Адам Хансен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Адам Хансен

Хансен на Тур Даун Андер 2009
Лични податоци
Цело име Адам Хансен
Прекар Крок Мен
Роден 11 мај 1981 (1981-05-11) (33 г.)
Саутпорт, Квинсленд, Австралија
Висина 1,83 м
Маса 75 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Лото-Белисол
Дисциплина Друмски и планински велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за бегства
Аматерски клубови
2003
2004
2005
2006
Арбу Мерида
Коратек Австрија
ЕЛК Хаус
Ароспорт Кроне Линц
Професионални клубови
2007–2010
2011–
Т-Мобајл Тим
Омега Парма-Лото
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
1 индивидуална етапа (2013)
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2014)

Етапна трка

Стер Електротур (2010)

Еднодневни трки и класици

Национален хронометарски првак (2008)
Последна промена
8 октомври 2014

Адам Хансен (англиски: Adam Hansen; р. 11 мај 1981) — австралиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипа Лото-Белисол.[1]

Во 2012, Хансен станал втор Австралиец кој завршил на сите големи трки - Џиро д’Италија, Тур де Франс и Вуелта а Еспања – во една календарска година. Тој бил единствениот возач кој успеал во овој подвиг во 2012 и 32. во велосипедската историја.[2] Хансен ги завршил сите три големи трки и во 2013 година и моментално има возено и завршено на последните седум големи трки на кои учествувал. Тој е првиот Австралиец кој успеал во овој подвиг. Во 2013, Хансен рано се вдал во бегство на седмата етапа на Џиро д’Италија, етапа со бројни кратки и стрмни искачувања. Хансен се одвоил од другите членови на бегство и победил сам во Пескара во услови на пороен дожд со предност од над една минута во однос на групата зад него.[3]

На деветнаесеттата етапа на Вуелта а Еспања 2014, Хансен нападнал од групата на четири километри пред целта и опстоил пред неорганизираната потера, победувајќи сам.[4]

Хансен сака да ги задева неговите колеги со постирање на смешни слики од нив на Твитер. Тој е пријател, интелигентен и сакан од страна на групата. Како инженер, Хансен сам ги има дизајнирано патиките и има возено со нив на бројни трки.

Живее во Фридлант на Остравице, Чешка од 2005.[5]

Достигнувања[уреди]

2004
1. Краен пласман Трофеј Крокодил
1. Трка околу Бургенланд
1. ГП Дојчландсберг
2005
1. Краен пласман Трофеј Крокодил
1. Вин-Ласницхее
2006
1. ГП Брадло
1. Лаванталер Радшпортаге
2. Залцкамергут Џиро
2. Џиро дел Мендрисиото
2. Национално друмско првенство
2008
1. MaillotAustralia.PNG Национално хронометарско првенство
2. Хел ван хет Мергеланд
2. Национално друмско првенство
2009
3. Национално друмско првенство
2010
1. Краен пласман Стер Електротур
1. Етапа 4
2013
1. Етапа 7 Џиро д’Италија
2014
1. Етапа 19 Вуелта а Еспања
9. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Jersey white.svg Планински пласман
9. Краен пласман Трка околу Турција

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро СО 108 94 72 73
Jersey yellow.svg Тур 108 СО 81 72 64
Jersey red.svg Вуелта 89 94 СО 94 123 60 53

СО = се откажал

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]