Тур де Франс 2012

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тур де Франс 2012
Светска турнеја UCI 2012, трка 18 од 29
Route of the 2012 Tour de France.png
Рута на Тур де Франс 2012
Детали за трката
Датум 30 јуни – 22 јули
Етапи 20 + пролог
Должина 3.496,9 км (Шаблон:Convert/ми)
Време 87ч 34′ 47″ (39,93 км/ч/24.81 mph

)

Добитници на наградите
Победник  Бредли Вигинс (ВБР) (Тим Скај)
Втор  Крис Фрум (ВБР) (Тим Скај)
Трет  Винченцо Нибали (ИТА) (Ликвигас-Канондејл)

Бодови  Петер Саган (СВК) (Ликвигас-Канондејл)
Планини  Тома Веклер (ФРА) (Тим Јуропкар)
Млад  Тиџеј ван Гардерен (САД) (БМЦ Рејсинг Тим)
Екипа РадиоШек-Нисан
2011
2013

Тур де Франс 2012 бил 99. Тур де Франс. Започнал во белгискиот град Лиеж[1][2] и завршил традиционално на Шанзелизе во Париз. Покрај прологот и две друмски етапи се возеле низ Белгија, додека една етапа завршила во Швајцарија.

Рутата била случајно објавена од ASO на нивната официјална страница на 10 октомври 2011,[3] осум дена пред официјалната презентација. Рутата вклучувала вкупно 101,1 километар[4] во индивидуални хронометри и три завршници на нагорнини: Ла Планш де Бел Фил (етапа 7), Ла Тусуар - Ле Сибел (етапа 11) и Пејрагудс (етапа 17). Кол ду Гран Коломбје, искачување кое претходно било возено на Критериум ду Дофине, Тур де л’Авенир и Тур де л’Ен, било вклучено за првпат и било помеѓу шесте категоризирани искачувања од екстра категорија на Алпите и Пиринеите. [5]

Бредли Вигинс (Тим Скај) го освоил генералниот пласман на трката, со предност од 3' 21" пред сонародникот и колегата Крис Фрум. Тие станале први британски возачи кои завршиле помеѓу првите тројца во генералниот пласман. Жолтата маичка била носена во текот на првата недела од Швајцарецот Фабијан Канчелара (РадиоШек-Нисан), кој го освоил прологот.[6] Вигинс, втор на прологот, го преземал водството на трката на етапата 7, првата планинска етапа, која била освоена од Фрум,[7] и го одржал неговото водство до крајот на трката, победувајќи на двата долги хронометри и не губејќи воопшто време пред главните ривали на ниедна етапа во планините. Фрум бил втор на обата хронометра и бил заедно или малку подобар од Вигинс на планинските етапи. Третото место во генералниот пласман му припаднало на Италијанецот Винченцо Нибали (Ликвигас-Канондејл), единствениот возач, кој постојано го држел темпото на Вигинс и Фрум во планините.

Бодовниот пласман бил освоен од словачкиот колега на Нибали Петер Саган, кој имал најмногу освоени бодови на целата трка. Саган освоил три етапи и бил втор или трет на уште четири: германскиот спринтер Андре Грајпел од Лото-Белисол и светскиот првак Марк Кевендиш, уште еден британски возач од Тим Скај, обата исто така освоиле по три етапи, но не биле толку присутни на другите спринтови. Францускиот возач од Тим Јуропкар Тома Веклер, победник на две планински етапи и освојувач на седум последователни врвови, го освоил планинскиот пласман, а американскиот возач од БМЦ Рејсинг Тим Тиџеј ван Гардерен, петти во вкупниот пласман, ја освоил наградата за најдобар млад возач, додека екипниот пласман бил освоен од страна на екипата РадиоШек-Нисан, а Крис Анкер Серенсен ја добил наградата за најборбен возач.

