Париз-Рубе 2012

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Париз-Рубе 2012
Светска турнеја UCI 2012, трка 10 од 28
Tom Boonen, Johan VanSummeren, Bernie Eisel - 2012 Paris–Roubaix.jpg
Том Бонен, Јохан Вансумерен и Бернхард Ајзел
Детали за трката
Датум 8 април 2012 (2012-04-08)
Должина 257,5 km (160.0 mi)
Време 5ч 55' 22" (27,015 mph/43.476 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Том Бонен (БЕЛ) (Омега Парма-Квик Степ)
Втор  Себастјен Тиржо (ФРА) (Тим Јуропкар)
Трет  Алесандро Балан (ИТА) (БМЦ Рејсинг Тим)
2011
2013

Париз-Рубе 2012 било 110. издание на еднодневната велосипедска трка Париз-Рубе, често позната како Пеколот на Северот. Била одржана на 8 април 2012 на растојание од 257,5 километри и била десетта трка во сезоната 2012 на Светската турнеја.

Возачот на Омега Парма-Квик Степ Том Бонен ја освоил трката по четврти пат со што го изедначил рекордот,[1] откако направил бегство од групата со колегата Ники Терпстра на околу 50 километри до целта; потоа Терпстра не го издржал темпото на Бонен, со што Бонен продолжил сам до победа во Рубе со предност од околу една и пол минути. Второто место било одредено со спринтерска завршница од возачот на Тим Јуропкар Себастјен Тиржо, само неколку центиметри пред Алесандро Балан од БМЦ Рејсинг Тим.[2]

Екипи[уреди]

Возачи од 25 екипи земале дел од Париз-Рубе 2012. Тие биле:[3]

Екипи за Париз-Рубе

Дополнителни покани

Резултати[уреди]

[4]

Возач Екипи Време
1  Том Бонен (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ 5ч 55' 22"
2  Себастјен Тиржо (ФРА) Тим Јуропкар + 1' 39"
3  Алесандро Балан (ИТА) БМЦ Рејсинг Тим + 1' 39"
4  Хуан Антонио Флеча (ШПА) Тим Скај + 1' 39"
5  Ники Терпстра (ХОЛ) Омега Парма-Квик Степ + 1' 39"
6  Ларс Бом (ХОЛ) Рабобанк + 1' 43"
7  Матео Тосато (ИТА) Тим Саксо Банк + 3' 31"
8  Метју Хејман (АВС) Тим Скај + 3' 31"
9  Јохан Вансумерен (БЕЛ) Гармин-Баракуда + 3' 31"
10  Мартен Винант (БЕЛ) Рабобанк + 3' 31"

Наводи[уреди]

  1. Вин, Најџел. „Бонен победи на Париз-Рубе 2012 со несопирливиот соло-напад“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 8 април 2012 (конс. 8 април 2012).
  2. Бонен триумфирал на Париз-Рубе“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 8 април 2012 (конс. 8 април 2012).
  3. „Нема Париз-Рубе за Леиф Хост“ (на холандски). „Sporza.be“. Sporza.be. 19 март 2012. http://www.sporza.be/permalink/1.1249166. конс. 19 март 2012. 
  4. „Поредок“. „Париз-Рубе“. Amaury Sport Organisation. 8 април 2012. http://www.letour.fr/2012/PRX/LIVE/us/100/classement/index.html. конс. 8 април 2012. 

Надворешни врски[уреди]