Трка околу Фландрија 2012

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трка околу Фландрија 2012
Светска турнеја на UCI 2012, трка 8 од 28
Том Бонен и Филипо Поцато на третото искачување на Ауде Куаремон
Детали за трката
Date 1 април 2012
Растојание 256,9 км
Време 6ч 04' 28" ( км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Том Бонен (БЕЛ) (Омега Парма-Квик Степ)
Втор  Филипо Поцато (ИТА) (Фарнезе Вини-Селе Италија)
Трет  Алесандро Балан (ИТА) (Аксент.џобс-Вилемс Веранда)
2011
2013

Трката околу Фландрија 2012 било 96. издание на овој еднодневен монументален класик, кој се одржал на 1 април. Растојанието било 256,9 километри, помеѓу Брухе и Ауденарде[1] и била осма трка во сезоната 2012 во Светската турнеја.

Трката била решена со спринт од тројца велосипедисти во самата завршница, каде победил возачот на Омега Парма-Квик Степ Том Бонен,[2] кој со тоа, станал петти возач, кој успеал да победи на трката трипати,[3] и го презел водството во генералниот пласман во Светската турнеја.[4] Бонен завршил пред возачот на Фарнезе Вини-Селе Италија Филипо Поцато и победникот од 2007 Алесандро Балан од Аксент.џобс-Вилемс Веранда, кој го комплетирал подиумот.[5]

Промена на рутата[уреди | уреди извор]

Мур ван Герардсберген не се искачувал во 2012

Рутата на класикот била променета драстично. Целта била променета од Мербеке во Ауденарде, како последица на промената на патеката на класикот. Познати ридови како што се Мур ван Герардсберген и Босберг биле две искачувања, кои биле присутни во скоро секое издание на трката од 1975, но сега биле повлечени од патеката. Нови крајни искачувања биле Ауде Куаремон и Патерберг, обете биле искачувани по третпат. Исто така во патеката ќе биде вклучен и неславниот Копенберг (искачуван по првиот премин на Ауде Куаремон и Патерберг), Стенбекдрис и Клуисберг.

Победникот во 2010 Фабијан Канчелара изјавил во белгиската телевизиска емисија 'De Laatste Show' дека ја сака новата завршница на Трката. Тој вели дека не го сакал мртвиот момент од Тенбосе до Мур на старата рута и исто така рамниот дел по последното искачување (Босберг) до целта.[6] Додека Канчелара ја сака новата патека, некои возачи изразиле негативни мислења за новата рута. Двократниот победник Стајн Дефолдер изјавил дека: „Ова не е повеќе Трка околу Фландрија“.[7] Поранешниот белгиски велосипедист и трикратниот победник Јохан Музеув изјавил дека можеби патеката е направена претешка: „Трипати искачување на Ауде Куаремон и Патерберг може да те разнесат. Патеката не треба да биде направена потешка“.

Многу велосипедски обожаватели (и особено белгиските) исто така изразиле загриженост за промените на патеката и мислат дека промените се направените само поради комерцијални причини. Особено повлекување на „Мур“ не е добро прифатено од обожавателите и сакаат „повлекување на Поџио ди Санремо од завршницата на Милано-Санремо.[8] „Мур“ е вклучен во првото издание во Светската турнеја на Е3 Харелбеке.[9]

Ридови во изданието 2012[уреди | уреди извор]

1 Нокереберг 7 Валкенберг 13 Ауде Куаремон
2 Тајенберг 8 Ауде Куаремон 14 Патерберг
3 Ајкенберг 9 Патерберг 15 Хогберг-Хотон
4 Моленберг 10 Копенберг 16 Ауде Куаремон
5 Рекелберг 11 Стенбекдрис 17 Патерберг
6 Берендрис 11 Ниве Круисберг

Екипи[уреди | уреди извор]

18 UCI ProTour екипи биле автоматски повикани да учествуваат во трката, додека дополнително биле повикани шест екипи, кои добиле покани на 16 јануари 2012:[10]

18 ProTour екипи:

Екипи со дополнителна екипа:

Алесандро Балан завршил трет зад Том Бонен и Филипо Поцато.

Преглед од трката[уреди | уреди извор]

Два главни фаворити биле именувани пред трката, Том Бонен (победник во 2005 и 2006) и Фабијан Канчелара (победник во 2010), со аутсајдери, како што се Мати Брешел, Силвен Шаванел, Петер Саган, Филипо Поцато и Сеп Ванмарке.[11]

Група на 15 возачи, вклучувајќи ги меѓу другите Тајлер Фарар, Пабло Ластрас и Мартен Тјалинги, направиле рано бегство, но поради големината на групата, тие не успеале да добијат повеќе од пет минути предност пред главната група.

