Тур де Свис 2013

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тур де Свис 2013
Светска турнеја UCI 2013, трка 17 од 28
Детали за трката
Датум 8–16 јуни 2013
Етапи 9[1]
Должина 1.284,2 km (798.0 mi)
Време 31ч 08' 11" (25,628 mph/41.244 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Руј Кошта (Португалија) (Мувистар Тим)
Втор  Бауке Молема (Холандија) (Бланко Про Сајклинг)
Трет  Роман Кројцигер (Чешка) (Тим Саксо-Тинкоф)

Бодови  Петер Саган (Словачка) (Канондејл)
Планини  Роберт Вречер (Словенија) (Еускалтел-Еускади)
Спринт  Роберт Вречер (Словенија) (Еускалтел-Еускади)
Екипа Астана
2012
2014

Тур де Свис 2013 било 77. издание на велосипедската етапна трка Тур де Свис. Започнала на 8 јуни со индивидуален хронометар во Квинто и завршила на 16 јуни со уште еден индивидуален хронометар во Флумзерберг; вкупно, трката се состоела од девет етапи. Била седумнаесетта трка во сезоната на Светската турнеја.

Трката била освоена втора година по ред од возачот на Мувистар Тим Руј Кошта,[2] кој ја преземал водечката жолта маичка по освојувањето на последната етапа, хронометарот со 10 километри искачување и цел на нагорнина,[3], надоместувајќи ги 13. секунди разлика од претходниот предводник на трката Матијас Франк од БМЦ Рејсинг Тим.[4] Кошта ја освоил и кралската етапа два дена претходно.[5] Разликата помеѓу Кошта и второпласираниот Бауке Молема од Бланко Про Сајклинг, етапен победник на трката, победувајќи на втората етапа, била шеесет и две секунди,[6] додека подиумот бил заокружен од возачот на Тим Саксо-Тинкоф Роман Кројцигер,[7] осум секунди зад Молема и седумдесет зад Кошта.

Во другите пласмани на трката, возачот на Еускалтел-Еускади Роберт Вречер бил победник на планинскиот и спринтерскиот пласман, откако се нашол во неколку бегства во текот на деветдневната трка.[8] Петер Саган (Канондејл) повторно го освоил бодовниот пласман и бил единствен друг возач кој освоил повеќе етапи на трката. Астана завршила на чело на екипниот пласман,[9] втора година по ред.

Екипи[уреди]

Бидејќи Тур де Свис е настан од Светската турнеја UCI, сите UCI World Tour екипи биле автоматски повикани и биле обврзани да испратат екипа. Првично, осумнаесет UCI World Tour биле поканети на трката, додека две други екипи - ИАМ Сајклинг[10] и Сожасун[11] - добиле специјални покани и со тоа била создадена главната група од 20 екипи. Подоцна, Тим Катјуша го повратила својот ProTour статус по жалбата до Арбитражниот суд за спорт.[12][13] Бидејќи Тим Катјуша не биле првично поканети на трката, организаторите на трката го објавиле нивното вклучување на трката, зголемувајќи го бројот на екипи на дваесет и една.

Дваесет и едната екипа кои настапиле на трката биле:[14]

Помеѓу 167. возачи кои ја започнале трката, секоја екипа имала по осум возачи освен Вакансолел-ДКМ, кои настапиле со седум[14], биле четири поранешни победници на трката. Победникот од 2008 Роман Кројцигер бил предводник на екипата Тим Саксо-Тинкоф,[15] додека победникот од 2009 Фабијан Канчелара имал слична улога за РадиоШек-Леопард.[14] Мувистар Тим имал два поранешни победника на трката помеѓу нивните осумторица; Владимир Карпетс, кој ја освоил трката во 2007, бил еден од помошниците за бранителот на титулата Руј Кошта.[16]

Распоред[уреди]

