Силвен Шаванел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Силвен Шаванел
Шаванел на Четири дена Динкерк 2014
Лични податоци
Цело имеСилвен Шаванел Албира
ПрекарШава,[1] Мимоза, Ла Машин
Роден30 јуни 1979(1979-06-30)(44 г.)
Шателро,  Франција
Висина1,80 м[2]
Маса70 кг[2]
Податоци за клубот
Мом. клубТим ТоталЕнержи
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Аматерски клубови
1991–2000
Професионални клубови
2000–2004
2005–2008
2009–2013
2014–2015
2016-
Бонжур
Кофидис
Квик Степ
ИАМ Сајклинг
Директ Енержи
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
Награда за борбеност (2008, 2010)
3 поединечни етапи (2008, 2010)

Етапни трки

Четири дена Динкерк (2002, 2004)
Трка околу Белгија (2004)
Три дена Де Пане (2012, 2013)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2011)
Национален хронометарски првак (2005, 2006, 2008, 2012, 2013, 2014)
Светско првенство во екипен хронометар (2012, 2013)
ГП Западна Франција (2014)
Награда за Брабант (2008)
Дварс дор Вландерен (2008)
Последна промена
25 август 2018

Силвен Шаванел Албира[3] (француски: Sylvain Chavanel Albira; р. 30 јуни 1979) — француски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за професионалната континентална екипа Тим ТоталЕнержи. Неговиот брат Себастјен Шаванел е исто така велосипедист.

Шаванел ја започнал неговата професионална кариера во 2000 со екипата Бонжур на Жан-Рене Бернодо, која станала Бриош Ла Буланжер во 2003. Тој е леворак.[4] Шаванел е силен универзален возач, кој има освојувано спринтови и хронометри и е добар возач на северните класици.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Шаванел е роден во Шателро, франција, иако потеклото на неговото семејство е шпанско. Неговиот прадедо и прабаба биле од Уеска, во регионот Арагон. Неговиот дедо е роден во Барселона и се преселил во Шателро во текот на Шпанската граѓанска војна. Другите членови на семејството сè уште живеат во Арагон.[3] Тоа е шпанската врска, која му го дава двојното презиме на Шаванел, Шаванел-Албира, иако тој го користи само во службени настани.[3] Тој изјавил: „Минатата година [2007], кога Вуелта пристигна во Сарагоса, јас запознав моја братучетка преку преведувач и таа ми даде слика од дедо ми, кога бил млад. И покрај моето потекло, јас едвај да знам збор на шпански - само зборови за пцуење“.[3]

Како дете си играв во градината со модели на велосипедисти. Вели:

Ние бевме прилично големо семејство и сите беа поврзани со велосипедизмот. Се сеќавам дека играв во градината со моите три браќа и сестра со мали фигури, на кои им дававме имиња. Јас обично бев Грег Лемонд, потоа почнав да станувам Мигел Индураин и на крајот Лорен Жалабер. Се сеќавам на акцентот на Лемонд. Го обожавав начинот на кој говореше француски. Сметав дека е добро момче и го сакав неговиот начин на возење.[5]

Шаванел започнал со велосипедизам во училиштето во Шателро, кога имал осум години. Подоцна се откажал за да проба со фудбал, но на крајот се вратил на велосипедизмот.

Повторно започнав со велосипедизам на 12 години и оттогаш се подобрував секоја година. Јас бев кревко мало нешто, недозреан физички. Сè се смени денот, кога го победив мојот постар брат фредерик, во кадетска категорија, иако тој беше подобар од мене во тоа време.[5]

Кариера[уреди | уреди извор]

Започнал со тркање, кога имал 13 години. Освоил 29 трки како ученик и јуниор. Го освоил националното јуниорско првенство во 1997. Неговиот вујко, Филип Раби, поранешен возач во регионот Вандеја, го препорачал на Жан-Рене Бернодо, кој започнал да основа професионална екипа во регионот. Бернодо го видел Шаванел првпат во Монтрево, кога настапил против возачите на јуниорската екипа на Бернодо, Вандеја У.

Бернодо и Шаванел се согласиле тој да помине една година со неговиот клуб, АК Шателро. Помошникот на Бернодо, Тери Брико, му обезбедил тренинг-програма на младиот Шаванел. Потоа Шавенел возел на Тур де л’Авенир во 1999 и во 2000. На 21 година станал професионалец за екипата Бонжур на Бернодо, спонзорирани од синџир на локални весници. Ја освоил првата етапа на Трката Франко-Белж и ја загубил водечката маичка последниот ден. Исто така ја освоил маичката за искачување на Тур де л’Авенир, јасно одвојувајќи се на Пиринеите и возел 217 километри сам на чело на Париз-Тур.

