Милано-Сан Ремо 2013

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Милано-Сан Ремо 2013
Светска турнеја UCI 2013, трка 4 од 28
Peloton, Milan-Sanremo 2013, Savona.jpg
Групата во Савона
Детали за трката
Датум 17 март 2013
Должина 246 km (152.9 mi)
Време 5ч 37' 20" (27.187 mph/43,753 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Гералд Чолек (ГЕР) (МТН Кубека)
Втор  Петер Саган (СВК) (Канондејл)
Трет  Фабијан Канчелара (ШВА) (РадиоШек-Леопард)
2012
2014

Милано-Сан Ремо 2013 било 104. издание на еднодневната велосипедска трка Милано-Сан Ремо. Се одржала на 17 март на скратено растојание од 246 километри[1] и била четврта трка во сезоната на Светската турнеја. За прв пат по 31 година[2], Милано-Сан Ремо се одржала во недела, откако организаторите на трката побарале да се промени датумот поради усогласување со неколку од другите класични трки.[3]

Големите врнежи од снег и лошото време ги приморало организаторите да ја скратат трката од 298 на 246 километри, скратувајќи ги клучните искачувања - Пасо дел Туркино и Ле Мани - и обезбедувајќи автобуски превоз за трката да започне по втор пат.[4] Неколку возачи одбиле повторно да започнат, вклучувајќи го возачот на Омега Парма-Квик Степ Том Бонен, кој протестирал против одлуката сите возачи да ѝ се приклучат на главната група, иако неколку возачи загубиле време пред трката да биде неутрализирана.

Откако возачите на Омега Парма-Квик Степ Силвен Шаванел и на Тим Скај Ијан Станард ја предводеле намалената главна група преку врвот на последното искачување, Поџо ди Сан Ремо, група од шестмина се одвоила на спустот по Поџо, вклучувајќи ги фаворитите пред трката Петер Саган (Канондејл) и победникот од 2008 Фабијан Канчелара од РадиоШек-Леопард. Секстетот останал заедно со целта, каде Гералд Чолек победил во спринтот за МТН Кубека, пред Саган и Канчелара.[5][6]

Екипи[уреди]

Бидејќи Милано-Сан Ремо е настан од Светската турнеја UCI, сите UCI World Tour екипи биле поканети автоматски и се обврзани да испратат свој состав. Првично, осумнаесет UCI World Tour екипи биле поканети на трката, како и седум други екипи кои добиле специјални покани,[7] и со тоа било создадена главната група од 25 екипи. Првично најавено како екипа со специјална покана, Тим Катјуша подоцна го повратила својот World Tour статус по жалбата во Арбитражниот суд за спорт.[8][9] Секоја од 25. екипи имала осум возачи на трката, што правело главната група на почетокот да има 200 возачи.

Екипи кои настапиле на трката биле:[10]

Резултати[уреди]

Велосипедист Екипа Време
1  Гералд Чолек (ГЕР) МТН Кубека 5ч 37' 20"
2  Петер Саган (СВК) Канондејл и.в.
3  Фабијан Канчелара (ШВА) РадиоШек-Леопард и.в.
4  Силвен Шаванел (ФРА) Омега Парма-Квик Степ и.в.
5  Лука Паолини (ИТА) Тим Катјуша и.в.
6  Ијан Станард (ВБР) Тим Скај и.в.
7  Тејлор Фини (САД) БМЦ Рејсинг Тим и.в.
8  Александер Кристоф (НОР) Тим Катјуша + 14"
9  Марк Кевендиш (ВБР) Омега Парма-Квик Степ + 14"
10  Бернхард Ајзел (АВТ) Тим Скај + 14"

Наводи[уреди]

  1. „Поредок на пристигнување“ (PDF). „Милано-Сан Ремо“. La Gazzetta dello Sport; RCS MediaGroup. 17 март 2013. http://www.gazzetta.it/Speciali/MilanoSanremo/download/2013/OrdineArrivo.pdf. конс. 17 март 2013. 
  2. Лов, Феликс. „Чолек победи на скратената Милано-Сан Ремо поради снег“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 17 март 2013 (конс. 17 март 2013).
  3. Аткинс, Бен. „UCI ги потврди преместувањата на Милано-Сан Ремо и Џиро ди Ломбардија во неделите во 2013“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 28 ноември 2012 (конс. 15 март 2013).
  4. Мекмајкл, Сајмон. „Snow and TV schedules wreak havoc as race shortened“, „Road.cc“, Farrelly Atkinson Ltd., 17 март 2013 (конс. 17 март 2013).
  5. Гералд Чолек победи на Милано-Сан Ремо“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 17 март 2013 (конс. 17 март 2013).
  6. Аткинс, Бен. „Гералд Чолек го победи Петер Саган во спринтот по бегството“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 17 март 2013 (конс. 17 март 2013).
  7. Фаранд, Стивен. „Бардијани, Колумбија и Фантини Вини обезбедија покана на Џиро д’Италија“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 8 јануари 2013 (конс. 15 март 2013). „25 екипи ќе настапат на Милано-Сан Ремо: осумнаесет World Tour екипи плус Андрони Џокатоли, Катјуша, МТН-Кубака, ИАМ Сајклинг, Бардијани, Вини Фантини и Тим Јуропкар.“
  8. CAS одлучи да му се додели лиценца за Светската турнеја на Катјуша“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 15 февруари 2013 (конс. 15 март 2013).
  9. UCI потврди 19 World Tour екипи за 2013“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 18 февруари 2013 (конс. 15 март 2013).
  10. „Стартна листа за Милано-Сан Ремо 2013“. „Cycling News“. Future Publishing Limited. http://www.cyclingnews.com/milan-san-remo/start-list. конс. 15 март 2013. 

Надворешни врски[уреди]