Етапа Датум Движење Должина Вид Победник
1 8 јуни Квинто до Квинто 8,1 км History.gif индивидуален хронометар  Камерон Мајер (АВС)
2 9 јуни Улрихен до Кран-Монтана 117,2 км Mountainstage.svg Планинска етапа  Бауке Молема (ХОЛ)
3 10 јуни Монтре до Мајринген 204,9 км Mediummountainstage.svg Среднопланинска етапа  Петер Саган (СВК)
4 11 јуни Инерткирхен до Буокс 174,4 км Plainstage.svg Рамна етапа  Арно Демар (ФРА)
5 12 јуни Буокс до Лојгерн 178,4 км Hillystage.svg Ридска етапа  Александер Кристоф (НОР)
6 13 јуни Лојгерн до Мајлен 187,9 км Hillystage.svg Ридска етапа  Грегори Раст (ШВА)
7 14 јуни Мајлен до Ла Пунт 206 км Mountainstage.svg Планинска етапа  Руј Кошта (ПОР)
8 15 јуни Цернец до Бад Рагац 180,5 км Hillystage.svg Ридска етапа  Петер Саган (СВК)
9 16 јуни Бад Рагац до Флумзерберг 26,8 км History.gif Индивидуален хронометар  Руј Кошта (ПОР)

Етапи[уреди]

Етапа 1[уреди]

8 јуни 2013 — Квинто, 8,1 км, индивидуален хронометар (ITT)[17]
Резултат од етапа 1 и генерален пласман по етапа 1
Возач Екипа Време
1  Камерон Мајер (АВС) Jersey yellow.svg Jersey white.svg Орика-ГринЕЏ 9' 39"
2  Ники Терпстра (ХОЛ) Омега Парма-Квик Степ + 10"
3  Хајнрих Хауслер (АВС) ИАМ Сајклинг + 14"
4  Алекс Расмусен (ДАН) Гармин-Шарп + 15"
5  Горка Вердуго (ШПА) Еускалтел-Еускади + 16"
6  Рето Холенштајн (ШВА) ИАМ Сајклинг + 16"
7  Михел Кох (ГЕР) Канондејл + 18"
8  Петер Велитс (СВК) Омега Парма-Квик Степ + 19"
9  Рајдер Хесједал (КАН) Гармин-Шарп + 19"
10  Матео Тосато (ИТА) Тим Саксо-Тинкоф + 19"

Етапа 2[уреди]

9 јуни 2013 — Улрихен до Кран-Монтана, 117,2 км[18]
Резултат од етапа 2
Возач Екипа Време
1  Бауке Молема (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг 2ч 43' 00"
2  Матијас Франк (ШВА) БМЦ Рејсинг Тим + 11"
3  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 11"
4  Рајдер Хесједал (КАН) Гармин-Шарп + 11"
5  Јохан Чоп (ШВА) ИАМ Сајклинг + 11"
6  Даниел Мартин (ИРС) Гармин-Шарп + 11"
7  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Тим Саксо-Тинкоф + 11"
8  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-Мерида + 11"
9  Џовани Висконти (ИТА) Мувистар Тим + 19"
10  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 19"
Генерален пласман по етапа 2
Возач Екипа Време
1  Камерон Мајер (АВС) Жолта маичка Бела маичка Орика-ГринЕЏ 2ч 53' 06"
2  Рајдер Хесједал (КАН) Црвена маичка Гармин-Шарп + 3"
3  Матијас Франк (ШВА) БМЦ Рејсинг Тим + 5"
4  Џовани Висконти (ИТА) Мувистар Тим + 12"
5  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 16"
6  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Тим Саксо-Тинкоф + 28"
7  Морено Мозер (ИТА) Канондејл + 34"
8  Бауке Молема (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 34"
9  Александар Дјаченко (КАЗ) Астана + 35"
10  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 36"

Етапа 3[уреди]

