Том Бонен
Том Бонен на почетокот на Милано-Сан Ремо 2012. |
||||||||||||||||||||||||
| Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Цело име | Том Бонен | |||||||||||||||||||||||
| Прекар | Томеке Торнадо Том Бом ван Бален |
|||||||||||||||||||||||
| Роден | 15 октомври 1980 |
|||||||||||||||||||||||
| Висина | 1,92 м | |||||||||||||||||||||||
| Маса | 82 кг | |||||||||||||||||||||||
| Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||
| Мом. клуб | Омега Парма-Квик Степ | |||||||||||||||||||||||
| Дисциплина | Друмски велосипедист | |||||||||||||||||||||||
| Улога | Возач | |||||||||||||||||||||||
| Вид на возач | Возач за класици Спринтер |
|||||||||||||||||||||||
| Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||
| 2002 2003– |
Дискавери Канал Квик Степ-Давитамон |
|||||||||||||||||||||||
| Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||
| Последна промена 23 март 2013 |
||||||||||||||||||||||||
Том Бонен[1] (роден на 15 октомври 1980 во Мол) е белгиски професионален друмски велосипедист, кој победил на Светското друмско првенство во 2005. Тој е член на екипата Омега Парма-Квик Степ и се смета за специјалист за еднодневни трки со силен краен спринт. Неговата личност и изглед, заедно со неговиот успех, го направиле главна спортска ѕвезда во Белгија во средина на 2000-тите, но ја изгубил популарноста, откако бил двапати позитивен на тестирањето за кокаин.[2]
Содржина |
Кариера [уреди]
На почетокот од 2002 Бонен возел за екипата Дискавери Канал, завршувајќи трет на Париз-Рубе по раното бегство. Сонародникот белгискиот возач Јохан Музеув излегол на чело на трката за соло победа, а екипниот водач Џорџ Хинкапи доживеал несреќа во лизгав дел на трката, оставајќи го Бонен да воза за себе. Резултатот на Бонен во трката го принудил Музеув - неговиот херој од детството - јавно да објави дека Бонен е неговиот природен наследник.[3]
Меѓутоа, Бонен бил целосно среќен во УС Постал, тврдејќи дека не добив доволно шанси да вози за себе. Затоа кон крајот на годината објавил дека ја напушта екипата, и покрај тоа што имал договор и се придружил на Квик Степ-Давитамон на почетокот на 2003.[4] Меѓутоа, сезоната 2003 не поминала добро за Бонен, кој постигнувал слаби резултати, поради замор и повредата на коленото. Во оваа сезона Музеув бил неоспорен екипен водач на пролетните класици.
Сезоната 2004 Бонен ја подигнал формата и го освоил Е3 Харелбеке, класичната трка Гент-Вевелгем и Гроте Шелдепрајс. Исто така, освоил две етапи на Тур де Франс, вклучувајќи ја и престижната последна етапа во Париз, како што постигнал и Музеув во 1990.
2005 [уреди]
2005 била годината во која Бонен цврсто се докажал себеси како натпреварувач на светската сцена. Победувајќи на Трката околу Фландрија, Париз-Рубе, Е3 Харелбеке и завршувајќи втор на Омлоп Хет Волк (зад екипниот колега Ник Нијенс), ставил печат на пролетните класици со калдрма. Исто така, Бонен станал првиот велосипедист во историјата да победи на Трката околу Фландрија, Париз-Рубе и Светското велосипедско првенство во иста сезона.
Во неговата победа на Трка околу Фландрија, Бонен бил сметан како најсилен спринтер во последната група на возачи. Меѓутоа, наместо да се чека на крајниот момент, тој нападнал неколку километри од крајот на изненадување на другите возачи во групата и останал напред за соло победи. Еден од другите возачи во групата, Ерик Декер, подоцна изјавил дека „Јас сум среќен дека сум близу до крајот на мојата кариера, бидејќи со велосипедисти како Бонен, наредните години пролетните класици ќе бидат прилично здодевни“.[5] Во неговата победа на Париз-Рубе, влегол на велодромот Рубе во водечкото трио и чекал до последниот момент пред да започне да спринта, со што ги победил Американецот Џорџ Хинкапи и Шпанецот Хуан Антонио Флеча.