Во групата, првите напади дошле во текот на искачувањето на Ауде Куаремон, по околу 180 километри, отстранувајќи некои од послабите возачи, но сè уште голема група останала да вози напред. Но првиот голем настан се случил некои 10 километри подоцна, кога фаворитот Фабијан Канчелара доживеал несреќа на трката, кршејќи ја неговата клучна коска на четири места.

На почетокот на второто искачување на Патерберг, некои возачи паднале во првиот дел на групата, дозволувајќи и на избрана група возачи да добијат предност пред другите. Оваа елитна група, која се состоела од Том Бонен, Ники Терпстра, Силвен Шаванел, Петер Саган, Сеп Ванмарке, Филипо Поцато, Алесандро Балан, Лука Паолини и Винсент Жером, се тркале зад групата во бегство и на некоја точка имале шанса да се борат за победа. Меѓутоа, возачите ја прекинале соработката и во главната група Тим Скај ја презел иницијативата и се обиделе да го пробијат Едвалд Боасон Хаген во водечката група, во што и успеале на третото искачување на Ауде Куаремон. Во текот на ова искачување, Алесандро Балан се одвоил од другите, единствено следен од дуото Филипо Поцато и Том Бонен.

Балан, Бонен и Поцато заедно се искачиле на последното искачување на Патерберг и и покрај бројните обиди од Балан да се оттргне од другите двајца, тројцата возачи спринтале за победи. Во Ауденарде, Бонен го отспринтал Поцато за една должина на тркалото на линијата, додека Балан завршил трети. Група од 43 возачи завршиле во рамките на една минута зад лидерие, Грег ван Авермат го зазел четвртото место и го потиснал Петер Саган на петтото место. Со Ники Терпстра и Силвен Шаванел исто така во првите десет, заедно со победникот Бонен, Омега Парма-Квик Степ била далеку најсилната екипа на трката.[12]

Поредок[уреди | уреди извор]

[13]

Возач Екипа Време Светска турнеја на UCI
Бодови
1  Том Бонен (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ 6ч 04' 28" 100
2  Филипо Поцато (ИТА) Фарнезе Вини-Селе Италија и.в.
3  Алесандро Балан (ИТА) Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 1" 70
4  Грег ван Авермат (БЕЛ) Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 38" 60
5  Петер Саган (СВК) Ликвигас-Канондејл + 38" 50
6  Ники Терпстра (ХОЛ) Омега Парма-Квик Степ + 38" 40
7  Лука Паолини (ИТА) Катјуша + 38" 30
8  Тома Веклер (ФРА) Тим Јуропкар + 38"
9  Мати Брешел (ДАН) Рабобанк + 38" 10
10  Силвен Шаванел (ФРА) Омега Парма-Квик Степ + 38" 4

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Oudenaarde nieuwe aankomstplaats“. Архивирано од изворникот на 2012-04-25. Посетено на 31 март 2012.
  2. Вокер, Ли (1 април 2012). „Брилијантниот Бонен победи во Фландрија“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Посетено на 2 април 2012.
  3. „Том Бонен ги отспринта Италијанците за трета победа на Трката околу Фландрија“. The Guardian. Guardian Media Group. Ројтерс. 1 април 2012. Посетено на 2 април 2012.
  4. „Бонен ја прави историјата (повторно) со третата победа на Трката околу Фландрија“. UCI.ch. Union Cycliste Internationale. 1 април 2012. Посетено на 2 април 2012.
  5. Декалуве, Брехт (1 април 2012). „Бонен победил на Трката околу Фландрија 2012“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 2 април 2012.
  6. „Фабијан Канчелара во „De laatste show". Посетено на 31 март 2012.
  7. „Белгијците ја погребаа Трка околу Фландрија“. Посетено на 31 март 2012.
  8. „Belgians "Muur" verdwijnt uit Ronde van Vlaanderen“. Посетено на 31 март 2012.
  9. „Belgians E3 Prijs voert in 2012 over Muur van Geraardsbergen“. Посетено на 31 март 2012.
  10. „Ronde van Vlaanderen deelt zes wildcards uit“ (холандски). Посетено на 16 јануари 2012.
  11. „Еднодневниот класик Трка околу Фландрија 2012 - Преглед“. sportsnews.com.au. 2 април 2012. Посетено на 28 март 2012.
  12. „Трката околу Фландрија во шест клучни моменти“. Sporza.be. 1 април 2012. Посетено на 2 април 2012.
  13. „Резултати Ronde van Vlaanderen / Tour des Flandres“. Union Cycliste Internationale. Infostrada Sports. 1 април 2012. Посетено на 2 април 2012.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]