Кристоф Риблон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кристоф Риблон

Риблон на Светското друмско првенство 2009
Лични податоци
Цело име Кристоф Риблон
Роден 17 јануари 1981 (1981-01-17) (33 г.)
Трамбле ан Франс, Франција
Висина 1,80 м[1]
Маса 65 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб Аг2р-Ла Мондијал
Дисциплина Друмски и велодромски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Панчер
Професионални клубови
2005– Аг2р Превојанс
Значајни победи
Тур де Франс
Награда за борбеност (2013)
2 индивидуални етапи (2010, 2013)
Последна промена
27 јануари 2014

Кристоф Риблон (француски: Christophe Riblon; р. 17 јануари 1981 во Трамбле ан Франс, Сена-Сен Дени) — француски професионален друмски и велодромски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Аг2р-Ла Мондијал. Освоил две планински етапи на нагорнина на Тур де Франс, вклучувајќи ја етапата 14 на Тур де Франс 2010 до скијачкото одморалиште Акс-3 Домен во Пиринеите и етапата 18 на Тур де Франс 2013 на Алп д’Ез.

Во текот на победата во 2010, бил дел од рано бегство кое се одвоило на 30 километри во трката и останал сам на претпоследното искачување во денот. Имал две минути водство на подножјето на последното искачување и се одржал пред главните кандидати за победа и победил додека тие се бореле зад него.[2]

Етапата во 2013 ја освоил по долго бегство, бркајќи го Тиџеј ван Гардерен пред второто искачување на Алп д’Ез и се одржал пред водечката група со една минута предност, и покрај падот при спустот на Кол де Сарен. При овој подвиг станал првиот (и единствен) француски етапен победник на трката таа година.

Достигнувања[уреди]

2004
 Франција Аматерски друмски првак
2005
2. Краен пласман Тур де л’Авенир
2006
5. ГП Плимелек-Морбијан
7. Краен пласман Сиркут де Лорен
1. Етапа 1
2007
1. Тур де ла Сом
2. Дуо Норманд (со Емилиен-Беноа Берже)
2008
Сребрен медал на Светските велодромски првенства - Бодовна трка
2009
1. Етапа 3 Рут ду Суд
7. Класика де Сан Себастијан
2010
1. Етапа 14 Тур де Франс
1. Ле Букл ду Сид Ардеш
Сребрен медал - Светско првенство - медисон
5. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
5. Краен пласман Трка околу Баварија
7. Краен пласман Критериум ду Дофине
2011
8. Краен пласман Трка околу Полска
2012
9. Краен пласман Тирено-Адријатико
2013
Тур де Франс
Jersey red number.svg Награда за борбеност
1. Етапа 18
3. Краен пласман Трка околу Полска
1. Етапа 2

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро 82
Jersey yellow.svg Тур 137 82 28 51 73 37
Jersey red.svg Вуелта 46 130 162

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Профил на Кристоф Риблон“. 
  2. Riblon conquers climbs to win Stage 14“, „ESPN.com“, ESPN, 18 јули 2010 (конс. 28 ноември 2012).

Надворешни врски[уреди]