10 јуни 2013 — Монтре до Мајринген, 204,9 км[19]
Резултат од етапа 3
Возач Екипа Време
1  Петер Саган (СВК) Канондејл 4ч 46' 27"
2  Руј Кошта (ПОР) Мувистар Тим и.в.
3  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Тим Саксо-Тинкоф и.в.
4  Матијас Франк (ШВА) БМЦ Рејсинг Тим и.в.
5  Бауке Молема (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 39"
6  Џовани Висконти (ИТА) Мувистар Тим + 46"
7  Даниел Мартин (ИРС) Гармин-Шарп + 46"
8  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 46"
9  Танел Кангерт (ЕСТ) Астана + 46"
10  Жан Кристоф Перо (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 46"
Генерален пласман по етапа 3
Возач Екипа Време
1  Матијас Франк (ШВА) Жолта маичка БМЦ Рејсинг Тим 7ч 39' 38"
2  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Црвена маичка Тим Саксо-Тинкоф + 23"
3  Руј Кошта (ПОР) Мувистар Тим + 35"
4  Џовани Висконти (ИТА) Мувистар Тим + 53"
5  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 57"
6  Бауке Молема (ХОЛ) Бела маичка Бланко Про Сајклинг + 1' 08"
7  Даниел Мартин (ИРС) Гармин-Шарп + 1' 23"
8  Танел Кангерт (ЕСТ) Астана + 1' 26"
9  Жан Кристоф Перо (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 1' 28"
10  Тиџеј ван Гардерен (САД) БМЦ Рејсинг Тим + 1' 39"

Етапа 4[уреди]

11 јуни 2013 — Инерткирхен до Буокс, 174,4 км[20]
Резултат од етапа 4
Возач Екипа Време
1  Арно Демар (ФРА) ФДЖ 4ч 08' 23"
2  Метју Гос (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
3  Тајлер Фарар (САД) Гармин-Шарп и.в.
4  Џон Дегенколб (ГЕР) Аргос-Шимано и.в.
5  Александер Кристоф (НОР) Тим Катјуша и.в.
6  Хајнрих Хауслер (АВС) ИАМ Сајклинг и.в.
7  Петер Саган (СВК) Канондејл и.в.
8  Јенс Дебишер (БЕЛ) Лото-Белисол и.в.
9  Давиде Чимолаи (ИТА) Лампре-Мерида и.в.
10  Јакопо Гварниери (ИТА) Астана и.в.
Генерален пласман по етапа 4
Возач Екипа Време
1  Матијас Франк (ШВА) Жолта маичка БМЦ Рејсинг Тим 11ч 48' 01"
2  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Тим Саксо-Тинкоф + 23"
3  Руј Кошта (ПОР) Мувистар Тим + 35"
4  Џовани Висконти (ИТА) Мувистар Тим + 53"
5  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 57"
6  Бауке Молема (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 1' 08"
7  Даниел Мартин (ИРС) Гармин-Шарп + 1' 23"
8  Танел Кангерт (ЕСТ) Астана + 1' 26"
9  Жан Кристоф Перо (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 1' 28"
10  Тиџеј ван Гардерен (САД) БМЦ Рејсинг Тим + 1' 39"

Етапа 5[уреди]

12 јуни 2013 — Буокс до Лојгерн, 178,4 км[21]
Резултат од етапа 5
Возач Екипа Време
1  Александер Кристоф (НОР) Тим Катјуша 4ч 08' 29"
2  Петер Саган (СВК) Канондејл и.в.
3  Арно Демар (ФРА) Бела маичка ФДЖ и.в.
4  Мати Брешел (ДАН) Тим Саксо-Тинкоф и.в.
5  Хајнрих Хауслер (АВС) ИАМ Сајклинг и.в.
6  Метју Гос (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
7  Давиде Чимолаи (ИТА) Лампре-Мерида и.в.
8  Јакопо Гварниери (ИТА) Астана и.в.
9  Бој ван Попел (ХОЛ) Вакансолел-ДКМ и.в.
10  Дарил Импи (ЈАР) Орика-ГринЕЏ и.в.
Генерален пласман по етапа 5
Возач Екипа Време
1  Матијас Франк (ШВА) Жолта маичка БМЦ Рејсинг Тим 15ч 56' 30"
2  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Тим Саксо-Тинкоф + 23"
3  Руј Кошта (ПОР) Мувистар Тим + 35"
4  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 57"
5  Бауке Молема (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 1' 08"
6  Даниел Мартин (ИРС) Гармин-Шарп + 1' 23"
7  Танел Кангерт (ЕСТ) Астана + 1' 26"
8  Жан Кристоф Перо (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 1' 28"
9  Тиџеј ван Гардерен (САД) БМЦ Рејсинг Тим + 1' 39"
10  Камерон Мајер (АВС) Орика-ГринЕЏ + 1' 42"

