Естонија
| Република Естонија
Eesti Vabariik
|
||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
| Химна: Mu isamaa, mu õnn ja rõõm (македонски: Мојата татковина, моја среќа и радост) |
||||||
|
Местоположбата на Естонија (green)
– на Европскиот континент (светло зелено и сива) |
||||||
| Главен град | Талин 59°25′N 24°45′E / 59.417°N 24.75°E |
|||||
| Најголем град | главниот град | |||||
| Службен јазик | естонски | |||||
| Народности | 68.7 % Естонци 25.6 % Руси 5.7 % други[1] |
|||||
| Демоним | Естонец | |||||
| Уредување | Парламентарна република | |||||
| - | Претседател | Томас Хендрик Илвес | ||||
| - | Премиер | Андрус Ансип | ||||
| Независност | Руска Империја | |||||
| - | Автономија | 12 април 1917 | ||||
| - | Објавена независност официјално признена |
24 февруари 1918 2 февруари 1920 |
||||
| - | Прва советска окупација | 1940–1941 | ||||
| - | Германска окупација | 1941–1944 | ||||
| - | Втора советска окупација | 1944–1991 | ||||
| - | Втора независност | 20 август 1991 | ||||
| ЕУ пристапила | 1 мај 2004 | |||||
| Површина | ||||||
| - | Вкупна | 43,432 km2 (132-ра) 17,413 sq mi |
||||
| - | Вода (%) | 4.45% | ||||
| Население | ||||||
| - | проценка за 2010 | 1.360.000[2] (151-ва) | ||||
| - | Попис 2000 | 1.370.052[3] | ||||
| - | Густина | 29/km2 (173-та) 75/sq mi |
||||
| БДП (ПКМ) | проценка за 2009 | |||||
| - | Вкупен | $24.004 милијарди[4] | ||||
| - | По жител | $17.908[4] | ||||
| БДП (номинално) | проценка за 2009 | |||||
| - | Вкупно | $19.123 милијарди[4] | ||||
| - | По жител | $14.266[4] | ||||
| Џини (2005) | 34 (среден) | |||||
| ИЧР (2007) | ▲0.883[5] (висок) (40-та) | |||||
| Валута | Euro (EUR) |
|||||
| Часовен појас | EET (UTC+2) | |||||
| - | (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||||
| Се вози на | десно | |||||
| НИД | .ee | |||||
| Повик. бр. | +372 | |||||
Република Естонија (естонски: Eesti Vabariik) или само Естонија е (Eesti) е држава во Источна Европа. Естонија се граничи со Летонија на југ, со Русија на исток, додека на север излегува на Финскиот Залив, а на запад излегува на Балтичкото Море.[6] Вкупната површина на Естонија изнесува 45.227 километри квадратни каде живеат околу 1.3 милиони жители. Главен и најголем град во државата е Талин, додека официјален јазик е естонскиот јазик.
Населувањето на денешната територија на Естонија започнала уште во 8500 п.н.е. Низ историјата, Естонците биле под владеење на околните силни држави, како на пример Шведска, Русија или Данска. Странската власт во Естонија започнала уште во 1227 година. Одреден период територијата била под владеење на Германија и Данска, додека во 1500-те години Естонија била под шведска управа. Од 1710 година територијата била под руска управа, следена од советско владеење за да на 20 август 1991 година Естонија се стекне со својата целосна независност. Од 1 мај 2004 година Естонија е дел од Европската Унија.
Содржина |
[уреди] Етимологија
Модерното име на Естонија се верува дека потекнува од римскиот историчар Тацит кој во својата книга Германија опишал луѓе кои се нарекувале ести или на латински aestii. Исто така, во старите скандинавски приказни се опишувала држава именувана Естланд, термин кој и денес се користи во германските јазици за државата. Во македонскиот јазик државата се нарекува со термин кој е ист за сите словенски јазици.
[уреди] Историја
- 2 век п.н.е., територијата на денешна Естонија е населена.
- 12 век, се оформил естонскиот народ
- 1227 година, Естонија била завладеана од страна на Данска
- 1346 година, Тевтонскиот ред зазел територии од Данска
- 1561 година, Естонија била поделена меѓу Данска и Шведска
- 17 век, Естонија под целосна управа на Шведска
- 1721 година, Естонија била присоединета кон Русија
- 19 век, национално движење против Русија
- 1917 година, Естонија била управувана од страна на Советскиот Сојуз
- 1918 година, Естонија била окупирана од страна на Германија
- 1919 година, независност на Естонија
- 1940 година, СССР ја анексирал Естонија и била создадена Естонска ССР
- 1941 година, Естонија била окупирана од страна на Нацистичка Германија
- 1944 година, воведување на Советска власт
- 1990 година, се објавила декларација за независност на Естонија од СССР
- 1991 година, независност на Естонија
- 1991 година, членка на ООН
- 2004 година, членка на НАТО
- 2004 година, членка на ЕУ
[уреди] Географија и клима
Естонија е прибалтичка земја. Се протега и на група од 1521 острови, меѓу кои најголеми се Сарема и Хиума. Релјефот е претставен претежно со низини. Вкупната површина на земјата изнесува 45,226 km², и според тоа се наоѓа на 129 место по големина во светот. Естонија има копнени и водни граници. Копнените граници и се со Летонија и Русија, и тоа на југ со Летонија и на исток со Русија. Водните граници се со Финска, Летонија, Русија и Шведска.
