ГП Уест-Франција 2013

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
ГП Уест-Франција 2013
Светска турнеја UCI 2013, трка 24 од 28
Детали за трката
Датум 1 септември 2013
Должина 243 km (151.0 mi)
Време 5ч 59' 54"
Добитници на наградите
Победник  Филипо Поцато (Италија) (Лампре-Мерида)
Втор  Џакомо Ницоло (Италија) (РадиоШек-Леопард)
Трет  Самуел Димулен (Франција) (Аг2р-Ла Мондијал)
2012
2014

ГП Уест-Франција 2013 било 77. издание на еднодневната велосипедска трка ГП Уест-Франција. Била одржана на 1 септември 2013 на растојание од 243 километри, почнувајќи и завршувајќи во Плуе, Франција. Била дваесет и четврта трка во сезоната на Светската турнеја.

Трката била освоена од возачот на Лампре-Мерида Филипо Поцато, пред возачот на РадиоШек-Леопард Џакомо Ницоло и возачот на Аг2р-Ла Мондијал Самуел Димулен, кој го заокружил подиумот.

Екипи[уреди]

Бидејќи ГП Уест-Франција бил настан од Светската турнеја, сите 19 UCI World Tour екипи биле автоматски повикани и се обврзани да испратат екипа. Пет други екипи биле повикани со специјални покани на трката и со тоа била создадена група од 24 екипи.

Екипите кои учествувале на трката биле:

† Поканети професионални континентални екипи.

Резултати[уреди]

Велосипедист Екипа Време Бодови за
Светската турнеја
1  Филипо Поцато (ИТА) Лампре-Мерида 5ч 59' 54" 80
2  Џакомо Ницоло (ИТА) РадиоШек-Леопард и.в. 60
3  Самуел Димулен (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал и.в. 50
4  Јирген Рулантс (БЕЛ) Лото-Белисол и.в. 40
5  Даниеле Бенати (ИТА) Тим Саксо-Тинкоф и.в. 30
6  Тор Хушовд (НОР) БМЦ Рејсинг Тим и.в. 22
7  Елија Вивијани (ИТА) Канондејл и.в. 14
8  Франсиско Вентосо (ШПА) Мувистар Тим и.в. 10
9  Борут Божич (СЛО) Астана и.в. 6
10  Џон Дегенколб (ГЕР) Аргос-Шимано и.в. 2

Надворешни врски[уреди]