На Тур де Франс, ги освоил втората и третата етапа. Во ова издание, Бонен ја носел зелената маичка по втората етапа. Меѓутоа бил принуден да се повлече од трката по етапата 11, по повеќе несреќи. Маичката ја презел Норвежанецот Тор Хушовд, кој ја држел до крајот на трката, станувајќи конечен победник. На 25 септември станал дваесет и првиот белгиски светски првак на Светското велосипедско првенство во Мадрид. Бегството од шест луѓе било достигнато од групата во која бил, пред да го престигне Алехандро Валверде. Тој е првиот Белгиец по Музеув, во 1996, да ја облече виножито-маичката. Со овие победи тој го обезбедил второто место во генералниот пласман на UCI ProTour 2005.
На крајот на годината, Бонен освоил неколку награда: Kristallen Fiets (Кристален велосипед), Вело д’Ор (Златен велосипед), Trofee voor Sportverdienste (Трофеј за спортска заслуга), белгиски спортист на годината и белгиска спортска личност на годината.
2006 [уреди]
Во 2006, Бонен повторно имал извонреден почеток на сезоната, повторно нагласен со победата на Трка околу Фландрија, но не можел да ја одбрани титулата на Париз-Рубе една недела подоцна. Првично, на Лејф Хосте, Петер ван Петегем и Владимир Гусев им биле доделени 2., 3. и 4. место, но подоцна биле дисквалификувани од судиите на трката поради илегално возење. Со ова, светскиот првак и фаворитот пред трката Бонен дошол до второто место, зад Фабијан Канчелара.
По одличниот почеток, Бонен имал разочарувачка Трка околу Белгија. Пред почетокот на Тур де Франс 2006, тој тврдел дека се смета себеси како најсилен и најпаметен спринтер. Меѓутоа, тој не победил на етапа во првата недела, туку бил победен од неговите спринтерски ривали Роби Мекјуан и Оскар Фреир. И покрај ова, тој бил способен да ја облече жолтата маичка првпат во неговата кариера, но ја изгубил по првиот хронометар од специјалистот за хронометри Сергеј Хончар.
Бонен го напуштил Тур де Франс во текот на 15. етапа – 187 километри од Гап до Л‘Алп д‘Ез – кога не можел да се искачи на врвот Кол ду Лотаре. Според менаџерот на екипата, Бонен изгубил голема тежина во текот на трката и му требало период на одмор, кога би можел повторно да ја надополни.
Со повратената сила, на Енеко Тур Бенелукс освоил три етапи. Меѓутоа, не бил во можност да ја одбрана светската титула на Светските друмски првенства UCI, одржана на патека, која била помалку рамна отколку во Мадрид 2005 и ја изгубил титулата од неговиот екипен колега од Квик Степ-Инерџетик Паоло Бетини, завршувајќи деветти.
2007 [уреди]
Во сезоната 2007, Бонен повторно доживеал одличен почеток со освојување пет етапи на Трката околу Катар и завршувајќи втор во генералниот пласман по неговиот екипен колега Вилфрид Кретскенс. Подоцна освоил неколку фламански трки, како што се Курне-Брисел-Курне и Е3 Харелбеке, но не успеал да победи на ниеден класик. Неговиот најдобар резултат во таа насока бил третото место на Милано-Сан Ремо, што допринело за разочарувачка пролетна сезона.
Следно, Бонен зел учество на Тур де Франс. Во отсуство на главниот ривал Алесандро Петаки и по раната повреда на Роби Мекјуан, тој ги остварил очекувањата со победата на две етапи (етапа 6 и 12) и освојувањето на бодовниот пласман. Бил првиот белгиски освојувач на зелената маичка од Еди Планкерт во 1988.
