Трка околу Полска 2013

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Трка околу Полска 2013
Светска турнеја UCI 2013, трка 20 од 28
Детали за трката
Датум 27 јули – 3 август 2013
Етапи 7[1]
Должина 1.238 km (769.3 mi)
Време 31ч 58' 07"[1] (24.063 mph/38,726 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Питер Венинг (Холандија) (Орика-ГринЕЏ)
Втор  Јон Изагире (Шпанија) (Еускалтел-Еускади)
Трет  Кристоф Риблон (Франција) (Аг2р-Ла Мондијал)

Бодови  Рафал Мајка (Полска) (Тим Саксо-Тинкоф)
Планини  Томаш Марчињски (Полска) (Вакансолел-ДКМ)
Спринт  Бартош Хузарски (Полска) (Тим НетАп-Ендура)
Екипа РадиоШек-Леопард
2012
2014

Трката околу Полска 2013 било 70. издание на велосипедската етапна трка Трка околу Полска. Започнала на 27 јули во Роверето, Италија, притоа одржувајќи се две етапи во земјата[2] и завршувајќи на 3 август во Краков, по седум одржани етапи. Била дваесетта трка во сезоната на Светска турнеја.

Трката била освоена од возачот на Орика-ГринЕЏ Питер Венинг од Холандија,[3] откако освоил доволно време на завршниот хронометар за да се помести пред претходниот предводник на трката Кристоф Риблон од Аг2р-Ла Мондијал. Венинг, второпласиран зад Ким Кирхен во 2005[4], доцнејќи 27 секунди (на петтото место) влегол на етапата,[5] но ја претворил оваа слабост во крајна победа на трката со 13 секунди пред возачот на Еускалтел-Еускади Јон Изагире, кој исто така се поместил пред Риблон на последната етапа.[6] Риблон, победник на кралската етапа на трката, втората етапа,[7] на крајот го заокружил подиумот, три секунди зад Изагире и шеснаесет зад Венинг.[8]

Другите пласмани на трката биле освоен од полски возачи; бодовниот пласман го освоил возачот на Тим Саксо-Тинкоф Рафал Мајка,[9] кој завршил како најдобро пласиран полски возач на четвртото место и водел на трката три дена поради постојаните резултати во првата половина на трката. Втора година по ред, Томаш Марчињски го освоил планинскиот пласман за Вакансолел-ДКМ,[10] додека Бартош Хузарски бил победникот на пласманот на средни спринтови за Тим НетАп-Ендура.[11] Екипниот пласман бил освоен од РадиоШек-Леопард,[9] завршувајќи скоро дваесет минути пред следната најдобра екипа Канондејл.[1]

Распоред[уреди]

Етапа Датум Движење Растојание Вид Победник
1 27 јули Роверето (Италија) до Мадона ди Кампилјо (Италија) 184,5 км Mountainstage.svg планинска етапа  Диего Улиси (ИТА)
2 28 јули МарилеваВал ди Соле (Италија) до Пасо ПордоиВал ди Фаса (Италија) 206,5 км Mountainstage.svg планинска етапа  Кристоф Риблон (ФРА)
29 јули Ден за одмор
3 30 јули Краков до Жешув 226 км Mediummountainstage.svg среднопланинска етапа  Тор Хушовд (НОР)
4 31 јули Тарнув до Катовице 231,5 км Mediummountainstage.svg среднопланинска етапа  Тејлор Фини (САД)
5 1 август Нови Тарг до Закопане 160,5 км Mountainstage.svg планинска етапа  Тор Хушовд (НОР)
6 2 август Бања Буковина до Буковина Татжањска 192 км Mountainstage.svg планинска етапа  Дарвин Атапума (КОЛ)
7 3 август Вјеличка до Краков 37 км History.gif индивидуален хронометар  Бредли Вигинс (ВБР)

Екипи[уреди]