Екипи[уреди]

Сите 18 UCI ProTeam екипи се автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Четири UCI Professional Continental екипи, една холандска и три француски се исто така поканети.[8]

Аг2р-Ла Мондијал
Кофидис
Лампре-ИСД
Орика-ГринЕЏ
Сор-Сожасун
Тим Скај
Аргос-Шимано
Еускалтел-Еускади
Ликвигас-Канондејл
Омега Парма-Квик Степ
Тим Јуропкар
Вакансолел-ДКМ
Астана
ФДЖ-БигМет
Лото-Белисол
Рабобанк
Тим Катјуша
БМЦ Рејсинг Тим
Гармин-Шарп
Мувистар Тим
РадиоШек-Нисан
Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк

†: Поканетите континентални екипи

Фаворити пред трката[уреди]

Победникот од 2011 Кедел Еванс ја бранел неговата титула на Тур. Вицешампионот Енди Шлек (и подоцна објавениот победник од 2010) немало да учествува на трката поради фрактура на неговата карлица, здобиена на Критериум ду Дофине.[9] Третиот сè уште активен поранешен победник на Тур де Франс Алберто Контадор бил моментално суспендиран и затоа немало да вози на овогодишниот Тур.

Други поранешни победници на некој Гранд Тур, кои биле присутни на овогодишниот Тур де Франс се: Денис Мењшов (Џиро д’Италиа 2009 и Вуелта а Еспања 2005 & 2007), Александар Винокуров (Вуелта а Еспања 2006), Алехандро Валверде (Вуелта а Еспања 2009), Винченцо Нибали (Вуелта а Еспања 2010), Хуан Хосе Кобо (Вуелта а Еспања 2011), Иван Басо (Џиро д’Италиа 2006 & 2010), Микеле Скарпони (Џиро д’Италиа 2011) и Рајдер Хесједал (Џиро д’Италиа 2012).[10][11][12]

Врвен фаворит според многу критичари бил британскиот велосипедист Бредли Вигинс.[13][14] Бројот четири на изданието во 2009 и добиен подиум на Вуелта а Еспања 2011 ја покажал добрата форма во текот на целата сезона со освојувањето на генералните пласмани во значајни етапни трки, како што се Париз-Ница, Тур де Романди и Критериум ду Дофине. Поранешниот велодромски велосипедист се сметал за еден од подобрите специјалисти за хронометри во главната група, а големиот број на хронометарски километри му одат во прилог.

Етапи[уреди]

Поврзано: Тур де Франс 2012 - пролог до етапа 10 и Тур де Франс 2012 - етапа 11 до етапа 20
Список на етапи[1][2][15][16]
Етапа Датум Движење Должина Вид Победник
П 30 јуни ЛиежЛиеж 6,1 км History.gif индивидуален хронометар  Фабијан Канчелара (ШВА)
1 1 јули ЛиежСерен 198 км рамна етапа  Петер Саган (СВК)
2 2 јули ВизеТурне 207 км рамна етапа  Марк Кевендиш (ВБР)
3 3 јули ОршиБулоњ-сир-Мер 197 км средно-планинска етапа  Петер Саган (СВК)
4 4 јули АбевилРуан 214 км рамна етапа  Андре Грајпел (ГЕР)
5 5 јули РуанСен Кантен 197 км рамна етапа  Андре Грајпел (ГЕР)
6 6 јули ЕпернеМец 210 км рамна етапа  Петер Саган (СВК)
7 7 јули ТомбленЛа Планш де Бел Фил 199 км средно-планинска етапа  Крис Фрум (ВБР)
8 8 јули БелфорПорентри 154 км средно-планинска етапа  Тибо Пино (ФРА)
9 9 јули Арк-ет-СенанБезансон 38 км History.gif индивидуален хронометар  Бредли Вигинс (ВБР)
10 јули Ден за одмор
10 11 јули МаконБелгар сир Валсерен 194 км планинска етапа  Тома Веклер (ФРА)
11 12 јули АлбервилЛа Тусуар - Ле Сибел 140 км планинска етапа  Пјер Ролан (ФРА)
12 13 јули Сен Жан де МоренАноне/Давезје 220 км средно-планинска етапа  Дејвид Милар (ВБР)
13 14 јули Сен Пол Тру ШатоКап д’Агд 215 км рамна етапа  Андре Грајпел (ГЕР)
14 15 јули ЛимуФуа 192 км планинска етапа  Луис Леон Санчез (ШПА)
15 16 јули СаматанПо 160 км рамна етапа  Пјерик Федриго (ФРА)
17 јули Ден за одмор
16 18 јули ПоБањер де Лишон 197 км планинска етапа  Тома Веклер (ФРА)
17 19 јули Бање де ЛишонПејрагудс 144 км планинска етапа  Алехандро Валверде (ШПА)
18 20 јули БлањакБрив ла Гајар 215 км рамна етапа  Марк Кевендиш (ВБР)
19 21 јули БонвалШартр 52 км History.gif индивидуален хронометар  Бредли Вигинс (ВБР)
20 22 јули РамбујеПариз (Шанзелизе) 130 км рамна етапа  Марк Кевендиш (ВБР)

