Гран при Монтреал 2013

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гран при Монтреал 2013
Светска турнеја UCI 2013, трка 26 од 28
Детали за трката
Датум 15 септември 2013
Должина 205,7 km (127.8 mi)
Време 5ч 20' 07"
Добитници на наградите
Победник  Петер Саган (Словачка) (Канондејл)
Втор  Симоне Понци (Италија) (Астана)
Трет  Рајдер Хесједал (Канада) (Гармин-Шарп)
2012
2014

Гран при Монтреал 2013 е четврто издание на еднодневната велосипедска трка Гран при Монтреал. Била одржана на 15 септември 2013 на растојание од 205,7 километри, започнувајќи и завршувајќи во Монтреал, Квебек, Канада. Била 26. трка во сезоната на Светската турнеја. Трката е една од само двата настана кои се дел од Светската турнеја во Северна Америка, другата трка е Гран при Квебек 2013, која се одржала два дена претходно.

Екипи[уреди]

Трката била дел од Светската турнеја и поради тоа сите 19 UCI World Tour екипи биле автоматски повикани и се обврзани да испратат екипа. Се доделила една специјална покана на француската екипа Тим Јуропкар. Националната екипа на Канада исто така се натпреварувала на трката и со тоа била создадена групата од 21 екипа.

Екипи кои настапиле на трката биле:

† Поканети континентални професионални екипи

Резултати[уреди]

Велосипедист Екипа Време Бодови за
Светска турнеја
1  Петер Саган (СВК) Канондејл 5ч 20' 07" 80
2  Симоне Понци (ИТА) Астана + 4" 60
3  Рајдер Хесједал (КАН) Гармин-Шарп + 4" 50
4  Грег ван Авермет (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим + 7" 40
5  Филипо Поцато (ИТА) Лампре-Мерида + 7" 30
6  Руј Кошта (ПОР) Мувистар Тим + 7" 22
7  Енрико Гаспарото (ИТА) Астана + 7" 14
8  Ларс Петер Нордхауг (НОР) Белкин Про Сајклинг + 9" 10
9  Јон Изагире (ШПА) Еускалтел-Еускади + 9" 6
10  Јан Бакелантс (БЕЛ) РадиоШек-Леопард + 9" 2

Надворешни врски[уреди]