Бернодо изјавил:

Силвен ги има некои од слабостите, кои јас ги имав кога бев млад возач. Тој секогаш вози на чело на групата - мора да го забавиш за негово добро. На негова возраст, животот е прекрасен и се прифаќаат ризици. Но, се запознава себеси и неговите денови на храбри долги осамени возења се намалуваат.[6]

Шаванел го возел првиот Тур де Франс на возраст од 22, завршувајќи 65., подоцна доаѓајќи трет на Тур де л’Авенир, зад Денис Мењшов и Флорен Брард. Во 2002 победил на Четири дена Динкерк и завршил трет на Трката околу Белгија. Подоцна ги овоил двете трки во 2005.

На 25 јули 2008, Шаванел ја освоил 19. етапа на Тур де Франс поминувајќи го Жереми Роа. Тој подвиг и другите резултати на трката помогнале да биде избран како најборбен возач на трката.

На 3 септември 2008 бил втор на хронометарот на Вуелта а Еспања. Неговото возење го донело на второто место во генералниот пласман, две секунди послабо отколку на Американецот, Леви Лајпхајмер. Неговата екипа работела за него следниот ден со цел да добие временски бонус на крајот на етапата. Добиените шест секунди биле доволни за освојување на водечката маичка на 4 септември.

Квик Степ (2009-2013)[уреди | уреди извор]

Шаванел изјавил во 2007 дека имал понуди од странски екипи, но бил обесхрабен да ги прифати нивните понуди поради плаќањата за пензија, кои би оделе надвор од Франција. Во јули 2008 изјавил дека се согласил да премине во екипата Квик Степ во Белгија за 2009. Шаванел изјавил дека ја донел неговата одлука откако возел на класичните трки во Белгија на почетокот на годината.[7] Победил на Дварс дор Вландерен и Наградата Брабант. Изјавил:

Секако дека имав и други можности. Професионално, ова искуство може само да ми донесе добро. Имав шанса да потпишам три години со Аг2р-Ла Мондијал, но имав чувство дека нема доволно да се развивам. Отсекогаш возев во Франција, и во срцете, некое искуство надвор од земјата ќе ми донесе возбуда некое време. Така одлучив да го направам исчекор и да ја прифатам понудата на Патрик Лефевр.[7]

Во текот на Тур де Франс 2010, Шаванел ја преземал жолтата маичка откако нападнал на 10 километри пред целта на втората етапа. По низата падови кои се случиле помеѓу кандидатите за генералниот пласман при спустот кај Спа, трката била неутрализирана за секој возач освен за Шаванел, кој бил единствен бегалец во тоа време. Го наплатил тоа, правејќи доволно разлика за етапна победа и освојување на жолтата маичка од Фабијан Канчелара (Тим Саксо Банк).[8] Следната етапа не била добра за Шаванел откако на двапати му се дупнала гумата на калдрмата, поради што Фабијан Канчелара ја презел жолтата маичка, меѓутоа на првата планинска етапа, Шаванел со рано бегство дошол со познатата победа и ја освоил по вторпат жолтата маичка.

Шаванел настапувајќи на олимпискиот хронометар 2012 во Лондон

На Вуелта а Еспања 2011, Шаванел ја носел црвената маичка на четири етапи. На етапата три, како дел од бегството, завршил втор зад Пабло Ластрас, со што се искачил на второто место во генералниот пласман, 20 секунди зад Ластрас.[9] Меѓутоа, на следната етапа Шавенел завршил само 57 секунди зад етапниот победник, додека Ластрас загубил над 18 минути, со што Шавенел станал новиот водач во генералниот пласман на Вуелта.[10] Ја одржувал оваа предност до етапата 8, кога ја изгубил маичката од Хоаким Родригес.[11]

Во 2012, Шаванел победил на Три дена Де Пане и на француското национално хронометарско првенство по четврти пат.

Во 2013, по силните настапи на Тур де Сан Луис и Волта ао Алгарве, Шаванел ја освоил шестата етапа на Париз-Ница,[12] преземајќи го бодовниот пласман на трката. Шаванел исто така го освоил генералниот пласман на Три дена Де Пане втора година по ред, освојувајќи ја завршната хронометарска етапа.[13]

По пет години со Омега Парма-Квик Степ,[14] Шаванел ја напушти екипата на крајот на сезоната 2013 и се приклучил на ИАМ Сајклинг за сезоната 2014.[15]

ИАМ (2014–2015)[уреди | уреди извор]

По освојувањето на националното хронометарско првенство, Шаванел учествувал и победил на Тур ду Поату-Шарент благодарение на одличниот резултат на хронометарот на четвртата етапа.[16] Неколку денови подоцна, Шаванел победил на трката ГП Западна Франција во спринт на мала група пред Артур Вишо.[17]

