Артур Вишо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Артур Вишо

Артур Вишо на Критериум ду Дофине 2012
Лични податоци
Цело име Артур Вишо
Роден 26 ноември 1988 (1988-11-26) (25 г.)
Коломбие-Фонтен, Франција
Висина 1,83 м
Маса 70 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб FDJ.fr
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Аматерски клубови
2008–2009 ЦР4Ц Роан
Професионални клубови
2010– Франсе де Жу
Последна промена
16 март 2014

Артур Вишо (француски: Arthur Vichot; р. 26 ноември 1988 во Коломбје-Фонтен) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата FDJ.fr.[1] Тој е внук на Фредерик Вишо, кој освоил етапи на Тур де Франс во 1984 и 1985.

Професионална кариера[уреди]

Постои традиција на Тур Даун Андер обожавателите да изберат еден непознат возач и да му обрнуваат внимание како на светска ѕвезда, со пратење по хотели и испишувајќи го неговото име на патот. Возачот мора да биде странец од земјите надвор од англиското говорно подрачје, кој најверојатно нема да добие старт на некоја голема трка и едноставно ова за него ќе претставува вистински почеток на кариерата. Во 2010, на неговата прва професионална трка, бил избран Артур Вишо.

Вишо во текот на хронометарот на Тур де Романди 2010.

Ја започнал сезоната 2011 со освојување на петтото место на Гран при д’Увертур ла Марселеза. Следниот месец заминал на победа во Букл ду Суд Ардеш и бил избран да вози на Париз-Ница.[2] Го следела лоша среќа на трката и доживеал силен пад, спречувајќи го од настап на арденските класици. Бил избран да вози за екипата на Тур де Франс 2011.[3] Ја завршил трката како 104. откако ја одиграл улогата како помошник. Во септември постигнал соло победа близу неговиот дом на Тур ду Дуа.[4] Исто така завршил во првите десет на Гранд при Монтреал, завршувајќи како осми.[5]

Во 2012, Вишо ја остварил најголемата победа во неговата кариера на петтата етапа на Критериум ду Дофине, планинска етапа која ги водела возачите низ Кол де ла Коломбјер. Бил дел од бегството кое се создало на почетокот на трката и опстојало до крајот. На 6 километри пред крајот, Вишо се оддалечил од останатите во водечката група, заработувајќи ја својата прва победа.[6]

Во 2013, Вишо го освоил националното друмско првенство, а со тоа го добил правото да ја носи трибојната маичка на Тур де Франс.

Достигнувања[уреди]

2010
1. Етапа 2 Париз-Корез
2011
1. Ле Букл ди Сид Ардеш
1. Тур ду Ду
8. Гран при Монтреал
2012
1. Етапа 5 Критериум ду Дофине
2. Ле Букл ди Сид Ардеш
3. Гран при д’Увертир ла Марселеза
2013
1. MaillotFra.PNG Национално друмско првенство
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур ду Хаут Вар
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
2. Гран при Квебек
4. Гран при де Плимелек-Морбијан
9. Краен пласман Етоал де Бесеже
10. Медитеранска трка
2014
3. Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 8
5. Краен пласман Етоал де Бесеже
5. Гран при д’Увертир ла Марселеза

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро
Jersey yellow.svg Тур 103 94 66
Jersey red.svg Вуелта СО

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. „FDJ.fr (FDJ) — ФРА“. „Светска турнеја UCI“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://62.50.72.82/UCIBWS/(S(33nydlsckz0kkk4e1kaa2grw))/Teams/detail/en/ROA/2996. конс. 2 јануари 2014. 
  2. „Vichot : « La physionomie parfaite pour moi »“ (на француски). „velochrono.fr“. http://www.velochrono.fr/actu/2011/vichot-la-physionomie-parfaite-pour-moi/. конс. 28 април 2011. 
  3. „La FDJ sans Pierrick Fédrigo“ (на француски). „cyclismactu.net“. http://www.cyclismactu.net/news-tour-de-france-2011_la-fdj-sans-pierrick-fedrigo-16596.html. конс. 26 јуни 2011. 
  4. „Vichot à domicile“ (на француски). „lequipe.fr“. http://www.lequipe.fr/Cyclisme/breves2011/20110904_165057_vichot-a-domicile.html. конс. 4 септември 2011. 
  5. Фратини, Кирстен. „Кошта победа на ГП Монтреал“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 11 септември 2011 (конс. 11 септември 2011).
  6. Вигинс ја задржа жолтата маичка на Дофине додека Вишо дојде до победа на етапата пет“, „MailOnline“, Associated Newspapers Ltd, 8 јуни 2012 (конс. 22 октомври 2012).

Надворешни врски[уреди]