Пласмани[уреди]

Четирите носители на маичките на последната етапа: (од лево) Петер Саган, носител на зелената маичка; Марк Кевендиш, светски првак; Бредли Вигинс, победник на генералниот пласман и Тома Веклер, победник во планинскиот пласман

Постојат неколку пласмани на Тур де Франс 2012. Најважниот е генералниот пласман, пресметуван со додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа. Велосипедистите со најмало вкупно време е водач на трката, на кој му се доделува жолтата маичка; победникот во овој пласман се смета за победник на целиот Тур.[17] Во 2012, не постојат бонус секунди.[18]

Дополнително, тука е бодовниот пласман, кој се наградува со зелената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добиваат бодови за завршување меѓу најдобрите во етапата или на средните спринтови. Велосипедистот се најмногу бодови води во пласманот и му се доделува зелената маичка.[17]

Исто така, постои и планински пласман. Организаторите категоризираат одредени искачувања како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија; бодови за овој пласман може да освојат првите велосипедисти на некое искачување, со разлика во бодовите на секое категоризирано искачување. Велосипедистите со најмногу бодови води во пласманот и му се доделува точкастата маичка.[17]

Четвртиот индивидуален пласман е пласманот за млад возач, кој е награден со белата маичка. Овој пласман се преместува на истиот начин како генералниот пласман, но учествуваат само возачи помлади од 26 години.[17]

За екипниот пласман се додаваат времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечка екипа е екипата со најмало вкупно време. Возачите во екипата, кои водат во овој пласман, добиваат жолти броеви на нивните дресови[18] и за првпат во 2012 и жолти кациги.

Наградата за борбеност (исто така именувана како награда за најагресивен возач[18]) е одредена од судиите по секоја етапа.

Етапа Победник Генерален пласман
Jersey yellow.svg
Бодовен пласман
Jersey green.svg
Планински пласман
Jersey polkadot.svg
Пласман за млад возач
Jersey white.svg
Тимски пласман
Jersey yellow number.svg
Награда за борбеност
Jersey red number.svg
П Фабијан Канчелара Фабијан Канчелара Фабијан Канчелара недоделена Тиџеј ван Гардерен Тим Скај недоделена
1 Петер Саган Михаел Меркев Никола Еде
2 Марк Кевендиш Петер Саган Антони Ру
3 Петер Саган Михаел Меркев
4 Андре Грајпел Јукија Араширо
5 Андре Грајпел Матје Ладану
6 Петер Саган Дејвид Забриски
7 Крис Фрум Бредли Вигинс Крис Фрум Реин Тарамае Луис Леон Санчез
8 Тибо Пино Фредрик Кесијакоф РадиоШек-Нисан Фредрик Кесијакоф
9 Бредли Вигинс Тиџеј ван Гардерен недоделена
10 Тома Веклер Тома Веклер Тома Веклер
11 Пјер Ролан Фредрик Кесијакоф Пјер Ролан
12 Дејвид Милар Роберт Кишерловски
13 Андре Грајпел Михаел Меркев
14 Луис Леон Санчез Петер Саган
15 Пјерик Федриго Ники Серенсен
16 Тома Веклер Тома Веклер Тома Веклер
17 Алехандро Валверде Алехандро Валверде
18 Марк Кевендиш Александар Винокуров
19 Бредли Вигинс недоделена
20 Марк Кевендиш
На крај Бредли Вигинс Петер Саган Тома Веклер Тиџеј ван Гардерен РадиоШек-Нисан Крис Анкер Серенсен
Забелешки
  • На етапата 1, Бредли Вигинс, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Фабијан Канчелара (на прво место) ја носел жолтата маичка како лидер во генералниот пласман на таа етапа.
  • На етапата 2, Петер Саган, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Фабијан Канчелара (на прво место) ја носел жолтата маичка како лидер во генералниот пласман на таа етапа.