Директ Енержи (2016-)[уреди | уреди извор]

Во септември 2015 година, екипата Директ Енержи објавиле дека Шаванел ќе им се приклучи за сезоната 2016.[18] Во 2018 година, Шаванел учествувал на Тур де Франс по 18. пат со што поставил рекорд пред Стјуарт О’Грејди и Јенс Фогт за најмногу учества на Тур де Франс и ја добил наградата за борбеност на втората етапа. На 26 јули 2018 година, Шаванел ја завршил осумнаесеттата етапа на Тур де Франс и со тоа го срушил рекордот за најмногу завршени етапи на Тур де Франс, рушејќи го рекордот на Јоп Зутемелк од 365. 3 дена подоцна, го израмнил рекордот на Зутемелк за завршување 16 пати на Тур де Франс.[19][20] На последниот ден на трката, 29 јули, објавил дека ќе се повлече по Тур де Венде на 6 октомври 2018 година.[21]

Прекар[уреди | уреди извор]

Шаванел е познат како Шава,[1] Мимоза или Мимо, по француски филмски лик кога го имитира.[5] Во фламанските медиуми во Белгија, тој е често именуван 'Ла Машин' за неговата енергија и одлучност.[22][23]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2001
6. Краен пласман Тур де Пикарди
2002
1. Краен пласман Четири дена Динкерк
1. Трофе де Гримпер
2. Краен пласман Тур ду Поату Шарент ет де ла Виен
3. Краен пласман Трка околу Белгија
2003
1. Краен пласман Тур ду Хаут Вар
1. Етапа 4 Сиркут Сарт ет По де ла Лоара
2. Тур ду Поату Шарент ет де ла Виен
2. А травер ле Морбијан
3. Краен пласман Средоземна трка
2004
1. Краен пласман Трка околу Белгија
1. Краен пласман Четири дена Динкерк
1. Краен пласман Тур ду Поату Шарент ет де ла Виен
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Полинорманд
2005
1. Национално хронометарско првенство
1. Краен пласман Тур ду Поату Шарент ет де ла Виен
1. Краен пласман Сиркут Сарт ет По де ла Лоара
1. Етапа 5
1. Дуо Норманд (со Тери Маришал)
9. Краен пласман Трка околу Полска
2006
1. Национално хронометарско првенство
1. Тур ду Поату Шарент ет де ла Виен
7. Краен пласман Париз-Корез
2007
3. Краен пласман Трофе де Гримпер
4. Краен пласман Критериум Интернационал
10. Краен пласман Критериум ду Дофине Либере
16. Краен пламан Вуелта а Еспања
2008
1. Национално хронометарско првенство
Тур де Франс
1. Етапа 19
Награда за борбеност
1. Дварс дор Вландерен
1. Награда за Брабант
1. Етапа 7 Париз-Ница
1. Етапа 5 Средоземна трка
1. Етапа 4 Волта а Каталуња
2. Краен пласман Волта ао Алгарве
2009
2. Краен пласман Енеко Тур
1. Пролог
2. Краен пласман Волта ао Алгарве
2. Етапа 4
3. Краен пласман Париз-Ница
1. Бодовен пласман
1. Етапа 3
5. Е3 Харелбеке
7. Дварс дор Вландерен
8. Париз-Рубе
9. Курне-Брисел-Курне
2010
1. Етапа 2 Тур де Франс
1. Етапа 7 Тур де Франс
Награда за борбеност на етапата 2
Награда за борбеност
2011
1. Национално друмско првенство
2. Трка околу Фландрија
4. Краен пласман Три дена Де Пане
2012
1. Светско првенство во екипен хронометар
1. Национално хронометарско првенство
1. Краен пласман Три дена Де Пане
1. Етапа 3b (ITT)
2. Краен пласман Енеко Тур
2. Дварс дор Вландерен
2. Хроно де Насионс
8. Краен пласман Париз-Ница
10. Трка околу Фландрија
2013
1. Светско првенство во екипен хронометар
1. Национално хронометарско првенство
1. Краен пласман Три дена Де Пане
1. Етапа 3b (ITT)
2. Национално друмско првенство
3. Хроно де Насионс
4. Милано-Санремо
4. Брабант Пејл
5. Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 6
1. Бодовен пласман
6. Краен пласман Енеко Тур
1. Етапа 5 (ITT)
6. Е3 Харелбеке
7. Омлоп Хет Ниувсблад
8. Гран при де Валони
2014
1. Национално хронометарско првенство
1. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент
1. Етапа 4 (ITT)
1. ГП Западна Франција
1. Хроно де Насионс
2. Краен пласман Четири дена Динкерк
1. Етапа 3
3. Краен пласман Трка околу Белгија
5. Дварс дор Вландерен
7. Краен пласман Средоземна трка
7. Краен пласман Трка околу Британија
2015
1. Национални велодромски првенства - поединечна потера
Национални друмски првенства
3. Хронометар
3. Друмска трка
9. Краен пласман Вуелта а Андалусија
2016
1. Европски велодромски првенства - екипна потера
1. Национално велодромски првенства - поединечна потера
Светски велодромски куп
1. Поединечна потера (Глазгов)
2. Екипна потера (Глазгов)
1. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант
1. Етапа 4 (ITT)
4. Краен пласман Етоал де Бесеже
1. Етапа 3
5. Краен пласман Три дена Де Пане
2017
4. Национално хронометарско првенство
4. Краен пласман Три дена Де Пане
5. Краен пласман Четири дена Динкерк
1. Етапа 4
5. Краен пласман Етоал де Бесеж
9. Трка околу Фландрија
9. Тро-Бро Леон
Награда за борбеност на етапа 16 на Тур де Франс
2018
6. Париз-Шони
Награда за борбеност на етапа 2 на Тур де Франс

