Краков
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|
|||
| Централниот плоштад во Краков | |||
|
|||
| Mестоположба | |||
|---|---|---|---|
| Краков (црвената точка) на картата на Полска | |||
| Координати |
|
||
| Временска зона - лето |
CET (GMT +1) CEЛT (GMT +2) |
||
| Општи податоци | |||
| Име - изворно |
Краков Kraków |
||
| Прво доселување | о. 9 век | ||
| Основан | 5 јуни, 1257 | ||
| Поштенски број | 30-001 до 31-999 | ||
| Повикувачки број | (+48) 12 | ||
| Автомобилска ознака | KR | ||
| Официјална страница | krakow.pl | ||
| Управа | |||
| Земја | |||
| Војводство | Малополско Војводство | ||
| Повјат | Краков | ||
| Гмина | Краков | ||
| Градоначалник | Јацек Мајхровски | ||
| Географија | |||
| Површина | 326,8 km² | ||
| Надморска височина | 219 m | ||
| Население | |||
| Население | 756 267 (2007) | ||
| Густина | 2316,84 ж./km² (2007) | ||
Краков (полски: Kraków) е град во јужна Полска, над Висла. По Варшава и Лоѓ трет по големина во Полска според бројот на жители; по Варшава втор по големина според територија; Краков е еден од најстарите градови во Полска, со над илјадагодишна историја, со големо културно и архитектонско значење. Во минатото Краков беше административен центар на Полска и седиште на полските владетели. Краков е главен град на Малополското војводство и историската Малополска.
Градот се наоѓа на спојот на неколку географски територии: Брама Краковска, Сандомиерска котлина, Ошвенчимска котлина и Погуже Западнобескиѕке. Издолжена оска на градот е долината на Висла. Речната мрежа ја сочинуваат Висла, нејзината десна притока Вилга и левите притоки: Рудава, Бјалуха, Длубина, Санка и други.
Денес Краков е повјатски град и седиште на властите на Малополското војводство. Во Kраков се наоѓаат седиштата на институциите како: „Полска Академија на Уметностите“, „Стариот народен театар“, „Народен Музеј“, „Библиотека Јагелонска“ и др. Градот има многу важна административна, културна, образовна, топанствена и туристичка функција. Тој е клучна патна и железничка крстосница. Во близина на Краков се наоѓа втор по големина аеродром (Балице) во Полска со меѓународно значење до кој од градот може да се стигне со помош на железница.
[уреди] Име
Според легенда, запишана кон крајот на XII век од Кадлубек, името на Краков доаѓа од името на принцот Крак.
Името на градот во други јазици: Cracovia(лат.,шпански,италијански), Krakow (англиски, иако во минатото почесто се употребуваше Cracow), Krakau (германски), Cracovie(француски), Krakkó (унгарски), Краків украински), Krakov (קרקוב еврејски), Kurakufu (јапонски), Kèlākěfū (克拉科夫 кинески), Krakov (чешки и турски).
[уреди] Македонскиот јазик на Јагелонскиот универзитет
Првата катердра по македонски јазик надвор од границите на поранешна Југославија е отворена на Јагелонскиот универзитет во Краков.