Етапа 6[уреди]

13 јуни 2013 — Лојгерн до Мајлен, 187,9 км[22]
Резултат од етапа 6
Возач Екипа Време
1  Грегори Раст (ШВА) РадиоШек-Леопард 4ч 23' 53"
2  Метју Хејман (АВС) Тим Скај + 25"
3  Александар Колобнев (РУС) Тим Катјуша + 25"
4  Берт Грабш (ГЕР) Омега Парма-Квик Степ + 28"
5  Петер Саган (СВК) Бела маичка Канондејл + 10' 43"
6  Џон Дегенколб (ГЕР) Аргос-Шимано + 10' 43"
7  Арно Демар (ФРА) ФДЖ + 10' 43"
8  Бен Свифт (ВБР) Тим Скај + 10' 43"
9  Давиде Чимолаи (ИТА) Лампре-Мерида + 10' 43"
10  Тош ван дер Санде (БЕЛ) Лото-Белисол + 10' 43"
Генерален пласман по етапа 6
Возач Екипа Време
1  Матијас Франк (ШВА) Жолта маичка БМЦ Рејсинг Тим 20ч 31' 06"
2  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Тим Саксо-Тинкоф + 23"
3  Руј Кошта (ПОР) Мувистар Тим + 35"
4  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 57"
5  Бауке Молема (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 1' 08"
6  Даниел Мартин (ИРС) Гармин-Шарп + 1' 23"
7  Танел Кангерт (ЕСТ) Астана + 1' 26"
8  Жан Кристоф Перо (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 1' 28"
9  Тиџеј ван Гардерен (САД) БМЦ Рејсинг Тим + 1' 39"
10  Камерон Мајер (АВС) Орика-ГринЕЏ + 1' 42"

Етапа 7[уреди]

14 јуни 2013 — Мајлен до Ла Пунт, 206 км[23]
Резултат од етапа 7
Возач Екипа Време
1  Руј Кошта (ПОР) Мувистар Тим 5ч 11' 08"
2  Бауке Молема (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг и.в.
3  Тиџеј ван Гардерен (САД) БМЦ Рејсинг Тим и.в.
4  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 9"
5  Камерон Мајер (АВС) Орика-ГринЕЏ + 22"
6  Даниел Мартин (ИРС) Гармин-Шарп + 22"
7  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Тим Саксо-Тинкоф + 22"
8  Симон Шпилак (СЛО) Тим Катјуша + 22"
9  Матијас Франк (ШВА) Жолта маичка БМЦ Рејсинг Тим + 22"
10  Џо Домбровски (САД) Тим Скај + 22"
Генерален пласман по етапа 7
Возач Екипа Време
1  Матијас Франк (ШВА) Жолта маичка БМЦ Рејсинг Тим 25ч 42' 36"
2  Руј Кошта (ПОР) Мувистар Тим + 13"
3  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Тим Саксо-Тинкоф + 23"
4  Тибо Пино (ФРА) Црвена маичка ФДЖ + 44"
5  Бауке Молема (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 46"
6  Тиџеј ван Гардерен (САД) БМЦ Рејсинг Тим + 1' 17"
7  Даниел Мартин (ИРС) Гармин-Шарп + 1' 23"
8  Камерон Мајер (АВС) Орика-ГринЕЏ + 1' 42"
9  Танел Кангерт (ЕСТ) Астана + 1' 43"
10  Симон Шпилак (СЛО) Тим Катјуша + 1' 50"

Етапа 8[уреди]

