Бауке Молема

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бауке Молема

Бауке Молема на почетокот на Лиеж-Бастон-Лиеж 2011
Лични податоци
Цело име Бауке Молема
Роден 26 ноември 1986 (1986-11-26) (27 г.)
Гронинген, Холандија
Висина 1,81 м[1]
Маса 64 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб Белкин Про Сајклинг
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Аматерски клубови
2007 Рабобанк Континентал Тим
Професионални клубови
2008– Рабобанк
Значајни победи
Гранд Тур
Вуелта а Еспања
Jersey green.svg Бодовен пласман (2011)
1 индивидуална етапа (2013)

Етапни трки

Тур де л’Авенир (2007)
Последна промена
29 јануари 2014

Бауке Молема (холандски: Bauke Mollema; р. 26 ноември 1986 во Гронинген) — холандски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Белкин Про Сајклинг. Молема е специјалист за планини.

Кариера[уреди]

Рани години[уреди]

Во 2007, Молема ги освоил престижните етапни трки за таленти, кои допрва доаѓаат, Тур де л‘Авенир и Сиркуито Монтањес. Се придружил на Рабобанк ПроТим во 2008, потпишувајќи го својот прв договор како професионалец. Неговиот прв голем резултат бил шестото место на крајниот пласман на Вуелта а Кастилја и Леон 2008. Го направил неговото деби во ProTour на Тур де Романди 2008, но не ја завршил трката, поради пад, што довело до фрактура на клучната коска. Тој потполно се вратил во врвна форма на Трката околу Германија, во која започнал како водач на екипата Рабобанк, на крајот завршувајќи на седмото место во генералниот пласман. По разочарувачката пролет во 2009, сезоната била готова за Молема поради болест.

2010[уреди]

Молема првпат настапил на една од големите трки на Џиро д‘Италија 2010, во која оставил добар впечаток, но излегол од првите 10 возачи во генералниот пласман, освојувајќи го пласманот за млад возач, делумно поради пропуштањето на бегството од 50 возачи, каде многу негови ривали направиле разлики до 12 минути. Молема продолжил да вози силно во сезоната со планинската етапна победа на Трка околу Полска и трето место во генералниот пласман зад победникот Даниел Мартин и второпласираниот Грега Боле.

2011[уреди]

Во пролетта 2011 веќе ја покажал неговата добра форма со деветтото место во генералниот пласман на Париз-Ница и десеттото место во крајниот пласман на Волта а Каталуња. Но сепак на Арденските класици, тој не покажал многу, па така постигнал и разочарувачки резултати. Главната цел на Молема за сезоната 2011 било првото учество на Тур де Франс. Како подготовка за Трката, возел заедно со колегата Стевен Краусвејк, на Тур де Свис. Двајцата возачи се покажале многу добри на трката; со освоен подиум за Крујсвајк, додека Молема го изгубил местото на подиумот поради дупната гума. Поради болест, неговото учество на Тур де Франс не било некако успех. Во последната недела, се чувствувал подобри и се обидел со бегство. Бегството му го донело второто место на 17. етапа, веднаш зад Едвалд Боасон Хаген.

Молема се вратил на неговиот трет Гранд Тур, Вуелта а Еспања 2011. На стрмните врвови на етапите 5 и 8, завршил во првите пет возачи. Тој не заостанувал многу во генералниот пласман во првата недела и бил награден со водство во пласманот за црвената маичка по неговото второ место на етапата 9. Поради неговите послаби хронометарски вештини споредени со другите кандидати за генерален пласман, како Бредли Вигинс, Крис Фрум и Винченцо Нибали, тој ја загубил лидерската маичка еден ден откако ја освоил. Молема возел исклучително силно по хронометарот и се борел за место на подиумот, но Холанѓанецот паднал на четвртото место поради резултататот на Хуан Хосе Кобо на Алто де Л’Англиру. На крај, Молема во Мадрид го освоил бодовниот пласман. Тоа било првпат од 1992, Холанѓанец да освои некој од пласманите во некоја од големите трки, откако тоа го направил Еди Бауман со пласманот за млад возач на Тур де Франс.

2013[уреди]

Во 2013, Молема имал добра форма, завршувајќи втор на Вуелта а Мурсија, трет на Вуелта а Андалусија и четврти на Критериум Интернасионал. На Тур де Свис, Молема ја освоил втората етапа, забележувајќи ја својата прва победа во 2013.[2] Откако добро се покажал на планините, Молема влегол на последниот хронометар на 4. место. Подоцна се поместил на второто место.[3]

Добрата форма на Молема продолжила на Тур де Франс, каде завршил четврти на првата планинска етапа, каде се искачил и на четвртото место и во генералниот пласман. Завршил осми на следната етапа и бил трет во генералниот пласман откако Ричи Порт загубил повеќе од 18 минути. На етапата 13 се искачил на второто место во генералниот пласман, кога Алехандро Валверде загубил скоро 10 минути поради дупната гума на околу 80 километри пред целта, успевајќи исто така да добие и минути во однос на водството на Фрум. Меѓутоа, изгубил време во последната недела поради болест и завршил шести во генералниот пласман.

Достигнувања[уреди]

2006
1. Етапа 2 Вуелта Сиклиста а Леон
2007
1. Краен пласман Тур де л’Авенир
1. Краен пласман Сиркуито Монтањес
1. Етапа 6
2008
6. Краен пласман Вуелта а Кастилја и Леон
7. Краен пласман Трка околу Германија
2010
3. Краен пласман Трка околу Полска
1. Етапа 6
5. Краен пласман Вуелта а Андалусија
8. Џиро дел Пиемонт
2011
2. Џиро дел’Емилија
2. Краен пласман Вуелта а Кастилја и Леон
1. Комбиниран пласман
4. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
Ја носел црвената маичка на етапата 9 Jersey red.svg Вуелта а Еспања
Ја носел белата маичка на етапите 9-12 Jersey white.svg Вуелта а Еспања
5. Краен пласман, Тур де Свис
9. Краен пласман, Париз-Ница
10. Краен пласман, Волта а Каталуња
2012
3. Краен пласман Трка околу Баскија
5. Класика де Сан Себастијан
6. Лиеж-Бастон-Лиеж
7. Џиро ди Ломбардија
2013
1. Етапа 17 Вуелта а Еспања
2. Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 2
2. Вуелта а Мурсија
3. Краен пласман Вуелта а Андалусија
4. Краен пласман Критериум Интернасионал
4. Краен пласман Трка околу Норвешка
6. Краен пласман Тур де Франс
6. Краен пласман Медитеранска трка
9. Флеш Валон
9. Класика де Сан Себастијан
10.Амстел Голд Рејс

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро 12
Jersey yellow.svg Тур 70 СО 6
Jersey red.svg Вуелта 4 28 52

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Профил на Бауке Молема“. 
  2. Бауке Молема победи на втората етапа на Тур де Свис 2013; Камерон Мајер го одржа водството“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 9 јуни 2013 (конс. 17 јуни 2013).
  3. Руј Кошта победил на Тур де Свис 2013“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 16 јуни 2013 (конс. 17 јуни 2013).

Надворешни врски[уреди]