Република Косово
- Оваа статија е за самопрогласената Република Косово. За регионот видете Косово, а за останати поими видете ја страницата за појаснување.
| Република Косово | ||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
| Химна: „Европа“ (албански: Evropa) |
||||||
|
Местоположба на Косово
|
||||||
| Главен град | Приштина |
|||||
| Најголем град | гл. град | |||||
| Народности (2009) | 88% Албанци 7% Срби 5% други[1] |
|||||
| Површина | ||||||
| - | Вкупна | 10.908 км2 | ||||
| - | Вода (%) | n/a | ||||
| Население | ||||||
| - | Попис 2011 | 1,733,872[2] | ||||
| - | Густина | 220 жит/км2 | ||||
| БДП (ПКМ) | проценка за 2010 | |||||
| - | Вкупен | $11.968 милијарди[3] | ||||
| - | По жител | $6,631 | ||||
| БДП (номинален) | проценка за 2010 | |||||
| - | Вкупно | $5.601 милијарди[3] | ||||
| - | По жител | $3,103 | ||||
| Валута | евро; српски динар (EUR; RSD) |
|||||
| Часовен појас | CET (UTC+1) | |||||
| - | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
| Се вози на | десно | |||||
| Повик. бр. | +381 | |||||
Република Косово (српски: Република Косово, Republika Kosovo; албански: Republika e Kosovës) или само Косово, е самопрогласена и делумно призната држава на Балканскиот Полуостров. Републиката го зафаќа географскиот регион Косово и истата е спорна територија меѓу косовските власти и Србија. Косово нема излез на море и на север и исток се наоѓа Централна Србија, на југ Македонија и запад Албанија и Црна Гора. Сите три соседни држави Македонија, Албанија и Црна Гора го признаваат Косово како независна држава, со исклучок на Србија. Останатиот дел од границата, поточно северниот и источниот дел, е предмет на контроверза - заговарачите на независноста на Косово, таа линија ја сметаат како меѓународна граница меѓу Косово и Србија, додека противниците на оваа идеја сметаат дека е тоа граница меѓу два српски региони; автономна покраина и Централна Србија. Главен град на Косово, а воедно и најголем, е Приштина. Официјални јазици во републиката се српскиот и албанскиот јазик.
Владата на Република Косово има де факто власт над големиот дел од територијата на Косово, додека Северно Косово, најголемата енклава на Косовските Срби, е под власт на институциите на Република Србија. Србија не ја признава едностраната независност на овој дел, според меѓународното право кое е нејзина територија. Истотака ја смета за своја покраина која е под администрација на Обединетите Нации (УНМИК), во составот на својата суверена територија.
Република Косово е призната од 99 членки на Обединетите нации (51,3%) и 22 земји од ЕУ (81%). Рамноправен член е на ММФ, Светската банка, Европската банка за обнова и развој, Советот за регионална соработка на земјите на Југоисточна Европа, како и Меѓународната унија за сообраќај.
Содржина |
Косовскиот спор и војната од 1999 година [уреди]
Косово е предмет на тековен територијален спор меѓу српската влада и албанското мнозинско население во покраината. Статусот на Косово е во фаза на преговори. Според резолуцијата на ОН 1244, Косово сѐ уште е дел од Србија, иако по НАТО-бомбардирањето на СР Југославија од 1999 година е управувано од Обединетите Нации како меѓународен протекторат и со воена заштита на КФОР силите на НАТО. Конечниот статус на покраината сè уште е предмет на спор. Претседател на Косово е Атифете Јахјага, а премиер е Хашим Тачи[4].
Територијална поделба [уреди]
Територијата на Косово се состои од две поголеми региони, Косово и Метохија. Косово го зазема источниот дел од територијата, а додека Метохија се наоѓа на западна страна. Територијата на Косово административно е поделена на 30 дистрикта или општини. Главен град на Косово е Приштина, а воедно Приштина е и главен центар на Општина Приштина.
| Округ | Главен град | Површина km² |
Насевелние во 2002 (ранг) |
Население на km² |
Општини |
|---|---|---|---|---|---|
| Ѓаковица |
Ѓаковица | 1042 | 242.077 | 232 | |
| Гнилане |
Гнилане | ||||
| Косовска Митровица |
Косовска Митровица | ||||
| Пеќ |
Пеќ | ||||
| Приштина |
Приштина | ||||
| Призрен |
Призрен | ||||
| Урошевац |
Урошевац |
Спред УНМИК, како второстепени административни единици се оштините.
| Општини | |||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
| Косово и Метохија | |||||||||||||||||||||||||||||||
Наводи [уреди]
- ↑ „CIA World Factbook“. CIA. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/kv.html
- ↑ REKOS2011 - Census preliminary results.
- ↑ 3,0 3,1 „Kosovo“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2011/01/weodata/weorept.aspx?sy=2008&ey=2011&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=967&s=NGDPD%2CPPPGDP&grp=0&a=&pr.x=34&pr.y=5. проверено на 30 April 2011.
- ↑ „Хашим Тачи премиер на Косово и во наредните 4 години“, Радио Слободна Европа (проверено на 23 февруари 2011). (македонски)
Поврзано [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Република Косово“ |
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||
| Одредници од КОСОВО | |||||||||||
|
|||||||||||