Џиро д’Италија 2013

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џиро д’Италија 2013
Светска турнеја на UCI 2013, трка 15 од 28
Рутата на Џиро д’Италија 2013
Детали за трката
Датум(и) 4 – 26 мај
Етапи 21
Растојание 3.405 км
Добитници на наградите
Победник  Винченцо Нибали (Италија) (Астана)
Втор  Ригоберто Уран (Колумбија) (Тим Скај)
Трет  Кедел Еванс (Австралија) (Аксент Џобс-Ванти)

Бодовен  Марк Кевендиш (Велика Британија) (Омега Парма-Квик Степ)
Планински  Стефано Пираци (Италија) (Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс)
Младински  Карлос Бетанкур (Колумбија) (Аг2р-Ла Мондијал)
Екипен Тим Скај
Екипни бодови Мовистар Тим
2012
2014

Џиро д’Италија 2013 било 96. издание на Гранд Тур трката Џиро д’Италија. Започнала во Неапол и завршила во Бреша.

Екипи и возачи[уреди | уреди извор]

Бидејќи е трка во Светската турнеја, Џиро е обврзан да ги покани сите UCI World Tour екипи и овие екипи се обврзани да испратат свој состав. На почетокот на сезоната постоеле 18 вакви екипи и организаторите на трката издале дополнителни 4 покани со што вкупниот број на екипи би изнесувал 22.[1] Меѓутоа, Катјуша го добиле спорот против губењето на нивниот статус и UCI одлучил против отстранување на некој од другите екипи,[2] што значело дека 23 екипи ќе настапат на Џиро, нешто слично што се случило во 2011. Екипи кои ќе настапат се:

*Професионални континентални екипи поканети на трката со специјални покани.

Фаворити пред трката[уреди | уреди извор]

Бредли Вигинс, победник на Тур де Франс 2012, потврдил дека ќе цели на Џиро во 2013. Победникот на минатогодишното издание Рајдер Хесједал се очекува да вози во одбрана на неговата титула. Винченцо Нибали најавил дека планира да вози на трката. Други можни кандидати се Самуел Санчес, Доменико Поцовиво, Микеле Скарпони, Кедел Еванс и Роберт Гесинк.[3]

Рута и етапи[уреди | уреди извор]

„Џиро“ пристигнува на завршната точка Бреша

Целосната рута била објавена на 30 септември 2012 во Милано во присуство на некои возачи. По првпат од 2008, првите етапи на трката (вкупно осум) ќе се одржат на југот од Италија. Островот Искја исто така ќе биде домаќин на етапа по првпат во 54 години.

Во 2013, трката ќе оддаде почит на жртвите во катастрофата на браната Вајонт од 1963, но исто така и на композиторот Џузепе Верди на етапата 13 и на познатиот велосипедист и трикратен победник на Џиро Џино Бартали на етапата 9. Некои делови од рутата исто така ќе бидат идентични за возачите кои ќе настапат на Светските друмски првенства 2013 во Фиренца.[4][5]

Како дел од промената на правилото од минатогодишната трка, сега на сите етапи ќе постојат временски бонуси за првите тројца возачи (20, 12 и 8 секунди соодветно). Во 2012, на етапите одредени како планински не постоеја временски бонуси. Исто така, Џиро е првата трка која вклучи два средни спринта по друмска етапа, наместо како досега по еден. Овие спринтови се бодуваат за бодовниот пласман и се добиваат бонус секунди во генералниот пласман.[6]

Список на етапи
Етапа Датум Рута Растојание Вид Победник
1 4 мај НеаполНеапол 130 км рамна етапа  Марк Кевендиш (ВБР)
2 5 мај ИскјаФорио 17,4 км екипен хронометар Тим Скај
3 6 мај СорентоМарина ди Ашеа 222 км среднопланинска етапа  Лука Паолини (ИТА)
4 7 мај Поликастро БусентиноСера Сан Бруно 246 км среднопланинска етапа  Енрико Батаљин (ИТА)
5 8 мај КозенцаМатера 203 км рамна етапа  Џон Дегенколб (ГЕР)
6 9 мај Мола ди БариМаргерита ди Савоја 169 км рамна етапа  Марк Кевендиш (ВБР)
7 10 мај Сан СалвоПескара 177 км среднопланинска етапа  Адам Хансен (АВС)
8 11 мај Габике МареСалтара 54,8 км поединечен хронометар  Алекс Даусет (ВБР)
9 12 мај СансеполкроФиренца 170 км среднопланинска етапа  Максим Белков (РУС)
13 мај Ден за одмор
10 14 мај КорденонсАлтопјано дел Монтасио 167 км планинска етапа  Ригоберто Уран (КОЛ)
11 15 мај Каве дел ПредилЕрто е Касо 182 км среднопланинска етапа  Рамунас Навардаускас (ЛИТ)
12 16 мај ЛонгаронеТревизо 134 км рамна етапа  Марк Кевендиш (ВБР)
13 17 мај БусетоКераско 254 км рамна етапа  Марк Кевендиш (ВБР)
14 18 мај ЧервереБардонекија 180 км планинска етапа  Мауро Сантамброџо (ИТА)
15 19 мај Чезана ТоринезеКол ду Галибие Валоар 145 км планинска етапа  Џовани Висконти (ИТА)
20 мај Ден за одмор
16 21 мај ВалоарИвреа 238 км среднопланинска етапа  Бењат Инчаусти (ШПА)
17 22 мај КараваџоВиченца 214 км рамна етапа  Џовани Висконти (ИТА)
18 23 мај МориПолза 20,8 км поединечен хронометар  Винченцо Нибали (ИТА)
19 24 мај Понте ди ЛењоВал Мартело 139 км планинска етапа откажана
20 25 мај СиландроТре Чиме ди Лаваредо 203 км планинска етапа  Винченцо Нибали (ИТА)
21 26 мај Риезе Пио XБреша 197 км рамна етапа  Марк Кевендиш (ВБР)

