Марсел Кител

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Марсел Кител

Кител на Тур Даун Андер 2013
Лични податоци
Цело име Марсел Кител
Роден 11 мај 1988 (1988-05-11) (25 г.)
Арнштат, Германија
Висина 1,88 м[1]
Маса 82 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб Џајант-Шимано
Дисциплина Друмски и велодромски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Спринтер
Аматерски клубови
2007–2010 Тирингер Енерги Тим
Професионални клубови
2011– Скил-Шимано
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
4 индивидуални етапи (2013)
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2011)

Еднодневни трки и класици

Шелдепрејс (2012, 2013)
Омлоп ван хет Хутланд (2012)
Минстерланд Џиро (2012)
Последна промена
20 јануари 2014

Марсел Кител (германски: Marcel Kittel; р. 11 мај 1988) — германски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Џајант-Шимано.[2]

Кител го направил своето деби на Тур де Франс во 2012, кога бил избран како лидер на својата екипа за Тур де Франс 2012.[3] Меѓутоа, се откажал на етапата 5, откако добил стомачен вирус уште на етапата 2, четврто откажување на Тур 2012.[4] Повторно се вратил на трките на почетокот на август, кога ја освоил првата етапа на Енеко Тур, прва трка по неговото враќање. Единствен возач кој се натпреварувал со него во масовниот спринт бил Французинот Арно Демар (ФДЖ-БигМет).[5] На етапата 3 го следела лоша среќа, кога се здобил со механички проблеми на 5 километри пред целта,[6] Кител победил повторно на етапата 4. Им се заблагодарил на колегите Том Велерс и Џон Дегенколб за нивната работа во последните километри, кога го довеле до целта и го штителе од ветрот.[7] На крајот на 2012, кога велосипедистичкиот свет бил потресен од допинг скандалот на Ленс Армстронг, Кител зазел антидопинг став и изјавил дека му е доста од луѓето кои сè уште го бранат Армстронг во велосипедистичкиот свет.[8]

Во 2013, екипата на Кител Аргос-Шимано била унапредена во елитната дивизија на спортот и добила статус на UCI World Tour екипа.[9] Кител ја освоил првата етапа на Трката околу Оман во масовен спринт, негов прв успех на сезоната.[10] На Тур де Франс 2013, Кител покажал неверојатен успех за спринтер. Завршил прв на првата етапа на Тур во Корзика и потоа ја презел првата жолта маичка на 100. издание на Тур де Франс. Меѓутоа, ја загубил жолтата маичка следниот ден од Јан Бакелантс од РадиоШек-Леопард. Кител не ставил крај на трката, па така тој победил на десеттата и дванаесеттата етапа. На последната етапа, Кител повторно триумфирал на Шанзелизе; ставајќи крај на четиригодишната победничка низа на возачот на Омега Парма-Квик Степ Марк Кевендиш. Завршил на четвртото место во бодовниот пласман.

Достигнувања[уреди]

2008
1. Меморијал Давиде Фардели
2009
Флеш ду Суд
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Етапа 4 Тур ду Хаут Анжу
1. Етапа 6 Трка околу Тирингија
Gold medal.svg Европско првенство под 23 години
4. Светско хронометарско првенство под 23 години
2010
3. Светско хронометарско првенство под 23 години
2011
1. Краен пласман Делта Тур Зеланд
1. Етапа 1
1. Прорејс Берлин
1. Кампиуншап ван Вландерен
1. Минстерланд Џиро
1. Амстел Курасао Рејс
Трка околу Полска
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 7
Четири дена Денкерк
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 5
Хералд Сан Тур
1. Етапа 3
1. Етапа 5
1. Етапа 7 Вуелта а Еспања
1. Етапа 5 Тур де Лангкави
2. Трка околу Келн
2012
1. Шелдепрајс
1. Омлоп ван хет Хутланд
1. Минстерланд Џиро
Стер ЗЛМ Тур
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 4
Трка околу Оман
1. Етапа 3
1. Етапа 6
Енеко Тур
1. Етапа 1
1. Етапа 4
Тур де л’Еврометропол
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 2 Етоал де Бесеже
1. Етапа 2 Три дена Де Пане
2013
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Пикарди
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Шелдепрејс
1. Омлоп ван хет Хутланд
Тур де Франс
1. Етапа 1
1. Етапа 10
1. Етапа 12
1. Етапа 21
Трка околу Турција
1. Етапа 1
1. Етапа 7
1. Етапа 8
1. Етапа 1 Трка околу Оман
1. Етапа 2 Париз-Ница
1. ПроРејс Берлин
6. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
1. Етапа 2
2014
1. Даун Андер Класик

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Профил на Марсел Кител“. 
  2. Аргос-Шимано заокружен со Паризјен“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 26 октомври 2012 (конс. 2 јануари 2013).
  3. Кител ќе го предводи Аргос-Шимано на Тур де Франс“, 19 јуни 2012 (конс. 5 јули 2012).
  4. Декалуве, Брехт. „Кител се откажал од Тур де Франс на етапата пет“, 5 јули 2012 (конс. 5 јули 2012).
  5. Кител направил победоносно враќање на Енеко Тур“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 7 август 2012 (конс. 7 август 2012).
  6. Аткин, Бен. „Енеко Тур: Кител спринтал на етапата четири додека Бонен го преземал водството“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 9 август 2012 (конс. 9 август 2012).
  7. Кител ја зел втората победа на Енеко Тур“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 9 август 2012 (конс. 9 август 2012).
  8. На Кител му е доста на поддржувачите на Армстронг“, „CyclingNews“, Future Publishing Limited, 26 октомври 2012 (конс. 13 февруари 2013).
  9. Аргос-Шимано Тим ја прославува новата WorldTour лиценца“, „CyclingNews“, Future Publishing Limited, 10 декември 2012 (конс. 13 февруари 2013).
  10. Трка околу Оман: Марсел Кител ја освои етапата 1“, „Bicycling“, 11 февруари 2013 (конс. 13 февруари 2013).

Надворешни врски[уреди]