Географија на Финска

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Географски координати :

Финска е држава која се наоѓа во Североисточна Европа.

Граници [уреди]

Вкупната површина на земјата изнесува 338,145 км², и според тоа се наоѓа на 63 место по големина во светот. Финска е заобиколена со Балтичкото Море на југозапад, Финскиот Залив на југоисток и Ботнички Залив на запад. На копно, Финска се граничи со Шведска, Норвешка и Русија, а по вода се граничи и со Естонија.

Главниот град Хелсинки е најголемиот во државата со oколу 600 000 жители.

Население [уреди]

Според пописот, вкупното население во Финска е oколу 5,244,858 жители. Густината на населеноста е 17/km² жители на квадратен километар.

Клима [уреди]

Околу 3/4 од територијата на Финска е покриена со планини. Во јужниот и северниот дел планините се со борски двра, даб, јавор и други.

Просечната јулска температура е 16° C, а во февруари -9° C. Количината на снежни и дождливи врнежи е 460 мм на север и 710 на југ. Со слаб снег земјата е покриена околу пет месеци годишно во јужна Финска и до седум месеци во Северна Финска.

За Финска се зборува дека е земја на водите. Различни се податоците околу бројот на езера во Финска, но тој број е околу 60.000 езера. Најголемо езеро е Сајма со 1.800 m². Други важни езера се Пајане, Кали, Ори и Инари. Максималната длабочина на Инари е 60 метри. Според некои податоци, езерото има околу 3000 острови, а површината на акваторијата е 1.000 m². Најголема река е Боуксен.