Косовска Митровица
| Северна Косовска Митровица Severna Kosovska Mitrovica Ceвepнa Косовска Митровица |
|
|---|---|
| Мостот на реката Ибар, кој го дели градот на два дела. | |
| Дистрикт | |
| Население (2008)[2] | |
| - Вкупно | 20,000 |
| Часовен појас | CET (UTC+1) |
| Повик. бр. | +381 28 |
| Мреж. место | http://www.kosmit.org/ |
Северна Косовска Митровица е северниот дел од градот Косовска Митровица, каде реката Ибар го дели градот од остатокот на градот. Дел е од Северно Косово, регион кадешто Србите формираат мнозинство кое функционира автономно од остатокот на Албански контролираното Косово. Покрива 1/5 од цела Косовска Митровица и има население над 20 илјади луѓе од кои 17 илјади се Срби, 2 илјади Албанци и илјада од другите малцинства.[1]
Северна Косовска Митровица моментално претставува еден од најважните политички, образовни и здравствени центри за Србите во Косово. Граод т е единствена урбана населба каде Србите формираат мнозинство. Во градот се наоѓа и Универзитот на Приштина, кој под воени околности беше префрлен од Приштина до Митровица и е единствениот факултет каде Србите и останатите Словени можат да посетуваат настава во Косово. Истотака, има и Клинички Центар како важна здравствена институција за Србите во Косово.[2]
Веќе е отпочнат процесот за идниот статус на Северна Косовска Митровица како посебна општина која ќе биде управно подалена од Јужна Митровица и која ќе има свој градоначалник и влада. Ова решение е понудено и поддржано од Меѓународните организации и Албанските политичари додека Србите сеуште размислуваат за оваа опција.[3]
Содржина |
[уреди] Име
Градот е познат како Северна Косовска Митровица (Северна Косовска Митровица) на српски listen , поради тоа што е поделен од Косовска Митровица
[уреди] Спорт
Во градот има и фудбалски клуб кој се наоѓа во овој дел од градот и се вика ФК Партизан Косовска Митровица.
[уреди] Култура и образование
Српските катедри од Универзитетот во Приштина беа релоцирани од Приштина до Косовска Митровица по Косовската војна.
[уреди] Косовски напад
Во текот на Косовскиот напад во 2002, кога Албанците ги нападнаа Србите, палејќи ги и уништувајќи ги нивните домови, многу Срби од централно Косово и другите делови од провинцијата најдоја прибежиште во Северно Косово. Овој дел од градот како и цело Северно Косово е под заштита на Баталјонот на Францускиот КФОР.

