Бодовен пласман на Тур де Франс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бодовен пласман
Jersey green.svg
Детали за наградата
Спорт Друмски велосипедизам
Натпреварување Тур де Франс
Доделена за најдобар спринтер
Локално име Maillot vert (француски)
Историја
Прва награда 1953
Изданија 61
Прв победник  Фриц Шер (ШВА)
Најмногу победи

 Ерик Цабел (ГЕР)

6 пати
Најнов победник  Петер Саган (СВК)


Бодовен пласман на Тур де Франс — еден од пласманите на велосипедската трка Тур де Франс, кој започнал да се доделува во 1953 година. Бодовите се добиваат за високите пласмани на етапа или за победа на некој од средните спринтови и тие се бројат за бодовниот пласман. Се смета за спринтерски пласман. На предводникот во пласманот му се доделува зелена маичка, која станала симбол за бодовниот пласман, така што кога велосипедистот ќе го освои бодовниот пласман, се вели дека „ја освоил зелената маичка“.[1]

Системот ги поттикнал и другите велосипедски трки; останатите две големи трки исто така имаат бодовен пласман: Вуелта а Еспања од 1955 година, која исто така ја користи зелената маичка, и Џиро д’Италија од 1966 година.

Историја[уреди]

По скандалите на Тур де Франс 1904, правилата за наредното издание биле изменети: победникот не бил повеќе одредуван со временски систем, туку со бодовен систем. Велосипедистите добивале бодови, подеднакви на нивниот пласман во етапата, а велосипедистот со најмалку бодови бил предводник на трката. По Тур де Франс 1912, системот бил повторно променет на временски, кој сè уште се користи.

На Тур де Франс 1953, како прослава за 50. родеден на Тур де Франс, бодовниот систем бил повторно воведен, но овој пат како дополнителен пласман. Бидејќи предводникот на генералниот пласман ја носи жолтата маичка, предводникот на бодовниот пласман исто така добивал специјална маичка, зелената маичка (француски: maillot vert). Зелената боја била избрана поради спонзорот кој бил производител на косилки за трева.

Во првите години, велосипедистот единствено добивал казнени бодови доколку не завршил на високо место, па така велосипедистот со најмалку бодови бил освојувач на зелената маичка. Од 1959 година па натаму, системот бил променет, па велосипедистите добивале бодови доколку завршиле високо во пласманот (првото место носело најмногу бодови, а пониско пласираните добивале помалку бодови), па така велосипедистите со најмногу бодови ја освојувале зелената маичка.

Во 1968 година, маичката била црвена, на барање на спонзорот.[2]

Додека жолтата маичка се доделува за најниското вкупно време на трката, зелената маичка ги отсликува бодовите добиени со високите пласмани на секоја етапа и средните спринтови, особено во текот на рамните етапи на трката. Средните спринтови порано биле дел од пласманот за средни спринтови, а бодовите за бодовниот пласман бил додаток; меѓутоа, подоцна овој пласман бил укинат, а средните спринтови останале дел од бодовниот пласман.

Бодовниот пласман се смета за „спринтерски пласман“, бидејќи најголем дел од бодовите се освојуваат на рамните етапи, па така возачите генерално остануваат заедно во една голема група, оставајќи ги најдобрите спринтери на крајот да се борат за етапна победа.[3] Меѓутоа, да се освои пласманот, на еден возач му треба доволно ниво на вештини покрај силниот спринт, бидејќи тој треба да заврши во рамки на временската граница на планинските етапи за да остане во натпреварувањето, а идеално би било да се натпреварува и на средните спринтови во текот на планинските етапи. На пример, Марио Чиполини бил еден од најдобрите спринтери во неговото време, но никогаш не бил во борба за бодовниот пласман бидејќи не успевал да помине низ планинските етапи и да ја заврши трката (меѓутоа, успеал да заврши на Џиро д’Италија и да го освои бодовниот пласман неколку пати).

Четири пати, победникот на бодовниот пласман бил и победник на генералниот пласман: три пати од страна на Еди Меркс и еднаш од Бернар Ино. Во 1969 година, Еди Меркс го освоил генералниот пласман, бодовниот пласман и планинскиот пласман, уникатна ситуација и резултат на Тур де Франс.