2008 [уреди]
Бонен ја започнала оваа сезона со освојување четири етапи и генералниот и бодовниот пласман на Трката околу Катар. На Трката околу Фландрија, неговата прва главна цел на сезоната, покажал добра форма, но имал одбранбена улога, кога неговиот совозач Стајн Деволдер побегнал од групата и потоа победил. Следната недела, тој ги отспринтал Фабијан Канчелара и Алесандро Балан во последните 500 метри за победа на Париз-Рубе. На 10 јуни 2008, неколку извори тврделе дека Бонен преговара со Бјуик Телеком за договор, чиј спортски директор Жан-Рене Бернодо потврдил. Преместувањето во Бјуик ќе вклучело уште два-три возачи да заминат со него, меѓудругите имињата на Вилфрид Кретскенс и Кевин Хулсманс биле често споменувани.[6]
Иако на истиот ден било откриено дека Бонен бил тестиран позитивно на кокаин при проверка на 26 мај. Бидејќи ова било надвор од натпреварување и кокаинот не е сметан за дрога, која може да го подобри резултатот, Бонен не се соочил со санкции од UCI или WADA. Во текот на конференцијата за печатот следниот ден, тој понудил извинување и екипниот менаџер Патрик Лефевр изјавил дека, бидејќи ова било сметано како потешкотии од лична природа, екипата Квик Степ ја задржува довербата во него. И покрај отсуството на службени санкции, на Бонен веднаш му било забрането учество на Тур де Свис, а подоцна и на Тур де Франс.[7][8] Во февруари 2009, белгиски суд го осудил за користење кокаин, но одлучил да не се поведат кривични санкции против Бонен, велејќи дека тој бил „доволно казнает“.[9][10]
2009 [уреди]
Бонен ја започнал сезоната 2009 со освојување на етапа и генералниот и бодовниот пласмана на Трката околу Катар. Исто така ја освоил Курне-Брисел-Курне по вторпат во неговата кариера. На Ronde van Vlaanderen, неговата прва главна цел на сезоната, тој покажал добра форма, но како и во 2008 презел одбранбена улога, кога неговиот колега Стајн Деволдер избегал и ја освоил трката по вторпат. Следната недела го освоил Пари-Рубе по третпат.
На 27 април, Бонен бил тестиран позитивно на кокаин надвор од натпреварување по третпат (првиот случај, во ноември 2007, кој не бил претходно јавно објавен) и бил суспендиран од неговата екипа, Квик Степ, на 9 мај,[11] и повторно влегол во екипата на Критериум ду Дофине Либере 2009. Кратко потоа, во јуни, го освоил неговото национално првенство. По долгата правна борба му било дозволено да учествува на Тур де Франс, еден ден пред почетокот на 3 јули 2009. Наведувајќи болест се повлекол од трката на 18 јули 2009, пред петнаесеттата етапа.
Се вратил со возење на Енеко Тур, каде ја освоил третата етапа, победувајќи го Тајлер Фарар во спринт. Потоа настапил на Вуелта а Еспања со цел да се подготви за последниот дел од сезоната. Таму завршил втор на прологот зад специјалистот за хронометри Фабијан Канчелара. Доживеал пад на седмата етапа на Вуелта, 30 километарски хронометар. И покрај тоа забележал добро време, губејќи само 1'03 и завршил на крај втор зад Канчелара. Се повлекол од Вуелта на 13. етапа, сè уште патејќи од последиците на неговата несреќа на седмата етапа. Ја завршил сезоната со второ место на Париз-Тур, откако бил победен во спринтот во група од тројца, меѓу кои и неговиот сонародник и бранителот на титулата Филип Жилбер.
2010 [уреди]
На почетокот на 2010, Бонен го зазел третото место на Трката околу Катар, освојувајќи две етапи, по што следела победа на етапата 5 на Трката околу Оман. Исто така победил на етапата 2 од Тирено-Адријатико, пред да заврши втор зад Оскар Фреир на првиот монумент од сезоната, Милано-Сан Ремо. Бонен завршил втор зад Фабијан Канчелара на Е3 Харелбеке[12], резултат кој се повторил на Трката околу Фландрија. Бонен завршил петти на Париз-Рубе следната недела. Поголемиот дел од втората половина на сезоната го пропуштил - вклучувајќи ги и Тур де Франс, белгиското и светското првенство – поради тендинитис околу неговото лево колено, што било предизвикано од падови на Трката околу Калифорнија и Тур де Свис. Се вратил со возење во октомври на Сиркут Франко-Белж и Париз-Тур.
