Северно Косово

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Северно Косово
Србија
Застава Србије
Мапа Србије, Северно Косово је обележено наранџастом бојом
Главен град Северна Косовска Митровица
Површина  
 - Укупно 1,200  km² 
Население
 - 2006. 68 000  
 - Густина 56.7/km (2006)
Валута Српски динар (-{РСД}-)
Временска зона UTC +1
Мапа на Косово со општините, Северно Косово е обележено со жолта боја

Северно Косово (српски: Северно Косово, албански: Kosova Veriore) е неофицијално име за регионот во составот на Косово, населен претежно со Срби, кои по албанското прогласување на независноста остана под контрола на Владата на Србија. Овој регион функционира автономно од остатокот на самопрогласената Република Косово. [1] [2]Воедно ова е Српскиот дел од државата Косово, која историски беше дел од областа Дендра, на чија територија се воздигна средновековната српска држава Рашка. Ги вклучува четирите општини: Северна Косовска Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток.

За разлика од Српските енклави во Косово и Метохија и српските енклави во централно Косово, кои се опкружени со албанска територија, Северно Косово отворено се граничи со Централна Србија. Ова му даде способност на Србите да имаат власт скоро независно од Косовските институции во дефакто држава од поделба; властите одбраа да ги почитуваат дирекните закони од Белград, од каде, тие веруваат има легално право врз цело Косово. Сепак, и покрај тоа што Северно Косово е во близина на Централна Србија, неговата локација во Косово и целите од Кумановскиот договор од 1999, значи дека пристапот до и од Централна Србија е предмет за преминување на гранична контрола администрирана од страна на УНМИК. Ова му дава врска меѓу Северно Косово и Белград поблиску од тоа на ексклава (остров со негов главен регион). Пред Косовската декларација за независност од страна на Косовските власти, се шпекулира дека Косово би можело да биде поделено со идејата Северно Косово да остане во Србија.[3][4] Проблемите за регионот е предмет на расправа на Белградско-Приштинските преговори.

На територијата на Северно Косово и понатаму делуваат српските институции, кои се составен дел на политичкиот, здравствениот, културниот и образовниот систем на Република Србија. По преместувањето од Приштина поради воените случувања во 1999. година, сите катедри на стариот српски Универзитет во Приштина се сместени во северно Косово, во Косовска Митровица, Звечани, Лепосавиќ, Лешак и во Зубин Поток.


Косово е предмет на оспорен и неутврден статус: Според Резолуцијата 1244 од ООН, Косово е дел од Сојузна Република Југославија (и воедно е автономна провинција во рамките на Република Србија) со администрација на УНМИК (меѓународен протекторат од 1999 година), но институциите на самопрогласената влада прогласија независност на 18 Фебруари 2008 [1] и од тогаш Република Косово е делумно призната од 77 земји од светот. Повеќето Српски институции во Косово одбиваат да го признаат, сметајќи дека Косово е дел од Србија. Косовските институции, сакаат контрола врз целата територија на Косово и се противат на било каква паралелна влада за Косовските Срби.[5] Цела територија на Косово е под контрола на НАТО силите коишто служат за безбедност од надворешни и внатрешни закани [2]


Географија[уреди]

Областа е истотака позната со српскиот топоним Ибарски Колашин (или на српски јазик: Ибарски Колашин, Ibarski Kolašin; албански: Kollashini аз Ibrit), поради тоа што се наоѓа по текот на реката Ибар во тнр Поибрие кој го опфаќа долниот дел од текот на реката Ибар. Територијата е додаена пред 1959 година на бившата автономна област Косово и Метохија, со цел на засилување на српскиот елемент во областа. Опфаќа околу 1200 км ², или 11,1 % од територијата на Косово. Регионот е богат со минерални ресурси, и тука е познат рудниот комплекс Трепча.

Историја[уреди]

Северно Косово во антиката беше населено претежно со Тракиски племиња пред Римското освојување на областа во првиот век. Регионот беше познат како Дарданија, по Тракиското племе кое живееше во тој регион. Во 284та година, Дарданија станува провинција на Римската Империја и покасно станува дел од Источното Римско Царство или Византија. До 7от век во текот на миграцискиот период, Словените ја населија територијата која беше дел на неколку Словенски и Српски држави. Во 11от век регионот беше земен под контрола од Српската држава Рашка, која во 1217 година беше трансформирана во кралство и во Српско Царство во 1346 година. Со воведувањето на феудализмот во 1370тите, северно Косово стана дел на Куќата на Лазаревиќ, и во 1402 година во новоформираното Српско Кралство. Богатството со минерали беше откриено за прв пат од големите Српски господари. По Турската окупација од 1441-1444 година, Отоманската Империја ја освои областа во 1455 година и го додаде регионот во провинцијата Румелија.

Северно Косово во 1941 со Српско мнозинство, исто како и денес

Низ вековите новата империја донесе Исламска култура и религија во регионот, вклучувајќи ги Турците и останатите народности меѓу православните Срби. Помеѓу 1689 и 1690, Хабсбуршката монархија успеа да земе контрола врз регионот со помош на Српските воени групи. Во 19от век посебен Косовски вилает беше формиран во текот на реформирањето на Отоманската Империја. Постана еден од центрите на Српската култура во Отоманскиот период. Берлинскиот конгрес во 1878 година му даде администрација на Северно Косово на ново независната Србија, која ја превзеде територијата по приближно пет века, следувајќи ја загубата на Отоманската Империја како дел од Балканската Лига во текот на Првата Балканска Војна во 1912 година.