Поредок[уреди]

Екипен пласман[уреди]

Место Екипа Време
1 РадиоШек-Нисан Jersey yellow number.svg 263ч 12' 01″
2 Тим Скај + 5' 54″
3 БМЦ Рејсинг Тим + 36' 36″
4 Астана + 43' 35″
5 Ликвигас-Канондејл + 1ч 04' 58″
6 Мувистар Тим + 1ч 08' 19″
7 Тим Јуропкар + 1ч 08' 54"
8 Тим Катјуша + 1ч 12' 49″
9 ФДЖ-БигМет + 1ч 19' 28″
10 Аг2р-Ла Мондијал + 1ч 41' 18″

Галерија на маичките[уреди]

Бодови за светската турнеја[уреди]

Тур де Франс била една од 29. трки во текот на сезоната, кои се бодуваат за Светската турнеја. Бодови освоиле првите 20 возачи во генералниот пласман и првите пет возачи на секоја етапа. Само возачите од UCI ProTour екипите можеле да освојуваат бодови за рангирањето.[19]

Бодови освоени на Тур де Франс[20]
Име Екипа Бодови
 Вигинс, БредлиБредли Вигинс (ВБР) Тим Скај 266
 Фрум, КрисКрис Фрум (ВБР) Тим Скај 206
 Нибали, ВинченцоВинченцо Нибали (ИТА) Ликвигас-Канондејл 128
 ван ден Брук, ЈургенЈурген ван ден Брук (БЕЛ) Лото-Белисол 114
 ван Гардерен, ТиџејТиџеј ван Гардерен (САД) БМЦ Рејсинг Тим 108
 Еванс, КеделКедел Еванс (АВС) БМЦ Рејсинг Тим 100
 Саган, ПетерПетер Саган (СВК) Ликвигас-Канондејл 98
 Зубелдија, АјмарАјмар Зубелдија (ШПА) РадиоШек-Нисан 90
 Пино, ТибоТибо Пино (ФРА) ФДЖ-БигМет 84
Првите десет во индивидуалниот пласман по Тур де Франс[21]
Место Претходно Име Екипа Бодови
1 3  Вигинс, БредлиБредли Вигинс (ВБР) Тим Скај 601
2 1  Родригез, ХоакимХоаким Родригез (ШПА) Тим Катјуша 404
3 4  Нибали, ВинченцоВинченцо Нибали (ИТА) Ликвигас-Канондејл 400
4 2  Бонен, ТомТом Бонен (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ 368
5 5  Саган, ПетерПетер Саган (СВК) Ликвигас-Канондејл 351
6 52  Фрум, КрисКрис Фрум (ВБР) Тим Скај 266
7 6  Санчез, СамуелСамуел Санчез (ШПА) Еускалтел-Еускади 252
8 23  ван ден Брук, ЈургенЈурген ван ден Брук (БЕЛ) Лото-Белисол 237
9 7  Геранс, СајмонСајмон Геранс (АВС) Орика-ГринЕЏ 210
10 15  Валверде, АлехандроАлехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим 201

Награден фонд[уреди]

Вкупно, околу 3,5 милиони евра биле доделени во текот на трката. Првично, секоја екипа добила 51.243 €, додека секоја екипа, која го завршила Тур со најмалку седум возачи добила по 1.600 евра по возач. Победникот на генералниот пласман добил 450.000 евра, со помали награди за секоја понатамошна позиција, сè до 400 евра за последниот возач.[22]

Награди за секој пласман[22]
Поредок 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10. По ден
Jersey yellow.svg Генерален 450.000 € 200.000 € 100.000 € 70.000 € 50.000 € 23.000 € 11.500 € 7.600 € 4.500 € 3.800 € 350
Jersey green.svg Бодовен 25.000 € 15.000 € 10.000 € 4.000 € 3.500 € 3.000 € 2.500 € 2.000 € 300
Jersey polkadot.svg Планински 25.000 € 15.000 € 10.000 € 4.000 € 3.500 € 3.000 € 2.500 € 2.000 € 300
Jersey white.svg Млад 20.000 € 15.000 € 10.000 € 5.000 300
Jersey yellow number.svg Екипен 50.000 € 30.000 € 20.000 € 12.000 € 8.000
Jersey red number.svg Борбен 20.000 €