2011 [уреди]
Бонен ја започнал сезоната со прво место на првата етапа на Трката околу Катар. Ја освоил Гент-Вевелгем, со што ја зел неговата единствена голема победа на класична трка таа сезона, додека на Трката околу Фландрија завршил четврти, а Париз-Рубе го напуштил по пад. Бонен исто така доживеал несреќа на етапата 6 на Тур де Франс, но и покрај ја завршил етапата, но повредите го принудиле да се повлече на етапа 7. На Вуелта а Еспања, Бонен повторно паднал, со што го пропуштил и Светското првенство.
2012 [уреди]
Бонен ја започнал сезоната 2012 добро, со победа на етапата 7 на неговата прва трка од сезоната, Тур де Сан Луис. Во февруари, го освоил генералниот пласман на Трката околу Катар, воедно освојувајќи две етапи и бодовниот пласман, а завршил втор зад Сеп Ванмарке на Омлоп Хет Ниувсблад. Следна трка на Бонен била Париз-Ница, каде ја освоил етапата 2. Бонен ја освоил неговата прва победа на еднодневна класична трка во сезоната на Е3 Харелбеке, по што следела победа на Гент-Вевелгем два дена подоцна. Формата на Бонен го направила голем фаворит за Трката околу Фландрија и тој го добил спринтот од членовите на бегството Филипо Поцато и Алесандро Балан, победил на монументот по третпат во неговата кариера, изедначувајќи го рекордот со Акил Бујс, Фјоренцо Мањи, Ерик Леман и Јохан Музеув. Исто така, тој е првиот велосипедист, кој некогаш во иста година ги освоил фламанските трки со калдрма Е3 Харелбеке, Гент-Вевелгем, Трка околу Фландрија и Париз-Рубе во истата година. Неговата победа на Рубе била негова четврта со што го изедначил рекордот држен од Роже де Влеминк веќе 35 години. Со освојувањето на Трката околу Фландрија и Париз-Рубе, тој станал првата личност на која му успеало да ги освои двете трки двапати во неговата кариера.
По неверојатна серија на пролетните класици, Бонен се вратил на тркање на Трката околу Калифорнија. Ја повратил маичката на национален првак во јуни, земајќи ја трибојната маичка од Филип Жилбер.[13] Го пропуштил Тур де Франс за подобро да се подготви за олимписката друмска трка, притоа учествувајќи на пократката Трка околу Полска. Доживеал пад на првата етапа на трката и се повлекол на петтата етапа, наведувајќи болка на десната страна на неговите гради.[14] Подоцна било објавено дека имал скршено ребро,[15] но можел да се опорави до времето на одржување на Олимписките игри, каде го пропуштил успешното бегство и завршил на 28. место.[16]
Го освоил првото издание на новата дводневна етапна трка Светски пристаништен класик, освојувајќи ја првата од двете етапи со спринт пред групата. Ја заработил маичката за бодовниот пласман и го освоил генералниот пласман откако бил трет на втората етапа.[17] Една недела подоцна Бонен го освоил полукласикот Париз-Брисел.
Личен живот [уреди]
Бонен живеел во Бален, во Фламанскиот регион од Белгија додека не се преселил во Монако на крајот на 2005. Останал таму неколку години, додека не одлучил да се врати во Белгија на почетокот на 2012.[18]
Достигнувања [уреди]
- 2001
- 1. Зелик-Галмарден
- 2002
- 1. Етапа 1 Волта а Каталуња
- 1. Етапа 2 Меѓународен Уника Класик
- 1. Вилрејк
- 3. Париз-Рубе
- 2003
- 1. Етапа 3 Трка околу Белгија
- 2004
- 1. Гент-Вевелгем
- Тур де Франс
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 20
- 1. Е3 Харелбеке
- 1. Гроте Шелдепрејс
- 1.
Краен пласман Тур де Пикарди
- Трка околу Германија
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 7
- 1. Етапа 1 Вуелта а Андалусија
- Стер Електротур
- 1. Пролог
- 1. Етапа 1
- Сиркут Франко-Белж
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 3 Трка околу Британија
- 1. ГП Рик ван Стенберген
- 3. Краен пласман Трка околу Катар
- 2005
- 1.
Светско друмско првенство
- Тур де Франс
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 3
- Париз-Ница
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 1. Париз-Рубе
- 1. Трка околу Фландрија
- 1. Е3 Харелбеке
- 1.
