Е3 Харелбеке 2013

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Е3 Харелбеке 2013
Светска турнеја UCI 2013, трка 6 од 29
Детали за трката
Датум 22 март 2013
Должина 211 km (131.1 mi)
Време 5ч 08' 28" (25,5 mph/41.0 км/ч

)

Добитници на наградите
Победник  Фабијан Канчелара (Швајцарија) (РадиоШек-Леопард)
Втор  Петер Саган (Словачка) (Канондејл)
Трет  Даниел Ос (Италија) (БМЦ Рејсинг Тим)
2012
2014

Е3 Харелбеке 2013 било 56. издание на еднодневната велосипедска трка Е3 Харелбеке. Била одржана на 22 март 2013 на растојание од 211 километри и била шеста трка во сезоната на Светската турнеја.

Трката била освоена по трет пат од возачот на РадиоШек-Леопард Фабијан Канчелара,[1] откако направил соло напад на околу 35 километри пред целта.[2] Второпласиран бил Петер Саган од екипата Канондејл, додека третото место му припаднало на возачот на БМЦ Рејсинг Тим Даниел Ос; обајцата возачи завршиле 64 секунди зад Канчелара.

Екипи[уреди]

Бидејќи Е3 Харелбеке е настан од Светската турнеја UCI, сите UCI World Tour биле поканети автоматски и се обврзани да испратат своја екипа. Првично, осумнаесет UCI World Tour биле поканети, како и шест други екипи со специјални екипи и со тоа била создадена групата од 24 екипи. Подоцна, Тим Катјуша го поврати својот World Tour статус по жалбата на Арбитражниот суд за спорт.[3][4] Бидејќи Тим Катјуша не била првично поканета на трката, организаторите на трката го објавиле нивното приклучување на трката, со што се зголемил вкупниот број на екипи на 25. Секоја од 25. екипи имала по осум возачи на трката, вкупно 200 возачи на трката.

Екипи кои настапиле на трката биле:[5]

Резултати[уреди]

Велосипедист Екипа Време
1  Фабијан Канчелара (ШВА) РадиоШек-Леопард 5ч 08' 28"
2  Петер Саган (СВК) Канондејл + 1' 04"
3  Даниел Ос (ИТА) БМЦ Рејсинг Тим + 1' 04"
4  Герант Томас (ВБР) Тим Скај + 1' 04"
5  Себастијан Лангевелд (ХОЛ) Орика-ГринЕЏ + 1' 08"
6  Силвен Шаванел (ФРА) Омега Парма-Квик Степ + 1' 08"
7  Том Бонен (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 2' 15"
8  Лука Паолини (ИТА) Тим Катјуша + 2' 15"
9  Едвалд Боасон Хаген (НОР) Тим Скај + 2' 15"
10  Себастјен Тиржо (ФРА) Тим Јуропкар + 2' 15"

Наводи[уреди]

  1. Канчелара победи на Е3 Харелбеке 2013“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 22 март 2013 (конс. 22 март 2013).
  2. Канчелара победи на Е3 Харелбеке по долг соло напад“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 22 март 2013 (конс. 22 март 2013).
  3. CAS нареди доделување World Tour лиценца за Катјуша“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 15 февруари 2013 (конс. 22 март 2013).
  4. UCI потврди 19 World Tour екипи за 2013“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 18 февруари 2013 (конс. 22 март 2013).
  5. „Стартна листа за Е3 Харелбеке 2013“. „Cycling News“. Future Publishing Limited. http://www.cyclingnews.com/races/e3-harelbeke-2013/start-list. конс. 22 март 2013. 

Надворешни врски[уреди]