Бодовен систем[уреди]

Моментална состојба[уреди]

Моментално, бодовниот пласман се пресметува преку додавање бодови освоени на етапите и одземање на казнените бодови. Бодови добиваат првите велосипедисти кои ќе ја поминат целната линија или линијата на средниот спринт[3] и за велосипедистите со најбрзо време на пролозите или на индивидуалните хронометри. На Тур де Франс 2011 била користена следнава шема:[4]

Вид 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10. 11. 12. 13. 14. 15.
Plainstage.svg „рамна“ етапна завршница 45 35 30 26 22 20 18 16 14 12 10 8 6 4 2
Mediummountainstage.svg „среднопланинска“ етапна завршница 30 25 22 19 17 15 13 11 9 7 6 5 4 3 2
Mountainstage.svg „планинска“ етапна завршници 20 17 15 13 11 10 9 8 7 6 5 4 3 2 1
History.gif пролог/индивидуален хронометар 20 17 15 13 11 10 9 8 7 6 5 4 3 2 1
среден спринт 20 17 15 13 11 10 9 8 7 6 5 4 3 2 1

Возачите може да загубат бодови за разни прекршоци на правилата, што значи дека некои возачи може да ја завршат трката со негативна бодовна состојба.[5]

Пред почетокот на Тур де Франс, организацијата објавува кои етапи се сметаат за „рамни“, „среднопланински“ или „планински“. Рамните етапи вообичаено имаат неколку или немаат категоризирани искачувања (неколку од 4. категорија и понекогаш 3. категорија), среднопланинските етапи имаат повеќе искачувања, вообичаено 2. и 3. категорија, а некои планински етапи имаат бројни високи искачувања, често од 1. категорија или екстра категорија.

Кога редоследот по кој велосипедистите ја поминале целта не може да се одреди или кога велосипедистите забележале исто време во прологот/индивидуалниот хронометар, велосипедистите ги делат бодовите (заокружени на најблискиот половина бод). Велосипедист кој не ја завршил етапата се отстранува од бодовниот пласман. По секоја етапа, предводникот на бодовниот пласман ја добива зелената маичка. Во случај на изедначување во пласманот, велосипедистот со најмногу етапни победи е победник. Доколку и тука е изедначено, бројот на победи на средните спринтови го одредуваат победникот. Ако и тука е изедначено, генералниот пласман го одредува победникот. На крајот на Тур де Франс, велосипедистот што води во бодовниот пласман е освојувач на зелената маичка.

Пред 2011 година[уреди]

Правилата биле изменувани низ годините. Кога системот започнал во 1953 година, биле додавани местата на секој велосипедист на етапата, а велосипедистот со најмалку бодови бил победник. Подоцна, бодовите биле доделувани на првите неколку велосипедисти на секоја етапа. Дури потоа, бодовниот систем започнал да се разликува на видот на етапата, вообичаено носејќи повеќе бодови на рамните етапи. Средните спринтови исто така носеле бодови.

Во 2009 година, системот бил следен, со два или три средни спринта по етапа:[6]

Вид 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10. 11. 12. 13. 14. 15. 16. 17. 18. 19. 20. 21st 22nd 23rd 24. 25.
Plainstage.svg „рамна“ етапа завршница 35 30 26 24 22 20 19 18 17 16 15 14 13 12 11 10 9 8 7 6 5 4 3 2 1
Mediummountainstage.svg „среднопланинска“ етапа завршница 25 22 20 18 16 15 14 13 12 11 10 9 8 7 6 5 4 3 2 1
Mountainstage.svg „планинска“ етапа завршница 20 17 15 13 12 10 9 8 7 6 5 4 3 2 1
History.gif пролог/индивидуален хронометар 15 12 10 8 6 5 4 3 2 1
среден спринт 6 4 2

Победници[уреди]

Победници по година[уреди]