Победникот на етапата добивал по 8.000 евра на обична етапа и 10.000 евра за хронометар. Парите постепено се намалувале, па така возачот на 20. место добил 200 евра. Првата личност која минела низ средниот спринт добивал по 1.500 евра. Пари исто така се добивале за поминување на категоризираните искачување, за најдобриот млад возач на секоја етапа, најборбениот возач и најдобрата екипа на етапата.[22]

Награди за етапи и други пласмани[22]
Поредок 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10.
Етапа 8.000 € 4.000 € 2.000 € 1.200 € 830 € 780 € 730 € 670 € 650 € 600 €
Среден спринт 1.500 € 1.000 € 500 €
Искачување екстра кат. 800 € 450 € 300 €
Искачување прва кат. 650 € 400 € 150 €
Искачување втора кат. 500 € 250 €
Искачување трета кат. 300 €
Искачување четврта кат. 200 €
Млад 500 €
Борбен 2.000 €
Екипа 2.800 €

Две други специјални награди биле доделени. Првата за преминување на Кол ду Турмале и Кол де ла Кроа де Фер се доделил сувенирот Жак Годе, односно сувенирот Анри Дегранж соодветно. Секоја награда изнесувала 5.000 евра.[22]

Преглед на вкупниот износ на награди добиени по екипа[23]
Место Екипа Износ Поголеми награди
Маички/Награди Етапни победи Првите десет
(или најдобриот надвор од првите 10)
1 Тим Скај 828.840 € Jersey yellow.svg 6 1. & 2.
2 Ликвигас-Канондејл 204.110 € Jersey green.svg 3 3.
3 Лото-Белисол 136.700 € 3 4.
4 БМЦ Рејсинг Тим 134.190 € Jersey white.svg 0 5. & 7.
5 РадиоШек-Нисан 125.950 € Jersey yellow number.svg 1 6.
6 Тим Јуропкар 107.360 € Jersey polkadot.svg
Сувенир Жак Годе
3 8.
7 ФДЖ-БигМет 71.470 € 2 10.
8 Астана 70.490 € Сувенир Анри Дегранж 0 9.
9 Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк 66.690 € Jersey red number.svg 0 14.
10 Орика-ГринЕЏ 39.440 € 0 72.
11 Рабобанк 39.000 € 1 28.
12 Аг2р-Ла Мондијал 27.770 € 0 12.
13 Гармин-Шарп 26.970 € 1 35.
14 Мувистар Тим 25.120 € 1 18.
15 Еускалтел-Еускади 19.830 € 0 17.
16 Омега Парма-Квик Степ 19.370 € 0 27.
17 Кофидис 18.570 € 0 36.
18 Лампре-ИСД 15.700 € 0 24.
19 Тим Катјуша 12.830 € 0 15.
20 Аргос-Шимано 12.590 € 0 103.
21 Сор-Сожасун 11.480 € 0 21.
22 Вакансолел-ДКМ 9.720 € 0 41.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Провинцијата Лиеж ќе биде домаќин на големото тргнување во 2012“. letour.fr. 29 октомври 2010. http://www.letour.fr/2011/TDF/COURSE/us/actus.html#zone164890. конс. 29 октомври 2010. 
  2. 2,0 2,1 „Тур де Франс 2012 стартува во Лиеж“ (на холандски). sporza.be. 29 октомври 2010. http://www.sporza.be/permalink/1.894284. конс. 29 октомври 2010. 
  3. „Le parcours du Tour de France-2012 dévoilé par erreur sur le site d’ASO“. http://www.france-info.com/sport-cyclisme-2011-10-10-le-parcours-du-tour-de-france-2012-devoile-par-erreur-sur-le-site-d-567868-27-526.html. конс. 11 октомври 2011. 
  4. „5 km de chrono en plus“. http://www.eurosport.fr/cyclisme/tour-de-france/2012/5-km-de-chrono-en-plus_sto3177406/story.shtml. конс. 25 мај 2012. 
