Бел Дрим

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бел Дрим
White Drin
Drini i Bardhë
Извор Жљеб планина, север на Пеќ, Косово
Утока 42°05′30″ СГШ 20°23′41″ ИГД / 
Земји во сливот Косово, Албанија
Должина 175 км
Прос. истек 56 м³/с
Сливно подрачје 4.964 км²

Бел Дрим (албански: Drini i Bardhë) — една од двете реки со чие спојување настанува реката Дрим во Албанија. Другата река е Црн Дрим. Тие две се спојуваат во североисточна Албанија кај градот Кукес.

Должината на Бел Дрим изнесува 175 км (156 во Србија и 19 во Албанија). Реката извира во подношјето на планината Жљеб во Метохија, северно од градот Пеќ. Реката тече низ регијата Метохија. Во почетниот дел на течението, реката е понорница која се појавува како силен извор и водопад со висина од 25 метри во близина на Радовац. Изворот на рeката во подножјето на Русолија се наоѓа на надморска височина од 580м, а котата на местото на спојување со Црн Дрим е на 240,8 метри.

Реката, на исток тече покрај Пеќката бања, а потоа потоа ги прима водите од притоката Источка река и течението оди кон југ. Останатиот дел од течението поминува низ доста плодна и госто населена централна Метохија, позната и како Подримље. Необично е тоа што на самата река не се наоѓаат големи градови. Најголемот место по течението на Бел Дрим е областа Клина.

Бел Дрим има многу значајни притоки: Пеќка Бистрица, Дечанска Бистрица и Ереник од десна стрна, а Источка река, Клима, Мируша, Римник, Топлуга и Призренска Бистрица од левата страна.

Сливот на Бел Дрим завзема површина од 4,360 km² во Србија. Албанскиот дел од сливот има површина од 604km². Во овој дел на реката не постајан населени места, а реката тука ја прима левата притока Плавска река која одаѓа од областа Гора. Течението на самата река не е пловен.

Вештачко хидроакумулационо езеро Фјерза го има поплавено брегот по целокупното течение на реката низ Албанија, како и дел од течението во Србија.

Литература[уреди]