Година Победник Бодови Второ место Бодови Трето место Бодови
1953  Фриц Шер (ШВА) 271  Фјоренцо Мањи (ИТА) 307  Рафаел Жеминијани (ФРА) 406
1954  Ферди Киблер (ШВА) 215,5  Стан Окерс (БЕЛ) 284,5  Фриц Шер (ШВА) 286,5
1955  Стан Окерс (БЕЛ) 322  Ваут Вагтманс (ХОЛ) 399  Мигел Побле (ШПА) 409
1956  Стан Окерс (БЕЛ) 280  Фернан Пико (ФРА) 464  Герит Вортинг (ХОЛ) 465
1957  Жан Форестје (ФРА) 301  Вим ван Ест (ХОЛ) 317  Адолф Кристијан (ШВА) 366
1958  Жан Грачик (ФРА) 347  Јозеф Планкерт (БЕЛ) 406  Андре Дарижад (ФРА) 553
1959  Андре Дарижад (ФРА) 613  Жерар Сен (ФРА) 524  Жак Анкетил (ФРА) 503
1960  Жан Грачик (ФРА) 74  Грацијано Батистини (ИТА) 40  Федерико Баамонтес (ШПА) 35
1961  Андре Дарижад (ФРА) 174  Жан Генше (ФРА) 169  Гвидо Карлези (ИТА) 148
1962  Руди Алтиг (FRG) 173  Емил Демс (БЕЛ) 144  Жан Грачик (ФРА) 140
1963  Рик ван Лој (БЕЛ) 275  Жак Анкетил (ФРА) 138  Федерико Баамонтес (ШПА) 123
1964  Јан Јансен (ХОЛ) 208  Едвард Селс (БЕЛ) 199  Руди Алтиг (FRG) 165
1965  Јан Јансен (ХОЛ) 144  Гвидо Рејбрук (БЕЛ) 130  Феличе Џимонди (ИТА) 124
1966  Вили Планкерт (БЕЛ) 211  Гербен Карстенс (ХОЛ) 189  Едвард Селс (БЕЛ) 178
1967  Јан Јансен (ХОЛ) 154  Гвидо Рејбрук (БЕЛ) 119  Жорж Ванденберге (БЕЛ) 111
1968  Франко Битоси (ИТА) 241  Валтер Годефрот (БЕЛ) 219  Јан Јансен (ХОЛ) 200
1969  Еди Меркс (БЕЛ) 244  Јан Јансен (ХОЛ) 149  Маринус Вагтманс (ХОЛ) 136
1970  Валтер Годефрот (БЕЛ) 212  Еди Меркс (БЕЛ) 207  Марино Басо (ИТА) 161
1971  Еди Меркс (БЕЛ) 202  Сирил Жимар (ФРА) 186  Гербен Карстенс (ХОЛ) 107
1972  Еди Меркс (БЕЛ) 196  Рик ван Линден (БЕЛ) 135  Јоп Зутемелк (ХОЛ) 132
1973  Херман ван Спрингел (БЕЛ) 187  Јоп Зутемелк (ХОЛ) 168  Луис Окања (ШПА) 145
1974  Патрик Серси (БЕЛ) 283  Еди Меркс (БЕЛ) 270  Бери Хобан (ВБР) 170
1975  Рик ван Линден (БЕЛ) 342  Еди Меркс (БЕЛ) 240  Франческо Мозер (ИТА) 199
1976  Фреди Мертенс (БЕЛ) 293  Пјерино Гаваци (ИТА) 140  Жак Ескласан (ФРА) 128
1977  Жак Ескласан (ФРА) 236  Џачинто Сантамброџо (ИТА) 140  Дитрих Турау (ГЕР) 137
1978  Фреди Мертенс (БЕЛ) 242  Жак Ескласан (ФРА) 189  Бернар Ино (ФРА) 123
1979  Бернар Ино (ФРА) 253  Дитрих Турау (ГЕР) 157  Јоп Зутемелк (ХОЛ) 109
1980  Руди Певенаж (БЕЛ) 194  Шон Кели (ИРС) 153  Лудо Петерс (БЕЛ) 148
1981  Фреди Мертенс (БЕЛ) 428  Вилијам Такерт (БЕЛ) 222  Бернар Ино (ФРА) 184
1982  Шон Кели (ИРС) 429  Бернар Ино (ФРА) 152  Фил Андерсон (АВС) 149
1983  Шон Кели (ИРС) 360  Фритс Пирард (ХОЛ) 144  Лорен Фињон (ФРА) 126
1984  Франк Хосте (БЕЛ) 322  Шон Кели (ИРС) 318  Ерик Вандерерден (БЕЛ) 247
1985  Шон Кели (ИРС) 434  Грег Лемонд (САД) 332  Стивен Роуш (ИРС) 279
1986  Ерик Вандерерден (БЕЛ) 277  Јозеф Ликенс (БЕЛ) 232  Бернар Ино (ФРА) 210
1987  Жан Пол ван Попел (ХОЛ) 263  Стивен Роуш (ИРС) 247  Педро Делгадо (ШПА) 228
1988  Еди Планкерт (БЕЛ) 278  Дејвис Фини (САД) 193  Шон Кели (ИРС) 183
1989  Шон Кели (ИРС) 277  Етјен де Вилде (БЕЛ) 194  Стевен Рокс (ХОЛ) 163
1990  Олаф Лудвиг (GDR) 256  Јохан Мизеув (БЕЛ) 221  Ерик Брекинк (ХОЛ) 118
1991  Джамолидин Абдужапаров (URS) 316  Лорен Жалабер (ФРА) 263  Олаф Лудвиг (ГЕР) 175
1992  Лорен Жалабер (ФРА) 293  Јохан Мизеув (БЕЛ) 262  Клаудио Кјапучи (ИТА) 202
1993  Джамолидин Абдужапаров (УЗБ) 298  Јохан Мизеув (БЕЛ) 157  Максимилијан Шијандри (ИТА) 153
1994  Джамолидин Абдужапаров (УЗБ) 322  Силвио Мартинело (ИТА) 273  Јан Сворада (СВК) 230
1995  Лорен Жалабер (ФРА) 333  Джамолидин Абдужапаров (УЗБ) 271  Мигел Индураин (ШПА) 180
1996  Ерик Цабел (ГЕР) 335  Фредерик Монкасен (ФРА) 284  Fabio Baldato (ITA) 255
1997  Ерик Цабел (ГЕР) 350  Фредерик Монкасен (ФРА) 223  Марио Траверсони (ITA) 198
1998  Ерик Цабел (ГЕР) 327  Стјуарт О’Грејди (АВС) 230  Том Стелс (БЕЛ) 221
1999  Ерик Цабел (ГЕР) 323  Стјуарт О’Грејди (АВС) 275  Кристоф Капел (ФРА) 196
2000  Ерик Цабел (ГЕР) 321  Роби Мекјуан (АВС) 203  Романс Вајнштејнс (ЛАТ) 184
2001  Ерик Цабел (ГЕР) 252  Стјуарт О’Грејди (АВС) 244  Дамјен Назон (ФРА) 169
2002  Роби Мекјуан (АВС) 280  Ерик Цабел (ГЕР) 261  Стјуарт О’Грејди (АВС) 208
2003  Баден Кук (АВС) 216  Роби Мекјуан (АВС) 214  Ерик Цабел (ГЕР) 188
2004  Роби Мекјуан (АВС) 272  Тор Хушовд (НОР) 247  Ерик Цабел (ГЕР) 245
2005  Тор Хушовд (НОР) 194  Стјуарт О’Грејди (АВС) 182  Роби Мекјуан (АВС) 178
2006  Роби Мекјуан (АВС) 288  Ерик Цабел (ГЕР) 199  Тор Хушовд (НОР) 195
2007  Том Бонен (БЕЛ) 256  Роберт Хантер (ЈАР) 234  Ерик Цабел (ГЕР) 232
2008  Оскар Фреир (ШПА) 270  Тор Хушовд (НОР) 220  Ерик Цабел (ГЕР) 217
2009  Тор Хушовд (НОР) 280  Марк Кевендиш (ВБР) 270  Гералд Чолек (ГЕР) 172
2010  Алесандро Петаки (ИТА) 243  Марк Кевендиш (ВБР) 232  Тор Хушовд (НОР) 222
2011  Марк Кевендиш (ВБР) 334  Хосе Хоакин Рохас (ШПА) 272  Филип Жилбер (БЕЛ) 236
2012  Петер Саган (СВК) 421  Андре Грајпел (ГЕР) 280  Метју Гос (АВС) 260
2013  Петер Саган (СВК) 409  Марк Кевендиш (ВБР) 312  Андре Грајпел (ГЕР) 267
2014  Петер Саган (СВК) 431  Александер Кристоф (НОР) 282  Бријан Кокар (ФРА) 271

