Ники Терпстра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ники Терпстра

Терпстра на Четири дена Денкерк 2011
Лични податоци
Цело име Ники Терпстра
Роден 18 мај 1984 (1984-05-18) (30 г.)
Бевервејк, Холандија
Висина 1,86 м
Маса 74 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Етикс-Квик Степ
Дисциплина Друмски и велодромски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за класици
Професионални клубови
2003–2004
2005
2006
2007–2010
2011–
Берт Стори-Пилс
АХА
Убинк-Синтек
Тим Милрам
Квик Степ
Значајни победи
Етапни трки
Трка околу Катар (2014, 2015)

Еднодневни трки и класици

Париз-Рубе (2014)
Светско првенство во екипен хронометар (2012, 2013)
Национален друмски првак (2010, 2012)
Дварс дор Вландерен (2012, 2014)
Амстел Курасао Рејс (2012, 2014)
Последна промена
19 април 2015

Ники Терпстра (холандски: Niki Terpstra; р. 18 мај 1984 во Бевервeјк) — холандски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Етикс-Квик Степ.[1] Негов брат е велосипедистот Мике Терпстра.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Терпстра минувајќи низ целта на Париз-Рубе 2014

Тој е освојувач на сребрен медал во тимската трка на Светското првенство 2005, заедно со Леви Хајманс, Јенс Морис и Петер Шеп. Со четвртото место на Три дена на Де Пане, по 14. место на Трката околу Фландрија 2008, младиот Терпстра покажал знаци на значителен талент. Во 2009, Терпстра ја освоил третата етапа од Критериум ду Дофине Либере 2009, стекнувајќи ја истовремено и жолтата маичка, која ја носел еден ден.[3] Во 2012, Терпстра ја однел престижната победа на Дварс дор Вландерен, победувајќи сам откако бил напред цел ден. Се одвоил од бегството на Уде Кваремон со Јеле Валес од Топспорт Вландерен-Меркатор. Го отфрлил Валес на Патерберг и ја завршил сам трката со предност од 47 секунди пред Французинот Силвен Шаванел.[4] Во 2014 по прв пат освоил етапна трка со победа на Трката околу Катар. На 13 април 2014 ја освоил класичната трка Париз-Рубе, завршувајќи сам.[5]

Во 2015 година, Терпстра ја одбранил неговата титула на Трката околу Катар, одржувајќи го водството во трката по победата на индивидуалниот хронометар на третата етапа.[6] На Омлоп Хет Ниувсблад, Терпстра го направил одлучувачкото бегство на четворица возачи, заедно со колегите Том Бонен и Стејн Ванденберг и со Ијан Станард (Тим Скај). Откако Станард го затворил нападот на Бонен во последните метри, Терпстра се обидел на контранапад, но Ванденберг ја достигнал разликата, дозволувајќи му на Станард да нападне и само Терпстра успеал да го следи. Станард го победил Терпстра во спринтерската завршница.[7] Во март, Терпстра имал одреден успех, најпрвин со второто место на Трката околу Зеланд. Потоа, со второто место на подиумот на многу ветровитото издание на Гент-Вевелгем, каде го добил спринтот за второто место откако Лука Паолини сам ја поминал целта.[8] На неговата следна трка, Трката околу Фландрија, се одвоил од групата со Александер Кристоф на 30 километри пред целта, но не можел да го победи Кристоф во завршниот спринт, завршувајќи ја трката на второто место.[9]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

Друмски[уреди | уреди извор]

