Тиџеј ван Гардерен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тиџеј ван Гардерен

Ван Гардерен на Париз-Ница 2013
Лични податоци
Цело име Тиџеј ван Гардерен
Роден 12 август 1988 (1988-08-12) (25 г.)
Такома, САД
Висина 1,86 м[1]
Маса 72 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб БМЦ Рејсинг Тим
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за хронометри
Аматерски клубови
2004–2005
2005–2006
2007
Рио Гранде
Тим 5280
ВМГ Рејсинг/САД Национален тим
Професионални клубови
2008–2009
2010–2011
2012–
Континентал Рабобанк
Тим ХТЦ-Колумбија
БМЦ Рејсинг Тим
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
Пласман за млад возач (2012)

Етапни трки

Трка околу Калифорнија (2013)
САД Про Сајклинг Челинџ (2013)
Последна промена
18 април 2014

Тиџеј ван Гардерен (англиски: Tejay van Garderen; р. 12 август 1988 во Такома, Вашингтон) — американски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата БМЦ Рејсинг Тим.[2] Живее во Лука, Тоскана, во текот на сезона.[3]

Ран живот[уреди]

Тиџеј ван Гардерен е роден во Такома, Вашингтон, но поголемиот дел неговото детство го поминал во Монтана. Има холандско потекло и прилично добро го говори холандскиот јазик.[4] Започнал да вози на 10 години. Со 14 веќе го искачувал врвот Еванс за околу два часа..[5] Освоил 10 јуниорски национални првенства во друмски велосипедизам (друмска трка, критериум и хронометар) и велокрос.[6] Две од неговите рани екипи биле Тим Рио Гранде (2004–2005)[7] и Тим 5280 (2005–2006, сега дел од Гармин-Сервело)[8]

Кариера[уреди]

Под 23 години (2007–2009)[уреди]

Прва голема сениорска трка на Ван Гардерен била на 18 години на Трката околу Калифорнија 2008, како дел од националниот тим. Ја напуштил трката на етапата 4.[9] Тој возел во САД и Европа во 2007 и дошол 20. на Тур де л’Авенир.

Ван Гардерен му се придружил на Рабобанк Континентал во 2008. Живеел во Холандија и бил втор на Флеш ду Суд и Сиркуто Монтањес. Освоил етапа на Тур де л’Авенир и дошол 24. на Светското друмско првенство за под 23 години во Варезе, Италија.

Ван Гардерен имал високи очекувања за Тур де л’Авенир во 2009. Двајца француски возачи, вклучувајќи го фаворитот, Ромен Сикар, оствариле голема разлика од 1 и пол минута од главната група на првата етапа. Ван Гардерен бил втор во генералниот пласман на една етапа до крајот. Ромен Сикар бил сигурен за победа, но бил казнет 2 минути за недозволена промена на велосипедот и неговото водство паднало на само 1 секунда, но доволно да го задржи Ван Гардерен од неговата најголема победа во неговата кариера.

Ван Гардерен му се приклучил на Тим ХТЦ-Колумбија следната година.[10]

ХТЦ-Колумбија (2010–2011)[уреди]

Ван Гардерен дошол во екипата со најмногу победи во 2009, благодарение на спринтерите Марк Кевендиш и Андре Грајпел. Завршил 9. на неговата прва етапна трка, Волта ао Алгарве, искачувајќи се 5. на етапата до врвот Алто до Малхао. На Трката околу Турција, дошол втор на две етапи и втор во генералниот пласман, 29 секунди зад Џовани Висконти.

Ван Гардерен го поддржувал водачот Мајкл Роџерс на 6. и 8. етапа на Трката околу Калифорнија. Завршил 28. во генералниот пласман, додека Роџерс ја освоил трката.

Ван Гардерен го започнал Критериум ду Дофине 2010 како заеднички лидер на ХТЦ-Колумбија со Канстанцин Сивцов и Петер Велитс. Откако скоро го изненадил Алберто Контадор на прологот, тој стигнал до четвртото место на хронометарот на етапата 3 и се поместил до второто место во генералниот пласман. Сепак, изгубил време на планинските етапи и завршил трет.

Ван Гардерен возел силно на Вуелта а Еспања, имајќи две многу силни недели на трката. Потоа, паднал малку во формата, но сè уште бил вреден помагач на Петер Велитс, кој дошол до третото место во генералниот пласман на трката.