Краен пласман Трка околу Белгија
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 4. Краен пласман Трка околу Катар
- 10. Краен пласман Тур де Романди
- 1. Етапа 2
- 2006
- 1. Трка околу Фландрија
- Париз-Ница
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 4
- 1. Е3 Харелбеке
- 1. ГП Интернационал Доха
- 1.
Краен пласман Трка околу Катар
- 1. Етапа 5 Вуелта а Андалусија
- 1. Гроте Шелдепрајс
- Трка околу Белгија
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 3
- 1. Венендал-Венендал
- 1. Етапа 1 Тур де Свис
- Енеко Тур Бенелукс
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 6 Трка околу Британија
- 2. Париз-Рубе
- Тур де Франс
- 2007
- 1.
Бодовен пласман Тур де Франс
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 12
- 1. Етапа 4 Вуелта а Андалусија
- 1. Курне-Брисел-Курне
- 1. Дварс дор Вландерен
- 1. Е3 Харелбеке
- 2. Краен пласман, Трка околу Катар
- 1.
Бодовен пласман - 1. Етапа 1 (ТТТ)
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 6
- 1.
- 3. Омлоп Хет Волк
- 3. Милано-Сан Ремо
- 2008
- 1. Париз-Рубе
- Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 16
- 1.
Краен пласман Трка околу Катар
- 1. Етапа 2 Трка околу Калифорнија
- 1. Етапа 5 Трка околу Белгија
- 1. Етапа 4 Стер Електротур
- 1. Етапа 7 Трка околу Австрија
- 1. Етапа 1 Тур де Валони
- Енеко Тур Бенелукс
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 1 Сиркут Франко-Белж
- 2. Гроте Шелдепрејс
- 2009
- 1.
Национален белгиски друмски првак
- 1. Париз-Рубе
- 1. Курне-Брисел-Курне
- 1. Етапа 3 Енеко Тур
- 1.
Краен пласман Трка околу Катар
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 3 Сиркут Франко-Белж
- 2. Е3 Харелбеке
- 2. Париз-Тур
- 3. Дварс дор Вландерен
- 2010
- 1. Етапа 5 Трка околу Оман
- 1. Етапа 2 Тирено-Адријатико
- 2. Милано-Сан Ремо
- 2. Е3 Харелбеке
- 2. Трка околу Фландрија
- 3. Краен пласман Трка околу Катар
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 5
- 5. Париз-Рубе
- 2011
- 1. Етапа 1 Трка околу Катар
- 1. Гент-Вевелгем
- 4. Трка околу Фландрија
- 2012
- 1.
Светско екипно хронометарско првенство
- 1.
Национален друмски првак
- 1.
Краен пласман Трка околу Катар
- 1.
Краен пласман Светски пристаништен класик
- 1. Париз-Рубе
- 1. Трка околу Фландрија
- 1. Гент-Вевелгем
- 1. Е3 Харелбеке
- 1. Париз-Брисел
- 1. Етапа 2 Париз-Ница
- 1. Етапа 7 Тур де Сан Луис
- 2. Омлоп Хет Ниувсблад
- 4. Ватенфал Класик
- 2013
- 7. Е3 Харелбеке
Резултати од класиците [уреди]
Оваа табела ги покажува резултати на Том Бонен во петте велосипедски монументи (класици).
| Година | Милано-Сан Ремо | Трка околу Фландрија | Париз-Рубе | Лиеж-Бастон-Лиеж | Џиро ди Ломбардија |
|---|---|---|---|---|---|
| 2002 | 24ти | 3. | |||
| 2003 | 78. | 25. | 24. | ||
| 2004 | 75. | 25. | 9. | ||
| 2005 | 8. | Победник | Победник | ||
| 2006 | 4. | Победник | 2. | ||
| 2007 | 3. | 12. | 6. | ||
| 2008 | 29. | 17. | Победник | ||
| 2009 | 15. | 20. | Победник | ||
| 2010 | 2. | 2. | 5. | ||
| 2011 | 28. | 4. | НЗ | ||
| 2012 | 22. | Победник | Победник |
НЗ = не завршил
Наводи [уреди]
- ↑ Boonen, Tom (presenter), Quick-Step cycling team (uploader). (5 април 2011) (на англиски). „Том Бонен“. YouTube. Се случува во 00:05. http://www.youtube.com/watch?v=aQuo9R9YPm8. проверено на 7 јули 2011. „Здраво, моето име е Том Бонен...“
- ↑ http://www.sportitalia.com/ShortNews.aspx?id=4366 на италијански
- ↑ Џонс, Џеф; Стивенсон, Џон (16 април 2002). „Вести за 16 април 2002 – Бонен „следниот Музеув““. cyclingnews.com. http://cyclingnews.com.au/news/?id=2002/apr02/apr16news. проверено на 2010-11-13.