15 јуни 2013 — Цернец до Бад Рагац, 180,5 км[24]
Резултат од етапа 8
Возач Екипа Време
1  Петер Саган (СВК) Бела маичка Канондејл 4ч 33' 26"
2  Даниеле Бенати (ИТА) Тим Саксо-Тинкоф и.в.
3  Филип Жилбер (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим и.в.
4  Михаел Албасини (ШВА) Орика-ГринЕЏ и.в.
5  Кристоф Риблон (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
6  Мартин Елмигер (ШВА) ИАМ Сајклинг и.в.
7  Петер Велитс (СВК) Омега Парма-Квик Степ и.в.
8  Жилиен Симон (ФРА) Сожасун и.в.
9  Максим Монфор (БЕЛ) РадиоШек-Леопард и.в.
10  Зимон Гешке (ГЕР) Аргос-Шимано и.в.
Генерален пласман по етапа 8
Возач Екипа Време
1  Матијас Франк (ШВА) Жолта маичка БМЦ Рејсинг Тим 30ч 16' 02"
2  Руј Кошта (ПОР) Мувистар Тим + 13"
3  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Тим Саксо-Тинкоф + 23"
4  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 44"
5  Бауке Молема (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 46"
6  Тиџеј ван Гардерен (САД) БМЦ Рејсинг Тим + 1' 17"
7  Даниел Мартин (ИРС) Гармин-Шарп + 1' 23"
8  Танел Кангерт (ЕСТ) Астана + 1' 43"
9  Симон Шпилак (СЛО) Тим Катјуша + 1' 50"
10  Камерон Мајер (АВС) Орика-ГринЕЏ + 2' 09"

Етапа 9[уреди]

16 јуни 2013 — Бад Рагац до Флумзерберг, 26,8 км, индивидуален хронометар (ITT)[25]
Резултат од етапа 9
Возач Екипа Време
1  Руј Кошта (ПОР) Мувистар Тим 51' 56"
2  Танел Кангерт (ЕСТ) Астана + 21"
3  Бауке Молема (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 29"
4  Жан Кристоф Перо (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 42"
5  Андреј Амадор (КРИ) Мувистар Тим + 43"
6  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 55"
7  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Тим Саксо-Тинкоф + 1' 00"
8  Симон Шпилак (СЛО) Тим Катјуша + 1' 05"
9  Јанез Брајкович (СЛО) Астана + 1' 06"
10  Тиџеј ван Гардерен (САД) БМЦ Рејсинг Тим + 1' 19"
Краен генерален пласман
Возач Екипа Време
1  Руј Кошта (ПОР) Жолта маичка Мувистар Тим 31ч 08' 11"
2  Бауке Молема (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 1' 02"
3  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Тим Саксо-Тинкоф + 1' 10"
4  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 1' 26"
5  Матијас Франк (ШВА) БМЦ Рејсинг Тим + 1' 43"
6  Танел Кангерт (ЕСТ) Астана + 1' 51"
7  Тиџеј ван Гардерен (САД) БМЦ Рејсинг Тим + 2' 23"
8  Даниел Мартин (ИРС) Гармин-Шарп + 2' 42"
9  Симон Шпилак (СЛО) Тим Катјуша + 2' 42"
10  Камерон Мајер (АВС) Орика-ГринЕЏ + 3' 44"

Поредок[уреди]

На Тур де Свис 2013 биле доделени четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку завршното време на секој велосипедист на секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка.[26] Овој пласман бил сметан за најважен на Тур де Свис 2013 и победникот на овој пласман бил сметан за победник на трката.

Постоел и планински пласман, кој бил наградуван со црвена маичка.[26] За планинскиот пласман, бодови се добивале на врвот на некое искачување, доколку стигнеш пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија, а повеќе бодови носеле повисоките категории. Постоеле дваесет и едно категоризирано искачување на трката, кои биле поделени на пет различни категории.[26]

Третата маичка го претставувало бодовниот пласман наградуван со црвено-бела маичка.[26] За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку се пласираат на првите места на етапите. На етапите 4, 5, 6 и 8, победата носела 25 бода, второто место 20 бода, третото 16, четвртото 13, петтото 11 и еден бод помалку за секое место подолу, сè до еден бод за 15. место.[26] На сите останати етапи, победата носела 15 бода, второто место носело 12 бода, третото 10 и еден бод помалку за секое место подолу сè до еден бод за 12. место.[26] Бодови за овој пласман можеле да се добијат и на секој од средните спринтови; овие бодови биле доделувани на секој од тројцата најбрзи возачи низ целта и тоа 6 бода за првиот, 3 за вториот и 1 за третиот.[26]

