Географија на Норвешка
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|
Оваа статија има потреба од воведен дел за да ги сумира најважните аспекти на темата. Воведот треба да стои независен како концизен преглед на статијата, треба да создаде контекст, да ги сумира најважните поенти, да објасни зошто темата е важна или значајна и кратко да ги објасни нејзините поважни контроверзности, ако постојат такви. |
Содржина |
[уреди] Местоположба
Норвешка е држава во Северна Европа. Се наоѓа на Скандинавскиот Полуостров, опфаќајки го неговиот западен брег.
[уреди] Граници
Вкупната површина на земјата изнесува 324,220 km² , и според тоа се наоѓа на 66 место по големина во светот. Таа на исток граничи со Шведска; нејзиниот најсеверен регион граничи со Финска на југ и Русија на запад. Обединетото Кралство и Фаревските Острови лежат западно преку Северното море, а Данска лежи на југ. Долгото крајбрежје на Новешка, во Северно Атлантскиот океан и Баренцовото море, се дом на нејзините познати фјордови.
Главниот град Осло е најголемиот во државата со околу 630 000 жители.
[уреди] Население
Според пописот, вкупното население на Норвешка е oколу 4,593,041 жители. Густината на населеноста е 14 km² жители на квадратен километар.
[уреди] Клима
Територијата на Норвешка се наоѓа во насока југозапад и североисток. Големата бреговна линија ѝ граничи со Северниот Леден океан. Таму се наоѓаат и познатите фјордови. По нејзиниот брег се наоѓаат околу 50 000 мали острови на простор на околу 2 500 километри. Нејзината копнена граница со Шведска, Русија и Финска е 2 542 км. На запад Норвешка граничи со Норвешкото море и Северното море. На плоштина Норвешка е поголема од Германија, но е малку населена. Поголемиот дел од нејзината територија е опфатен со планини со најразлични форми. На планините исто така има голем број на водопади.
|
|||||||||||||||||