Во 2011, Ван Гардерен бил втор на етапата 3 на Волта ао Алгарве[11] и втор на воведниот хронометар на Тур де Свис (зад Фабијан Канчелара).[12] Неговата силна форма на Трката околу Калифорнија му ја донела маичката за најдобар млад возач. Тој бил дел од составот за Тур де Франс 2011. Ова бил негов прв Тур де Франс и тој возел во корист на Тони Мартин и Петер Велитс.[13] На осмата етапа, Ван Гардерен освоил доволно бодови на искачувањето од втора категорија за да ја заработи маичката во планинскиот пламсман и наградата за најборбен возач. Тој бил првиот Американец, кој ја облекол точкастата маичка во историјата на Тур де Франс (Грег Лемон кратко водел во планинскиот пласман во текот на Тур де Франс 1986, но бидејќи исто така бил и лидер во генералниот пласман, тој не ја носел маичката). во текот на драматичната етапа 8, тој бил наречен „Bozeman Boss“ од коментаторот Фил Лигет[14] На Трката околу Јута, Ван Гардерен го освоил хронометарот на третата етапа.[15]

БМЦ Рејсинг Тим (2012–)[уреди]

Ван Гардерен во текот на хронометарот на деветтата етапа на Тур де Франс 2012
Ван Гардерен во текот на хронометарот на шестата етапа на Трката околу Калифорнија 2013

Откако ХТЦ-Хајроад бил распуштен, Ван Гарден му се приклучил на БМЦ Рејсинг Тим заедно со неговиот колега од ХТЦ Марко Пиноти.[2] Ван Гардерен ја освоил маичката во пласманот за млад возач на Париз-Ница во почетокот на март,[16] носејќи ја маичката целата трка.

Ван Гардерен бил избран за Тур де Франс како еден од главните помошници за бранителот на титулата од претходната година, Кедел Еванс. Во првата недела возел одлично, доаѓајќи на четвртото место на прологот и носејќи ја белата маичка - за најдобро пласиран возач под 25 години во генералниот пласман - до етапата 7, кога загубил малку време на првата завршница на врв на Тур. Повторно се здобил со маичката по четвртото место на етапата 9, индивидуален хронометар. На етапата 11, Ван Гардерен се обидел да му помогне на Еванс со неуспешен долг напад и се покажал посилен тој ден, наметнувајќи силно темпо на завршното искачување. На крајот завршил на петтото место во генералниот пласман станувајќи третиот Американец, кој го освоил пласманот за најдобар млад возач, по Грег Лемонд во 1984 и Ендру Хемпстен во 1986. Во август, Ван Гардерен завршил втор на САД Про Сајклинг Челинг 2012 зад Кристијан Ванде Велде (Гармин-Шарп).[17] Претходно победил на втората етапа на трката во спринтот со Ванде Велде, заработувајќи ја жолтата маичка на трката.[18] Ја предал маичката на неговиот сонародник следниот ден, но ја повратил на етапата 4, за повторно да ја изгуби на етапата 6.

Ван Гардерен ја започна сезоната 2013 со настап на Тур де Сан Луис, каде завршил втор во генералниот пласман. Исто така имал добри резултати на европските велосипедски трки, завршувајќи четвртти на Париз-Ница,[19] и трети на Критериум Интернасионал.[20] Во мај, Ван Гардерен ја освоил првата голема етапна трка во неговата кариера, Трката околу Калифорнија.[21] Возел одлично на сите клучни етапи, завршувајќи втор на втората етапа[22] и освојувајќи го индивидуалниот хронометар на шестата етапа.[23] Го одбранил водството на седмата етапа, која завршувала на нагорнина.[24] Сепак му недостасувала форма на Тур де Франс 2013, завршувајќи на 45. место.[25] Тиџеј имал добра форма и победил на САД Про Сајклинг Челинџ, кој се одржувал на високи надморски височини низ Колорадо.[26]

Достигнувања[уреди]

2000
1. MaillotUSA.PNG Јуниорски национален критериум 10-12
1. MaillotUSA.PNG Јуниорски национален хронометар 10–12
1. MaillotUSA.PNG Јуниорска национална друмска трка 10–12
2002
1. MaillotUSA.PNG Јуниорски национален велокрос 13–14
2003
1. MaillotUSA.PNG Јуниорски национален велокрос 15–16
1. MaillotUSA.PNG Јуниорски национален хронометар 15–16
2004
1. MaillotUSA.PNG Јуниорска национална друмска трка 15–16
1. MaillotUSA.PNG Јуниорски национален хронометар 15–16
2. Јуниорски национален критериум 15–16
2005
1. MaillotUSA.PNG Јуниорски национален критериум 17–18
2. Јуниорска национална друмска трка 17–18
3. Јуниорски национален хронометар 17–18
2006
1. MaillotUSA.PNG Јуниорски национален хронометар 17–18
2008
1. Етапа 5а (ТТТ) Волта а Љеида
2. Краен пласман Сиркуто Монтањес
8. Краен пласман Тур де л’Авенир
1. Етапа 9
2009
1. Краен пласман Сиркуто Монтањес
2. Краен пласман Тур де л’Авенир
3. Краен пласман Трка Олимпија
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 5
2010
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
2. Краен пласман Трка околу Турција
3. Краен пласман Критериум ду Дофине
4. Краен пласман Тур де л’Ен
1. Jersey blue.svg Пласман за млад возач
9. Краен пласман Волта ао Алгарве
2011
1. Етапа 3 (ITT) Трка околу Јута
2. Краен пласман Волта ао Алгарве
3. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
1. Jersey blue.svg Пласман за млад возач
5. Краен пласман Трка околу Калифорнија
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
Тур де Франс
Jersey polkadot.svg на етапа 8
Најборбен возач на етапа 8
2012
2. Национално хронометарско првенство
2. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
1. Етапа 2
4. Краен пласман Трка околу Калифорнија
4. Светски хронометарски првенства UCI
5. Краен пласман Тур де Франс
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
5. Краен пласман Париз-Ница
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
7. Краен пласман Волта ао Алгарве
2013
1. Краен пласман Jersey yellow.svg Трка околу Калифорнија
1. Етапа 6 (ITT)
1. Краен пласман Jersey yellow.svg САД Про Сајклинг Челинџ
1. Етапа 5 (ITT)
2. Краен пласман Тур де Сан Луис
3. Краен пласман Критериум Интернасионал
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
4. Краен пласман Париз-Ница
7. Краен пласман Тур де Свис
2014
2. Краен пласман Трка околу Оман
3. Краен пласман Волта а Каталуња
1. Етапа 4
6. Краен пласман Трка околу Баскија

