Призрен
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|||||
| координати: 42°13′48"N, 20°44′24"E Временска зона: UTC+1 | |||||
| Администрација | |||||
| Држава | Србија / Косово | ||||
| Покраина | Косово и Метохија | ||||
| Округ | Призренски | ||||
| Општина | Призрен | ||||
| Градоначалник | Рамадан Муја | ||||
| Општи податоци | |||||
| Надморска височина | 412 - 500м | ||||
| Население | 171 464 (2006) | ||||
| Повикувачки број | (+381) 029 | ||||
| Поштенски код | |||||
| Официјална веб страница | www.prizreni-komuna.org | ||||
Призрен (Албански. Prizreni, Турски Prizren), е град на северните падини на Шар Планина, близо до границата со Албанија и Македонија. Тој е центар на истоимената општина и Призренскиот округ.
Содржина |
Географија [уреди]
Градот се наоѓа на јужниот дел на Метохија, во Призренската котлина. Таа, заедно со Љубижданското поле сочинуваат посебен шарско-пиндски регион, заобиколен од ридот Цвилен (1381 м) и планините Ошљак (2212 m), Паштрик (1978 m), Коритник (2395 m) и Шар. Надморската висина се изменува од 412 до 500 метри. Низ градот тече реката Призренска Бистрица, која го дели на два дела. Таа извира од Шара, а се влева во Бели Дрим. Подрачјето е релативно земјотресно, така што меѓу 1900 година и 1936 година се регистрирани 136 земјатреси.
Клима [уреди]
Климата е умерено - континентална со влијание на субмедитеранска. На повисоките предели се чувствува влијанието на Шар, а во пониските на Јадранот. Просечните темпратури за месец јануари се од +0,5 °C до -0,5 °C. Летото е жешко и за месец јули просечните температури се од +21,5 °C до 22,8 °C. Сончевото греење годишно изнесува 2 150 часови.
Население и демографија [уреди]
Во XVII век најмалку 20 000 православни лица се иселиле, бегајќи од турските војски, кои го зазеле градот. Тогаш во градот почнуваат да се населуваат Албанци, кои што доаѓале од југозапад, односно Северна Албанија.
Во 1838 година австриецот Јозеф Мулер го проценува населението на Призрена и неговата околина на околу 24.950 Срби (христијани и муслимани) или 73,68%, а Албанците (католици и муслимани) се 16,63%.
На крајот на деветнаесетиот век во градот и околината живееле околу 60 000 лица, од кои 11 000 христијани и 30 000 муслимани Срби. Останатите биле Турци, Албанци, Цинцари и Роми.
Во последните години демографската ситуација е значајно променета:
| Година | Албанци | % | Бошњаци | % | Срби | % | Турци | % | Роми | % | останати | % | Вкупно |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1991 | 132,591 | 75.6 | 19,423 | 11.1 | 10,950 | 6.2 | 7,227 | 4.1 | 3,96 3 | 2.3 | 1,259 | 0.7 | 175,413 |
| 1998 | нп | нп | 38,500 | нп | 8,839 | нп | 12,250 | нп | 4,500 | нп | нп | нп | нп |
| Јануари 2000 | 181,531 | 76.9 | 37,500 | 15.9 | 258 | 0.1 | 12,250 | 5.2 | 4,500 | 1.9 | нп | нп | 236,000 |
| Март 2001 | 181,748 | 81.9 | 22,000 | 9.9 | 252 | 0.1 | 12,250 | 5.5 | 5,424 | 2.4 | нп | нп | 221,674 |
| Мај 2002 | 182,000 | 79.6 | 29,369 | 12.8 | 197 | 0.09 | 11,965 | 5.2 | 4,400 | 1.9 | 550 | 0.25 | 228,481 |
| Декември2002 | 180,176 | 68.4 | 0.0 | 0.0 | 0 | 0.0 | 41,198 | 31.6 | 0 | 0.0 | нп | нп | 221,374 |
Историја [уреди]
За прв пат Призрен се спомнува во 1019 година како Приздријана (Призрѣнь) во грамота на царот Василиј II Македонецот.
Византиски период [уреди]
Средновековен период [уреди]
Османски период [уреди]
Балкански војни и Прва светска војна [уреди]
Меѓу двете светски војни [уреди]
Втора светска војна [уреди]
Мартовски настани 2004 [уреди]
Споменици [уреди]
Тврдини [уреди]
Во Призен и неговата околина постојат неколку тврдини. Сите тие се со словенски имиња, иако повеќето се градени пред доаѓането на Словените.
