Гент-Вевелгем 2013

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гент-Вевелгем 2013
Светска турнеја UCI 2013, трка 7 од 29
Детали за трката
Датум 24 март 2013
Должина 1.834 km (1,140 mi)
Време 4ч 29' 10" (25,4 mph/40.9 км/ч

)

Добитници на наградите
Победник  Петер Саган (СВК) (Канондејл)
Втор  Борут Божич (СЛО) (Астана)
Трет  Грег ван Авермет (БЕЛ) (БМЦ Рејсинг Тим)
2012
2014

Гент-Вевелгем 2013 било 75. издание на еднодневната велосипедска трка Гент-Вевелгем. Била одржана на 24 март 2013 на растојание од 183,4 километри и била седма трка во сезоната на Светската турнеја. Првично, трката било предвидено да се одржи на растојание од 238 километри, но поради снег почетокот на трката бил преместен од Дејнзе во Гистел.[1]

Трката била освоена од Словакот Петер Саган од екипата Канондејл, откако направил соло напад на 4 километри пред целта и се одржал до крајот на трката во водство, победувајќи со предност од 23 секунди пред групата од девет возачи.[2] Второто место го зазел Словенецот Борут Божич, кој вози за екипата Астана,[3] додека Грег ван Авермет бил највисоко пласиран белгиски возач, заокружувајќи го подиумот за БМЦ Рејсинг Тим.[4]

Екипи[уреди]

Бидејќи Гент-Вевелгем е настан од Светската турнеја UCI, сите UCI World Tour екипи се повикани автоматски и се обврзани да испратат свој состав. Првично, осумнаесет UCI World Tour екипи биле поканети на трката, како и шест други екипи со специјални покани и со тоа била создадена главната група од 24 екипи. Подоцна, Тим Катјуша го повратила својот UCI World Tour статус по жалбата до Арбитражниот суд за спорт.[5][6] Бидејќи Тим Катјуша не била првично повикана на трката, организаторите на трката го објавиле нивното додавање на трката, со што се зголемил вкупниот број на екипи на 25. Секоја од 25. екипи можела да настапи со осум возачи на трката, со што вкупниот број на велосипедисти бил 200.

Екипи кои настапиле на трката биле:[7]

Резултати[уреди]

Велосипедист Екипа Време
1  Петер Саган (СВК) Канондејл 4ч 29' 10"
2  Борут Божич (СЛО) Астана + 23"
3  Грег ван Авермет (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим + 23"
4  Хајнрих Хауслер (АВС) ИАМ Сајклинг + 23"
5  Хуан Антонио Флеча (ШПА) Вакансолел-ДКМ + 23"
6  Матје Ладану (ФРА) ФДЖ + 23"
7  Бернхард Ајзел (АВТ) Тим Скај + 23"
8  Стејн Ванденберг (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 24"
9  Јарослав Попович (УКР) РадиоШек-Леопард + 24"
10  Андреј Амадор (КРИ) Мувистар Тим + 24"

Наводи[уреди]

  1. Стартот на Гент-Вевелгем преместил во Гистел“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 23 март 2013 (конс. 24 март 2013).
  2. Саган сам до силна победа на Гент-Вевелгем“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 24 март 2013 (конс. 24 март 2013).
  3. Мур, Кајл. „Саган сам од групата на бегалци до победа на Гент-Вевелгем“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 24 март 2013 (конс. 24 март 2013).
  4. Петер Саган победи Гент-Вевелгем 2013“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 24 март 2013 (конс. 24 март 2013).
  5. CAS нареди доделување на лиценца за Светската турнеја за Катјуша“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 15 февруари 2013 (конс. 24 март 2013).
  6. UCI потврди 19 World Tour екипи за 2013“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 18 февруари 2013 (конс. 24 март 2013).
  7. „Стартна листа на Гент-Вевелгем 2013“. „Cycling News“. Future Publishing Limited. http://www.cyclingnews.com/races/gent-wevelgem-1/start-list. конс. 24 март 2013. 

Надворешни врски[уреди]