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро
Jersey yellow.svg Тур 82 5 45
Jersey red.svg Вуелта 35

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Профил на Тиџеј ван Гардерен“. 
  2. 2,0 2,1 БМЦ потпишува со Пиноти и Ван Гардерен“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 1 септември 2011 (конс. 1 јануари 2012).
  3. Cafe Chat: Tejay Van Garderen, HTC's Young American, PodiumCafe, 26 април 2010
  4. „De Nederlandse stamboom van Tejay Van Garderen“. ZIE.nl. 16 јули 2011. http://www.zie.nl/video/overige/De-Nederlandse-stamboom-van-Tejay-Van-Garderen/m1ezqswfk9fi. конс. 19 мај 2013. 
  5. Врв Еванс 7/25/03. bicyclerace.com
  6. Интервју со Тиџеј ван Гардерен, Velocity Nation
  7. Околу тимот | Тим Рио Гранде. Riograndecycling.com. 22 август 2011.
  8. www.cyclingnews.com. Autobus.cyclingnews.com. 22 август 2011.
  9. Two world champs go one-two in SLO. Трка околу Калифорнија – 2.HC САД, 18-25 февруари, 2007. Етапа 4 – 22 февруари: Сисајд до Сан Луис Обиспо, 213,4 км. CyclingNews
  10. Американецот Тиџеј ван Гардерен оди во Колумбија-Хајроад следната година, VeloNews
  11. Тиџеј ван Гардерен - Тим ХТЦ – Хајроад. Highroadsports.com. 2011-08-22.
  12. АФП: Канчелара победи на воведниот хронометар на Тур де Свис. Google.com (2011-06-09). 2011-08-22.
  13. Ван Гардерен како поддршка на Кевендиш и Мартин на Тур де Франс. Cyclingnews.com (2011-06-29). 2011-08-22.
  14. One and Done? | Bicycling Magazine. Bicycling.com. 2011-08-22.
  15. Трка околу Јута: Тиџеј ван Гардерен добил роденденски подарок со етапната победа | The Salt Lake Tribune. Sltrib.com. 2011-08-22.
  16. Вигинс не така лесно на Ез“, „Париз-Ница“, Amaury Sport Organisation, 11 март 2012 (конс. 11 март 2012).
  17. Vande Velde stuns Leipheimer, taking overall victory“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 27 август 2012 (конс. 24 октомври 2012).
  18. John Henderson. „Tejay van Garderen wins second stage of USA Pro Challenge“, „TheDenverPost“, 2012 The Denver Post, 22 август 2012 (конс. 25 октомври 2012).
  19. Париз-Ница 2013 – Извештај за трката“, „Cyclingen“, Cyclingen, 16 март 2013 (конс. 25 март 2013).
  20. Chris Froome wins Criterium International in Impressive SKY One-Two“, „Cyclingen“, Cyclingen, 24 март 2013 (конс. 25 март 2013).
  21. Peter Sagan takes finale as Tejay van Garderen wins 2013 Amgen Tour of California“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 19 мај 2013 (конс. 26 мај 2013).
  22. Кајл Мур. „Tour of California: Janier Acevedo conquers hellish stage two summit finish“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 13 мај 2013 (конс. 13 мај 2013).
  23. Tejay van Garderen wins Tour of California 6th stage“, „USA Today“, 17 мај 2013 (конс. 18 мај 2013).
  24. Лора Вајсло. „Tour of California: Konig king of Mt Diablo“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 18 мај 2013 (конс. 19 мај 2013).
  25. Даниел Бенсон. „Кител победи на Шанзелизе“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 21 јули 2013 (конс. 16 август 2013).
  26. Тиџеј ван Гардерен победи на САД Про Челинџ“, „USA Today“, 25 август 2013 (конс. 16 октомври 2013).

Надворешни врски[уреди]