Генерален пласман на Џиро д’Италија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Розева маичка
Maglia rosa.jpg
Детали за наградата
Спорт Друмски велосипедизам
Натпреварување Џиро д’Италија
Доделена за Победник во генералниот пласман
Локално име Maglia Rosa (италијански)
Историја
Прва награда 1909 (првата розева маичка во 1931)
Изданија 92
Прв победник  Лујџи Гана (ИТА)
Најмногу победи

 Алфредо Бинда (ИТА)
 Фаусто Копи (ИТА)
 Еди Меркс (БЕЛ)

5 пати
Најнов победник  Винченцо Нибали (ИТА)


Генералниот пласман на Џиро д’Италија е најважниот пласман на Џиро д’Италија, што го одредува крајниот победник. Затоа се смета за поважен отколку другите пласмани како бодовниот или планинскиот пласман.

Од 1931, на предводникот во генералниот пласман му се доделува розева маичка (италијански: maglia rosa).[1]

На првите изданија на Џиро д’Италија се користел бодовниот систем за пресметка на генералниот пласман, но од 1914 се користи временскиот систем. Сите етапни резултати се собираат заедно, земајќи ги во предвид временските бонуси за високите завршници и средните спринтови и временските казни за прекршување на правилата.

Розевата боја била избрана поради весникот La Gazzetta dello Sport, спортскиот весник кој го создал Џиро, кој се издавал на розева хартија. За според, предводникот на генералниот пласман на Тур де Франс е наградуван со жолта маичка, која првично потекнува од жолтата боја на весникот L'Auto, весник кој го создал Тур де Франс.

Наводи[уреди]

  1. Фаранд, Стивен (27 април 2013). „Џиро д’Италија 2013: Галерија на историските розеви маички“. „Cycling news“. Future Publishing Limited. http://www.cyclingnews.com/news/giro-ditalia-2013-a-gallery-of-historic-pink-jerseys. конс. 27 април 2013.