Аметс Чурука

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Аметс Чурука

Чурука на Трката на Фјордовите 2014
Лични податоци
Цело име Аметс Чурука Ансола
Роден 10 ноември 1982 (1982-11-10) (32 г.)
Ечебарија, Шпанија
Висина 1,71 м
Маса 56 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Каха Рурал-Сегурос РГА
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Професионални клубови
2006
2007–2012
2013–
Барловорлд
Еускалтел-Еускади
Каха Рурал-Сегурос РГА
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
Награда за борбеност (2007)

Етапни трки

Вуелта а Астурија (2013)
Последна промена
2 септември 2014

Аметс Чурука Ансола (шпански: Amets Txurruka Ansola; р. 10 ноември 1982 во Ечебарија, Баскија) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Каха Рурал-Сегурос РГА.[1]

Тој не освоил некоја трка, но го направил неговото деби на Тур де Франс во 2007, каде учествувал (заедно со Пјерик Федриго) во бегство на етапата 12, во која бил достигнат на само 1 километар пред целтар. Со овој напор, тој го заработил црвениот број како најборбен возач за следниот ден. Исто така, индиректно имал корист, кога Михаел Расмусен бил дисквалификуван; Чурука бил трет во пласманот за млад возач, зад Алберто Контадор и Маурисио Солер. Бидејќи Контадор ја преземал жолтата маичка како лидер во генералниот пласман по повлекување на Расмусен, а Солер ја носел точкастата маичка како лидер во планинскиот пласман, Чурука ја облекол белата маичка, како лидер во пласманот за млад возач.

Тој бил избран како најборбен возач на целиот Тур де Франс, станувајќи третиот шпански возач по ред (по Оскар Переиро и Давид де ла Фуенте) кој ја заработил таа награда.

Чурука бил отпуштен од Еускалтел-Еускади на крајот на сезоната 2012,[2] и се приклучил на Каха Рурал-Сегурос РГА за сезоната 2013.[1] На Трката околу Баскија, Чурука ги освоил планинскиот и спринтерскиот пласман откако бил дел од долги бегства на првите три етапи.[3]

Достигнувања[уреди]

2006
5. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
8. Краен пласман Вуелта а Астурија
8. Џиро д’Оро
9. Краен пласман Еускал Бициклета
9. Краен пласман Класика а Алкобендас
2007
6. Краен пласман Вуелта а Ла Риоха
Тур де Франс
Jersey red number.svg Награда за борбеност етапа 12 Тур де Франс
Краен пласман Награда за борбеност
2009
6. Краен пласман Вуелта а Ла Риоха
8. Краен пласман Вуелта а Астурија
10. Краен пласман Трка околу Луксембург
2011
7. Класика Примавера
8. Краен пласман Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
Вуелта а Еспања
Jersey red number.svg Награда за борбен возач на етапата 13
2012
6. Краен пласман Вуелта а Астурија
2013
1. Краен пласман Вуелта а Астурија
1. Етапа 1
Трка околу Баскија
1. Jersey white dots on red.svg Планински пласман
1. Jersey orange.svg Спринтерски пласман
1. Jersey red.svg Планински пласман Вуелта а Бургос
5. Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
9. Краен пласман Вуелта а Кастилја и Леон
2014
9. Класика Примавера
Трка на Фјордовите
1. Jersey red.svg Планински пласман
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапата 4 на Вуелта а Еспања

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Arroyo, Txurruka y Velasco destacan “el ambiente familiar” de Caja Rural y su “ilusión” por 2013“, „Biciciclismo“, Cycling Total comunicación y servicios S.L., 10 ноември 2012 (конс. 4 јануари 2013). (на шпански)
  2. Питер Косинс. „Чурука отпуштен од Еускалтел“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/txurruka-released-by-euskaltel. конс. 20 септември 2012. 
  3. Кинтана ја освои Трката околу Баскија“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 6 април 2013 (конс. 6 април 2013).

Надворешни врски[уреди]