Бидејќи Трката околу Полска била настан од Светската турнеја UCI, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле повикани автоматски и се обврзани да испратат екипа. Заедно со Тим Полска, националната екипа на Полска, три други екипи добиле специјални покани за трката и со тоа била создадена групата од 23 екипи.[12] Секоја екипа настапила со шест возачи, како дел од пилот-проектот на Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI),[13] со што главната група би била составена од 138 возачи,[14] помеѓу кои биле победникот на Џиро д’Италија 2013 Винченцо Нибали, победникот на Тур де Франс 2012 Бредли Вигинс и етапните победници на големите трки Иван Басо, Фабијан Канчелара, Микеле Скарпони, Ригоберто Уран и Тор Хушовд.[14] Во целата група само возачот на Гармин-Шарп Јохан Вансумерен бил некогашен победник на трката,[15] кој победил во 2007.

Дваесет и трите екипи кои настапиле на трката биле:

Етапи[уреди]

Етапа 1[уреди]

27 јули 2013 — Роверето (Италија) до Мадона ди Кампилјо (Италија), 184,5 км[16]
Резултат од етапа 1
Возач Екипа Време
1  Диего Улиси (ИТА) Лампре-Мерида 4ч 59' 32"
2  Дарвин Атапума (КОЛ) Колумбија и.в.
3  Рафал Мајка (ПОЛ) Тим Саксо-Тинкоф и.в.
4  Ерос Капеки (ИТА) Мувистар Тим и.в.
5  Иван Басо (ИТА) Канондејл и.в.
6  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
7  Јон Изагире (ШПА) Еускалтел-Еускади и.в.
8  Алекс Хаус (САД) Гармин-Шарп и.в.
9  Бен Херманс (БЕЛ) РадиоШек-Леопард и.в.
10  Питер Венинг (ХОЛ) Орика-ГринЕЏ и.в.
Генерален пласман по етапа 1
Возач Екипа Време
1  Диего Улиси (ИТА) Jersey yellow.svg Jersey white.svg Лампре-Мерида 4ч 59' 22"
2  Дарвин Атапума (КОЛ) Колумбија + 4"
3  Рафал Мајка (ПОЛ) Тим Саксо-Тинкоф + 6"
4  Ерос Капеки (ИТА) Мувистар Тим + 10"
5  Иван Басо (ИТА) Канондејл + 10"
6  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 10"
7  Јон Изагире (ШПА) Еускалтел-Еускади + 10"
8  Алекс Хаус (САД) Гармин-Шарп + 10"
9  Бен Херманс (БЕЛ) РадиоШек-Леопард + 10"
10  Питер Венинг (ХОЛ) Орика-ГринЕЏ + 10"

Етапа 2[уреди]

28 јули 2013 — МарилеваВал ди Соле (Италија) до Пасо ПордоиВал ди Фаса (Италија), 206,5 км[17]
Резултат од етапа 2
Возач Екипа Време
1  Кристоф Риблон (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал 6ч 03' 40"
2  Томас Рорегер (АВТ) РадиоШек-Леопард + 1' 02"
3  Георг Прајдлер (АВТ) Аргос-Шимано + 1' 18"
4  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 1' 35"
5  Рафал Мајка (ПОЛ) Тим Саксо-Тинкоф + 1' 35"
6  Питер Венинг (ХОЛ) Орика-ГринЕЏ + 1' 38"
7  Крис Анкер Серенсен (ДАН) Тим Саксо-Тинкоф + 1' 40"
8  Јон Изагире (ШПА) Еускалтел-Еускади + 1' 40"
9  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 1' 44"
10  Ерос Капеки (ИТА) Мувистар Тим + 1' 44"
Генерален пласман по етапа 2
Возач Екипа Време
1  Рафал Мајка (ПОЛ) Jersey yellow.svgJersey white.svg Тим Саксо-Тинкоф 11ч 04' 43"
2  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 4"
3  Кристоф Риблон (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 6"
4  Питер Венинг (ХОЛ) Орика-ГринЕЏ + 7"
5  Јон Изагире (ШПА) Еускалтел-Еускади + 9"
6  Крис Анкер Серенсен (ДАН) Тим Саксо-Тинкоф + 9"
7  Ерос Капеки (ИТА) Мувистар Тим + 13"
8  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 13"
9  Роберт Кишерловски (ХРВ) РадиоШек-Леопард + 16"
10  Томас Рорегер (АВТ) Jersey violet.svg РадиоШек-Леопард + 18"