- ↑ „Вести за 26 јануари 2003 – Извонредниот Бонен доаѓа во Аделејд“. cyclingnews.com. 26 јануари 2003. http://www.cyclingnews.com/road/2003/jan03/tdu03/?id=news/jan26boonen. проверено на 2010-11-13.
- ↑ „Parijs-Roubaix: Boonen, amper 24 jaar, nu al ontzagwekkend“ (на холандски). volkskrant.nl. 11 април 2005. http://www.volkskrant.nl/sport/article196306.ece. проверено на 2010-11-13.
- ↑ „Бонен преговара со француската екипа Бјуик“, sporza.be, 10 јуни 2008. (на холандски)
- ↑ „Учеството на Бонен на Тур де Франс е под знак прашања: Квик Степ“, afp.google.com, 11 јуни 2008.
- ↑ „На поранешниот светски првак му е забрането учество на Тур де Франс“, afp.google.com, 11 јуни 2008.
- ↑ „Бонен ќе се соочи со судски процес во Белгија“, ESPN, 6 јануари 2009 (проверено на 13 ноември 2010).
- ↑ „Белгиски суд го презема случајот против велосипедистот Бонен“, Sports Illustrated/CNN, 3 февруари 2009.
- ↑ „Бонен суспендиран по тестовите за дрога“, BBC, 2009-05-09.
- ↑ Brecht Decaluwé. „Канчелара победи на Е3 Харелбеке“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 27 март 2010 (проверено на 13 август 2012).
- ↑ Brecht Decaluwé. „Бонен ја врати маичката со три бои“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 24 јуни 2012 (проверено на 1 септември 2012).
- ↑ Бен Аткинс. „Tom Boonen abandons Tour of Poland with aftereffects of stage one crash“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 14 јули 2012 (проверено на 1 септември 2012).
- ↑ „Том Бонен се опоравува од скршено ребро“, „CTV Olympics“, 2012 7048467 Canada Inc., 19 јули 2012 (проверено на 1 септември 2012).
- ↑ „Друмска трка за мажи“, „London 2012 Olympic and Paralympic Games“, BT PLC, 28 јули 2012 (проверено на 1 септември 2012).
- ↑ „Бонен победил на првото издание на Светскиот пристаништен класик“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 1 септември 2012 (проверено на 3 септември 2012).
- ↑ „Tom Boonen verhuist definitief van Monaco naar de Kempen“, 11 јануари 2012 (проверено на 1 април 2012). (на холандски)
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Том Бонен“ |
| Спортски позиции | ||
|---|---|---|
| Претходник Магнус Бекштет Стјуарт О’Грејди Јохан Вансумерен |
Победник на Париз-Рубе 2005 2008, 2009 2012 |
Наследник Фабијан Канчелара Фабијан Канчелара Incumbent |
| Претходник Штефен Веземан Ник Нијенс |
Победник на Трка околу Фландрија 2005, 2006 2012 |
Наследник Алесандро Балан Incumbent |
| Претходник Јирген Рулантс |
Национален друмски првак]] 2009 |
Наследник Стејн Деволдер |
| Претходник Филип Жилбер |
Национален друмски првак 2012 |
Наследник Incumbent |
| Награди | ||
| Претходник Петер ван Петегем |
Кристал Велосипед 2004–2006 |
Наследник Свен Нис |
|
|||||
|
|||||
|
- Родени на 15 октомври 1980
- Родени во октомври 1980
- Родени во 1980 година
- Белгиски велосипедисти
- Белгиски етапни победници на Тур де Франс
- Етапни победници на Шанзелизе на Тур де Франс
- Белгиски етапни победници на Вуелта а Еспања
- Етапни победници на Тур де Свис
- Светски прваци во велосипедизам
- Живи луѓе
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012
- Олимписки велосипедисти на Белгија