2004
1. Етапа 2 Трка околу Среден Брабант
1. ГП Вилерревуе
2005
1. Омлоп дер Кемпен
2006
1. Етапа 4 Трка околу Белгија
1. Етапа 6 Трка околу Нормандија
1. Етапа 2 ОЗ Вилервикенд
1. Трка околу Средна Холандија
2. Ронде ван Оверејсел
2007
1. Планински пласман Трка околу Германија
3. Хел ван хет Мергеланд
2008
3. Краен пласман Трка околу Баварија
4. Краен пласман Три дена Де Пане
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапа 13 Тур де Франс
5. Дач Фуд Вали Класик
2009
1. Етапа 3 Критериум ду Дофине Либере
2. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
1. Пролог
9. Омлоп Хет Ниувсблад
2010
1. MaillotHolanda.PNG Национален друмски првак
1. Шпаркасен Џиро Бохум
3. Дварс дор Вландерен
6. Краен пласман Трка околу Оман
2011
2. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
6. Омлоп Хет Ниувсблад
6. Краен пласман Трка околу Белгија
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапа 15 Тур де Франс
10. Краен пласман Трка околу Пекинг
2012
1. Jersey rainbow chrono.svg Светско првенство во екипен хронометар
1. MaillotHolanda.PNG Национално друмско првенство
1. Дварс дор Вландерен
1. Амстел Курасао Рејс
3. Краен пласман Енеко Тур
3. Париз-Тур
5. Париз-Рубе
5. Краен пласман Три дена Де Пане
6. Трка околу Фландрија
2013
1. Jersey rainbow chrono.svg Светско првенство во екипен хронометар
1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
2. Национално хронометарско првенство
3. Краен пласман Три дена Западна Фландрија
3. Краен пласман Три дена Де Пане
3. Париз-Рубе
5. Национално друмско првенство
6. Гран при Квебек
9. Краен пласман Трка околу Белгија
10. Париз-Тур
2014
1. Jersey gold.svg Краен пласман Трка околу Катар
1. Етапа 1
1. Дварс дор Вландерен
1. Париз-Рубе
1. Амстел Курасао Рејс
2. Е3 Харелбеке
2. Национално друмско првенство
3. Bronze medal blank.svg Светско првенство во екипен хронометар
4. Краен пласман Три дена Де Пане
5. Омлоп Хет Ниувсблад
6. Трка околу Фландрија
9. Краен пласман Трка околу Белгија
10. Национално хронометарско првенство
2015
1. Jersey gold.svg Краен пласман Трка околу Катар
1. Етапа 3 (ITT)
2. Трка околу Фландрија
2. Омлоп Хет Ниувсблад
2. Трка околу Зеланд
2. Гент-Вевелгем

Велодромски[уреди | уреди извор]

2004
1. MaillotHolanda.PNG Национален скреч првак
2005
Национални првенства
1. MaillotHolanda.PNG Скреч
1. MaillotHolanda.PNG Бодовна трка
2006
Национални првенства
1. MaillotHolanda.PNG Индивидуална потера
1. MaillotHolanda.PNG Медисон (со Вим Струтинга)
2007
Национални првенства
1. MaillotHolanda.PNG Скреч
1. MaillotHolanda.PNG Медисон (со Вим Струтинга)
2011
2. Национални медисон првенства (со Јури Хавик)
2013
1. Шест дена Ротердам (со Илјо Кесе)
2014
1. Шест дена Ротердам (со Илјо Кесе)
1. Шест дена Амстердам (со Јури Хавик)
2015
1. Шест дена Ротердам (со Илјо Кесе)

Распоред на резултатите на класиците[уреди | уреди извор]

Година Милано-Сан Ремо Трка околу Фландрија Париз-Рубе Лиеж-Бастон-Лиеж Џиро ди Ломбардија
2011 38.
2012 45. 6. 5.
2013 СО 113. 3.
2014 6. 1.
2015 2.

СО = се откажа; — = не настапил

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Омега Парма-Квик Степ Сајклинг Тим (OPQ) – BEL“. Светска турнеја UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uciworldtour.com/Modules/SUCI/TEAMS/TeamDetails.asp?id=Mg&RefDate=09.01.2013&MenuId=MTY2Njk&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTY2Njk%26LangId%3D1. конс. 9 јануари 2013. 
  2. „Niki Terpstra dertiende in GP Samyn“ (на холандски). 4 март 2015. http://www.rtvnh.nl/sport/160645/niki-terpstra-13e-in-gp-samyn-. 
  3. „Етапа 3: Турнус -> Сен Етјен 182 км“. cycling news.com. 9 јуи 2009. архивирано од оригиналот на 21 јуни 2009. http://www.webcitation.org/5hgor83an. конс. 17 јуни 2009. 
  4. Брехт Декалуве. „Терпстра победи на Дварс дор Вландерен“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 21 март 2012 (конс. 18 декември 2012).
  5. Ники Терпстра сам до триумф на велодромот во Рубе“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 13 април 2014 (конс. 11 септември 2014).
  6. Терпстра ја одбрани титулата на Трката околу Катар“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 13 февруари 2015 (конс. 30 март 2015).
  7. Stannard sees off Quickstep to win incredible Omloop Het Nieuwsblad“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 28 февруари 2015 (конс. 30 март 2015).
  8. Најџел Вин. „Лука Паолини го освои изданието за паметење на Гент-Вевелгем“, „Cycling Weekly“, IPC Media Sports & Leisure network, 29 март 2015 (конс. 29 март 2015).
  9. Најџел Вин. „Александер Кристоф победи на Трката околу Фландрија“, „Cycling Weekly“, IPC Media Sports & Leisure network, 5 април 2015 (конс. 5 април 2015).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Спортски позиции
Претходник
Кос Меренхут
Национален друмски првак
2010
Наследник
Пим Лигтхарт
Претходник
Пим Лигтхарт
Национален друмски првак
2012
Наследник
Џони Хогерланд
Претходник
Фабијан Канчелара
Победник на Париз-Рубе
2014
Наследник
Џон Дегенколб