Етапа 3[уреди]

30 јули 2013 — Краков до Жешув, 226 км[16]
Резултат од етапа 3
Возач Екипа Време
1  Тор Хушовд (НОР) БМЦ Рејсинг Тим 5ч 10' 02"
2  Марк Реншо (АВС) Белкин Про Сајклинг и.в.
3  Стил фон Хоф (АВС) Гармин-Шарп и.в.
4  Грега Боле (СЛО) Вакансолел-ДКМ и.в.
5  Тош ван дер Санде (БЕЛ) Лото-Белисол и.в.
6  Ли Хауард (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
7  Михал Голаш (ПОЛ) Омега Парма-Квик Степ и.в.
8  Јаухен Хутарович (БЛР) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
9  Бен Свифт (ВБР) Тим Скај и.в.
10  Лука Мезгец (СЛО) Аргос-Шимано и.в.
Генерален пласман по етапа 3
Возач Екипа Време
1  Рафал Мајка (ПОЛ) Jersey yellow.svg Jersey white.svg Тим Саксо-Тинкоф 16ч 14' 45"
2  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 4"
3  Кристоф Риблон (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 6"
4  Питер Венинг (ХОЛ) Орика-ГринЕЏ + 7"
5  Јон Изагире (ШПА) Еускалтел-Еускади + 9"
6  Крис Анкер Серенсен (ДАН) Тим Саксо-Тинкоф + 9"
7  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 13"
8  Ерос Капеки (ИТА) Мувистар Тим + 13"
9  Роберт Кишерловски (ХРВ) РадиоШек-Леопард + 16"
10  Томас Рорегер (АВТ) Jersey violet.svg РадиоШек-Леопард + 18"

Етапа 4[уреди]

31 јули 2013 — Тарнув до Катовице, 231,5 км[16]
Резултат од етапа 4
Возач Екипа Време
1  Тејлор Фини (САД) БМЦ Рејсинг Тим 5ч 40' 17"
2  Стил фон Хоф (АВС) Гармин-Шарп и.в.
3  Јаухен Хутарович (БЛР) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
4  Аидис Круопис (ЛИТ) Орика-ГринЕЏ и.в.
5  Рејнарт Јансе ван Ренсбург (ЈАР) Аргос-Шимано и.в.
6  Тор Хушовд (НОР) БМЦ Рејсинг Тим и.в.
7  Лука Мезгец (СЛО) Аргос-Шимано и.в.
8  Бартломјеј Матисијак (ПОЛ) ЦЦЦ Полсат Полковице и.в.
9  Даниеле Рато (ИТА) Канондејл и.в.
10  Даниел Шорн (АВТ) Тим НетАп-Ендура и.в.
Генерален пласман по етапа 4
Возач Екипа Време
1  Рафал Мајка (ПОЛ) Jersey yellow.svg Тим Саксо-Тинкоф 21ч 55' 02"
2  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 4"
3  Кристоф Риблон (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 6"
4  Питер Венинг (ХОЛ) Орика-ГринЕЏ + 7"
5  Јон Изагире (ШПА) Еускалтел-Еускади + 9"
6  Крис Анкер Серенсен (ДАН) Тим Саксо-Тинкоф + 9"
7  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 13"
8  Ерос Капеки (ИТА) Мувистар Тим + 13"
9  Роберт Кишерловски (ХРВ) РадиоШек-Леопард + 16"
10  Томас Рорегер (АВТ) Jersey violet.svg РадиоШек-Леопард + 18"

Етапа 5[уреди]

