Амстел Голд Рејс 2012

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Амстел Голд Рејс 2012
Светска турнеја UCI 2012, трка 11 од 28
Детали за трката
Датум 15 април 2012
Должина 256,5 km (159.4 mi)
Време 6ч 32' 35" (24.358 mph/39,200 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Енрико Гаспарото (Италија) (Астана)
Втор  Јеле Ванендерт (Белгија) (Лото-Белисол)
Трет  Петер Саган (Словачка) (Ликвигас-Канондејл)
2011
2013

Амстел Голд Рејс 2012 било 47. издание на Амстел Голд Рејс, еднодневна велосипедска трка. Била одржана на 15 април 2012 на растојание од 256,5 километри и била единаесетта трка од сезоната во Светската турнеја.

Трката била освоена од возачот на Астана Енрико Гаспарото, откако ги отспринтал неговите конкуренти на завршницата на Кауберг; тоа било негова прва победа на класик,[1] и прва победа на италијански возач во еднодневен класик, откако победил Дамијано Кунего на Џиро ди Ломбардија 2008.[2] Второто место му припаднало на Јеле Ванендерт од Лото-Белисол,[3] додека Петер Саган од екипата Ликвигас-Канондејл завршил на третото место.[4] Двократниот победник на трката Филип Жилбер (БМЦ Рејсинг Тим) завршил во исто време како Саган, но се пласирал на шестото место.[5]

Екипи[уреди]

Бидејќи Амстел Голд Рејс е настан од Светската турнеја UCI, сите 18 UCI ProTeam екипе биле повикани автоматски и се обврзани да испратат своја екипа. Шест други екипи биле повикани дополнително да учествуваат во трката,[6][7][8] и така се создала главната група составена од 24 екипи.

Екипите, кои се натпреварувале на трката биле:[9]

Резултати[уреди]

[10]

Возач Екипа Време Светска турнеја
Бодови
1  Енрико Гаспарото (ИТА) Астана 6ч 32' 35" 80
2  Јеле Ванендерт (БЕЛ) Лото-Белисол и.в. 60
3  Петер Саган (СВК) Ликвигас-Канондејл + 2" 50
4  Оскар Фреир (ШПА) Тим Катјуша + 2" 40
5  Тома Веклер (ФРА) Тим Јуропкар + 2"
6  Филип Жилбер (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим + 2" 22
7  Самуел Санчез (ШПА) Еускалтел-Еускади + 2" 14
8  Фабијан Вегман (ГЕР) Гармин-Баракуда + 4" 10
9  Риналдо Ночентини (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 4" 6
10  Бауке Молема (ХОЛ) Рабобанк + 4" 2

Наводи[уреди]

  1. Гаспарото ги изненадил фаворитите на Амстел Голд Рејс“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 15 април 2012 (конс. 15 април 2012).
  2. Италијанецот Енрико Гаспарото победи на Амстел Голд Рејс“, „Google News“, Google Inc., 15 април 2012 (конс. 15 април 2012).
  3. Вин, Најџел. „Гаспарото победи на Амстел Голд“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 15 април 2012 (конс. 15 април 2012).
  4. Аткинс, Бен. „Енрико Гаспарото земал неверојатна победа на Амстел Голд Рејс“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 15 април 2012 (конс. 15 април 2012).
  5. Гаспарото победи на Амстел“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 15 април 2012 (конс. 15 април 2012).
  6. Амстел Голд Рејс ги објави поканите“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 18 јануари 2012 (конс. 15 април 2012).
  7. RusVelo, Europcar nab final Amstel Gold wildcards“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 2 февруари 2012 (конс. 15 април 2012).
  8. РусВело ја изгуби поканата на Амстел Голд Рејс“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 1 март 2012 (конс. 15 април 2012).
  9. „Амстел Голд Рејс 2012 - Стартен список“. „Cycling News“. Future Publishing Limited. http://www.cyclingnews.com/amstel-gold-race/start-list. конс. 15 април 2012. 
  10. „Светска турнеја UCI – Амстел Голд Рејс (NED/UWT)“. „Меѓународен велосипедистички сојуз“. Infostrada Sports. 15 април 2012. http://www.uci.infostradasports.com/asp/lib/TheASP.asp?PageID=19006&SportID=102&CompetitionID=20523&EditionID=709940&SeasonID=482&ClassID=1&GenderID=1&EventID=10635&EventPhaseID=709941&Phase1ID=-1&Phase2ID=0&Phase3ID=0&PhaseClassificationID=-1&Detail=1&Ranking=0&All=0&TaalCode=2&StyleID=0&Cache=8. конс. 15 април 2012. 

Надворешни врски[уреди]