Повеќекратни победници[уреди]

Место Име Држава Победи Години
1 Ерик Цабел  Германија 6 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001
2 Шон Кели  Ирска 4 1982, 1983, 1985, 1989
3 Јан Јансен  Холандија 3 1964, 1965, 1967
Еди Меркс  Белгија 3 1969, 1971, 1972
Фрери Мертенс  Белгија 3 1976, 1978, 1981
Джамолидин Абдужапаров  Узбекистан 3 1991, 1993, 1994
Роби Мекјуан Австралија Австралија 3 2002, 2004, 2006
Петер Саган  Словачка 2 2012, 2013, 2014
8 Стан Окерс  Белгија 2 1955, 1956
Жан Грачик  Франција 2 1958, 1960
Андре Дарижад  Франција 2 1959, 1961
Лорен Жалабер  Франција 2 1992, 1995
Тор Хушовд  Норвешка 2 2005, 2009

Победници по земја[уреди]

Место Држава Победи
1  Белгија 19
2  Франција 9
3  Германија 8
4 Австралија Австралија 4
=  Ирска 4
=  Холандија 4
7  Узбекистан 3
=  Словачка 3
9  Италија 2
=  Норвешка 2
=  Швајцарија 2
12  Шпанија 1
=  Велика Британија 1

Наводи[уреди]