Географија на Полска
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Полска е држава во Централна Европа.
Граници [уреди]
Вкупната површина на земјата изнесува 312.679 km² , и според тоа се наоѓа на 69 место по големина во светот. Граничи со Германија на запад, Чешка и Словачка на југ, Украина и Белорусија на исток и Балтичкото Море, Литванија и Русија на север.
Главниот град Варшава е најголемиот во државата со околу 1 600 000 жители.
Население [уреди]
Според пописот, вкупното население на Норвешка е oколу 38.116.000 жители. Густината на населеноста е 122 km² жители на квадратен километар.
Клима [уреди]
Полската територија се протега на неколки географски региони. На северозапад се наоѓа балтичкото крајбрежје. Ова крајбрежје е богати со неколку езера и дини. Централниот дел на Полска зазема дел од Северноевропската Низина. Тука се наоѓаат комплекси на езера меѓу кои: Померанско Езеро, Големо Полско Езеро и Кашупско Езеро. На југот на земјата се наоѓа планинскиот дел од Полска, меѓу кои се наоѓаат Карпатите и Татрите.
Климата во Полска е умерена, и преоѓа во континентална во источниот и југоисточниот дел од државата. Летата се умерено топли со средна температура од 16 и 19 °C. Зимите се студени со средна температура од 0 °C на северозапад, до −5 °C на југоисток.