Четвртата маичка го претставувала спринтерскиот пласман, наградуван со сина маичка.[26] За спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршиле на првите три места на средните спринтови во текот на една етапа, со искучок на етапите со индивидуален хронометар.[26] Постоел и екипен пласман, каде се пресметувале времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа на крајот на екипата била онаа со најмало вкупно време.[26]

Етапа Победник Генерален пласман
Жолта маичка
Планински пласман
Црвена маичка
Бодовен пласман
Бела маичка
Спринтерски пласман
Сина маичка
Екипен пласман
1 Камерон Мајер Камерон Мајер недоделена[N 1] Камерон Мајер недоделена[N 1] Омега Парма-Квик Степ
2 Бауке Молема Рајдер Хесједал Енрике Санз ИАМ Сајклинг
3 Петер Саган Матијас Франк Роман Кројцигер Бауке Молема Астана
4 Арно Демар Роберт Вречер Арно Демар
5 Александер Кристоф Петер Саган
6 Грегори Раст Тим Катјуша
7 Руј Кошта Тибо Пино Астана
8 Петер Саган Роберт Вречер Роберт Вречер
9 Руј Кошта Руј Кошта
На крај Руј Кошта Роберт Вречер Петер Саган Роберт Вречер Астана

Забелешки[уреди]

  1. 1,0 1,1 Иако Камерон Мајер ја добил маичката на подиумот во Квинто, немало бодови наменети за овој пласман на етапата.

Наводи[уреди]