  5. „Рутата на Тур де Франс 2012 официјална објавена“. http://www.cyclingnews.com/news/2012-tour-de-france-route-officially-presented. конс. 11 октомври 2011. 
  6. Бенсон, Даниел (30 јуни 2012). „Канчелара го освоил прологот на Тур де Франс 2012 во Лиеж“. „Cycling News“. Future Publishing Limited. http://www.cyclingnews.com/tour-de-france/prologue/results. конс. 22 јули 2012. 
  7. Вестемајер, Сузан (7 јули 2012). „Фрум доведе до двоен успех за Скај на Ла Планш де Бел Фил“. „Cycling News“. Future Publishing Limited. http://www.cyclingnews.com/tour-de-france/stage-7/results. конс. 22 јули 2012. 
  8. „Избор на екипи за Тур де Франс 2012“. letour.fr. 6 април 2012. http://www.letour.fr/2012/TDF/COURSE/us/actus.html#zone186563. конс. 6 април 2012. 
  9. Енди Шлек со фрактура на карлицата нема да учествува на Тур де Франс“, „radioshacknissantrek.com“, 13 јуни 2012 (конс. 13 јуни 2012).
  10. Кобо ќе вози на Тур и Вуелта во 2012“, „cyclingnews.com“, 12 јануари 2012 (конс. 14 јуни 2012).
  11. Хесједал на Тур де Франс со мисла за уште победа“, „cyclingnews.com“, 5 јуни 2012 (конс. 14 јуни 2012).
  12. Скарпони спремен да вози на Тур де Франс“, „cyclingnews.com“, 19 јуни 2012 (конс. 23 јуни 2012).
  13. Вигинс можеби сè уште не е на врвот, вели Холм“, „cyclingnews.com“, 13 јуни 2012 (конс. 14 јуни 2012).
  14. Јејтс: Вигинс сè уште не го достигнал врвот“, „cyclingnews.com“, 13 јуни 2012 (конс. 14 јуни 2012).
  15. http://velonews.competitor.com/2012/03/news/tour-de-france-time-trial-distances-increased_207854
  16. „Тур де Франс 2012 – Рутата“. „LeTour.fr“. http://www.letour.fr/2012/TDF/COURSE/us/le_parcours.html. конс. 18 октомври 2011. 
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 Кристијан, Сара (2 јули 2009). „Тур де Франс разоткриен“. RoadCycling.co.nz Ltd. http://www.roadcycling.co.nz/TourdeFrance/tour-de-france-demystified-part-1.html. конс. 29 мај 2012. 
  18. 18,0 18,1 18,2 „Zoom… 2012“. „letour.fr“. Amaury Sport Organisation. 2012. http://www.letour.fr/2012/TDF/COURSE/us/zoom_sur.html. конс. 29 мај 2012. 
  19. „Бодовна скала – Светски ранкинг UCI“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uci.ch/Modules/BUILTIN/getObject.asp?MenuId=MTU2MzU&ObjTypeCode=FILE&type=FILE&id=NDk5MDY&LangId=1. конс. 23 јули 2012. 
  20. „2012 UCI World Ranking Detailed Gained Points“. Меѓународен велосипедистички сојуз. 22 јули 2012. http://www.uciworldtour.com/Modules/BUILTIN/getObject.asp?MenuId=MTYwNzk&ObjTypeCode=FILE&type=FILE&id=NjY0NDQ&LangId=1. конс. 23 јули 2012. 
  21. „Светски ранкинг UCI – 2012“. Меѓународен велосипедистички сојуз. 22 јули 2012. http://www.uciworldtour.com/templates/BUILTIN-NOFRAMES/Template3/layout.asp?MenuId=MTYwNzk&LangId=1. конс. 23 јули 2012. 
  22. 22,0 22,1 22,2 22,3 22,4 „Sporting stakes / rules“. Le Tour. http://www.letour.fr/le-tour/2012/us/sporting-stakes-rules.html. конс. 23 јули 2012. 
  23. Награди на Тур де Франс 2012“, inrng.com, 23 јули 2012 (конс. 23 јули 2012).

Надворешни врски[уреди]