Поредок[уреди | уреди извор]

На Џиро д’Италија 2013 постојат четири различни маички. Во генералниот пласман сметан преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и вклучувајќи ги временските бонуси за првите тројца на друмските етапи, предводникот ќе ја добие розовата маичка. Овој пласман се смета за најважен на Џиро д’Италија и победникот се смета за победник на трката.[7]

Некои од 48. кривини близу врвот од источната страна на преминот Стелвио

Во бодовниот пласман се доделува црвената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добиваат бодови доколку завршат во првите 15 на некоја етапа. За разлика од попознатиот бодовен пласман на Тур де Франс, видот на етапата нема никаква улога во бројот на бодови - секоја етапа се бодува со ист број на бодови. Победата носи 25 бода, второто место 20 бода, третото 16, четвртото 14, петтото 12, шестото 10, а понатаму за секое место се намалува по еден бод, сè до еден бод за 15. место. Дополнително бодови можат да се освојат на двата средни спринта на секоја друмска етапа.[7]

Постои и планински пласман каде се доделува сината маичка. Маичката била зелена на нејзиниот почеток, но со промената на спонзорството, бојата на маичката била промената во сина. Во планинскиот пласман, бодови се добиваат доколку велосипедистите се искачат на врвот на искачување пред другите велосипедисти. Секое искачување е категоризирано како прва, втора, трета и четврта категорија, каде за повисоките категории постојат повеќе бодови. Чима Копи, највисоката точка на трката, се доделуваат уште повеќе бодови отколку на оние искачувања од прва категорија.[7] Четвртата маичка го претставува пласманот за млад возач каде се доделува бела маичка. Овој пласман се смета на истиот начин како генералниот, но тука влегуваат во игра само возачите родени по или на 1 јануари 1988.[7]

Постојат два пласмани за екипите. Во пласманот Трофеј Брза екипа се сметаат времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа; водечката екипа е екипата со најниско вкупно време. Пласманот Трофеј Супер екипа претставува екипен бодовен пласман, каде најдобрите 20 возачи на секоја етапа заработуваат бодови (20 за првото место, 19 за второто, 18 за третото итн., сè до еден бод за 20. место) за нивната екипа.[7]

Етапа Победник Генерален пласман
Бодовен пласман
Планински пласман
Пласман за млад возач
Трофеј Брза екипа Трофеј Супер екипа
1 Марк Кевендиш Марк Кевендиш Марк Кевендиш Џовани Висконти Елија Вивијани Орика-ГринЕЏ Орика-ГринЕЏ
2 Тим Скај Салваторе Пучо Салваторе Пучо Тим Скај
3 Лука Паолини Лука Паолини Лука Паолини Вилем Ваутерс Фабио Ару Катјуша Катјуша
4 Енрико Батаљин Џовани Висконти
5 Џон Дегенколб
6 Марк Кевендиш Марк Кевендиш
7 Адам Хансен Бењат Инчаусти Рафал Мајка
8 Алекс Даусет Винченцо Нибали Вилко Келдерман Астана Мовистар Тим
9 Максим Белков Кедел Еванс Стефано Пираци Бланко Про Сајклинг Аксент Џобс-Ванти
10 Ригоберто Уран Рафал Мајка Тим Скај Тим Скај
11 Рамунас Навардаускас
12 Марк Кевендиш Марк Кевендиш
13 Марк Кевендиш
14 Мауро Сантамброџо
15 Џовани Висконти Карлос Бетанкур
16 Бењат Инчаусти Мовистар Тим
17 Џовани Висконти
18 Винченцо Нибали Рафал Мајка Тим Скај
19 Откажана
20 Винченцо Нибали Винченцо Нибали Карлос Бетанкур
21 Марк Кевендиш Марк Кевендиш Мовистар Тим
На крај Винченцо Нибали Марк Кевендиш Стефано Пираци Карлос Бетанкур Тим Скај Мовистар Тим

Пласмани[уреди | уреди извор]

Легенда
     Го означува предводникот во генералниот пласман      Го означува предводникот во планинскиот пласман
     Го означува предводникот во бодовниот пласман      Го означува предводникот пласманот за млад возач

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Бардијани, Колумбија и Фантини Вини обезбедија покани за Џиро д'Италија“. Cycling News. Future Publishing. Посетено на 19 февруари 2013.
  2. „UCI потврди 19 WorldTour екипи за 2013“. Cycling News. Future Publishing. Посетено на 19 февруари 2013.
  3. Бери Рајан. „Џиро д'Италија 2013: Главни кандидати за победа“. Cyclingnews. Посетено на 29 април 2013.
  4. „Ecco il Giro d'Italia! Crono, sprint e cime storiche“. corriere.it. Посетено на 30 септември 2012.
  5. „Giro d'Italia 2013 presentato a Milano Si parte a Napoli, l'arrivo a Brescia“. Il Messaggero. Архивирано од изворникот на 2012-10-24. Посетено на 30 септември 2012.
  6. „Временските бонуси се враќаат во 2013“. La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. 20 ноември 2012. Посетено на 4 мај 2013.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 Laura Weislo (13 мај 2008). „Објаснети пласманите на Џиро д'Италија“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 27 август 2009.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]