1 август 2013 — Нови Тарг до Закопане, 160,5 км[16]
Резултат од етапа 5
Возач Екипа Време
1  Тор Хушовд (НОР) БМЦ Рејсинг Тим 3ч 54' 40"
2  Матје Ладану (ФРА) FDJ.fr и.в.
3  Даниеле Рато (ИТА) Канондејл и.в.
4  Лука Мезгец (СЛО) Аргос-Шимано и.в.
5  Дејвид Танер (АВС) Белкин Про Сајклинг и.в.
6  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај и.в.
7  Диего Улиси (ИТА) Лампре-Мерида и.в.
8  Кристоф Риблон (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
9  Рејнарт Јансе ван Ренсбург (ЈАР) Аргос-Шимано и.в.
10  Георг Прајдлер (АВТ) Аргос-Шимано и.в.
Генерален пласман по етапа 5
Возач Екипа Време
1  Јон Изагире (ШПА) Jersey yellow.svg Еускалтел-Еускади 25ч 49' 41"
2  Рафал Мајка (ПОЛ) Тим Саксо-Тинкоф + 1"
3  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 5"
4  Кристоф Риблон (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 7"
5  Питер Венинг (ХОЛ) Орика-ГринЕЏ + 8"
6  Крис Анкер Серенсен (ДАН) Тим Саксо-Тинкоф + 10"
7  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 14"
8  Ерос Капеки (ИТА) Мувистар Тим + 14"
9  Роберт Кишерловски (ХРВ) РадиоШек-Леопард + 17"
10  Томас Рорегер (АВТ) РадиоШек-Леопард + 19"

Етапа 6[уреди]

2 август 2013 — Бања Буковина до Буковина Татжањска, 192 км[18]
Резултат од етапа 6
Возач Екипа Време
1  Дарвин Атапума (КОЛ) Колумбија 5ч 19' 36"
2  Кристоф Риблон (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 2"
3  Леополд Кениг (ЧЕШ) Тим НетАп-Ендура + 22"
4  Диего Улиси (ИТА) Лампре-Мерида + 22"
5  Рафал Мајка (ПОЛ) Тим Саксо-Тинкоф + 22"
6  Питер Венинг (ХОЛ) Орика-ГринЕЏ + 22"
7  Јон Изагире (ШПА) Jersey yellow.svg Еускалтел-Еускади + 22"
8  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 22"
9  Иван Сантаромита (ИТА) БМЦ Рејсинг Тим + 22"
10  Хосе Серпа (КОЛ) Лампре-Мерида + 22"
Генерален пласман по етапа 6
Возач Екипа Време
1  Кристоф Риблон (ФРА) Jersey yellow.svg Jersey white.svg Аг2р-Ла Мондијал 31ч 09' 20"
2  Јон Изагире (ШПА) Еускалтел-Еускади + 19"
3  Рафал Мајка (ПОЛ) Тим Саксо-Тинкоф + 20"
4  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 24"
5  Питер Венинг (ХОЛ) Орика-ГринЕЏ + 27"
6  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 33"
7  Ерос Капеки (ИТА) Мувистар Тим + 33"
8  Роберт Кишерловски (ХРВ) РадиоШек-Леопард + 36"
9  Иван Басо (ИТА) Канондејл + 40"
10  Крис Анкер Серенсен (ДАН) Тим Саксо-Тинкоф + 41"

Етапа 7[уреди]