  1. „Classement General 9“ (на француски) (PDF). „MATsport Timing“. Onlinehome. 16 јуни 2013. http://www.matsport.fr.php53-23.ord1-1.websitetestlink.com/resultat/TDS/pdf/Etape_09/09_TDS_Gessamt.pdf. конс. 16 јуни 2013. 
  2. Rui II of Switzerland“, „Мувистар Тим“, Movistar, 16 јуни 2013 (конс. 16 јуни 2013).
  3. Јасурек, Крис. „Movistar's Rui Costa Repeats as Tour de Suisse Winner“, „TheEpochTimes.com“, The Epoch Times, 16 јуни 2013 (конс. 16 јуни 2013).
  4. Peter Sagan takes Swiss tour sprint stage“, „The Local“, The Local Europe AB, 16 јуни 2013 (конс. 16 јуни 2013).
  5. Costa crowns brilliant performance“, „Мувистар Тим“, Movistar, 14 јуни 2013 (конс. 16 јуни 2013).
  6. The perfect time trial“, „Бланко Про Сајклинг“, Rabo Wielerploegen BV, 16 јуни 2013 (конс. 16 јуни 2013).
  7. Roman Kreuziger overall third in Tour de Suisse“, „Тим Саксо-Тинкоф“, Riis Cycling, 16 јуни 2013 (конс. 16 јуни 2013).
  8. Izagirre, 11º en la etapa; Antón, 12º en la general“, „Еускалтел-Еускади“, Fundación Euskadi, 16 јуни 2013 (конс. 16 јуни 2013). (на шпански)
  9. Kangert blazes to time trial podium and Astana wins overall team competition at Tour de Suisse“, „Астана“, Abacanto SA, 16 јуни 2013 (конс. 16 јуни 2013).
  10. Wild card for IAM Cycling puts Swiss team on starting line for 2013 Tour de Suisse“, „Тур де Свис“, ongoing GmbH, 6 март 2013 (конс. 1 април 2013).
  11. French team Sojasun awarded wild card for 2013 Tour de Suisse“, „Тур де Свис“, ongoing GmbH, 21 март 2013 (конс. 1 април 2013).
  12. CAS нареди лиценца за Светската турнеја за Катјуша“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 15 февруари 2013 (конс. 30 мај 2013).
  13. UCI потврди 19 WorldTour екипи за 2013“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 18 февруари 2013 (конс. 30 мај 2013).
  14. 14,0 14,1 14,2 „Стартна листа на Тур де Свис 2013“. „Cyclingnews.com“. Future plc. http://www.cyclingnews.com/races/tour-de-suisse-2013/start-list. конс. 16 јуни 2013. 
  15. Preview: Tour de Suisse“, „Тим Саксо-Тинкоф“, Riis Cycling, 7 јуни 2013 (конс. 16 јуни 2013).
  16. Dauphiné and Suisse in the horizon“, „Мувистар Тим“, Movistar, 30 мај 2013 (конс. 16 јуни 2013).
  17. „1. Етапа, Квинто“ (PDF). „Тур де Свис“. ongoing GmbH. http://www.tourdesuisse.ch/fileadmin/user_upload/2013/TDS/Marschtabellen/Marschtabelle_1._Etappe_Quinto_-_Quinto.pdf. конс. 1 април 2013. 
  18. „Classement de l'etape 2“ (на француски) (PDF). „MATsport Timing“. Onlinehome. 9 јуни 2013. http://www.matsport.fr.php53-23.ord1-1.websitetestlink.com/resultat/TDS/pdf/Etape_02/02_TDS_Etappe.pdf. конс. 9 јуни 2013. 
  19. „3. етапа, Монтре до Мајринген“ (PDF). „Тур де Свис“. ongoing GmbH. http://www.tourdesuisse.ch/fileadmin/user_upload/2013/TDS/Marschtabellen/Marschtabelle_3._Etappe_Montreux_-_Meiringen1.pdf. конс. 10 јуни 2013. 
  20. „4. етапа, Инерткирхен до Буокс“ (PDF). „Тур де Свис“. ongoing GmbH. http://www.tourdesuisse.ch/fileadmin/user_upload/2013/TDS/Marschtabellen/Marschtabelle_4._Etappe_Innertkirchen_-_Buochs1_.pdf. конс. 11 јуни 2013. 
  21. „5. етапа, Буокс до Лојгерн“ (PDF). „Тур де Свис“. ongoing GmbH. http://www.tourdesuisse.ch/fileadmin/user_upload/2013/TDS/Marschtabellen/Marschtabelle_5._Etappe_Buochs_-_Leuggern1.pdf. конс. 11 јуни 2013. 
  22. „6. етапа, Лојгерн до Мајлен“ (PDF). „Тур де Свис“. ongoing GmbH. http://www.tourdesuisse.ch/fileadmin/user_upload/2013/TDS/Marschtabellen/Marschtabelle_6._Etappe_Leuggern_-_Meilen1.pdf. конс. 11 јуни 2013. 
  23. „7. етапа, Мајлен до Ла Пунт“ (PDF). „Тур де Свис“. ongoing GmbH. http://www.tourdesuisse.ch/fileadmin/user_upload/2013/TDS/Marschtabellen/Marschtabelle_7.__Etappe_Meilen_-_La_Punt1.pdf. конс. 11 јуни 2013. 
  24. „8. етапа, Цернец до Бад Рагац“ (PDF). „Тур де Свис“. ongoing GmbH. http://www.tourdesuisse.ch/fileadmin/user_upload/2013/TDS/Marschtabellen/Marschtabelle_8._Etappe_Zernez_-_Bad_Ragaz_1.pdf. конс. 1 април 2013. 
  25. „9. етапа, Бад Рагац до Флумзерберг“ (PDF). „Тур де Свис“. ongoing GmbH. http://www.tourdesuisse.ch/fileadmin/user_upload/2013/TDS/Marschtabellen/Marschtabelle_9._Etappe_Bad_Ragaz_-_Flumserberg.pdf. конс. 1 април 2013. 
  26. 26,0 26,1 26,2 26,3 26,4 26,5 26,6 26,7 26,8 26,9 „Тур де Свис 2013: Технички водач“. „VeloRooms.com“. VeloRooms. http://velorooms.com/roadbooks/2013/suisse.pdf. конс. 16 јуни 2013. 

Надворешни врски[уреди]