгледаме како јуниори“, „Velonews magazine“, Competitor Group, Inc., 27 март 2013 (конс. 15 декември 2013).
  42. Грегор Браун. „As Liquigas exits cycling, company claims brand recognition worth ‘at least’ five times its investment“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 7 декември 2012 (конс. 13 февруари 2013).
  43. Аткинс, Бен. „Daniel Diaz confirms overall as Mattia Gavazzi marks return with stage seven victory“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 27 јануари 2013 (конс. 13 февруари 2013).
  44. Бен Аткинс. „Трка околу Оман: Петер Саган победи на втората етапа преку одвојување од групата“, „VeloNation“, Velo Nation LLC, 12 февруари 2013 (конс. 13 февруари 2013).
  45. Трка околу Оман: Повторно победа на Петер Саган“, „Bicycling“, 13 февруари 2013 (конс. 15 февруари 2013).
  46. Трка околу Оман: Фрум ја освои етапата пет“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 15 февруари 2013 (конс. 15 февруари 2013).
  47. Шејн Стоукс. „Sagan over bronchitis, sprints to victory in G.P. Camaiore“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 28 февруари 2013 (конс. 28 февруари 2013).
  48. Морено Мозер победи на Страде Бјанке 2013 на последното искачување“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 2 март 2013 (конс. 2 март 2013).
  49. Саган го победи Кевендиш на спринт на Тирено-Адријатико“, „Eurosport“, 9 март 2013 (конс. 11 март 2013).
  50. Саган победи, Нибали го презема водството на трката по бегството на Тирено-Адријатико“, „Cyclingnews“, Future Publishing Limited, 11 март 2013 (конс. 11 март 2013).
  51. Рајан, Бери (17 март 2013). „Саган пропушти можност на Милано-Сан Ремо“. „Cycling News“. Future Publishig Limited. http://www.cyclingnews.com/news/sagan-rues-missed-opportunity-at-milan-san-remo. конс. 18 март 2013. 
  52. Петер Саган победи на еднодневниот класик Гент-Вевелгем со стил“, „BBC Sports“, BBC, 24 март 2013 (конс. 26 март 2013).
  53. Саган ја освои воведната етапа на Три дена Де Пане“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 26 март 2013 (конс. 26 март 2013).
  54. Канчелара ја освои Трката околу Фландрија 2013“, „Bicycling.com“, 31 март 2013 (конс. 1 април 2013).
  55. Ема Бамфорд. „Словачкиот велосипедист Петер Саган критикуван за штипкање на задникот на девојката на подиумот по Трката околу Фландрија“, „Belfasttelegraph.co.uk“, 1 април 2013 (конс. 1 април 2013).
  56. Саган се извини за штипкањето на подиумот на Трката околу Фландрија“, „Cyclingnews“, Future Publishing Limited, 1 април 2013 (конс. 1 април 2013).
  57. Саган се извини и даде цвеќиња на девојката од подиумот по инцидентот во Фландрија“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 9 април 2013 (конс. 10 април 2013).
  58. Бен Аткинс. „Петер Саган го отспринта Филип Жилбер за победа на Брабант Пејл“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 9 април 2013 (конс. 10 април 2013).
  59. Саган ја освои третата етапа на Трката околу Калифорнија“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 14 мај 2013 (конс. 15 мај 2013).
  60. Петер Саган победи на последната етапа додека Тиџеј ван Гардерен ја освои Трката околу Калифорнија“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 19 мај 2013 (конс. 26 мај 2013).
  61. Саган ја освои третата етапа на Тур де Свис“, „Bicycling“, 10 јуни 2013 (конс. 17 јуни 2013).
  62. Петер Саган ја освои осмата етапа на Тур де Свис 2013“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 15 јуни 2013 (конс. 17 јуни 2013).
  63. Најдобрите спринтери на Тур де Франс во национални бои“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 23 јуни 2013 (конс. 24 јуни 2013).
  64. Jerome Pugmire. „Словакот Петер Саган ја освои седмата етапа на Тур де Франс“, „The Associated Press“, The Globe and Mail, 5 јули 2013 (конс. 17 јули 2013).
