Ватенфал Класик 2013

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ватенфал Класик 2013
Светска турнеја UCI 2013, трка 23 од 28
Детали за трката
Датум 25 август 2013
Должина 246 km (152.9 mi)
Време 5ч 45' 16"
Добитници на наградите
Победник  Џон Дегенколб (Германија) (Аргос-Шимано)
Втор  Андре Грајпел (Германија) (Лото-Белисол)
Трет  Александер Кристоф (Норвешка) (Тим Катјуша)
2012
2014

Ватенфал Класик 2013 било 18. издание на еднодневната велосипедска трка Ватенфал Класик. Била одржана во и околу Хамбург, Германија, на 25 август на растојание од 246 километри и била дваесет и трета трка во сезоната на Светската турнеја.

Во масовна спринтерска завршница, трката била освоена од возачот на Аргос-Шимано Џон Дегенколб, Дегенколб завршил пред возачот на Лото-Белисол Андре Грајпел и возачот на Тим Катјуша Александер Кристоф, кој го заокружил подиумот.

Екипи[уреди]

Бидејќи Ватенфал Класик бил настан од Светската турнеја UCI, сите 19 UCI World Tour екипи биле автоматски повикани и се обврзани да испратат екипа. Две други екипи, Тим НетАп-Ендура и МТН Кубека, биле поканети со специјални покани на трката и со тоа била создадена групата од 21 екипа.

Екипите кои настапиле на трката биле:

† = Поканети професионални континентални екипи.

Резултати[уреди]

Велосипедист Екипа Време Бодови за
Светската турнеја
1  Џон Дегенколб (ГЕР) Аргос-Шимано 5ч 45' 16" 80
2  Андре Грајпел (ГЕР) Лото-Белисол и.в. 60
3  Александер Кристоф (НОР) Тим Катјуша + 1" 50
4  Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мувистар Тим + 1" 40
5  Елија Вивијани (ИТА) Канондејл + 1" 30
6  Бој ван Попел (ХОЛ) Вакансолел-ДКМ + 1" 22
7  Николас Мес (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 1" 14
8  Тор Хушовд (НОР) БМЦ Рејсинг Тим + 1" 10
9  Мати Брешел (ДАН) Тим Саксо-Тинкоф + 1" 6
10  Арно Демар (ФРА) FDJ.fr + 1" 2

Надворешни врски[уреди]