3 август 2013 — Вјеличка до Краков, 37 км, индивидуален хронометар (ITT)[16]
Резултат од етапа 7
Возач Екипа Време
1  Бредли Вигинс (ВБР) Тим Скај 46' 36"
2  Фабијан Канчелара (ШВА) РадиоШек-Леопард + 56"
3  Тејлор Фини (САД) БМЦ Рејсинг Тим + 1' 14"
4  Марко Пиноти (ИТА) БМЦ Рејсинг Тим + 1' 20"
5  Кристоф Вандевале (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 1' 40"
6  Питер Венинг (ХОЛ) Орика-ГринЕЏ + 1' 44"
7  Јон Изагире (ШПА) Еускалтел-Еускади + 2' 05"
8  Доминик Нерц (ГЕР) БМЦ Рејсинг Тим + 2' 13"
9  Сергеј Чернецки (РУС) Тим Катјуша + 2' 15"
10  Рафал Мајка (ПОЛ) Тим Саксо-Тинкоф + 2' 17"
Краен генерален пласман
Возач Екипа Време
1  Питер Венинг (ХОЛ) Jersey yellow.svg Орика-ГринЕЏ 31ч 58' 07"
2  Јон Изагире (ШПА) Еускалтел-Еускади + 13"
3  Кристоф Риблон (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 16"
4  Рафал Мајка (ПОЛ) Jersey white.svg Тим Саксо-Тинкоф + 26"
5  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 51"
6  Ерос Капеки (ИТА) Мувистар Тим + 51"
7  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 1' 14"
8  Иван Басо (ИТА) Канондејл + 1' 38"
9  Танел Кангерт (ЕСТ) Астана + 2' 35"
10  Крис Анкер Серенсен (ДАН) Тим Саксо-Тинкоф + 2' 50"

Поредок[уреди]

На Трката околу Полска 2013 биле доделени четири маички. Генералниот пласман бил пресметуван со додавање на сите завршни времиња на секој велосипедист по секоја етапа, а предводникот добивал жолта маичка.[19] Овој пласман бил сметан за најважен на Трката околу Полска 2013 и победникот на овој пласман бил победник на трката. Временските бонуси за генералниот пласман биле доделувани преку два метода; на етапните завршници, за првите тројца возачи, временските бонуси биле доделувани од десет секунди за победникот, шест за вториот и четири за третиот.[19] Другиот начин бил преку ново воведениот „атрактивен“ пласман, кој ги рангирал возачите секој ден по нивните резултати на секое категоризирано искачување или среден спринт во текот на етапата,[20] кој им нудел на возачите бодови во износ од 3-2-1. Возачот со најмногу бодови во пласманот на крајот на секоја етапа добивал 30 секунди бонус, второпласираниот 20 секунди, а третопласираниот 10 секунди.[19] На секој изедначен пласман помеѓу возачите им се доделувал временскиот бонус за повисокото место.[19]

Постои и планински пласман, на кој била доделувана виолетовата маичка, претставувајќи ја Tauron Group, спонзори на пласманот.[19] На планинскиот пласман, бодови се добивале на врвовите на искачувањата доколку возачот се искачил пред другите велосипедисти, а повеќе бодови се добивале на повисоко категоризираните искачувања, кои биле поделени во три различни категории.[19] Двојни бодови се добивале на последното искачување на трката, на претпоследната етапа.[19] Третата маичка го претставувала бодовниот пласман, означена како белоцрвена.[19] На бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршеле во првите 20 на некоја етапа. На сите етапи, победата носела 20 бода, второто место 19 бода, третото 18 и по еден бод помалку сè до еден бод за 20. место.[19] Четвртата маичка го претставувала спринтерскиот пласман, обележана со црвена маичка.[19] На спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршеле на првите три места на средните спринтови во текот на секоја етапа, со исклучок на индивидуалниот хронометар.[19] Исто така, постоел екипен пласман, во кој времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа биле додавани по секоја етапа; водечката екипа на крајот на трката била екипата со најмало вкупно време.[19]

Етапа Победник Генерален пласман
Жолта маичка
Планински пласман
Виолетова маичка
Бодовен пласман
Бела маичка
Пласман на средни спринтови
Црвена маичка
Екипен пласман
1 Диего Улиси Диего Улиси Бартош Хузарски Диего Улиси Бартош Хузарски РадиоШек-Леопард
2 Кристоф Риблон Рафал Мајка Томас Рорегер Рафал Мајка
3 Тор Хушовд
4 Тејлор Фини Стил фон Хоф
5 Тор Хушовд Јон Изагире Томаш Марчињски Тор Хушовд
6 Дарвин Атапума Кристоф Риблон Кристоф Риблон
7 Бредли Вигинс Питер Венинг Рафал Мајка
На крај Питер Венинг Томаш Марчињски Рафал Мајка Бартош Хузарски РадиоШек-Леопард

