Војводства во Полска

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на војводствата во Полска

Војводството (полски: województwo) е крупна административна единица на Полска уште од XIV век, па до денес.

Постојат 16 војдовства, воведени со реформите на локалната самоуправа (1999), заменувајќи ги дотогашните 49 војводства од 1975 г.

Денешните војводства се претежно наречени по историско-географските области, а оние до 1998 г. ги носеле имињата на нивните административни центри. По површина се движат од 10.000 км² (Ополско војводство) до над 35.000 км² (Мазовско војводство), а по население, од милион (Љубушко војводство) до преку пет милиони (Мазовско војводство).

Административните надлежности управник назначен од владата — војвода
(wojewoda), обласно собрание (sejmik) и извршни власти избрани во собрание. На чело на извршната власт стои маршалек marszałek. Војводствата понатаму се делат на повјати (окрузи) и гмини (општини).

Надлежности[уреди]

Надлежностите на војводствата се поделени помѓу војводата, обласното собрание и извршната власт. Во сите случаи освен два, сите служби и установите се наоѓаат во административниот центар.

Војводата го назначува премиерот како обласен претставник на централната влада и началствува со државните установи во војводството (на пр. противпожарна служба, пасошки одделенија, инспекторати и сл), раководи со државната сопственост во областа и раководи со работата на локалната управа и јавната проблематика, но има и посебни овластувања во случај на вонредна состојба.

Обласното собрание се бира на секои четири години, на истите локални избори каде се бира управата во повјатите и гмините. Носи подзаконски акти, вклучувајќи го буџетот и стратегијата за развој на војводството. Ова тело го избира маршалекот и другите членови на извршната власт, кои пак одговараат пред него.

Извршниот огранок (zarząd) е задолжен за изготвување на буџет и развојни стратегии, спроведување на донесеното во обласното собрание, раководење со средствата на војводството и рази други аспекти од обласната политика како управувањето со средствата од ЕУ.


Список на војводства[уреди]

Кратенка Грб Код Рег.
таб.
Војводство Админ. центар Површина
(км²)
Население
(2003)
Население
(2004)
WM Warminsko-mazurskie herb.svg 28 N Варминско-мазурско
(warmińsko-mazurskie)
Олштин 24 202,95 1 428 885 1 428 385
WP POL województwo wielkopolskie COA.svg 30 P Големополско
(wielkopolskie)
Познањ 29 825,59 3 359 932 3 362 011
DS POL woj dolnoslaskie COA 2009.svg 02 D Долношлезиско
(dolnośląskie)
Вроцлав 19 947,76 2 898 313 2 895 729
ZP POL województwo zachodniopomorskie COA.svg 32 Z Западнопоморско
(zachodniopomorskie)
Шчеќин 22 901,48 1 696 073 1 695 708
KP POL województwo kujawsko-pomorskie COA.svg 04 C Кујавско-поморско
(kujawsko-pomorskie)
Бидгошч¹
Торуњ²
17 969,72 2 068 142 2 067 548
LD POL województwo łódzkie COA.svg 10 E Лоѓско
(łódzkie)
Лоѓ 18 219,11 2 597 094 2 592 568
LU POL województwo lubelskie COA.svg 06 L Љублинско
(lubelskie)
Љублин 25 114,48 2 191 172 2 187 918
LB POL województwo lubuskie COA.svg 08 F Љубушко
(lubuskie)
Гожов Вјелкополски¹
Зјељона Гура²
13 984,44 1 008 786 1 009 177
MA POL województwo mazowieckie COA.svg 14 W Мазовско
(mazowieckie)
Варшава 35 597,80 5 135 732 5 139 545
MP POL województwo małopolskie COA.svg 12 K Малополско
(małopolskie)
Краков 15 144,10 3 252 949 3 256 171
OP POL województwo opolskie COA.svg 16 O Ополско
(opolskie)
Ополе 9 412,47 1 055 667 1 053 723
PD POL województwo podlaskie COA.svg 20 B Подласко
(podlaskie)
Бјалисток 20 179,58 1 205 117 1 204 036
PM POL województwo pomorskie COA.svg 22 G Поморско
(pomorskie)
Гдањск 18 292,88 2 188 918 2 192 404
PK POL województwo podkarpackie COA.svg 18 R Поткарпатско
(podkarpackie)
Жешов 17 926,28 2 097 248 2 097 325
SW POL województwo świętokrzyskie COA.svg 26 T Светокришко
(świętokrzyskie)
Кјељце 11 672,34 1 291 598 1 290 176
SL POL województwo śląskie COA incorrect.svg 24 S Шлезиско
(śląskie)
Катовице 12 294,04 4 714 982 4 707 825


(¹) седиште на војводата

(²) седиште на собранието и маршалекот

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]