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Џиро 36
Тур 65 36 37 30 58 45 СО 61 19 31 61 СО 31 34 54 43 25 39
Вуелта 16 СО 27 47

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Силвен Шаванел“. Омега Парма-Квик Степ. Decolef. Архивирано од изворникот на 2012-01-20. Посетено на 20 јуни 2013.
  2. 2,0 2,1 „Профил на Силвен Шаванел“.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Procycling, ноември 2008
  4. „Шаванел потпишува“. Velonews.competitor.com. 28 март 2012. Архивирано од изворникот на 2014-01-04. Посетено на 2012-08-18.
  5. 5,0 5,1 5,2 Procycling, февруари 2003
  6. Tour de France Official Guide, 2002
  7. 7,0 7,1 Chavanel part chez Quick Step, L'Équipe, France, 27 јули 2008
  8. „Силвен Шавенел освои етапа и го презема водството на Тур де Франс“. BBC Sport. BBC © 2012. 5 јули 2010. Посетено на 28 ноември 2012.
  9. „Резултати на Вуелта а Еспања 2011, етапа 3“. Velonews.competitor.com. 23 август 2011. Архивирано од изворникот на 2011-09-19. Посетено на 23 октомври 2012.
  10. „« Chavanel leader at Vuelta »“. Архивирано од изворникот на 2011-09-30. Посетено на 2012-08-18.
  11. „Хоаким Родригес ја освои осмата етапа, води на Вуелта а Еспања 2011“. Velonews.competitor.com. 27 август 2011. Посетено на 23 октомври 2012.
  12. Сајмкокс, Џонатан (9 март 2013). „Шаванел го освои спринтот во Ница“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Посетено на 29 март 2013.
  13. Вин, Најџел (28 март 2013). „Силвен Шаванел победи на Три дена Де Пане“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 29 март 2013.
  14. „Омега Парма-Квик-Степ Сајклинг Тим (OPQ) – BEL“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Посетено на 9 јануари 2013.
  15. „Шаванел и Франк меѓу трансферите во ИАМ Сајклинг“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 22 август 2013. Архивирано од изворникот на 2015-10-23. Посетено на 23 август 2013.
  16. „Шаванел победи на Тур ду Поату-Шарент“. Cyclingnews.com. Future plc. 29 август 2014. Посетено на 30 август 2014.
  17. „Шаванел победи на ГП Западна Франција-Плуе“. Cyclingnews.com. Future plc. 31 август 2014. Посетено на 31 август 2014.
  18. „Bernaudeau announces Direct Energie as new sponsor“. Cyclingnews.com. 16 септември 2015. Посетено на 24 септември 2015.
  19. „Tour de France: Chavanel earns Zwift Rider of the Day“. www.cyclingnews.com. 8 јули 2018.
  20. „Tour de France: Peter Sagan wins crash-marred stage 2 and takes yellow jersey“. www.cyclingnews.com. 8 јули 2018.
  21. „Sylvain Chavanel annonce sa retraite“ (француски). L'Équipe. 29 јули 2018. Посетено на 2 август 2018.
  22. „Chavanel pakt eindzege Driedaagse na winst in tijdrit“. HLN.be. Посетено на 23 октомври 2012.
  23. Donderdag 29 maart 2012 Om 03u00 Door Hugo Coorevits. „Chavanel: 'Ik ken mijn plaats: ónder Tom Boonen' – Sportwereld“. Nieuwsblad.be. Посетено на 23 октомври 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]