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Wyniki 7 Etapu: Komunikat Numer 8“ (на полски) (PDF). „Трка околу Полска; DomTel Sport Timing“. Infocity. 3 август 2013. http://tdp.infocity.pl/pdf/editions/48/wyniki.pdf. конс. 3 август 2013. 
  2. The two Trentino stages were officially presented in Krakow“, „Трка околу Полска“, Lang Team Sp. z o.o., 7 ноември 2012 (конс. 10 јули 2013).
  3. Питер Венинг победи на Трката околу Полска“, „Орика-ГринЕЏ“, GreenEDGE Cycling, 3 август 2013 (конс. 4 август 2013).
  4. Маршалек, Даниел. „Кирхен во тесна завршница“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 18 септември 2005 (конс. 4 август 2013).
  5. Weening wins Tour of Poland, Wiggins claims final stage“, „The Star“, Star Publications (Malaysia) Berhad, 3 август 2013 (конс. 4 август 2013).
  6. Weening wins Tour of Poland as Wiggins crushes opposition“, „CyclingQuotes“, JJnet.dk A/S, 3 август 2013 (конс. 4 август 2013).
  7. Christophe Riblon wins stage 2 of the 2013 Tour of Poland“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 28 јули 2013 (конс. 4 август 2013).
  8. Bradley Wiggins back on track with time trial win in Tour of Poland“, „Daily Record“, Trinity Mirror, 3 август 2013 (конс. 4 август 2013).
  9. 9,0 9,1 Питер Венинг е победник на Трката околу Полска 2013“, „Трка околу Полска“, Lang Team Sp. z o.o., 3 август 2013 (конс. 4 август 2013).
  10. Third KOM in a row“, „Вакансолел-ДКМ“, Vacansoleil Eindhoven, 4 август 2013 (конс. 4 август 2013).
  11. Bartosz Huzarski most active rider in the Tour de Pologne“, „Тим НетАп-Ендура“, NetApp Deutschland GmbH, 3 август 2013 (конс. 4 август 2013).
  12. The starting line up is taking shape“, „Трка околу Полска“, Lang Team Sp. z o.o., 25 јуни 2013 (конс. 10 јули 2013).
  13. Трката околу Полска ќе го тестира новиот пласман“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 16 мај 2013 (конс. 10 јули 2013).
  14. 14,0 14,1 Денес во Роверето презентација на екипите - 23 кипи и 138 возачи“, „Трка околу Полска“, Lang Team Sp. z o.o., 26 јули 2013 (конс. 27 јули 2013).
  15. Garmin stawia na Dekkera, Euskaltel na Antona“, „S24.pl“, Serwis sportowy s24.pl, 27 јули 2013 (конс. 27 јули 2013). (на полски)
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 Oficjalna prezentacja 70.Tour de Pologne“, „PZKol“, Полска велосипедска федерација, 25 март 2013 (конс. 27 јули 2013). (на полски)
  17. Team Colombia names Tour de Pologne roster“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 24 јули 2013 (конс. 27 јули 2013).
  18. Sir Bradley Wiggins set to renew rivalry with Vincenzo Nibali“, „Sky Sports“, BSkyB, 27 јули 2013 (конс. 27 јули 2013).
  19. 19,00 19,01 19,02 19,03 19,04 19,05 19,06 19,07 19,08 19,09 19,10 19,11 „70. Трка околу Полска: Правила“ (PDF). „Трка околу Полска“. Lang Team Sp. z o.o.. http://tourdepologne.pl/en/?showFile=92&t=1375617720. конс. 4 август 2013. 
  20. First "Race Appeal" contest at Tour de Pologne“, „UCI.ch“, Меѓународен велосипедистички сојуз, 15 мај 2013 (конс. 4 август 2013).

Надворешни врски[уреди]