  65. Џон Меклири. „Tour de France 2013, stage 21: as it happened“, „The Telegraph“, Telegraph Media Group Limited, 21 јули 2013 (конс. 16 октомври 2013).
  66. Пат Хајки. „Slovac Sagan wins Grand Prix Cycliste de Montréal“, „The Montreal Gazette“, Postmedia Network Inc., 15 септември 2013 (конс. 16 октомври 2013).
  67. Мат Шу (22 декември 2013). „Петер Саган ја освоил наградата спортист на годината во Словачка“. CyclingQuotes. http://www.cyclingquotes.com/news/peter_sagan_wins_slovakian_athlete_of_the_year_award/. конс. 3 февруари 2014. 
  68. Хајмас, Питер. „Sagan eyes Milan-San Remo after San Luis outing“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 27 јануари 2014 (конс. 10 февруари 2014).
  69. Фаранд, Стивен. „Саган задоволен со второто место на спринтот во Дубаи“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 6 февруари 2014 (конс. 10 февруари 2014).
  70. Бенсон, Даниел. „Марсел Кител ја освои третата етапа“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 7 февруари 2014 (конс. 10 февруари 2014).
  71. Фаранд, Стивен. „Sagan struggles to smile after second place in Strade Bianche“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 9 март 2014 (конс. 23 март 2014).
  72. Бенсон, Даниел. „Квјатковски победи на Страде Бјанке“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 8 март 2014 (конс. 24 март 2014).
  73. „Саган ја посветил етапната победа на Тирено на болната мајка“. VeloNews. 14 март 2014. http://velonews.competitor.com/2014/03/news/sagan-grabs-stage-3-win-at-tirreno-adriatico_320056. конс. 23 март 2014. 
  74. „Петер Саган го освои бодовниот пласман на Тирено-Адријатико 2014“. Cycling News. http://www.cyclingnews.com/races/tirreno-adriatico-2014/stage-7/photos/297440. конс. 23 март 2014. 
  75. Фаранд, Стивен. „Sagan suffers in the cold and rain at Milan-San Remo“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 23 март 2014 (конс. 12 април 2014).
  76. Sagan: I'll be satisfied if I win Milan-San Remo“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 20 март 2014 (конс. 12 април 2014).
  77. Канчелара победи на Трката околу Фландрија 2014“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 6 април 2014 (конс. 12 април 2014).
  78. Рајан, Бери. „Sagan happy to give a demonstration at Paris-Roubaix“. Future plc. http://www.cyclingnews.com/news/sagan-happy-to-give-a-demonstration-at-paris-roubaix. конс. 27 април 2014. 
  79. Петер Саган победи на седмата етапа на Трката околу Калифорнија“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 17 мај 2014 (конс. 18 мај 2014).
  80. Тour de France 2014 – Même sans gagner, Sagan marque l’histoire“, „SportsSpiriit“, WordPress, 11 јули 2014 (конс. 24 јули 2014). (на француски)
  81. Трентин победи на седмата етапа на Тур де Франс“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 11 јули 2014 (конс. 24 јули 2014).
  82. „Профил на Петер Саган  – 2010“. Pro Cycling Stats. http://www.procyclingstats.com/rider.php?=&season=2010&id=140797&SortOn=Position. конс. 23 март 2014. 
  83. „Профил на Петер Саган – 2011“. Pro Cycling Stats. http://www.procyclingstats.com/rider.php?=&SortOn=Position&id=140797&season=2011. конс. 23 март 2014. 
  84. „Профил на Петер Саган – 2012“. Pro Cycling Stats. http://www.procyclingstats.com/rankings.php?=&id=2049. конс. 23 март 2014. 
  85. „Профил на Петер Саган – 2013“. Pro Cycling Stats. http://www.procyclingstats.com/rankings/PCS_Wins_2013_12_31__1__Wins. конс. 23 март 2014. 
  86. „Профил на Петер Саган – 2014“. Pro Cycling Stats. 22 март 2014. http://www.procyclingstats.com/rankings/PCS_Wins_2014_03_22__1__Wins. конс. 23 март 2014. 

Надворешни врски[уреди]

Награди и достигнувања
Претходник
Зузана Штефечекова
Спортист на годината во Словачка
2013
Наследник
актуелен