- Калаја – византиска тврдина, која се наоѓа надвор од градот. Подигната е во единаесетито век. Во наредните векови повеќе пати е обновувата и доградувана за време на српскиот цар Стефан Душан и османлиската власт.
- Вишеград – наоѓа се блозу крај Призрен. Подигната е за време на Стефан Душан за заштита на патот и манастирот Свети Архангели, подигнат крај клисурата.
- Остатоци Дрвенград – тврдина на патот од Средечка жупа за Призрен, која била разурната од турците. Според народните преданија била дрвена од каде е и името. Но тоа не еточно, бидејќи и денес постојат остатоци од камени ѕидини.
Цркви и манастири [уреди]
- Богородица Љевишка – оваа црква е подигната за време на царот Стефан Урош II Милутин врз остатоци од црква од дванаесетиот век. За време на турската власт е претворена во џамија, а по враќанетона градот во Србија е наново рестатуирана.
- Манастир Свети Архангели – наоѓа се на 3 км од Призрен. Таму бил погребан царот Стефан Душан. Манастирот е уништен од турците, а неговите остатоци се користени за изградба на џамијата на Синан паша.
- Црква Свети Спас – наоѓа се на брдо над Призрен.
- Црква Свети Никола – наоѓа се во самиот центар на Призрен. Изградена е во 1331 година.
- Црква Света Недела – наоѓа се кај тврдината Калаја. Во неа е погребан Крале Марко во 1371. година.
- Црква Света Богородица – католичка црква, изградена на местото на црквата Свети Димитар.
- Саборна Црква Свети Ѓорѓи – наоѓа се во центарот на Призрен и е подигната во 1887 година.
- Црква Свети Врач и Свети Тома се цркви изградени во деветнаесетиот век во населбата Поткалаја.
Џамии [уреди]
За време на петвековното турско владеење Призрен е бил важен исламски центар во кој се подигнати бројни џамии, теќета, турбета и медресета. Во еден период во градот имало 23 џамии, 15 турбета, 21 училишта, 4 медресета и 4 месеџида. Во нив се препишувале арапски, персиски и турски дела со литературна и научна содржина. Најзначајни џамии се:
- Бајракли (Мехмед-пашова) џамија – изградена во 1549. године од Гази Мехмед Паша.
- Синан пашова џамија – изградена во 1615 година во центарот на Призрен. Нејзина особена црта се високите и завиткани минариња.
Хамам [уреди]
Хамам или Турска бања, е подигнат кога е градена и Бајракли џамија. Еден од најголемите во Србија, тој е поделен на машки и женски соби.
Камен мост [уреди]
Еден од симболите на Призрен - Камениот мост е изграден заедно со Синан пашовата џамија. За време на поплавите во 1980 година е оштетен, а потоа обновен.
Богословско училиште [уреди]
Архитектура [уреди]
Познати личности [уреди]
- Чолак Анта Симеоновиќ српски војвода
- Сима Андрејевиќ Игуманов (1804-1882)
- Петар Богдани (Pjetër Bogdani) (1630-1689), прв албански книжевник
- Јован Грковиќ Гапон (1879-1912), православен монах
- Ивица Дачиќ (*1966), политичар, претседател на СПС
- Екрем Реџа (Ekrem Rexha) (1961-2000), командант на ОВК
- Звонко Тилиќ (*1953), сликар
- Али Хајдар Шен (Ali Haydar Şen) (*1939), турски новинар
- Крист Штуфи (Krist Shtufi) (*1974), философ
- Прота Ѓорђе Камперелиќ, трети Ректор на призренското богословско училиште (1880-1882)
- Петар Костиќ, српски книжевник и четврти Ректор на призренското богословско училиште (1882-1889)
Видете исто така [уреди]
Литература [уреди]
- Михајло Чемерикић, Призрен и околина 1019-1941, Прво слово, Београд, 2003. (ISBN 86-7620-002-5)
- Мирјана Детелић, Градови у хришћанској и муслиманској епици, Београд, 2004. (ISBN 86-7179-039-8)
Надворешни врски [уреди]
- Презентација на општината на англиски
- Епархија рашко-призренска и косовско-метохиска
- Епархија рашко-призренска и косовско-метохиска – текст за Призрен
- Православна епархија рашко-призренска
- Презентација на Призренскиот универзитет на албански
|
|
|||||