Вуелта а Еспања

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вуелта а Еспања
Вуелта а Еспања 2014
Vuelta logo.gif
Детали за трката
Датум септември (од 1995)
Регион Шпанија
Локално име Vuelta Ciclista a España (шпански)
Прекар Вуелта
Дисциплина Друмски велосипедизам
Натпреварување Светска турнеја UCI
Вид Гранд Тур
Организатор Unipublic
Директор на трката Хавиер Гвиљен
Историја
Прво издание 1935 (1935)
Изданија 69 (до 2014)
Прв победник  Густаф Делор (БЕЛ)
Најмногу победи
Неодамнешен победник  Крис Хорнер (САД)

Вуелта а Еспања (шпански: Vuelta a España; позната и како Трка околу Шпанија) — годишна етапна велосипедска трка, која првенствено се одржува во Шпанија, иако повремено поминува и низ соседните земји. Поттикната од успехот на Џиро д’Италија и Тур де Франс, трката била првпат организирана во 1935.[1] Трката била спречена да биде одржана низ периодот на двете светски војни и Шпанската граѓанска војна во раните години на нејзиното постоење; меѓутоа, трката започнала да се вози секоја година од 1955.[1] Како Вуелта постигнувала значајност и популарноста на трката растела, нејзината слава започнала да се шири низ светот. Од 1979, трката е организирана од Unipublic. Групата на возачи на почетокот била составена само од шпански велосипедисти, но сега секоја година учествуваат возачи од целиот свет. Вуелта е дел од Светската турнеја, што значи дека екипите кои настапуваат на трката се главно UCI ProTeam екипи, со исклучок на екипите кои ги повикува организаторот.[2][3]

Заедно со Тур де Франс и Џиро д’Италија, ги создаваат трите најпрестижни тринеделни велосипедски трки, Гранд Тур.[4] Додека рутата се менува секоја година, форматот на трката останува ист со вклучување на најмалку два хронометра, премин низ планинскиот масив на Пиринеите и завршница во шпанскиот главен град Мадрид. Поновите изданија на Вуелта а Еспања се состои од 21 етапа во период од 23 дена, кој вклучува два дена одмор.

Сите етапи се мерат на крајот, а завршните времиња на возачите се составени од нивните претходни етапни времиња. Возачот со најмало вкупно време е водач на трката и ја добива честа да ја носи посакуваната црвена маичка. Додека генералниот пласман привлекува најголемо внимание, постојат и други пласмани на трката: бодовниот пласман за спринтерите, планинскиот пласман за специјалистите за искачување, комбинираниот пласман за сите универзални возачи и екипниот пласман за најбрзите екипи. Вуелта а Еспања 2012 била освоена од Шпанецот Алберто Контадор од Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк.[5][6]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]