[уреди] Политички систем
[уреди] Административна поделба
[уреди] Економија
[уреди] Население, јазик и религија
Според последната анкета спроведена од страна на Евробарометар во 2005, [7] 16% од граѓаните на Естонија одговориле дека "веруваат во Бог", а 54% одговориле дека "постои некоја друга сила" и 26% одговориле дека "неверуваат ниту во Бог ниту во некоја надприродна сила". Според оваа анкета, Естонците се наоѓаат на самиот врв во Европската унија како најголем атеистички народ. Историски, сепак, Естонија била на повеќе пати била седиште на Лутеранството.
Помалку од една третина од населението се декларира како религиозно односно околу 32% од населението. Во Естонија има повеќе религиозни организации и тоа:
- Естонска Евангелска Лутеранска црква, а вкупниот број на верници изнесува 14,8%
- Естонска Православна Црква, а вкупниот број на верници изнесува 13,9%
- Исламска организација, а вкупниот број на верници изнесува 0.4%
- Баптистичка организација, а вкупниот број на верници изнесува околу 0.4
- Римокатолици, а вкупниот број на верници изнесува околу 0.1
Исто така има и голем број на помали Протестантски, еврејски, будистички и други религиозни групи.
Етнички, Естонија е составена од Естонци со 68.7 %, Руси со 25.6 % и останати народи 5.7 %. Официјален јазик е естонскиот, но доста се зборува и рускиот.
[уреди] Култура
Културата на Естонија претставува спој на старата естонска традиција карактеристична за фино-угричките народи и остамати европски културни примеси. Самата култура, поради историски причини, била под неколку културни влијанија како на пример словенско, финско, балтичко или германско влијание. Традиционално Естонија е гледана како територија за ривалство помеѓу истокот и западот во тој регион, односно помеѓу Шведска и Русија. Поради тоа, во државата има и протестантсво и православие.
[уреди] Наводи
- ↑ „Population by ethnic nationality, 1 јануари, year“. „stat.ee“. Statistics Estonia. http://www.stat.ee/34278. проверено на 2009-10-24.
- ↑ Statistics Estonia
- ↑ . "2000. Aasta rahva ja eluruumide loendus (Population and Housing Census)" (PDF). Statistikaamet (Statistical Office of Estonia).
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „Estonia“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2010/01/weodata/weorept.aspx?sy=2007&ey=2010&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=939&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=37&pr.y=4. проверено на 2010-04-21.
- ↑ Human Development Index report, 2009
- ↑ Portal of the Republic of Estonia, (естонски)
- ↑ „Eurobarometer on Social Values, Science and technology 2005“ (PDF). стр. 11. http://ec.europa.eu/public_opinion/archives/ebs/ebs_225_report_en.pdf. проверено на 2007-05-05.
[уреди] Видете исто така
- Талин
- Естонски јазик
- Естонци
- Естонска ССР
- Војводство Естонија
- Обединето балтичко војводство
- Тера Маријана
[уреди] Надворешни врски
| Најдете повеќе за Естонија на сестринските проекти на Википедија: | |
|---|---|
| Вики речник | |
| Вики книги | |
| Вики цитати | |
| Вики извор | |
| Заедничка ризница | |
| Вики вести | |
| Вики универзитет | |
- Влада
- Официјален портал на Естонија
- Е-Естонија
- Естонска влада
- Министерство за надворешни врски
- Шеф на држава и кабинет
- Општо
- Енциклопедија Естоника
- Естонски Институт
- Завод за статистика на Естонија
- Запис за Естонија во „Светска книга на факти“ (англиски)
- Естонија на UCB
- Estonia - Проект „Отворен директориум“ (англиски)
- Патување
- Постете ја Естонија, портал
- Естонија на Wikitravel (англиски)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||
Австрија • Белгија • Бугарија • Германија • Грција • Данска • Естонија • Ирска • Италија • Кипар • Латвија • Литванија • Луксембург • Малта • Обединето Кралство • Полска • Португалија • Романија • Словачка • Словенија • Унгарија • Финска • Франција • Холандија • Чешка • Шпанија • Шведска
Земји кандидати во преговори: Турција • Хрватска Земја кандидат: Македонија • Црна Гора • Исланд Потенцијални земји кандидати: Албанија • Босна и Херцеговина • Србија