Помеѓу 1915 и 1918та година Северно Косово беше под окупација од Централните сили во текот на Првата Светска војна, после тоа беше додаено во СХС. Оригинално беше дел од Звечанскиот Дистрицт, но во 1922ра година нова унитарна административна поделба беше усвоена и претежно постана дел од Рашка. Во 1929та година името на Кралството беше формално променето во Југославија и Северно Косово постана дел од Зетската Бановина. Во текот на Втората Светска војна, по окупацијата од силите на оската во 1941ва, скоро цело Северно Косово беше под Нацистите и на Српскиот режим на Милан Недиќ. Четниците имаа присуство во регионот, но беше конечно ослободен од Југословенските партизани во 1945та година, станувајќи дел на новиот федерален систем на Социјалистичка Република Србија од Демократска Федерална Југославија. Во 1959та беше одлучено да се зајакне скоро мртвиот Српски елемент во Автономниот регион на Косово и Метохија, така да регионот кој го составува денешниот дел од Северно Косово беше додаен кон остатокот од Косово денес. Со додавањето и структурните промени во касните 60ти и раните 1970ти, Северно Косово беше под контрола директно од Приштина, и помалку под влијание на Белград.

Српската контрола врз регионот беше воспоставена во 1989та и 1990та година. По Косовската војна и Натовото бомбардирање на СРЈ, Северно Косово беше ставено под интернационална администрација и виртуелно цела Српска контрола врз регионот исчезна.

Демографија[уреди]

Пред Косовската војна во 1999та година, областа беше претежно населена со Срби со помал број на Албанско малцинство и уште помал број од Муслимани, Горани и други Словенски Муслимани, Роми и Турци. Југословенскиот попис од 1991 забележа 35,000 луѓе во општините Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток, од кои 85% беа Срби, 11% Албанци и 4% останати, [6] иако Изборната комисија на Косово се сомнева во регуларноста на овој попис и го става "под знак прашање" поради тоа што Албанците го бојкотираа. [7] Населението во Косовска Митровица беше претежно Албанско, додека самиот град и две блиски села беа етнички мешани.[8]

Војната предизвика големи промени во населението поради етничкото чистење и бегалците кои бегаа секаде од Косово. Бројот на Срби порасна со доаѓањето на луѓе од останатите Српски населби насекаде во Косово. Во 2006та, ОБСЕ пресмета дека населението во општините Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток се зголеми до околу 46,000 луѓе, од кои 95.5% беа Срби, 3% Албанци и 1.5% останати. Косовска Митровица беше поделена помеѓу Србите и Албанците при крајот на војната, со реката Ибар, делејќи ги едните од другите. Северот на Косовска Митровица сега е место со околу 17,000 Срби и 3,000 членови од останатите малцинства. Скоро цело Ромско малцинство беше преселено на север, додека помал број на Турци и Горанци продолжија да живеат на двете страни од реката. ОБСЕ сепак не е во способност точно да го пресмета бројот на населението во општината.

Според некои проценки, во Северно Косово вкупно живеат 66,000 луѓе од кои повеќе од 95% се етнички Срби. Пресметано е дека целата Косовско Српско население е 112,700[9] 54% од сите Косовски Срби живеат во Северно Косово. Специјален автобуски сервис е во функција во делови од Северно Косово, за да ги задоволи потребите на не Српските граѓани околу територијата.[10] Автобусот работи е со специјално осигурување за да се осигура безбедноста на патниците и му дозволува на овие граѓани побезбедно да влезат и излезат од Северно Косово.

Економија[уреди]

Економијата во регионот беше со војната опустошена, до 2006та година стапката на невработеност достигна 77% во општината Косовска Митровица. Најголемата компанија беше Рудникот во Трепча во Звечани кој имаше вработено 4,000 луѓе. Сепак во Август 2000, рудникот беше затворен поради опасното ниво на загадување. Економската ситуација овие години нагло се влоши поради незаинтересираноста во инвестирањето, додавајќи ја несигурноста предизвиката од статусот и иднината на регионот. Регионот го користи Српскиот динар како платежно средство наместо еврото кое е користено насекаде во Косово.[6][8] Швервувањето на алкохол стана бизнис во Северно Косово каде централните Косовски власти се немоќни да воспостават власт. Косовските власти сепак, се обидуваат да го откријат илегалното швервување од Северно Косово до остатокот на Косово, со помош на камери. Швервувачите ја користат маршрутата помеѓу Централна Србија и Северно Косово.

Влада, Политика и Закон[уреди]

Политика[уреди]

Од 1999. година, српското населено север од Косово беше контролирано де факто независно од албански доминираната влада во Приштина. Користи српски национални симболи и учествува во српските избори, кои се бојкотирани во остатокот од Косово, и од друга страна, ги бојкотира косовските избори. Општините Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток имаат српски градоначалници, додека општината Косовска Митровица има ривалска српска и албанска влада се додека беше направен компромис во ноември 2002, за градот да има еден градоначалник.

Регионот беше обединет во заедницата позната како Унија на Српските населби во Косово и Метохија формирана во Фебруари 2008 од средбата на Српски делегати во Косовска Митровица, кое од тогаш служи како главен град на Северно Косово. Претседател на оваа унија е Драган Велиќ- Унијата не е призната од Косовските власти ниту од УНМИК.[11]

На 14. и 15. фебруари 2012 во северно Косово (во општините северна Косовска Митровица, Звечан и Лепосавиќ) беше одржан референдум на кој 99,74% од граѓаните се изјаснаа против прифаќање на институциите на Република Косово.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]